1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бремените жени на работа и покрај високите температури

Дискусија во 'Бременост' започната од Pepa B.., 11 јули 2017.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    За кај мене на работа змам дека има писмо за трудни и стари,ама работодавецот не го почитува само затоа што е од друга партија.
    ..и не само за ова..и ред други работи..
    Среќа што ги менуваат иначе сопки од нив колку сакаш|(
     
    На *Amethyst* и wannaBeMomma им се допаѓа ова.
  2. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Seriozno?
    Nikakva covecnost da se nemalo, samo za inaet, na kogo?
    Drzavno si ili privatno?
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Па и лани немаше одлуки, само известувања и препораки. Паметам, оти и јас бев трудна. Само на збор остана, одлука никаква немаше. Тебе на добра волја те пуштале, дека од ДПМНЕ. Побарај лански постови, сигурна сум дека ќе видиш оти било исто како ова лето. Впрочем, небитно кој е на власт, ако надредениот е човек, нема да инсистира трудниците да одат на работа на пеколот. Ама ретко кој е човек кај нас, за жал.
    И доста со политика, аман.
     
    На DAngel, 1209, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    И на темава за политика ќе се зборува?!
    Човечноста е она кое е пресудно за тоа дали ќе иде некоја на работа или не. Не треба партиска книшка да си човек!
     
    На *Amethyst*, ludoto19, augustd и 4 други им се допаѓа ова.
  5. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.968
    Допаѓања:
    59.589
    Пол:
    Женски
    Ма каква политика човечност е во прашање.
    Колешка моја од работа само она е од друга фирма,во петокот му звонеше пред мене на газдата и не и креваше намерно.
    Девојчето 30 недела огромна и со отоци се влечка со афтобуси.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Која нечовесност . Сеуште бремените се дискриминирани и тоа многу. Јас сум во приватна, директорот на вакви жештини не пушташе цела фирма порано ( не рано, ама 14,15 часот) на тие што се излезени по град со обврски им се јавуваа да се вратат порано . Да одев на работа сигурна сум дека ќе ме ослободеше. Ако се случи нешто на мајката и бебето, кој ќе биде крив?
     
    На AURUA, Ano, iki26 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.259
    Допаѓања:
    124.742
    Ај да си заминам ама сама сум на смена пола работно време,значи морам да известам,мора да ми најдат смена,а работници фалат.Недај Боже ако дојде до толку да не ми е арно ќе си заминам.Секој си гледа за себе на кого му е грижа:envy:
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Се е политика, на разни начини се манипулира со народот.
    Мене не ме пуштаа дека сум од вмро, туку добивме известување од Министерство за здравство да не одат на работа бремени жени, хронични болни и стари лица, така да не бев само јас што не одам, имаше и такви пред пензија хронични болни, од кои едниот се сомневам дека може беше од титови леви сили :D
    Ама тоа беше тогаш, а ова е сега, нова власт на нивоу и доста изговори за инатење помеѓу смена на директори, смешно.
    Единствениот проблем и тогаш и денес е што ова не се спроведува и во приватниот сектор.
     
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Повеќето тука што пишуваат се од приватен сектор.
    Таква препорака од мин за здравство има и сега, има дури и број од мин за труд на кој може да се пријави ако некој не ја почитува. Еве во фзо во петокот сите што ми требаа не беа на работа - која трудна, која над 60 години.

    Не е работата да се плука по „нашите“ и „вашите“, туку сите да станеме луѓе.
     
    На 1209, iki26, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Кукле,за жал кога е личен интерес или личен ИНАЕТ во прашање човечноста не е ни "задња рупа на свиралу"
     
    На AURUA, Annath, Lilit и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Гледам и по одговорите тука дека побитни се „наши“ и „ваши“ отколку здравјето на народот. На жал.
    И што ќе постигнат со инаетење? Не дај боже, некој ќе им почине, ќе заврши во болница, спремни се со тоа да се носат? Не денес и утре, него цел живот. Јас не би. Ама не сме сите исти, така?
     
    На iki26 и Annath им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    Маж ми е у приватна форма, газдата од четвртокот наваму ги пушти СИТЕ дома не само трудни и стари и им даде работа за да сработат од дома.

    Не е до приватно или државно или сдсш или ВМРО. До човекот е. Јас имав надредена која кога бев трудна ме малтретираше и уште една над неа која ми викаше оди шетни по бутици јас ќе те куцнам, ослободи душа.

    Има луѓе и луѓе. Тие што имате трудни на работа не им викате дете јас ке ве покривам? Оти јас до 5ти ја криев една колешка која не сакаше да каже на никој дека е трудна за да оди на сите тестови и после кога се виде стомак и викав оди ако те побара шефица ке те викнам. И она си одеше надвор, јас работев дел од работата а кога шефицата ќе ја побараше викав до веце е сеа ке дојде, и ке и се јавам и ке дојде.

    Зарем нема колегијалност? Зарем на колешките ЖЕНИ не им е жал за вас? Мојата лоша беше оти немаше деца не знаеше како е ама тие што знаеја не покриваа. Јас сега немам трудни околу мене, ама жива да не сум ако не им речам одете јас ке ве покријам и вашата работа ќе ја сработам.

    Малечка, јави се на колешка ТИ замоли ја да те смени. Не чекај од газди. Мора да има некој од мајка роден. Срамно е да не се пуштат дома.

    И уште посрамно е што ВЛАДАТА цел ден вчера менуваше директори, не успеа една точка да ОДЛУКА за ослободување. Така нема бегање и оставање на лична размисла. АМа побитно е да се именуваат нови директори отколку новите животи. Знаете колку време одзима да се разгледа препораката и да се рече ја ставам точката на двевен ред кој е за? 5минути.
     
