Ми треба совет... тогаш не е страшно и родителите ке ви помагаат и ке се средите некако и јас родив на 19 и еве имам 2 срценца до мене сега ич да не се мислиш и двоумиш да си го родиш бебчето неговите знаат за ова како се поставија тие? колку години е момчето?
Ми треба совет... Он има 22 години... А неговите се океј со ова се... дури и среќни се со тоа што ќе имаат внуче... не подржуваат..
Ми треба совет... мозам да разберам колку си збунета.ама ако вие двајца се сакате и се поцитувате и плус ако имате поддрска од родителите(сега за сега само неговите ама и тоа е доволно)се ке успеете.не си ни прва ни последна мајка сто ке се сколува.гледај позитивно на работите и се ке си дојде на место.од срце ви посакувам срека!!
Ми треба совет... воопшто да не се двоумиш. нема ништо поубаво од бебе. Ако абортираш мислам дека ќе се каеш. Ние со дечко ми се трудиме веќе 2 месеци, но сега засега ништо. Се надевам наредниов месец ќе забременам.
Ми треба совет... Ако твоите ве поддржуваат. ако неговите ве поддржуваат, ако се сакате, ако и двајцата го сакате бебето, не гледам зошто имаш да се двоумиш? Факултетот се завршува и со деца и со маж. Размисли и за последиците од абортусот, не е решението само во него. Да сум на твое место, јас би го задржала без воопшто да размислувам.
Ми треба совет... Е сега вака. Каков и совет да ти дадеме ние секако ќе биде погрешен. За вакво нешто не се бара совет на форум. Треба да си седнеш и сериозно размислиш што сакаш од животот. Тоа дека си на факултет е најмал проблем, ако сакаш да завршиш со помош од твоите ќе го направиш и тоа. Може малку покасно од планираното ама ако се сака се се може. Сепак станува збор за мал живот, душа. Кога јас би била на твое место би го родила, ама тоа сум ЈАС и мојот ментален склоп. За вакво нешто вистинскиот одговор го знаеш само ти. Ни мајки ни шајки а најмалку ние од форумов
Ми треба совет... Мила, ние тука можеме да ти направиме еден браинсторминг, и ти да речеме дека ќе извлечеш некој заклучок што повеќето од нас мислат за твојата ситуација, но само ти можеш да одлучиш за себе заедно со дечко ти, вашите фамилии и ситуацијата. Да абортираш, не е мала работа. Да родиш дете, ич па не е мала работа. Размислете дали сте способни толку млади за сето тоа што го носи родителстото и бракот, живеење со свекор и свекрва, обврски по дома исто како што ја гледаш мајка ти, се ќе стане секундарно во вашиот свет во моментот кога ќе се роди бебушот. Од друга страна, абортусот не е поправка на кариес, има многу компликации кои можат да се случат физички кај тебе, кои можат да го окончаат или пак комплицираат твоето раѓање и забременување во иднина. Тоа е само еден дел, многу е тешко да се остане во врска откако ќе се случи такво нешто, или ќе зацврснете или веднаш ќе се растурите. Јас сето ова ти во сборам од искуство, на 21 година ми се случи истото, само што јас имав спонтан абортус и немаше да абортирам ќе си се сносевме со последиците. Сега со месеци се обидувам да забременам и имам проблеми. Размислете на маса седнати ти и дечко ти, па после разговарајте и со вашите. Ситуацијата ич не ви е играчка!
