Ти посакувам што по скоро да ги смениш после породилно, сега само чувај се. На слично место сум - не знам што ќе биде кога ке сум трудна, се подготвувам психички.
Ти посакувам што по скоро да ги смениш после породилно, сега само чувај се. На слично место сум - не знам што ќе биде кога ке сум трудна, се подготвувам психички.
Da vcera izmeriv kaj mene na terasa so termometar na sonce bese 49 stepeni vo sreda sum na konzilijarno I koga ke mi tekne deka na 40 stepeni treba so bus da idam mi se temni.
Ама ништо не ти можат, реално. Немаш зошто да одиш. Тоа те тераат за да не улета инспекција, за да си речат еве сама си потпиша. Ај да си на определено друго е. На неопределено не ти можат ништо.
Дечки, во Македонија сме. Ја буцкате @Feniksgirl дека не и можат ништо ама реалноста не е таква. Освен во државна фирма, никаде не можеш да издејствуваш да се спроведуваат мерки. Ќе пријави, од таму ќе јават на газдите дека пријавила, овие ќе си платат мито ќе се заташка работата, она пак ќе мора да се врати на работа. Можат последните месеци на работа да и ги загорчат, ќе и создадат таква средина да напушти сама пред породилно. Сите скокаме зошто не пријавила кога не се работи за нас, реалноста е дека газдите се секогаш привилегирани.
Дечки, а што да пријави? Донесена е одкука на Влада за ПРЕПОРАКА, не е закон. Работодавецот одлучва дали ќе ја спроведе препораката или не. Не е закон ова па да се пријавува, инспекции да доаѓаат. Мене ме чуди зошто и даваат изјава да потпишува кога не се обврзани да ја ослободат, ваљда се половично информирани.
Слушнале, и не разбирале изгледа газдите... Инаку стварно е тешко на жештините... Јас дека работам по USA време, во канцеларија одам во 14-15 часот, мислам дека ќе побудалам... Среќа паркингот кај што ми е колата држи константно 26 степени, и климата ја вклучувам веднаш уште пред да излезам од гаража. И не осеќам толку жешко в кола. Си паркирам пред канцеларија, и дури влезам во канцеларија мислам воздух немам. Гледам колку можам да сведам на минимум одењето, немам надреден над мене, али работа со странки и нема како од дома цело време... Ќе се издржи, мора. И во 10 навечер уште не се излегува надвор за пешачење... Времево е лудница
Скроз се сложувам и буквално на тоа се способни. Не ги интересира никој - идат со тоа дека секој е заменлив и ке те шутне. Така да во ситуацијава и се нема некој избор, подобро да си се чува психички.
Ако си со намера да не останеш на тоа работно место и си на неопределено, колку што се они безобразни, ти ќе играш по закон. Не потпишувај, не се осмелувај. Никој не е повреден од тебе и животот во тебе. Земи боледување, но одмор или неплатен, не. Ќе ти треба понатака. Користи максимално, не дозволувај говеда од газди да ти го ризикуваат здравјето. А инаку ќе те молат да работиш, ко демек остана некој во Македонија, па имаат избор. Нека не се занесуваат, уживај во бременоста.
Сум со намера да не останам, ама има и други фактори кои ме кочат, за жал, иначе немаше вака да оставам.
Сè додека не отварате закони, сè додека не преземате ништо за што реално и треба (оти ако не вие, нема кој), сè додека не се борите - затоа и ситуациите се такви какви што се. Познавам најмалку три приватни фирми кои уште не можат да најдат соодветна замена. И нема ни да најдат, зашто луѓето што биле претходно работеле како за тројца. Да, приватното си бара жртви, но никој не може да експлоатира работник.
Се сложувам 100%. Но искрено во оваа ситуација важно е да си го задржи местото и да е океј психички и да избегне проблеми. Јас би постапила исто. Не би ми биле потребни дополнителни стресови. Колку и да фрустрира тоа да треба си го свиткаш опашот, и колку да е не фер, треба да се изигра паметно кога имаш бебе на пат. Сите сме со кредити, зависиш од работата.. па и со бебе на пат - пффф ќе направиш се само да опстанеш. Не е лесно неправди, ама малце од малце кога ќе размислиш за што се бориш па брзо поминува.. Јас секогаш сум оптимиста па пробувам да гледам од некој друг агол на нештата. You go girl @Feniksgirl
@Rozevata да, нека си изигра паметно. Јас не велам отказ да си даде, туку да си се бори храбро. Предност е што е на неопределено.