1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременоста и факултетот

Дискусија во 'Бременост' започната од zaljubena93, 31 август 2012.

  1. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Не се двоумам дали да го изберам едното или другото. Туку темава ја отворив за да видам и други мислења за оваа комбинација. Бремена сум 4 и пол недели, на факултет кога се запишав незнаев дека сум бремена, ама и кога дознав не се двоумев, ги избрав двете..
    Лошата страна е тоа што вчера имав крварење, гинекологот ми рече додека да престане крварењето да одмарам. А факултетот почнува на 17ти, факултетот ми е 15 минути најмногу, пешки. Па незнам, што би направиле вие да сте на мое место.. Крварењето престана денеска, ама утре незнам што може да биди.. Имам закажано инекции секоја недела..
    Да не ги мешам темите, сакам да дадете свое мислење за оваа комбинација и за мојов случај...
    :*
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.056
    Пол:
    Женски
    БРЕМЕНОСТА И ФАКУЛТЕТОТ

    Заљубена , мое мислење е да го оставиш сега факултетот , поважно е бебчето :)
    и така штом веке ке примаш и инекции секоја недела , направиу пауза прво нека биде се во ред , па потоа ке видиш што како со факултетот. И можеш да го прашаш и докторот за мислење :)
     
    На zaljubena93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.388
    Колку што те сватив, не сакаш да слушнеш мислење дали и кои од двете би го оставила ти/ние, туку како оваа комбинација ние би ја извеле.

    За твојата комбинација, и за твојот случај значи :^)
    Дали за твојата бременост знае таткото на детето и твоите родители, кој е нивниот став?
    А ти девојче работиш ли, имаш ли финансиска поддршка од иден сопруг, родител?
    Штом си само 4 недели бремена, претпоставувам си сеуште кај родители, во понатамошната бременост и кога ќе се роди бебчето уште ли ќе живееш на 15 мин. од фак. кај родителите или евентуално би се селела кај таткото на детето.
    Родителите твои работат ли, имаш ли кој ќе ти помага т.с од утро до вечер да го чува детето додека ти си на фак. и учиш?
    Да не омаловажувам струки или фак, но од фак до фак не е исто. Некои се мине со скрипта некои со 1000 страни книга, некои не се обавезни предавња некои мора дури и на вежби. Ти информирана ли си за твојот фак.?
    Прочита ли некоја литература, сподели ли размислувања со млади мајки и студентки за тоа што те чека?
    Без одговори на овие прашања не знам многу за твојот случај.

    Капа им симнувам на мајките кои паралелно студираат, они си знаат како им е да одржуваат домаќинство, брак, студии и да се грижат за бебче.

    Твојов случај е на дете несозреано, советот од коритсаки е на место.
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.766
    Пол:
    Женски
    Познавам лекари двајца, кои успешно работат сега, но во свое време студирале медицина со едно мало бебе. Успеале, ете ги и двајцата фала богу, сега имаат уште едно дете и успешни кариери. Не велам не, но моите планови за семејство и продолжување на студиите од втор степен се два различни света, оставам се да се случи онака како што ќе се случи, фала богу после речиси 6 години врска не планирам да абортирам, недајбоже. Изборот е твој, мислам дека за почеток ќе можеш да започнеш, додека немаш поголеми проблеми ќе си одиш на факултет, мислам дека со оваа бременост можеш да ги ислушаш дури и предавањата, ако не до крај, барем првиот семестар, а потоа здравје ќе си го ставиш факултетот во мирување и после породувањето ќе си продолжиш кога веќе си решила да го задржиш и бебето и факултетот.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.050
    Да не го напаѓаме девојчето веднаш. Штом одлучила да го задржи бебето, сигурно има кој да и помогне (без разлика дали се омажила, планира да се мажи или не). Иако си многу млада за толку многу одговорности, сепак јас не мислам дека си несозреана, напротив. Некои луѓе побрзо созреваат од некои други, а овде на форумот, никој не може да процени од неколку поста, кој колку е зрел.

