1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременоста и работното место/одењето на работа

Дискусија во 'Бременост' започната од ***Najsrekna***, 26 јули 2018.

  1. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Ја започнувам оваа тема поради револтот што го почувствував денес на работа.Работата ми е прилично стресна а и доста физичка.Се трудам колку што можам да не забушавам,помош имам од сите од колегите освен од претпоставениот.Ми остава доста физички работни задачи кои морат да се завршат,али толку културно ми го "учукува тоа" што не ми вика "ова и ова сработи го" туку едноставно ја остава таа работа му завршува смената и си оди.Не можам да ги разберам таквите луѓе.Нормално дека некогаш ми се спротивставувам но бидејќи кога тој ќе си замине јас сум одговорна на смена и едноставно тие работи мора да се завршат,а не одиме во исти смени.Гнаса од човек.

    Колку се стресни и физички вашите работни места,како успевате да се справите и дали имате помош и разбирање од колегите?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lizaname

    lizaname Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2014
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Тешко можеш денес да најдеш разбирање од некого поготово од претпоставени, разговарај и кажи му отворено дали ке прифате е тешко да се каже со самата помисла дека денес со самото тоа што ќе им кажеш дека си бремена одма менуваат односи со мал број исклучоци со среќа и не се нервирај и работи колку можеш
     
    На WildMk, didisi и ***Najsrekna*** им се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.338
    Допаѓања:
    316.825
    Пол:
    Женски
    јас имав супер колеги ..ме штедеа максимално.Физички не ми беше напорно ич али работев на озрачено одд.Кога дознаа дека сум бремена не ми даваа ни да припарам јас до рентген кабинетите :)
     
    На Mr. Right, Victorian, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.842
    Пол:
    Женски
    Престанав да работам штом дознав. На моето работно место не смеат да работат бремени жени. На работа одев и работев административни работи. Многу ме штедеа, морам да признаам.
     
    На Mr. Right, Victorian, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Работев од почеток до крај (1 недела пред да се породам) во 3 смени (ми понудија при крај да не одам 3та, ама јас не прифатив) . Сама држам смена, па немаше кој да ми помага, сите обврски морав сама да си ги завршам. Едино што ме ослободија е да не правам микробиологија. Среќа имав лесна бременост, немав мачнини, болки и отоци и си функционирав супер (ко да не сум бремена). Дневно на работа изодував по 8-9 километри, кола возев до крај, плус лабораториска работа, до стол ретко доаѓав. :lol:
    Сега кога ќе ми текне со толкав стомак, сум се качувала високо по резервоарите по расклатени мердевини.... (facepalm) (не од што немаше на кој да кажам да провери, туку од што сум таква сакам со свои очи да видам...). Среќа не чувал Господ, за наредно, здрајве, си ветив ќе внимавам и ќе се штедам повеќе.
     
    На gjoker4e, Victorian, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Кај мене е канцелариска работа и не е воопшто стресна. Можам да ја работам од почеток до крај на бременост. Имаме и софа на која саат до два на ден си прилегнувам бидејќи остатокот седам на стол. Колегите ми се тивки кога преспивам :D
    Шеф немаме, сами сме па се е ствар на договор. И малку сме во канцеларија 5 души па може да се разбереме меѓу себе.
    Ако би работела некоја стресна работа или физичка со гаранција на тоа лошење немаше да ја издржам.

    Алал да ви е жени кои “машки” се носите со работата, ви се поклонувам! Јас не би можела, а не сум лигуш по карактер, веројатно бременоста претешко ја доживувам на 35 год.
     
    На Thallia, Victorian и WildMk им се допаѓа ова.
  7. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.952
    Допаѓања:
    59.545
    Пол:
    Женски
    Кај мене и со мојата историја нее изводливо да работа,не ми дозволија лекарите.
    А ке ме поштедеа на работа знам ама додуша и они рекоа одмарај си дома да не ризикуваме за работа има време.
     
    На Thallia, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Блазе вас што имате таква колегијалност.Многу е важно тоа.Еве пак ќе кажам имам тотална поддршка,разбирање и помош од колегите само од претпоставениот немам.Тој ми ги прави сите збрки и недоразбирања.Ко да заборавил дека до пред 3-4 месеци жена му беше бремена и не знае како е.Туку за свое го боли а за другите баш му е гајле.Не знам што да речам,само Господ да е со мене да ме чува и да ми даде сила да издржам.
     
