Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремена и сама

Дискусија во 'Бременост' започната од cataleya17, 22 ноември 2021.

  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    Вработен или не тоа не го ослободува од обврската за алиментација, ако не си плати родителот се пушта кривична пријава по член 202 од кривичниот законик па кога ќе му одреди кривичен судија мерка за 3 месеци да плати или затвор ќе плати и оро ќе игра.
     
    На tina2018, cresa-jagoda, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Девојче најисправна одлука ќе ти биде да го задржиш бебенцето. Со среќа.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.053
    Пол:
    Женски
    @cataleya17 Ги имаш сите услови за да го задржиш бебче. Сепак, одлуката останува на тебе.
    Ти се обраќам како некој кој минал низ истото како и ти, ако имаш потреба од емотивна поддршка пиши ми порака.
    Продолжи како што сметаш дека е најисправно, оваа одлука не може никој да ја донесе за тебе, но што и да одлучиш немој никогаш да потклекнеш повторно на неговите зборови и молби доколку ги има. Никогаш не заборавај дека барал од тебе да абортираш. Невина душа, која нема врска со вашите расправии. Лично, никогаш не би го простила тоа.

    На почетокот ќе ти биде многу тешко, особено откако ќе се породиш. Ќе имаш измешани емоции, ќе се прашуваш дали можеше да има поинаков исход целата работа, ќе се навраќаш на спомени и сето тоа, но најважно е да запомниш да внимаваш на сопствената психа. Не дозволувај мислите да те одведат во депресија и да не можеш да му се радуваш и посветиш на малото, доколку одлучиш да го задржиш. Ти си му се отсега па натаму. Мораш да мислиш на себе најпрвин за и тоа да биде живо и здраво. Минуваш низ многу тежок период, исполнет со стресови, но најважно е да останеш силна, запомни дека имаш поддршка од твоите и фокусот насочи го кон себе и бебето. Бебето ќе донесе нова енергија и ќе ти биде мотивација од него да направиш човек.
     
    На Chickadeer, riba79, ALISA0000 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.638
    Допаѓања:
    11.071
    Пол:
    Женски
    Браво за поддршката! Секој чест за размислувањето. Ваква поддршка и совет дури и од близок не се добива. :hug:
     
    На bertold, ALISA0000, sj *O* и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.348
    Пол:
    Женски
    Да , на црно . Но разумна жена , умствено созреана , не би се одлучила на такво нешто . Јас бев 6 недели кога ми кажа докторот ( бидејќи не бев сигурна дали ќе родам или ќе абортирам , се информирав за ризикот и се околу абортус ) кој прв ја соопшти веста за бременоста , дека постојат таблети наменети за абортус , меѓутоа во тоа време тие мислам не беа легални во Мк па " на црно " ќе ме чинеа 100€ . Нормално , условот беше ако нешто тргне наопаку , да ја преземам вината на себе , дека сама сум ги " набавила " . А онаа другата класична метода со киретажа .. за тоа и мука ми паѓа да зборувам какви се последици може да има по мајката ..

    Како и да е , се надевам дека членката веќе се одлучила што понатаму , и е среќна и задоволна со својата одлука .
     
  6. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.670
    Какви последици?
    Зошто вакви коментари на денешно време, кога киретажата е веќе баш рутинска процедура? Некни бев на лекар, докторката која требаше да ме прими замина пред тоа на киретажа, се врати БУКВАЛНО за 10мин.

    Во кој век живеете аман, некоја можеби стварно има сериозни причини за абортус, ама од вакви како вас од памет ќе излезе.
    Молчете си подобро, ама вакви 'смешки' не кажувајте.
     
    На crimson, Chickadeer, Idedemja и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Баш ако има ризик по здравјето на мајката се абортира, не знам кои се тие последици.
    Иако после 12та недела треба комисија и не знам дали секоја може да абортира.
    Советиве демек неосудувачки ама протнато низ реченици "тоа невино за ништо не е криво", "како ќе се носиш цел живот со одлуката", тој ја тера да абортира, некои пишуваат "ќе се смирите одкако ќе родиш", тоа совети ли се бе...:fubar:
     
    На crimson, An-na, Lady D ❤️ и 14 други им се допаѓа ова.
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.348
    Пол:
    Женски
    Во век во кој една девојка на моја возраст абортираше во шести месец од бременоста , па сега доживотно не може дете да има . Нешто тргнало наопаку . Се разведе од нејзини оправдани причини , не сакаше да го задржи бебето и се одлучи да абортира " на црно " .

