По приватниве не е толку лесно ни неплатен да земеш, така да, овие мерки од Влада секогаш биле за некого мајка за некого маќеа. Инаку кај другарка во фирма, трет пат инспекција им доаѓа ова лето баш заради овие мерки. Не се мерките само за трудници, и за луѓе над 60 години. Два пати ги казнија. Епа сега ако повеќе одговара казна да плаќаат околку една недела некого да ослободат од работа, бујрум.
Знаеш дека некои трудници не ги пуштаат од работа, иако немаат нормална бременост? Како не ги држат со сила кога не им даваат боледување ниту пак одмор? Трудница не седи дома од што сака, туку од што мора во случај на проблематична бременост.
Ова не треба да е мерка, туку закон. Јас не сум трудна, поднесувам жештини, па деновиве ме фатија вртоглавици и тахикардии од топлото.
Се согласувам, ама и тогаш да има засилени контроли. И да се казнува. Па да не им падне на памет коментарот “има клима на работа”.
А зашто да земе боледување и да и скратат 30% од плата ако има препораки од влада кои треба да важат во секоја фирма подеднакво? Збориме за ситуација каде што сите апелираат дека е претопло, да се избегнува топло и слично, а сите ние треба да се враќаме од работа во најтоплото, од 3 до 5. Автобуси нема редовно, и да има внатре нема клима. Си чекала автобус на рекорд на 40 степени? Јас да и знам како е. Немаат сите луксуз да си одат во климатизирана кола дома или такси секој ден по 400 денари. Не знам зашто упорно се бранат работодавците што осет и душа немаат за најранливите категории. Нема вечно да сме бремени и нема вечно да трае летото, човечки е да се излезе во сусрет, утре треба да се вратиме пак во таа фирма и да работиме. Затоа, секој по заслуга. Мене шефот и без мерки ми дозволи да работам од дома (значи пак работам, тој не губи ништо освен што не сум физички таму), затоа после ќе имам осет и ќе работам и поише отколку што треба ако има потреба за тоа.
А знаеш дека може да тужи вработена ако и се слоши на работа? Паметен работодавач ќе се заштити и нема да дозволи да оди. Ти ако си трпела и издржала не значи дека било која друга може и мора. Ако имаш фирма и вработени, треба да си ги прифатиш ризиците и да “си плаќаш” и боледувања, и неработења и останато.
Ми е жал за тебе, ама стварно. Се надевам на никој никад ти нема да си му газда. Портокалова зона не е претерување. Не е болест бременост, ама високи температури се и те како опасни. Ти во лето дефинитивно не си била бремена. И не гледам причина зашто некој треба да зима неплатен одмор, ако нешто му следува по закон.
Реалната тем е над 50 степени. Ни клима во кола не помага, кога низ стакло ќе те пече сонце. Во автобус се качив во 9 сабајле и ќе цркнев, а можам да замислам во 3 попладне како е. И донесени препораки, треба сите да ги почитуваат. Убаво кажаа членки, не е вечно да му се сневиди. Па дома ми се слошува, не пак надвор. Не спијам по цела ноќ и да идам на работа на +50 степени, во 7-8 ми месец бременост. И тие што лежат на плажи во Грчка, може не ни работат. Не ни знаат како е да работиш во фабрика 8 саати на нозе или маркет, бутик, комфекција или канцеларија без клима. Мојот газда знаејки дека сум бремена, ме тераше да работам во тазе фарбана просторија , што еден месец откако заминав уште не беше изгубена таа јака миризба на лак. Ме тераше да работам исклучиво само јас во мраз ладна просторија и да кревам тешки работи, иако не беше тоа моја работа. Сега да бев, немаше да ме ослободи, туку би го правела истото што и тогаш. Дека со една недела што ќе седам дома, мислиш милиони ќе изгуби од мене. Користете ја секоја мерка и пријавувајте секаде.
Само што ми стигна маил да се потпишам дека своеволно доаѓам на работа… единствена трудница сум во цела фирма. И тоа побарав да работам од дома, не ни побарав да бидам ослободена… ама не можело ни тоа.
Да, до толку е. Бременоста е посебна состојба каде што многу работи се важни, а и опасни. На пример, стоење на нозе 8 саати не е исто со лежење на плажа. Возење со ЈСП не е исто со возење со кола. Пример. Малце емпатија, нема вечно да се бремени, побогу нема ни фирмата да пропадне ако си човек. Не потпишувај. Не смеат да те отпуштат бремена. Гнаси. Ама со време дур си на трудничко здравје барај си работа.
Па така и планирам да си барам нова додека сум на трудничко. Џабе, на сите исто им прават. Ама ќе си барам нова на породилно.
Kako prvo koa se vrakjas od rabota kolata ti e ostavena na sred sonce,senka sekako nema da najdes od seljacite so se natokmile uste rano sabajale kako mestoto da e nivno Vlezi i slogiraj se,vnatre e 200 stepeni Do doma nema da se izladi,kako ke vozish po ovoj pekol?! So mesas poimi,plaza i rabota I da si na plaza ke si odish pod klima i ke si legnes,na rabota so? Na pod da legneme,oti klimite se od 40vek,pa poveke zaguslivo praat odkolku ladno. Tie so ne se bremeni edvaj izdrzuvaat,a ne tie so tovar vo niv