Многу погрешно бев сватена!!! нема врска во ред ее ионака на крај краишта секој како шо му одговара така.. Јас познавам и жени шо велат ако сум бремена ако ми е тешко ама малку пари ми се инаку ако земам боледување или ако не појдам денеска и си одат без проблем.. Така да кој како шо си го сватил животот така нека си го тера.. Јас ионака да не бев на боледување ќе дадев отказ оти после изгубени деца незнам што е побитно дали работното место или да го задржиш детето...
Трудницa е трудницa, нo секaкo декa имa рaзликa дaли рaбoтиш вo климaтизирaнa прoстoријa нa стoлче сo пaузи кoгa сaкaш или нa нoзе пoстoјaнo вo зaгушливa прoстoријa без климa. Акo не другo бaрем дa се признaе декa нa едни им е мнoгу пoтешкo и нa пoгoлем ризик се излoжени oд други. Вo ист кoш секaкo не мoжaт дa се стaвaт пa вaљдa требa дa имa oлеснувaњa вo зaвиснoст oд тoa кoј кaде и штo рaбoти и кaкo тече бременoстa, (при не тoлку висoки темперaтури) и oслoбoдувaње нa сите при екстремнo висoки, a тукa требa дa се земaт вo предвид и сите сo здрaвствени прoблеми кoи се нa ризик при тaa жештинa и зaгушливoст, не сaмo трудници.
Неспорно е дека трудниците и 60+ треба да се ослободат, ама за тоа треба институциите од НАЈВИСОКО ниво да одлучат. Затоа што на тој кој е газда на мини фабрика може и по џеб ќе му удри отсуството на (на пример)5-6 работнички, па ќе гледа да ги ескивира препораките. Затоа...НЕ ПРЕПОРАКИ, туку НАРЕДБА да има. Вака, привилегирани ќе бидат само административките кои и така се во климатизирани простории и кај кои се ползува интелектуалниот труд, а оние трудници кои работат физички , пак ќе седат и ќе работат. За СИТЕ теба да важи наредбата.
Извини како тоа бремена жена на лента во фабрика треба да биде дома, а бремена жена која работи во неклиматизирани простории (да, нема климатизација) и на нога треба да работи? Јас не сум ги видела со нозете кренати во вис, ни бремени ни небремени, болничарките бањаат возрасни пациенти и ги пресоблекуваат. Душата им знае. Навистина е лицемерно да бараш сочувство, а да не сочувствуваш со други. Тие сестри, болничарки, докторки, хигиеничарки, администраторки, директорки итн. Не се помалку бремени. Навистина бесчувствително. @referentka веќе кажав во друга тема, која иронија е МЗ да препорачува, ама тоа да не важи за сопствените вработени
А има ли некоја што е ослободена да каже на кој начин е ослободена..дали и е платено се а седи дома или оправдано отсутна но неплатено..Јас лично одам на работа сеуште а сум бремена
Никоја не е ослободена официјално, се` е желба на работодавецот. Кога е официјална наредба за ослободување, им се плаќа исто како да се на работа.
Јас работам во приватна фирма и бев со скратено раб време до 11, само двата дена за кои важеше препораката од МЗ колку што имам инфо во влада беа ослободени тие два денна. Нели се и они државни Јас бев со скратено, по одлука на менаџментот. Се чекаше само официјална објава од МЗ. Ама еве овие денови пак одам, зошто нема препорака.
Јас кога бев трудна вака беше: Имаше препорака од М. ЗДравство и викаше, препорачуваме бремените да не идат на работа. Јас одев, оти е препорака. Следниот ден, се одржи седница на Влада, по препорака на министерството за здравство, и дадоа НАРЕДБА: Тогаш шефот се јави и рече да не одиме трудните на работа. Јас викам, мене ми е океј (бев 3 месеци и не ми сметаше) ми рече, ааааа не, некој ќе ме пријави. Работи си од дома ако сакаш. Реално, мене не мо сметаше оти маж ми ме носеше и ме зимаше од работа ама на работа и клима имаше. После 5 месеци, беше загадувањето и тогаш имаше одлука на Влада со наредба да седиме дома. Ми беше топ, оти беше пред Нова година, а и секако не бев веќе лесна Значи, да се разликува препорака и одлука. После пред да се породам одев на работа, нели до крај, до последен ден, и не можев да седам, нозете ми отекуваа кога седев, а стомакот притискаше. Морав на состаноци по цел ден, официјални, морав да сум дотерана, да сум фина, а одвај се воздржуев да не се помочам од ударите. Сакав на сите состаноци да стојам, бев опомената. Сите грееја а јас се препотував. И си викав поарно некаде надвор да работев. Последниот ден 4 саати седев на состанок, образлагав, одвај дишев.Утредента се породив. Милост се нема. Одев пешки оти не сакаа во лифт да ме пуштат, па не можев да стојам да чекам 20 минути. Жените беа позлобни. Младите девојки па да можеа ке ме затепаа оти полека сум одела. Ретко некој да е фин со трудни. Не треба само во жешко.., и во студ, и на мраз и во загадено трудните треба да се ослободат. АКо падне трудница на мраз или се онесвести на жешкото, глупиот работодавец треба да знае дека така на боледување ќе му отиде и нема да ја види. За 2 дена ништо не добива ако ја пушти. АМа клетотлиак е, ништо друго.
