1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост и кариера

Дискусија во 'Бременост' започната од bubale23, 29 ноември 2009.

  1. bubale23

    bubale23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Zdravo! Nova sum na forumov, i bi sakala da otvoram edna tema za koja bi sakala da slusnam vasi iskustva i mislenja! Imeno, so soprugot planirame da formirame semejstvo, se podgotvuvame veke nekoe vreme,ama ima edna "prepreka" - mojata rabota! Na moeto rabotno mesto sum okolu polovina godina i rabotam po princip dogovor na delo mesec za mesec. Nekoi navestuvanja deka kje dobijam resenie za skoro nema, pa navistina sum vo dilema?!?! Kakvi se pravata na rabotnickite koi zabremenuvaat vo situacija na raboten odnos kako mojata? Dali na nas so dogovor na delo ni sleduva porodilno kako i na tie so resenie? Ima li pravo rabotodavacot da ne mi dade dogovor za nareden mesec koga bi bila bremena ili da ne me vrati na rabota po eventualno porodilno?? Ve molam dajte nekoja informacija, sovet, iskustvo!!!! Iskreno blagodaram odnapred! :?:
     
  2. kleopatra11

    kleopatra11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Mislam deka kaj nas za zal ne se bas zastiteni rabotnicite i nivnite prava,zavisi sto rabotis i kakvi ti se gazdite,no smetam deka ima golemi sansi da ne ti go prodolzat dogovorot.
     
  3. katuvce

    katuvce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Mislev samo mene mi se slucuvaat ovie raboti ijas go imam istiot problem sakame bebce no me koci rabotata treba da dobiajm resenie a ne se znae dal i ke go dobijam isamo odlozuvam a vo brak veke sme tri god pocnaa negovite da mi prefrlaat veke ne znam so da pravam
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.047
    Допаѓања:
    136.903
    Bubale23, mislam deka nemas pravo na porodilno, ama proveri za sekoj slucaj. So dogovor na opreddeleno ako si poveke od 6 meseci prijavena togas ti sleduva porodilno, ama i vo toj slucaj koga ke treba da se vratis posle porodilnoto tesko deka ke ti go prodolzat dogovorot posle toa - na eden kup devojki sto gi poznavam im se ima sluceno toa. Kaj nas mnogu nevraboteni lugje, i odma moze sekogo da zamenat.
    Prasanje na priotritet e - ako ne ti se ceka, togas resi se da imas dete, pa rabota ke najdes posle toa.
    Ako dolgo si cekala za rabota i mislis deka ne bi mozela da najdes, pocekaj, ama zavisi i kolku godini imas. Znam i mnogu devojki sto cekale zaradi kariera, pa sega ne mozat da imaat deca. Mozebi nema vrska cekanjeto, ama moze da imas griza na sovest.
    Isto taka zavisi i dali finansiski mozete da izdrzite ako ti ne rabotis. Ako mozete, togas jas ne bi cekala da sum na tvoe mesto.
    Vsusnost jas i ja izgubiv rabotata koga ostanav na porodilno. Malce bese tesko eden period, ama najdov posle pak rabota.
     
  5. zorica.bl

    zorica.bl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    10
    Bubale iskreno i jas se naogam vo istata situacija.....Rabotam vo firma 6 mes sega mi go prodolzija dogovorot uste na 6 a 3 mes sum bremena i seuste nikoj neznae...I iskreno da toi kazam ic ne mi e gajle tolku mn sum srekna sto ke imas bebusce ama veruvaj ic ne mu ja mislam!
    Moram da priznam deka mi bese mn tesko koga razmisliv sto bi bilo ako bi bilo,no si kazav kako sto e gospod nikoj ne e neka mi e zdr i zivo deteto pa dr se ke si dojde...
    Taka da ako mene me poslusas ne cekaj ne cekaj ama ic....Zosto i cuvanjeto ne cini,za rab ke se najde sekogas ako si sigurna vo svoite kvaliteti i ako si vredna i dobra kao licnost sekogas ke najdes rab.
    A za trudnicko treba da si poveke od 6 mes vo firmata i da nemas ni eden den prekin na rab staz....
    Opusti se i ti posakuvam najbrzo da ne izvestis deka ocekuvas prinova
     
  6. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Забременување-кариера

    знам дека темава е оддамна заборавена ама јас сум во дилема па би сакала да го добијам вашето мислење
    завршив факултет пред повеќе од половина год. и барам работа исто толку време и не можам да најдам работа :P проблемот не е во тоа знам дека неможам да најдам работа толку брзо и лесно и не губам надеж за тоа. Проблемот е во тоа што сакам бебенце :D :D :D дилемата ми е дали да барам работа
    или да правам бебе :lol: :lol:
    ако забременам сега нема да можам да работам до 2012 и тоа во втората половина (или така нешто)
    сакам дете ама сакам и работа!
    што да правам? кое е вашето мислење???
     