    До ден денес се кае за таа одлука . Ама веќе бидна . Во ред е да сте " просветлени " , но не коментирајте кога не знаете . Девојката имаше само 19 години кога се случи тоа . Сеуште има време и напредна медицина , можеби еден ден ќе си роди бебенце , не велам дека засекогаш ќе нема , но во тој момент и кажаа дека абортусот тргнал наопаку и дека можеби засекогаш нема да може да има деца .
     
  9. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.670
    Епа во веков треба да знаеш дека во 6ти месец абортус не се вика КИРЕТАЖА, туку ПОРАЃАЈ. Јас зборував за првото оти ти го употреби тој збор. Киретажа е до 12та недела.

    А дали е доживотно кај девојката, времето ќе покаже.
     
    Последна измена: 26 ноември 2021
    На Chickadeer, Idedemja, Mikha4 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.348
    Пол:
    Женски
    Не беше класичен пораѓај , сто пати напоменав . Читај поубаво малку . Баш киретажа беше . Со она , спекулум ли се викаше .. сама кажуваше , не измислувам .. Секако дека времето ќе покаже , првично и беше речено дека е доживотно , меѓутоа , сите сме сведоци дека медицината многу напредуваше од пред неколку години до денес .
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.563
    Допаѓања:
    10.753
    Пол:
    Женски
    Какви последици, дај ви се молам ако не сте информирани доволно не зборувајте на празно.
    Во 21 век абортус не се врши со стругање на матка како некогаш, туку со вакум и нема никакви последици.
    Ретко вака упагам, ама знаете ли колку има со несакани спонтани на кои мора киретажа?
    Многу жени чекаат да полнат раце, ај ве молам на вакви осетливи теми не зборувајте нешто што не сте сигурни.
    После вакви совети некоја жена се крие зад екран и плаче.
     
    На sj *O*, Guns N` Roses, elimkd и 3 други им се допаѓа ова.
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.563
    Допаѓања:
    10.753
    Пол:
    Женски
    Точно така, не се вика ни киретажа, докторите по нивно кратка интервенција која трае 7,8 минути. Нормално до одредена недела како што напомена.
     
    На sj *O*, Guns N` Roses, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Девојчето абортирало на црно и сама кажуваш.
    Никој овде не ја советуваше членката да абортира на црно.
    Што вика анггелл, спонтани абортуси имаме после 12та недела па не значи дека немаме деца после тоа.
     
    На Mikha4, sj *O*, Guns N` Roses и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.670
    Повели, да знаеш од сега
    Screenshot_20211126_153925.jpg
    Screenshot_20211126_153944.jpg
     
    На naturally, sj *O*, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Убаво ти кажа членката киретажа е до 12 недела, а после тоа е буквално пораѓај. Плодот се умртвува се дава провокација и се пораѓа со мртов плод. 6 месец е веќе оформено бебе кое дури и ако се роди има шанса да преживее.
     
    На Mikha4, sj *O*, Didajo и 3 други им се допаѓа ова.
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    Значи веќе е доцна за абортус. После 12 недела не се прави абортус ( освен од медицински причини). Доколку девојката сака да си го чува бебето најдобро би било да не го запишува идиотот за татко. Од таква личност не би сакала ни денар пара, не ми треба ни 5 денари , за потоа да ме уценува за било што. Најмалку пак би се смирила со него откако ќе пребродам се сама. На крајот на краиштата иако веќе е доцна за абортус доколку навистина смета девојката дека не би можела да се грижи за бебето ( мислам на психолошка грижа) секогаш постои опцијата да го даде на посвојување. Така да постојат опции и за понатаму, ама членката е таа што мора да размисли и да биде на чисто со себе што понатаму. Нашето е лесно од тастатура да и кажеме абортирај или чувај си го имаш работа ама утре нема ние да и го чуваме и да бидеме во нејзина кожа понатаму во животот. Затоа мора да си ги има во предвид сите опции и да си размисли што понатаму. Единствено жално би било доколки се врати назад
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Законот е сменет 2019 мислам, сега жената има право до 21 недела само по своја желба, значи без комисии да абортира. После тоа иде со комисија. Како и да е ако членката го сака бебето нека си го роди, штом има подршка од нејзините и си работи. Тој токмак не и треба.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    Не, не до 21 недела е пак со медицински причини ама одлучува еден гинеколог, по 21та недела конзилијарно. А си остана до 12 недела од било која причина.
     
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.827
    Допаѓања:
    5.554
    Да, не е комисиски туку одлука само на еден доктор, ама мора пак да има медицински или други загрозувачки фактори. Не е како до 12 недела без образложени причини.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Какви медицински причини се
    "Неочекувани социјални околности кои можат да влијаат врз менталното здравје и социјалната благосостојба на жената" ?