    Колку ќе ти успее да ги тераш овие две работи паралелно (семејство и факултет) зависи најмногу од тебе самата, а потоа и од твоите најблиски и околината. Јас лично познавам две особи кои така завршија факултет. Едната вонредно (мажена и со едно дете од 5 години, вработена и + забремени во текот на студирањето, па бремена одеше да полага) и успеа! Другата беше помлада, забремени по 2 години поминати на факултет (заради тоа се омажи), но многу битно имаше гооолема подршка од родителите на сопругот и сопругот. Оваа вторава имаше среќа да студира на факултет каде што на предавања одеа во големи групи, а професорите не ги познаваа лично студентите. Имаше и колешки кои ептен и излегоа во сусрет и ја потпишуваа на списоци на предавања, ја потпишуваа на списоци за колоквиуми, ја потпишуваа на списоци за вежби. Нејзе и преостануваше само да си научи од дома и да дојде на полагање (пошто полагаа и редовни и вонредни - никој не се посомнева дека таа е редовен студент) и евентуално од дома да изработи некаков проект. Ама таква и беше среќата и факултетот и беше повеќе теорија.

    Е сега, конкретно за твојата ситуација, треба да разбереш дали може да се префрлиш вонредно? Така само ќе си учиш од дома и ќе си полагаш, а утре задутре можеш и да се вработиш и паралелно и факултетот да си го тераш. Се зависи од тебе и од тоа каков факултет си одбрала. До 17ти имаш уште 2 недели, но распрашај се порано за префрлување вонредно. Ти посакувам многу среќа и мило ми е што не се откажуваш ни од едното ни од другото.
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Кога би била во ваква ситуација и со оглед на овие работи со бременоста најпрво би размислила која од овие две работи ми е во моментов поважна. Најверојатно бременоста ќе биде условно речено проблематична или ќе бара повеќе мирување,а факултетот бара редовност и учење,а со тоа и непреспиени ноќи,трчање по потписи,скрипти...Со овој памет сега(мајка на 2 деца) јас најпрво би ја одбрала бременоста ,а тоа значи дека со факултетот би продолжила ос следниот септември и тоа првиот семестар како вонреден (или договор со професорите),а следните како редовен. Е сега ова би бил мој избор и доколку мојот иден сопруг релативно добро заработува и/или родителите сеедно чии би можеле финансиски да не поткрепуваат во наредните 4-5 години.Со овој мој избор ќе бидам свесна дека наредните 4-5 години и тоа како добро ќе треба да си го потам газот и дека нема да знам ни ден ни ноќ од обврски,но затоа па потоа ќе бидам среќн ;) а со две успешно завршени работи.
     
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Јас годинава две сесии пропуштив поради крварење и нормално во ниту еден момент не се помислив што да направам. Иако многу ми беше криво, зошто пред се психички се спремав за сесиите, кога ми беше наредено да мирувам , мирував.
    Уште по болно ми беше кога колешките ќе ми се јавеа после испит и ќе ми кажеа како и што било, а јас сум била сигурна дека имам шанси да го поминам предметот. Но, тоа е, во животот има битни работи и некои по малку битни, а секој сам си го одбира она кое му е по мило и важно.
    Здравје за од кога ќе се роди бебето, сопругот ќе ми биде од голема помош ,па полесно ќе биде носењето на одлуката во врск асо факултетот.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.388
    Не ми беше целта да ја напаѓам,кога треба да се даде мислење за конкретен случај од неколку редови секој добива различен впечаток.
    Коментарот ми беше во друга конотација т.с за јас да донесам таква одлука би ми биле важни сите тие работи кои ги набројав предходно, а не на колку минути пешки ми е оддалечен фак. посебно не овој податок да го споменам веднаш после инфото за крварење. ете ми падна во очи оти девојката испушти толку многу , ама не и тој податок.
    Така да ако докторот вика да лежам, ќе лежам, макар фак. бил и на една минута прашањето што да се прави воопшто не треба да се постави.
    У секој случај и посакувам се најдобро и на младата идна мајка и на бебчето и да не сваќа ниту еден коментар ниту лично ниту трагично.
    Бременоста е процес во кој сите созреваат без разлика дали се 18 или 28, а она си знае најдобро за себе, можеби грешиме но тоа не е во никој случај намерно или злонамерно.
     