  7. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Забременување – кариера

    bones навистина да не знаеш што да мислиш и правиш.А ако тргнат работите наеднаш ке дојдат и двете.Без работа и плата на денешно време е тешко дете да гледаш.А и детето е важно ти го променува животот те прави срекна.Убаво е година две да си зимаш платичка и да си ја трошиш за себе да си дадеш оздишка а потоа да дојде бебчето па тогаш се за него ке трошиш и се ке ти е по кееф.Многу е тешко да бидеш зависна,а и ти ке бидеш оскудна од многу работи се ке гледаш да има за бебчето за тебе нема ред да дојде ,а кога бараш од сопруг,родител е грозно неубаво чуство.Ама здравје како ти иде така си прави на се ке му се најде крајот.Јас многу се намачив со вработувањето и мене на прво место во животот ми беше тоа да работам да имам свој денар иако не стигнуват ама пак се надеваш на 15 ке земам плата.Ти посакувам да ти се исполнат желбите и работа и бебе.
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    105.367
    Пол:
    Женски


    навистина тешко за одлучување...од една страна прво сакаш да си заработиш зашто ако немаш пари и тешко за фамилија , но па од друга страна на некој слатка ќе му дојде паричката и ќе си рече па супер ми е вака си земам пари , си шетам ваму таму итн..и на крај ке видиш поминале годините..мислам сваќате што сакам да кажам
    еве пример , вујко на маж ми се ожени на 46 годишна возраст , а жена му е 42.. таа имаше среќа остана трудна од прва и за некој месец треба да се породи , но тогаш кога разговарав со неа ми рече - блазеси ти најтешката работа ќе си ја завршиш на млади години , а не како јас чекав да завршам факултет па потоа со работа се занимавав и не ни помислував на маж, деца. како и да е моето мислење е дека на помлади години е најлесно да чуваш деца а и ако има кој да ти помогне , е уште подобро :)
     
  9. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Мислам дека си сосема во право дека не треба да чекам додека сум 42, а знам дека сигурно не сакам да чекам ни до 30. А за работа, имам понуда, уште не сум почнала, платата не е лоша, ќе бидам пријавена, ама искрено ја мразам работната позиција која ќе ја имам. мислам дека ќе ја прифатам работата и ќе се обидам да имам бебе. Твојот совет ми помогна да ја донесам оваа одлука, затоа фала ти. ќе имам бебе додека имам кој да ми помага :D
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Знам дека работата е важна, особено за жените што сакаат или треба да забременат, но бебето повеќе е важно бидејќи ти кога сакаш после не ќе можеш, или ќе помине некоја година, или ако се вработиш може да те освои кариерата, така да мислам дека нема да згрешите ако се одлучите прво за бебето, потоа може да барате работа и некој да ви помогне околу бебето, и така ќе заработите заедно со мажот за да го чувате најмилото нешто на светот! :) :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Охх ве читам сите и знам како ви е, а јас што да речам кога мојот маж не ми дозволува да работам, жената е за дома ми вика и дома има милион работи кои можам да ги работам, а и сме во процес на правење бебе ама тоа никогаш не се знае кога ќе фати и ми вика кога ќе имаме дете тогаш ќе имам многу работа...јас го разбирам сето тоа, но тој не може да сфати дека мене ми е многу досадно дома по цел ден сама сум, мажена сум во друга држава, немам што се вели никој тука и сакам да ми мине време и затоа да работам...за пари ми вели дека ако ми се толку потребни тој ќе работи и втора работа ако е потребно секако ( Имаме кафетериа иначе) и тој скоро цел ден е отсутен.....и колку пати го парвиме тој муабет и само се караме за таа работа, тој не сака жена му да работи и да се мачи туку да ги чува децата,да ги воспитува и тоа е најтешката работа, но ние сеуште немаме деца и додека да имаме јас не знам што ќе правам од досада :(
     
