1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременоста и секојдневието

Дискусија во 'Канта' започната од Bebac, 28 ноември 2019.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Мешиња, незнам дали има ваква тема? Ако има нека оди во канта.

    Ме интересира како за време на бременоста, најубавиот период за секоја жена да си ги организираме деновите, неделите,месеците?
    Што правите кога мажите се на работа? Како ја одржувате куќата чиста? Што кога ни недостасуваат финансиски средства, а наближуваат празници? Како ќе го декорирате домот за време на празниците?


    Мислам дека има доста за дискутирање, па ги чекам мешковци Вашите коментари.
     
    Последна измена: 28 ноември 2019
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Аи,мислев дека ќе се отепаме од дискутирање, а овде нема ниту еден коментар! ;(
     
  3. Nithya

    Nithya Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    2.478
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за истово веќе се дискутира во Труднички Муабети.
     
    На Spidy и Bebac им се допаѓа ова.
  4. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Штом нема дискусија мислам дека модераторите би требало да ја избришат темава!
     
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Труднички муабети има премногу мислења и ми е некако непрегледно. Овде може да си кажуваме дневно за што ќе зборуваме и да си споделуваме.
     
    На Филотеа, Kate Rina 93 и Bebac им се допаѓа ова.
  6. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    И јас мислам така! Затоа и ја отворив темава. Во труднички муабети веќе е пренатрупано,а во оваа тема напишав за што може да дискутираме.
    Да се надеваме дека темава ќе заживее и дека ќе споделуваме разноразни мислења.
     
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Епа ајде да ја заживееме темава.

    Сега кога знаат дека сум бремена сите внимаваат на мене. Свршеникот е на работа, ќе се врати вечер па ќе се погушкаме. Од мене е посреќен и повозбуден.
    Финансии и те како ќе ми недостигаат, не работам бидејќи студирам, татко ми помага колку може, но се повеќе ќе треба за бебето да се купува, сметам дека е се уште рано, но ќе дојде време ќе мора.
    Свршеникот и тој не знае главата каде му е, спрема цел спрат од куќа за да живееме после свадбата заедно, трошоци има колку сакаш..
    Старите вршат притисок за свадби, адети и секакви обичаи, пробувам да не си ставам се на душа и да не се нервирам.

    Веќе 2 години дома кај мене не китам елка и не украсувам, само надворешната врата ни ја украсува цвеќарка и тоа ќе биде и годинава. Не ми се крева кутии, елки и да чистам само по нив.

    и така..
     
    На Bebac му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bebac

    Bebac Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2019
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    2.015
    Пол:
    Женски
    Јас кога дознав дека сум бремена излегов од работа. Само мм работи. Веќе се чувствува недостаток на финансиски средства. Имаме нова куќа, но неможеме да уредиме внатре како што сакаме. И ете одма незадоволство. Плус сега кога сум бремена како што знам и разни средства за чистење несмееме да користиме, па и одржувањето на домот барем кај мене малку трпи.
     
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Организирање исто како и претходно, освен ако нема некоја компликација или пречка. Кога веќе нешто станува тешкотија тука е сопругот, евентуално ако е презафатен мајка, сестра на еден од вас може да помогне. Исто и со користење одредени средства за чистење, ако веќе нешто носи ризик или не се користи или сопруг, мајка, било кој близок може да помогнат.
    За финансиски средства јасно е дека мора да се напраи ребаланс на домашниот буџет уште од прв ден коа ќе станеме свесни дека доаѓа нов член кој пак е најзахтевен од сите, но реално тој член не дошол по свој избор и изненадно туку по наш избор и ќе се крати на се со може и треба да се скрати ама за него мора се да се обезбеди.
    Декорирање за Нова Година исто ко сите претходни, елка се кити, ламбички низ двор и скала ставам, украси редам, перничиња, прекривки, се што имам украс вадам од кутии и местам.
     
    На Bebac, Kate Rina 93, dunika и 3 други им се допаѓа ова.
  10. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Извинете што ке ве разочарам,ама сите средства за чистење се безбедни во бременост.Секако не за пиење:D
    Може од мирисот за ви се повраќа,но ништо повеќе.Ако биле опасни ке не предупределе и на лекар.И плус,има алтернативи направени на природна база,т.н еко,воопшто не се штетни.

    Сметам дека при нормална бременост може исто да се функционира,ама на сите ни’ е убаво да не разгалуваат доколку се може:)

    За финансии исто како и бременоста,треба да се планираат,и барем едниот да има редовни приходи,и секако простор за живеење,во спротивно би било фрустрирачки со се новонастанатата ситуација и самите хормони.
     
    На Fallen.Angel, Bebac, elimkd и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Па и јас чистев со доместос, и овие денк мит од ДМ средствата, и оние за бигор и абразивна паста користев за ВЦ, бидејќи нема кој друг, мора јас, а тогаш тагко ми и брат ми не знаеја дека сум бремена, па не можев баш изговори да барам. Сега кога знаат нормално, не ми дават тоа да правам, да не сум кревала ништо, дури ташната ми ја носат, а пред тоа , само некој ден пред тоа како магаре ме товараа. :D:rofl::rofl:

    Инаку во глобала и јас пазам колку можам, ама не претерувам, бременост како бременост, треба пазење но нема потреба од преувеличување.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.522
    Пол:
    Женски
    Апсолутно истото се зборува во труднички муабети, нема потреба да се дуплираат темите.
    Плус, си имате посебни теми за повеќето работи за кои би сакале да прашате нешто.
    Имате горе и пребарувач, можете да пребарате и само во една одредена тема доколку нешто ве интересира. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.