  9. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Јас те поддржувам целосно. Со факултетот можеш да си продолжиш и редовно и да се префрлиш вонредно, барем додека не се породиш. После можеш да си го ставиш во мирување. Кај мене на факултет две колешки имаат дечиња, ама ете си продолжија со факултетот. Едната во втора, другата во трета година, така ги родија. Ама ти најдобро си знаеш дали ќе можеш да издржиш. А за крварењето, ако се биде во ред продолжи си редовно, а искрено се надевам дека ќе биде се ок. Ама ако не се реши, не дај боже, гледај си ја прво бременоста. Бебето ти е најважно. А факултет можеш да завршиш кога ќе сакаш :* И ќе биде се во ред, не грижи се :)
     
  10. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Јас искрено се надевам дека ќе имаш голема подршка и од таткото на бебето и од родителите (и твоите и неговите). Инаку имав колешка на фак. која поради нејзините се разведе од сопругот и бебето остана кај неа. Нејзините имаа работа и неможеа да и го чуваат детето, а она поради сите обврски дома и кон бебето неможеше да продолжи и покрај тоа што беше одличен студент. Се сложувам со една девојка погоре што ти ги постави прашањата да си одговориш на себе, за да знаеш што да правиш понатаму. Инаку имам и други колешки со деца кои се многу подобри во студирањето од сите останати кои немаат такви обврски. Постојат многу начини. Размисли и види што најубаво ти одговара.
     
  11. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Вака. Ги прочитав вашите мислења, и се согласувам со сите, гледано од повеќе страни...
    Инаку да ви одговорам на прашањата. Во брак сум 3 месеци, и за на факс најголемата поддршка ја имав од сопругот, а потоа и неговите родители, и секако од моите родители. И кога дознаа дека сум бремена никој не се двоумеше да ми рече да не одам, туку ми даваа поддршка дека оваа година можам да ја поминам така, со стомачето,а наредната можам да ја земам вонредно заради беблакот.
    Финансиска подршка имам од двете страни.
    Со крварењто повеќе немам проблем... Барем прекина сеа за сеа.. И денеска уплатив првата рата, партиципацијата ии сум многу среќна, се надевам дека се ќе биде добро..Па, можеби и таква ќе ми биде бременоста, пошто мене и редовна менс ми трај 3 /4 дена, така беше и овојпат. Ама сепак в среда ќе одам на гинеколог да видиме што се случува.. Ќе ве известам што ќе ми кажат таму :*
    Сепак овие примери што ми ги дававте за оние девојки кои оделе на факс а сепак имале семејство или заради бременоста се омажиле,во текот на студирањето, ми дадоа некаква надеж и утеха :))
    Фалаа ви на сите !!
     
    На Nati.P, danichap и Amore им се допаѓа ова.
  12. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    zaljubena93 кога се сака се се може..не само факултет и дете....јас на поцетокот на студиите останав бремена......плус ја немав ни оддалеку таа подршка што ти ја имаш....мојот сега бивш сопруг ме поддржуваше така што не ми забрануваше да одам на факултет и ништо повеќе ( а можел и да ми забрани).....моите ги покриваа трошоците околу факултето но поради здравствени пробеми не можеа да го чуваат.....неговите не можеа...и така
    но се снаоѓав....ме запишуваа колегшките на предавања...ми помагаа околу семинарските.....а и некои од професорите ми излегуваа во пресрет ( но само некои)..... дури еден период одев и на работа - на определено време..... и се‘ се изджува ако сакаш да успееш....
    плус немав ни оддалеку таква подршка и хармонија дома.... :( можеби и затоа си давав сила

    затоа стегни заби и бори се да успееш.....што се сака се‘ се може...поздрав ;)
     
