Плус не е ни на доктор одлука, туку вака вика. Без разлика на мислењето на гинекологот кај кого жената се обратила за абортус или на мислењето од вториот специјалист, кое гинекологот може да го побара, болницата ќе биде должна да ја даде бараната здравствена услуга со што слободната волја и изборот на жената стануваат пресудни. Конечно, волјата на жената се става на прво место затоа што таа најдобро знае што е добро за нејзиниот приватен живот, семејството и здравјето. Копираното е од брошура на ХЕРА за новиот закон за прекин на бременоста.
Ова секој различно ќе си го толкува и е недореченост на законот. Ама не верувам дека некој доктор ќе изврши абортус после 12 недела без добра причина.
Па не е баш недокажано, законот е дека може да побараш абортус до таа недела и толку. Нема зошто доктор да не изврши кога мора да изврши, во спротивно можеш да го тужиш. Убаво си е наложено дека болницата е должна, не е личен избор на докторот туку обврска.
Значи можеш да си абортираш кога сакаш, не ти треба некоја 'голема' причина. Имам пишано и претходно, другарка моја има абортирано после 12та недела во Систина, со умртвување и раѓање на плодот. Не е ништо на црно, добро помина, нема никакви последици освен ретки депресивни моменти или моменти на тага, не знам како да ги опишам. Не се кае, правилна одлука и беше во моментот. Баш ме интересира членката што направи.
Ама јас зборувам за абортус на црно , бидејќи некоја членка ме имаше цитирано со " во Македонијава , може " ( муабетот одеше во тој контекст за абортус на црно ) , значи не реков дека сте советувале да оди и на црно да го направи тоа . Фала Богу сите имаме до толку памет . И у остслом , членката рече дека бебето и е планирано и дека го сака , меѓутоа беше на два ума некако .. сакаше да слушне повеќе мислења , а сите тука и рекоа дека ако си го сака бебето , нема зошто да абортира . Повторно ќе речам , девојката рече КИРЕТАЖА а не АБОРТУС или ПОРАЃАЈ . Туку баш киретажа . Да е мој збор ова , распалите по мене , ама не е . Јас знам како оди се тоа , бидејќи сум зборувала со гинекологот на таа тема , не сум неписмена аманте луѓе . П . С . Девојкава се пресели во странство , не знам што се случи со неа , се надевам дека е добро , дека веќе почнала со соодветно лекување и еден ден ќе има дечиња . П . П . С . И мене ме интересира што направи членката , навистина .
На привано ќе си дадеш 1500/2000 евра и никој не те прашува за причина...Сепак после 21/22 недела ретко кој доктор би се нафатил па и на приватно.
@CrazyGirl15 Девојката може ти кажала киретажа ама неможе да биде киретажа после 12 недела. Очигледно не знаела или не и објасниле што точно и прават.
Па јас тоа го велам , само пишав како што ми кажа таа . Нејзе " докторот " така и кажал . Тоа не значи дека јас не знам што е и како оди тој процес . Но , кажа и дека сето тоа се одвивало со спекулум и оние како клешта што се од минатиот век .. Не би да откривам повеќе детали за девојката , и ова е премногу дури ..
Nanazad sekade prochitav: "imash pari, vrabotena si, tvoite se vraboteni, rodi go". Samo parite li se prichina za abortus? Mozhe ne e spremna da e majka, mozhe na nejzinite godini saka da se posveti na uchenje i kariera, ili toa ne e dovolna prichina za abortus? @cataleya17 Devojche, dali da rodish ili da abortirash mozhe samo ti da odluchish, razmisli si ubavo, konsultiraj se so ginekolog, ti donesi si odluka dali ke rodish ili ne, zatoa shto ti najdobro znaesh shto chuvstvuvash.
Девојката кажа дека си го сака бебето, ама идиотот вереник се скарале и и рекол да абортира, поради тоа се консултираше девојчето што да прави.
Ајде уште еднаш да повториме. И не се правете многу паметни и кога треба и кога не треба. Ова е голема фрка ако навистина се случува, па можеби девојката нема ни сили, ни волја да пише во моментот.
Ужас . Биднало веќе , сега ако постои начин , и преостанува соодветно да се лекува , доколку има желба некогаш да има свои деца . А за породување во 6-ти месец , да и за тоа знам , и во блиска фамилија имавме таков случај . За жал бебето не преживеа , и немаше да преживее и доколку се родеше во деветти месец . Мораше да се породи девојката во шестиот месец од бременоста , поради аномалија во развојот на мозокот на бебето . Да страдаше емотивно , прво бебе и беше и нормално е тоа , но го преброди тоа со помош на нејзините најблиски . Денес е мајка на две дечиња , без никакви последици по нејзиното здравје .
https://pregnancylansing.com/abortion/methods/ Еве објаснето како се прави со сите три триместар и абортус. Со видеа, со текст со објаснувања. Кај нас може абортус у секое време. Од лични причини, по шести месец не се осечала дека сака да е мајка, немале стан, а она не била вработена, живееле со свекор и свекрва. Тоа е доволна причина по закон да ги умртват детето со инекција и ќе се исфрли со пораѓај. Девојкава веќе е решена ми се чини да роди, ако не е, сама треба да си направи листа дали да абортира или не. Сама ќе си го чува детето или сама ќе пази дали ќе искрвари или ќе добие инфекција. Ниедна од нас нема да и даде пари за школо и чизми за детето, ниедна од нас нема да и вика, малку крв е ова или многу на влошката. Се ќе прави сама. Има лоша среќа да одбере лош човек се кој ќе направи дете, и сама ќе ги сноси последиците. Ние сите ќе кажеме од наш аспект како ние би направиле, ама хипотетички. Она реално го живее ова. Затоа сама ќе одбере што е подобро во моментот.
Јас медицински абортирав со таблета Mifepristone и не осетив ништо освен менструални болки и обилно крварење. кој век сме кај нас да е таблета уште нешто нелегално?