    На Thallia, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    јас решив да одам додека можам,бев болна минатава недела ама одев на работа не сум таква да паѓам во несвест дека неможам до толку кога сварно можам,некои за ситница нешто да им е одма на боловање...еве 4 колешки сме бремени сите три се на боловање одкако дознаа дека се бремени,што не верувам дека сите 3 се со ризична бременост бидејки ги гледам на фб си се шетаат кај се не...само јас одам на работа.
    Колегијалност постои од моја страна,од некои колеги ја добивам од некои помалку...
    Но во секој случај ок ми е...Работата е стресна ама не е физичка.
    Имав стар одмор,пукнав дома од досада,затоа ќе одам додека можам :)
     
    На Marija 84, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.384
    Пол:
    Женски
    Конечно ми излезе да добијам понуда за работа од соништата, добро платена, по струка за странска компанија, а јас бремена 6 ипол месеци и нишш од бизнисот. Работава ја чекав цела година, одложував бременост затоа и на крај кога кренав раце ме побара. Тоа е тоа :) Јас работам од дома, ама досадно е и дома не се доседувам сам. Маж оди на работаи јас по цел ден домаќинка изигрувам.
     
    На Kitten, gjoker4e и WildMk им се допаѓа ова.
  11. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Јас имам теренска работа и од првиот ден сум на боледување. Иако има опција да не одам на терен, да седам во канцеларија, шефот ме убедуваше дека и други колешки што биле бремени оделе на терен. Јас во второво тромесечие сакав да си одам на работа канцелариски и тој по закон мора да ми обезбеди сигурни услови на работното место според мојата здравствена ситуација. Но, тој буквално како да ме тера да земам боледувања, нејќеше да чуе да си седам онака во канцеларија. И така до крај изгледа ќе си седам дома...и нема да ме види на работа уште најмалку 15 месеци здравје Боже. А има три ќерки..нека му ја мисли...
     
    На Kitten, WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    21.647
    Пол:
    Женски
    Кај мене е канцелариска работа, по 8ипол саати на ден. Стресна е, има нервози еден куп ама се трудам да не си ставам се на срце.

    Имам две колешки кои се на породилно, јас сум трета сега , и газдата е веќе полуден заради тоа. Според него секоја трудница е нервозна и неподнослива, тоа им го викаше и на колешките претходно, а сега и на мене. Денеска баш се скаравме, пред сите, да сум си барала подобро друга работа ми вика. Се тресам целата од нервоза, не можам да се смирам цел ден. Мислев да издржам до декември ама не ми се верува вака да го трпам. А тие имаат 3 деца, ама само они имаат право на тоа. Имам и друга колешка што набрзо ќе им каже дека е бремена, па ќе биде уште позабавно.
     
    На elimkd, Thallia, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Lavica2016

    Lavica2016 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    3.847
    Пол:
    Женски
    Sto rabotis potocno?
     
  14. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    Истото ми се случи и мене, чекав да отворат оглас за работа повеќе од 1 година, кога ги поминав интервјуата дознав дека сум бремена, а исто и една од вработените кај нив, па фино лепо после 3 месеци ми пуштија мејл дека друг кандидат повеќе одговарал на бараните перформанси..
    Си останав на старата работа исто како и оваа каде што аплицирав: канцеларија, седење по 8 и пол саати, физички немам напор, ама главата ми бучи.. Плус голема галама е, многу луѓе во канцеларија, неклиматизирано и тоа што најтешко ми паѓа што тоалетите се хаос па се притресувам дека ќе фатам некоја инфекција..
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.848
    Допаѓања:
    47.942
    Пол:
    Женски
    Работата не ми е толку физичи напорна колку што е стресна, така да не знам што е подобро од две зла, дали физичка работа или стресна
     
    На ***Najsrekna*** му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    121.706
    Исто :|
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Мачуле

    Мачуле Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Пријателка моја е бремена и рсботи во фабрика каде што има многу хемикалии фарби бои разредивачи. Дали би можело да штети тоа на бебчето. Во рана бременост е
     
    Последна измена од модератор: 4 октомври 2018
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.775
    Допаѓања:
    259.784
    Ако носи заштитна опрема, предвидена за таа дејност, нема да има проблем.
    Друго е ако таа не се чувствува добро, пример не може долго да стои или пак и' пречат мириси.
     
    Последна измена од модератор: 4 октомври 2018
  19. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    и јас во таква фабрика работев нека си побара боледување
     
    Последна измена од модератор: 4 октомври 2018
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Мачуле

    Мачуле Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Би и дале боледување?