    На zaljubena93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. respect

    respect Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Еве и јас да ти дадам надеж и утеха :) Се омажив кога бев втора година на факултет.Бидејќи бев трудна,одма се префрлив вонредно и полагав испити се до осмиот месец од бременоста,се породив и потоа одма продолжив со полагање на испитите,син ми немаше ни еден месец,а јас одев на факултет(полагав скоро во секоја сесија).Имав голема подршка од маж ми,неговите и моите..Факултетот го завршив во рекордно време(без да пишам квадрат).Искрено ми беше тешко,ама се исплати..Еве сега син ми има 6год,јас работам(благодарејќи на завршениот факултет) и сум мноооогу среќна и исполнета во секој поглед... :) Ти ја посакувам сета среќа и на тебе,позз
     
    На zaljubena93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Mоментално ја подготвувам дипломската.
    Пред 4 години бремена се запишав на факултет.
    Денес детето ми е 3 ипол години, а јас го завршувам факултетот.
    Годинава ќе запишам и постдипломски.
    Се' се може, само потребна е поддршка од најблиските и цврста волја, попрво би рекла челични нерви :)
     
    На Lepaaa, senza.parole, elena.mak и 2 други им се допаѓа ова.
  15. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Ептен ми значат мислењата ваши,навистина.. Многу сум среќна што нема д бидам единствена :) Поздрав до сите, ако има уште нешто што треба да направам во овој случај кажете ми :))) :*
     
  16. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Женски да ви кажам.. Кај мене се случи пресврт.. Бев на ехо да видиме како оди бременоста и докторката виде дека во матката нема плод, туку во десниот јајник. Бебето беше вонматерично, бев бт на болница, напрајв и таму ехо и таа вечер кога направив таму ехо, оттогаш па наваму немам ни капка крв на гаќите. поминав со лесно, ни операција,ниту инекции,ниту чистење.. Направив за сигурно, бета/ха/це/ге, да го проверам хормонот на бременост, и тестот излезе негативен, односно хормонот беше 0,0...
    Многу ми е жал, одвај чекав да дојди прегледот за да го видам на ехо бебчето, ама излезе поинаку.. :(
     
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Жалам, стварно е лошо чувството да изгубиш бебе, знам како е, поминав еднаш. Но премногу си млада за да се плашиш, јас бев малку постара од тебе кога ми се случи потполно истото, и еве помина време, сега планираме бебенце за наредна година. Се ќе биде во ред, сега осврни се на факсот, или пробај повторно за бебенце кога ќе помине оној период што ќе ти го одредат докторите, и само смирено. Јас тогаш од триста стравови си направив страшни компликации, кој и до ден денес ги влечкам, мислам, глупости првокласни. Само смирено, и се ќе си дојде на свое место! Само речи си Божја Волја, и само напред! :*
     
    На zaljubena93 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tufica

    tufica Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    сега сум 2 година на факс.. бремена сум... оваа година ќе ја одам редовно, терминот за породување ми е почетокот на јуни, така да и 3 ќе ја одам пак редовно, бебето ќе биде веќе 4 месеци :) факсот не претставува никаква пречка според мене за да не се добие најголемата радост...
     
  19. kixxy93

    kixxy93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Ми треба совет...

    Имам 19 год. и сум бремена. Дечко ми е многу среќен за тоа и сака да се земеме, моите ме подржуваат во тоа , но ипак мајка ми многу пати ми вика да абортирам, бидејќи сум сеуште млада и одам на факултет да не си го упропастам животот волку рано. А јас го сакам дечкото, го сакам и детево но сепак сеуште се двоумам.. Ќе може ли совет, што би направиле вие во ваква ситуација и што би ме советувале..
     
  20. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Ми треба совет...

    зошто сеуште се двоумиш?
    ако не родиш сега ке родиш занекоја година а тогаш дали ке можиш знак прашалник
    алал да и е на мајка ти што те советува да абортираш знаеш колку луге сакаат а немозат да имаат деца пари даваат и надаваат за бебе се сторило се сакате со децкото и готово заедно ке си го изгледате
    дечкото студира работи? која недела си?
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.