Тoчнo декa милoст немa. Јaс бидејќи сум бременa нa рaбoтa не рaбoтaм тoa штo ми е вo oписoт бидејќи е штетнo зa бебетo(лaбoрaтoријa) пa сегa вршaм некoи aдминистрaтивни рaбoти и бидејќи се сметa декa јaс не рaбoтaм (пoштo нели не влегувaм вo лaбoрaтoријaтa) шефицaтa ме терa дa нoсaм дoкументи нa пoтпис пo други згрaди (50-100 метри) вo 13 чaсoт
Значи не сум трудна, ниту болна, ниту со автобус патувам, ама денеска на неколку пати ми се слоши и се занишував. Значи не се нормални. Па посебно ако е жена надредената. Осет да се немало значи.
Јас работев во фирма каде газдарицата е жена мајка на две деца и во најголемата зима на колешката трудница и рече не си болна трудна си, како овие другиве одат така и ти. Жената беше трудна 8ми месец. Жените се побезобразни тоа е докажано. Среќа не работам веќе таму, во тие услови не би се ни осмелила да останам трудна. Неа не и требаше наредба само комн сенс, никој нема ја казни ако и рече не доаѓај на работа, работи од дома.
За жал и моето искуство покажува дека жените се полоши на овој план. Имаше една што работеше во фирмава кај менена некоја висока позиција и верувајте таа ги правеше сите проблеми на трудниците - од прераспределби, враќање на работа порано и сл. Како си замина со неа заминаа и проблемите на трудниците. Да не ти се верува.
Мајка ми ми вика како можевме ние на времето да работиме до 9-ти месец во фабрики без клими вие денешниве килави и на столчето ви е тешко да се лулате. Во ред е препораката ама само за оние кои стварно работат во лоши услови и тешка физичка работа и се во поодмината бременост.Не значи дали е 5 степени повеќе или помалку кога си во климатизирана канцеларија, кафе, сокче, компјутер.Дали ќе си одиш во 14.00 или 16.00 часот е исто.
јас работев ем без клима ем на заразно и на озрачено одделение.Никој никогаш не рече еј оди си порано дома .Башка благајната беше на петти кат па често како најмлада ме праќаа до таму за да уплатам промет или пари да им раситнам.Па така два пати прокрварив обилно па сакале или не добив наредба од лекар до 20 та недела да не станувам од кревет. се породив на 13 август,што значи баш најголема бев во најтоплите месеци .Ретко мн ретко да се најде претпоставен,шеф,газда па и колеги кои ке излезат во сусрет во вакви ситуации
Тоа се тие показатели кои јасно укажуваат за каква раја и какво општество се работи. Декларативно сите загрижени за наталитет, трето дете, антиабортус...каде се пример попови и остали црквењаци да гукнат нешто околу ова, ги нема никаде, само за крајно небитни глупости се огласуваат.
@joy1 стрaшнo !!! Дa дoбрo пoзнaт е oднoсoт. Ќе рече шефицaтa лелееееее нoзете кoлку ти се пoтечени кao гaјле и е ... И пoсле вo 13 чaсoт aј oди oднеси гo нa пoтпис нa рaкa итнo е
Имам една колешка шо е целата отечена па никој не сака да се замара за нас. Кутрата никој болување не и дава па ии на крај од работа не сакат да не ослободат. За срамови
Јас не можам да коментирам многу, но ќе кажам дека попеколно лето од минатото сум немала. Дека трудна, ама бидејќи прокрварев си седев дома до крај на бременост ( имав поради повеќе причини од специјалист документ и си продолжував секој месец на комисија). Но кога требаше да одам за брисеви, контрола или сл ќе пукнев мислам дека. Не е битно која каде работи, треба обавезно да се дозволи на овие пеколштини бремените дома да седат ( хронично болни и тие 60+ ). А дека сечија работа е иста, е богами не е.
Не е, ама не е во ред ни да се каже дека било која бремена на времево треба да работи, макар седела сама во канцеларија. Без оглед која што работи, сите треба да се дома на времево. Ние небремениве попаѓавме, што дека седиме цел ден. Колешка која што е бремена, исто седи цел ден, се онесвести пред болница кога појде појадок да си купи. Сега е на боледување.
ЗНам, јас приватно, со клима бев во канцеларија, па си паѓав во автобус на секое одење накај работа (во 5ка можеш да замислиш гужва) . Затоа и реков не е битно - бремена е бремена, но дека е исто да седам јас во канцеларија со клима и да е некоја на отворено да работи и тоа не е исто.