Апсолутно не е. Да бев бремена сега немаше ни да помислам да одам на работа. И да не ме пуштаат ќе отворам боледување. Ни една работа не вреди колку здравјето.
Мешиња пак има препорака. Ја почитуваат ли работодавците? Ве ослободија ли за утре? Мене секако дека не
Дури Влада на седница не даде наредба до Министерство за труд и социјала и дури труд и социјала не пушти официјален допис до работодавците - ништо од препоракава нема да се почитува. Плус тоа..кога три дена последователно има 40 степени Т на воздух, се прогласува елементарна непогода, и се работи со скратено разботно време.
Мене ме ослободија. И денес ме шуштија да си одам, ама зошто од понеделник веќе и онака не сум на работа останав, зошто бирото ми беше хаос. Утре веќе нема да одам. Инаку има Соопштение од МТСП, ама пак во некоја завиена форма ги потсетува работодавачите на нивната обрска за почитување на препораките за заштита на работниците, а во врска со најавите за неповолни временски услови. http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-soopshtenie-portokalova-faza-avgust.nspx @fana
Какво ослободување, мене ми кажаа ако можам и во сабота да дојдам. Нормално не отидов и во понеделник ќе има многууууу негодување. Плус да не спомнувам дека, иако административно, многу притисоци и нервози имам на работа (највеќе од надредената која е жена со две ќерки).
Колку што видов на вести пуштени се инспекции од министерство за труд и социјална политика, така кажа министерката. Пријавете може ќе ви се посреќи.
Џабе се инспекциите кога е дадена само препорака за ослободување,значи по желба на работодавецот, т.е. ако сака да те ослободи.
Тие инспекции мислам дека повеќе се однесуваат на градежни работници и работници кои работат надвор. Како и да е ако е само препорака тешко дека некој ќе дејствува посериозно.
Влада не донесе одлука, значи нема казни. На овој пекол јас би изглумила на работа дека од жешкото ми е лошо и си одам.
Кога бев бремена, ме ослободуваа од работа, дури и некогаш порано си одев ако беше многу топло, но имаше и известувања од Министерство за здравство. Ама тоа беше за време на ВМРО, а сега во време на СДС едвај чекаат да не отидеш па да те отпуштат и да стават нивни на твое место, на сите им гори под нозе со оваа луда багра, не се знае кој пие кој плаќа. На овие високи температури срам и грев е да и речеш на бремена жена дека мора да оди на работа на жешково, знам како ми беше мене, а работам канцелариска работа, а да не зборувам за другите што работат на приватно, без климатизација и тешки физички работи.
Има известување секаде ама сеуште директори се од вмро па намерно не почитуваат предупредувања,т.е не спроведуваат наредби.