  12. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Да ти кажам дека те разбирам колку ти е досадно. А јас го немам твојот проблем, немам никакви ограничување од дома. Се прашувам што да правам, зошто си го трошам времето на празно, можам да правам нешто а не правам ништо. По цел ден ТВ или интернет, книги. И ништо не ми се работи по дома. Не дека дома е нечисто сигурна сум дека може да биде почисто. Размислував многу за ова, зошто и покрај тоа што немама обврски јас немам воља да измијам садови :worried: И мислам дека е некој вид на бунење, да не станам ''домакинка'. Ич не го сакам овој збор. Без навреда, ама многу сум против тоа дека жената е за дома. Денес решив дека дефинитивно сакам дете и ќе почнам да работам на тоа уште вечер :lol:
    А тебе ако ти е досадно дома зошто не го прашаш маж ти дали може да одиш во кафетеријата (браво за ова, баш убаво) и потпомагај таму, не многу и нешто што нема да се примети многу, нешто што не би се нарекло работа. Се надевам дека ќе успеш и со бебето и со работата
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    16.724
    Допаѓања:
    110.066
    Пол:
    Женски
    зар уште има мажи што така размислуваат ??? Јас би полудела да ми рече да ја оставам рабоатата. Па ќе се пореметам бе во 4 зида цел ден. Вака на работа барем ми врви денот, запознавам луѓе, менувам муабет. ОФ душичке кај го најде тој неандерталец, од која пештера ли го извади !!!
     
  14. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Женски
    Пред скоро 6 години и јас бев со мислите дали да го задржам бебето или да се посветам на кариерата и на мажот којшто во тоа време тоа го бараше од мене. Јас одлучив дека поважно ми е бебчето што растеше во моево меше, отколку кариерата. Во ниеден момент не сум се покајала за мојата одлука. Родив прекрасна принцеза којашто сама ја одгледав, а напоредно и ја градев мојата кариера којашто сега за сега супер напредува.
    Еден совет од мене до вас: Кариера можеш кога сакаш да градиш, а дете да добиеш e божји благослов кој не се планира.
     
    На kjukli, Espadrila, elena.mak и 3 други им се допаѓа ова.
  15. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    одам јас во кафетеријата секој ден и таму си има персонал кој работи и јас помагам не можам да кажам дека ама таман ништо не пофаќам, напротив сакам да работам за да ми мине времето, но знаеш друго си е кога ќе си имаш некоја обавеза и знаеш дека треба нешто да правиш, а вака дома сама во 4 зида не мине време... :tmi: чистам, ставам перални, мијам садови, правам ручек и тоа е секој ден се исто.... :(
     
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    се сложувам и со тебе Нена и јас му го кажувам тоа дека не е работата само дека ми фалат пари па ќе одам на работа, муабетов ми е да излезам од дома,да запознаам луѓе,да слушнам нешто....ама попусто, кога не разбира овој мојов :( Грци, што ќе им правиш, сите се исти :o
     
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Kallias, додека ти вели дома да седиш, според мене е добро. Не знаеш колку е тешко да си бремена(здравје и ти ќе бидеш) и да одиш на работа. Потешко нешто нема. Веќе кога сака да ти угодува така, седи си дома, а слободното време искористи го за нешто друго, оди на прошетки, дружи се со пријателките... Најди си некоја работа што би можела дома да ја работиш, на пример правење накит.

    И според мене не ти е простак мажот, секоја му чест, камо Боже мојот да ми рече да си седам дома :)
     
  18. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    И според мене не ти е простак мажот, секоја му чест, камо Боже мојот да ми рече да си седам дома :)[/quote]

    Се сложувам со постот на Блонд камо срека и мојот маж да рече да си седам дома па да си го чувам син ми,но за жал или пак за срека незнам мора да одам на работа.
     
  19. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Блонд и мене сите ми викаат "дај Боже и мојот да е таков како твојот да не работам и јас"...во никој случај не можам да кажам дека е простак како што пиша погоре една форумџика, затоа што тој навистина ми угодува и сака да живеам како принцеза и не сака да се мачам уште сега, а замисли здравје Боже кога ќе имаме и детенце...премногу е добар мојот сопруг и на секој можен начин се труди ништо да не ми фали и грев е да се пожалам, само муабетов ми беше дека мене ми е досадно кога си немам некоја обврска, а не дека ми е лошо со него и неговите постапки....
    А што се однесува до дружење со пријателките, јас сум мажена надвор од Мк и овде немам многу познати, т.е. пријателки :( така да тоа е...
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ох, патиме од иста болест. И јас сум мажена далеку од дома и знам како е, без пријателки, без другарки... Ама можеш и сама да си излегуваш на прошетки, така да си го пуштиш мозокот на пасење, можеш да си купиш домашно милениче, на него да го трошиш слободното време и плус да си стекнеш навика за грижа на некој друг.
    Барем јас така направив. Си имам миленичиња низ дворот и да не се тие и виртуелните пријателки, ќе умрам од досада и јас дома (сега не одам на работа поради бременоста).