Ми треба совет... И јас бев во иста ситуација како тебе, само што јас кога останав бремена имав 18, сега имам принцеза од 4 месеци , одлуката е сепак твоја , но јас не би абортирала , тоа дете сепак е настанато од љубов , вие сте биле заедно затоа што сте се сакале.. Сепак треба да разговарате со дечкото дали сте спремни за тоа поздрав и се најубаво едит: јас кога бев бремена суште одев во средно и некако завршив, со помош од другари , другарки .. професори, сега другата година здравје планирам да запишам факултет.. детето воопшто не е пречка ти ако сакаш да одиш на факултет можеш кога ќе подпорасне малку и ќе почне да оди во градинка.. Има многу вакви случаеви , само треба желба .. ако се сака се се може
Ми треба совет... Aко ве подржуваат и од двете страни, ако дечко ти те подржува и го сакате детето, јас мислам дека не треба да абортираш.Млада си за млада, ама мајка ми и татко ми биле иста возраст како тебе и дечко ти кога ме имале мене, па сепак израснале две деца и успеале да ни дадат соодветно образование,култура и да не научат на вредноста на животот иако биле млади.Не дека нема да ви биде тешко...ќе ви бидме многу тешко, ама со тек на време ќе се навикнете.Мој совет само да не го оставаш училиштето, ако можеш немора одма, ама кога бебенцето ќе направи година, ако имаш можност и желба запиши се на факултет, ќе успееш да учиш и да го чуваш ако имаш помош од твоите и неговите и од него...верувај многу полесно ќе ви биде во иднина доколку остварите барем некој сон што сте го имале додека сте биле млади.
Ми треба совет... Се' си зависи од вас самите. Од вашата вистинска подготвеност за тој чекор. Колку мајки познавам што учеле, работеле, чувале дете и со искрена поддршка се' успевале да доведат на свое место без многу деранжирање и не многу подоцна од оние жени кои немале толку обврски. Дали ќе си го упропастиш животот или ќе си го разубавиш, зависи од тебе и од луѓето покрај тебе. Уште едно ангелче кое ќе дојде на овој свет не може тоа да го направи. Твој избор, твоја одлука, твое срце, твои мисли.
Детето воопшто не е пречка да се заврши факултетот или да се постигне многу повејке во животот. Јас додека одев на факултет останав бремена, го продолжив факултетот и го завршив. Ни една година не паузирав, малиот имаше три месеци кога отидов во друг град да полагам.Секако трееба да имаш помош и поддршка посебно од најблиските. Дека е потешко и покомплицирано, стварно е ама детето ке ти биде мотив а не пречка за завршувањето на факултетот. Сепак одлуката е твоја јас само го споделив своето искуство.
Мене оваа тема ме чека...помошта од свервата/мажот...моите ќе ја имам. Ќе гледам цел семестар да исчистам пред да се породам. А за летниот се надевам се ќе тече добро. Може нема да е се екстра и лесно како претходно...но барем се надевам на мирно бебе покрај кое ќе најдам време за учење. Фала му на Бога, мене ме послужи среќата имав лесна бременост и буквално секој ден одев на факс освен кога бев на лекар. Само последната недела пред колоквиум не бев во декември бидејќи навистина осеќав потреба за одмор и им се најавив на проф. и асс. дека нема да доаѓам. Знам 24 Дек. ми беше последниот колоквиум а 27 се породив....а веќе на 21 Јануари имав прв испит, и сите 5 испити ги положив....благодарение на тоа што цел семестар одев и слушав, па така да немав многу потреба за да учам со бебето.
Jas 4ta godina si ja zapisav vonredno, do krajot na semestarov kje si polagam kolku mozam, posle naredniot semestar kje bide malku potesko. Golemka kje bidam a vekje vo april kje imam bebce Taka da ovaa 4ta godina kje bide malce na pauza. Ponataka kje si diplomiram so bebce
5 ti mesec sum, na rabota odam sekoj den leten period duri i nedela i plus odam na fakultet sega sum 3 ta godina uste edna imam...edna cela godina ce trrba da odam Zaedno so bebushot Majkami ja imam blisku taka da iq ne se sekiram taa mi e srckata
Јас бев летен семестар 1ва година со првото кога останав бремена. Четврта ја отидов вонредно поради работата и тогаш останав бремена. Е потешко каде каде, се гледа и на резултатите постигнати на факултет. Но ете кога се сака се се може, веќе спремам дипломска!
Бравооо Јас сум се загреала сега да завршам пред да родам второ, уште 7 предмети до дипломска имам и искрено една година ептен го баталив Јас трудна кога бев со синко, бев 4та година но со некој предмет од 3та година.. што е убаво вака на 25 години да си дипломираш со две дечиња