Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена и сама

Дискусија во 'Бременост' започната од cataleya17, 22 ноември 2021.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.350
    Пол:
    Женски
    Не се мислела до 12та недела. Во 12та недела и се случило тоа што и се случило.
     
    На sj *O*, stsmua05, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да, баш така е. Од кај алиментација ако нема трансфер, значи сите за него :)
     
  3. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.383
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да го призмае детето и да е добиено во брак. Не сум сигурна ама многу се комплицирани овие работи. Со еден збор, самохраната мајка нема посебни привилегии…за жал ;(

    Ако е невработен,мора да плаќа минимално, тоа се 2000ден.
     
    На Luciferka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.568
    Пол:
    Женски
    Јас зборував за дете чие родителско право го врши еден родител, знам дека е олку за деца со два родители.
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Најди ми закон кај што даваат 10 илјади, одма ќе направиме бебе и ќе се разведеме.

    tenor.gif
     
    На sj *O*, elimkd, Nade-sunrise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.320
    Допаѓања:
    2.383
    Пол:
    Женски

    Нели? Секоја би го направила ова.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Не мора да е добиено во брак, не мора ни тој да го признава.
    Колку ми е криво што многу жени мислат дека таткото има избор, сака, нејќе, па не потегнуваат тужби за старателство.
     
    На crimson, tina2018, Luciferka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    12.568
    Пол:
    Женски
    Не да се разведеш, туку на детето да му е починат едниот родител или да е во документи заведено со еден родител(во графата кај татко да стои празно).. Има разлика.
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ќе родам дете и само себе си ќе се заведам.
    Чекам закон ајде.
     
    На tambelina и GirlVolley им се допаѓа ова.
  10. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Ако едниот родител е починат, а имал најмалку 10 години стекнато пензиски стаж или најмалку 5 години стаж на осигурување, на децата им следи семејна пензија во висина според примањата на починатиот.

    На самохран родител помош му следи зависно од неговите примања.
    Да следеше на сите, без исклучок, минимум пола од жителите во државава едната графа ќе ја оставеа празна и ќе си земаа секој месец 10.000 ден.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Ordinary и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Она што сакам да ти го кажам е дека ова што јас го зборам, ќе родам дете, ќе се заведам само јас, а ќе си го гледаме заедно со маж ми само за да земаме 2000 евра од државата годишно, го предвидел тој што го правел законов.
    Не дека мене ми текна генијална идеја.
    Година и пол ќе земав по 10 илјади и на малдиви ќе одев за роденден.
    10 илјади за самохрани, чиниш Швајцарија живееме.
    Посочи ми закон кај да прочитам не знам, зошто со комшиката може да се имате нешто погрешно разбрано.
    Баш би сакала да беше така, ама за жал не е.
    14 илјади минимална плата, а додатокот 10 000.
    Би рекла со голема сигурност, без никакво истражување дека ни во 1st world countries, додатокот не е 70 посто од минималната.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Моја познаничка не покрена тужба, затоа што ми објасни тогаш ако добро ја разбрав трошоците се на нејзина сметка, околу 6000ден. днк-тестот за татковство ако не се лажам за сумава ми рече толку е. Еве може некоја подобро е запознаена ќе каже дали е така.
    Потоа тој и се закануваше дека во брак со друга и деца со неа, жената негова и се закануваше. На крај нешто како демек тој немал примања се на име на жена му префрлил, станот, бизнисот, така нешто беше, ниту денар не и даде за алиментација и никаде не е наведен во графата за татко на детето.
    Има многу зафрканции за ова затоа и мн. се откажуваат или ќе се втурнат во лавиринтите на правосудството ќе се завлечат, иако и да добијат пресуда во нивна полза мажите прават баш како во случајот што си го пишала плата на црно, нема од што да им се одземат претходно со год. неисплатените алиментации.
     
    На nevermet18, MarijaMi90 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ќе потегнеш, ќе се влечеш по судови, ќе добиеш но потоа се случува да се молите за 3000-3500 денари дали ги уплатил или не. А кога ќе сакаш да си го носиш детето на одмор ќе треба пак него да го бараш за согласност за пасош, па може на господинот да му текне дека не сака да го вадиш детето надвор од државата. Ова е само еден пример зошто понекогаш е подобро без старателство, посебно за татковци кои секако не се заинтересирани за сопствените деца. Подобро да се биде независен отколку да ти се меша во секоја одлука понатаму и да прави додатни трауми на детето.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, nevermet18 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    16.983
    Пол:
    Женски
    Да,често си прават така,бараат да бидат непријавени за да не им се крати директно од сметка,ама и за нив се најде чаре.Имаме во фамилија близок случај он одма се истрча да каже на судиката дека бил невработен,ама она фино лепо му се сврте и му кажа дека не ја интересира тоа воопшто,како знае и умее пари мора месечно да исплаќа,макар и просел,баш со тие зборови му се обрати.Нормално нема ни еднаш дадено пари,еве го за некое време ќе оди на суд за неплаќање алиментација.
     