    На carangigia, fana, eli25 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    @Cka во право си, џабе се меша политика иако Владата си потфрли, како што потфрлува откако е на власт. Јас додека бев бремена се изненадив од мојата претпоставена која сама ми предложуваше да си одам порано. А обично се многу нечовечни и злобни тие претпоставени во администрација. Јас мислам и директор да сум на државна институција нема да можам и нема да имам срце да малтретирам бремена жена.
    А за во приватен сектор, ретки се тие што се однесуваат како во фирмата на маж ти, но верувам дека тоа е дејност која може да се работи и од дома. Повеќето се по конфекции, маркети, на производни ленти и сл. па не може да се замисли за работа од дома, па затоа што бизнисот им трпи не им даваат слободни денови на бремените. А кога многу работи им зависат од таа плата, па и породилното, принудени се да трпат, од 9една страна ако пријави може и да ја отпуштат па и таа плата која ја земала ќе ја снема, а дете е на пат, потребни се финансии, од друга страна ако не пријави и трпи, го ризикува и своето здравје а и на бебето. На тешка средина се сите а така е и во државниот сектор, ако пријавиш некој директор, знај дека си на црна листа, па можеш да завршиш со отказ, преместување на пониско работно место, што не е мала работа. А за инспекциите, не знам дали воопшто функционира тоа и дали казнуваат.
     
    На eli25, karibian и AURUA им се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Абе владата си даде препорака за бремени жени и стари лица, години наназад иста песна е. Нема врска кој е на власт. Јас кога бев бремена пред 4 години беше многу ладна зима, слична на оваа, владата на ВМРО имаше дадено препорака исто како и сега, но ретко кој ја почитуваше, а еве јас државно работам. Иста песна е секоја година. Од утре почнувам на работа ќе видиме дали ќе ме пуштат.
    И ова нема врска со партии, и лани и пред 2-3-4 год исто беше, само препорака.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.259
    Допаѓања:
    124.742
    @Cka Нема кој да ме смени,освен недај Боже да мора колешката да остане цел ден на работа само да ме покрие мене..кога тоа би го побарала од неа знам дека и 16 ч ќе седи атер за мене...ама не е тоа начин.Значи само 3 сме на раб.држиме смена сами по една и една иде измеѓу,ако јас не појдам треба едната да остане две смени за работи,или ако пред време се известени сами по цела смена а нема да стигнат ништо да сработат.
    Газдата е тој кој нема осет,него не го интересира и да не појдам ама ќе трпат колешките со тоа,тој не.
    Не признава ни боледување,истиот ден кога од овде си одиш јас те одјавувам,мене тие закони не ме интересираат,тие зборови ми ги кажаЈа натера колешката да му ги врати парите од 2 недели боледување кое со закон и следува пред породилното...ама тоа е друга тема..а колку имам придонесено за фирмата од првиот ден кога е отворена сум таму,ама и тоа е друга тема.
     
  16. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не може никој да ме натера пари што по закон ми следат да му ги вратам па и по цена да си одам од таму. Сепак и ова е друга тема. Многу ми е жал што многу вработени наседнуваат под притисок на работодавец. Абе има да го снимам и да го тужам. Со добар адвокат има да добијам да ми плати и да ме запамти. Така на братучедот жена бесправно газдарицата ја искористуваше нешто, незнам точно што ама знам братучед ми нервозен кај пријател негов адвокат ја тужеа газдарицата на жена му, која и даде отказ во меѓувреме ама дебело им плати, судски такси и оштете дека жена му беше во право. Треба да се избориш за правата и пред се да си ги знаеш. Ама ова во друга тема. Здрави и живи сите по жешково.:sweat::)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.259
    Допаѓања:
    124.742
    Верувај се знам и се ми е јасно..не сакам да одам до таму,мислам дека со мојата лојалност доволно сум заслужила,ама ете сите гледаат додека имаат корист од тебе после не им требаш.Додека трчав секаде супер бев,сега не го правам тоа и само чека да си заминам и породилно да не ми даде.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Се те разбирам. Тоа е газда-гнида си гледа само интерес. Ама и ти си предобра. И ти гледај си интерес. Следи си и комплетирај си случај. Кога иде на работа ти пиши си нешто во твое тефтерче ко ќе праша што правиш кажи си од околу пр. па другарка моја газдата и се закануваше вака и вака и таа си запишуваше,евидентираше секоја неправда во работата кон неа за да има аргумент на рочиште. Ќе видиш како ќе му се смени односот. Притиска он,притисни и ти. На крај за нов живот се работи а не ти текнало да не работиш па ај сега нека те прииска за да работиш. Ужас газди. На крај пријави го. Можда нема да го казни инспекција ама убаво ќе го потрошиш, треба да им наполни џеб. И штом вака гледај си нешто поасално. Зарем само на ова дете ќе останеш? Он пак вака би тебе или било која колешка што ќе остане трудна би ја третирал.:puke:
     
    На mal.ecka и karibian им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.592
    Пол:
    Женски
    IMG_0399.JPG
     
    На Ano, iki26 и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Кај нас на работа никој никого не ослободи поради високоте температури, и јас сама си заминав. Им кажав на колешките ќе ме покриваат до Среда, и воопшто не ми е гајле дали главниот ќе ме побара или не. На 42 степени не се седи иако е климатизирана просторијата( климата од пред 15-20 години е и лади исто како венталитор да дува.т.е ништо)
     
    На karibian, Ano, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.