    На tina2018, Snowflake97 и Mikha4 им се допаѓа ова.
  15. Chickadeer

    Chickadeer Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2020
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски

    Да,”ќе биде во ред” беа знорови шо многу ме болеа и мислам уште ми одекнуваат така некогаш. Јасно дека ќе биде во ред,секогаш е се во ред. Проблемот е што на докторите тоа им е уште една операција во денот а мене ми беше најболниот ден во животот. И да,во ред е,жива сум права сум,се надевам за брзо пак бремена,но на душава имам една лузна којашо мислам никогаш нема да биде во ред. Викаат време лечи се ама останува да помине време па да видиме.
    Многу ми е жал за твојот случај,не можам ни да замислам да сум во таква ситуација со прво. Мора да си многу силна и психички и физички.
     
    На Cka, sj *O* и elenaklasik им се допаѓа ова.
  16. cataleya17

    cataleya17 Нов член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2021
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    ne, ne sme smireni i mi znacat sovetite i gi citam sekoj den, samo sto ne vrakjam cesto, probuvam da si dojdam pri sebe i da se smiram psihicki.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Самата кажа дека го сакаш бебето тогаш зошто се двоумиш,роди го.Инаку зошто ги мешате децата со бракот?Кога би била во брак или заедно со партнерот не помислуваш на абортус а сега откако си се разделила мислиш на абортус.Зарем детето има право да се роди само ако си во брак?Јас знам дека е можеби потешко сама да одгледуваш дете но не е невозможно.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.352
    Пол:
    Женски
    Чекајте луѓе , партал се направивте . Околу законите не коментирам , затоа што не знам како одат тие работи .

    Меѓутоа , за абортус знам . Се абортира до 12 - та недела . Потоа ризикот е голем , па докторите вршат абортус само и само ако тоа е неопходно ( фетусот е мртов , или постои висок ризик од смрт кај мајката доколку бебето се роди итн ., ) , односно , се врши абортус само поради медицински состојби кај фетусот или предизвикани од фетусот . Ова го знам , бидејќи го прашував матичниот одамна , ме интересираше дали би можела да абортирам ( знаете бев бремена на 17 , и дознав доцна , поради х причини заради што не се посомневав порано на бременост ) , па чисто информативно , сакав да знам , едноставно бев љубопитна .

    @cataleya17 , уште еднаш ќе ти кажам , ти си го сакаш бебето , ја имаш поддршката од твоите , како и од сите нас тука , си имаш работа самостојна си .. доколку и срцето и душата ти велат да , воопшто не се двоуми .

    Јас сум мајка на 3 деца , од кои првото го родив на 18 години ( верувај дека бев исплашена многу , веројатно како и ти сега , сепак бев средношколка , иако имав поддршка од таткото , и двајцата го сакавме бебето , но не беше баш планирано ) , ама еве го порасна веќе . Сега е млад дечко , веќе е второоделенец . Се она што мислевме дека не го можеме со татко му , го пребродивме заедно . Имаше периоди кога запнувавме , и не можевме сами да се изгураме напред , но со помош на нашите семејства , успеавме . Денес сме самостојно семејство , сами си подмируваме сметки и се што треба .

    Не е лесно , воопшто , но ако сакаш , ќе ти даде Бог сила , ќе успееш .

    Се најдобро ти посакувам од срце , на тебе е да одлучиш што понатаму . Само знај дека тоа невино малечко , ќе те сака највеќе на светот ( доколку одлучиш да родиш ) .
     
    На ALISA0000, Pea, KittyAgnes и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    За жал, во Македонијава се абортира и многу покасно без никаква индикација.
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Исправно е така како што ти се чувствуваш дека треба да направиш.
    Јас ти викам да го родиш чим го сакаш.Верувам дека ќе си добра мајка, а тоа среќно бебе.
    Може понатака па ќе се смирите, детето ќе ве зближи.
    Ако мислиш дека си спремна да се оствариш ко родител, роди го.
    Нема да си ни прва ни последна самохрана мајка, биди лавица и издржи.
    А тој нека не џавка многу, лесно им е дете да напраат и после ,,абортирај” не сфаќаат дека кога жена ќе дознае такво нешто дека светот ѝ се менува за 180 степени..
    На крај краева ако не сакал дете, шо го направил
     
    На cresa-jagoda, sj *O* и nevermet18 им се допаѓа ова.