1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост и кариера

Дискусија во 'Бременост' започната од bubale23, 29 ноември 2009.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    За домашни миленичиња не ни е баш голем станот во кој живееме, но од летото си имам канаринче кое знае преубаво да ми пее и еве си имам некоја занимација со него, да го исчистам , да му ставам храна....и така. Се надевам оваа досада да не трае многу долго и во најскоро време да се сменат работите :P
     
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^Мојата снаа се наоѓаше во иста ситуација како тебе,и најискрено многу ми беше жал за нејзе.
    Се омажи за брат ми и се пресели на другиот крај на светот оставајќи ги најблиските и све што и беше познато.
    Таа набрзо остана бремена за да си потполни времето учеше јазик,тука запозна неколку нови пријателки,после тоа почна да си полага испити на факултет бидејќи не и се нострифицира дипломата од МК.Кога се породи веќе бебето и го исполни времето,малку кога потпорасна малиот си полагаше курс за преведувачи и тоа си работеше од дома а покасно и си одеше по институции каде ја бараа да преведува.
    Сега е повторно бремена и пак само од дома работи бидејќи е бремена со близнаци па несака многу да патува.
    Така побарај и ти некоја ваква работа ако е возможно,оди на некој курс ке запознаеш нови луѓе ке научиш нешто ново.
     
    На sunnygirl и kallias им се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.020
    Пол:
    Женски

    Грците ко под ист калап правени брее хаха ( се шалам ;) )
    И мојот е ист , му кажувам дека сакам да работам он ми вика па имаш работа ти си ми жена и ти си главната овде. И јас му помагам секако ама па сакам да си работам и нешто свое , немора по струка ама не ме интересира кога ке потпорасне малку детето не го фермам :D И јас умирам од досада цел ден ниту пријателки имам само ке шетнам по продавниците и тоа е. Кога ке ми каже жената е за да ги чува децата лелеле косата ми се крева :yawn: |(
     
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Потполно истиот проблем го имам и јас, веќе преку глава ми е од ова седење дома па не можам веќе многу ми е досадно, сама во друга држава, без пријателки, без никој, што да правам, вака ако работам бар времето ќе ми мине и ќе си имам некоја обавеза... али како на дрво да зборуваш џабе е кога тој си има ставено на ум дека жена му требало да ја чува куќата и треба да едома, за работа ни под разно :o
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    секоја жена треба да придонесува ако не еднакво бар приближно за фамилијата и семејството. јас не би дозволила да седам дома и да се досадувам а маж ми да работи. зар мојот живот да се состој од седење дома и од гледање на серии и што ??? да затупам.... не не најмала плата да зимам ама дома да не сум. кога станува збор за бременост и кариера пред се би ја жртвувала секоја кариера за дете. детето е нето свето, нешто најубаво кое може да и се случи на една жена. е сега мое мислење е дека побргу наоѓаат работа тие што веќе имаат родено отколкуу тие што треба допрва да раѓаат. бар јас не бев примена на неколку работни места само поради тоа. така да сметам дека ако се има можност првин најубаво е да се роди па да се бара работа (доколку уште се невработени). пред се и приватните фирми не нудат гаранција дека ке те вратат после трудничко. така ете е и кај мене на работа после трудничко не ги вратија 2 девојки туку вработија нови. но јас сум рекла дека важно ми е потомство а работа ќе се најде. меѓутоа навистина жените се ставени пред дилема и голем избор работа (кариера) или фамилија и бебче што и не е навистина многу ферско од страна на работодавцита. но кај нас е така каде што има сила нема правдина :@
     
    На okcenzi и sweet.woman им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Феминки, случајно налетав на оваа тема... сум ја започнала јас пред 6години... Еве што ми се случи, накратко, после 2години работа се породив и си бев на породилно 9месеци, се вратив на работа, и по 10 месеци забременав повторно, но имав ризична бременост која ја поминав претежно лежејки по болници, последните 2месеци морав да работам, па бев на породилно, требаше да почнам на работа на 7ми а на 5ти ми кажаа ( со емаил ) деканема да ми го продолжат договорот, и телефонски ми потврдија дека дефинитивно не се враќам, замената имала поголеми врски од мене. А работев во еден мобилен оператор. Па од мојата кариера толку. Сега си чекам 3то детенце...
     
    На koritsaki, mariz, kjukli и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Бубале некако ми влезе во очи цело време те читам колку се радуваш и за третото детенце, баш ми е мило вака кога гледам. Да сте здрави и живи, кариерата не е најбитна во животот, покрај дечињата ништо не може да те сруши тебе.
     
    На koritsaki, kjukli, mama89 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Кариера или дете? Незнам зошто би морале да бираме помеѓу тие две кога можеме да го имаме и едното и другото. Со останувањето во блажена состојба не значи дека треба да ја запоставите кариерата туку само ја ставате во мирување на едно година дена. Зошто да не може една жена да роди патем речено за тоа време работното место и мирува и после 9 месеци или година си ја продолжуваш кариерата. Незнам зошто постојано се поставува прашањето да треба да бираме. Инаку според мене ниту една жена не треба да си дозболи да седи дома и да чека пари од мажот дури и за улошки. Според мене не децата туку љубоморните мажи често се пречка за кариерата на жените.
     
    На Maceto123, kjukli и referentka им се допаѓа ова.
  9. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Благодарам на убавите зборови Elissa, навистина од срце е така, кога ќе си го вратам филмот наназад и го премотам набрзина до каде сум сега, само мајчинството дава таква сила и моќ и најпозитивни чувства и колку и да си скршен и уништен само едно МАМО ја враќа и ја прави целата смисла на животот! Им посакувам на сите да си доживеат на своја душа, а за децата ни најскапиот подарок кој може да им се купи со пари не значи ништо споредено со она што им го дава, првенствено мајката, со својата душа!
     
    На Annath, koritsaki, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски

    Кога е избор или/или во ред, се сложувам со тебе, но кога е виша сила и чим родиш ти даваат отказ...
     
    На <3 pleza4e <3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Неможе да ти дадат отказ ако си со решение на неопределено, сега и законот те штити дека штом го информираш претпоставениот дека си трудна неможе да те отпушти од работа освен ако за тоа нема голема причина т.е ако не направиш некој ептен голем прекршок. На крајот на краиштата и да те напушти ќе се бориш, без борба нема ни кариера. Каква е таа кариера ако на првата препрека се откажеш. Мислиш дека оние кои успеале во каеињрата се им било мазно, мислиш нив не им ставале сопки.
    Несакам да размислувате така дека треба да бирате.
     
    На mama89 и referentka им се допаѓа ова.
  12. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Јас бев со решение на неопределено, па само што соопштив на работа дека сум бремена во следните 48 часа со брзина на светлината ми беше даден отказ, а еве и причината ке ти ја кажам, ова беа неговите зборови:
    Ти си супер работник, немам никаква замерка за тебе, затоа работеше кај нас толку долго време, јас сум сигурен дека одма уште утре ке си најдеш нова работа, ама ТОА Е ТОА што да ти правам.
    Многу утешително нели, после толку време да те избрка преку ноќ само затоа што си останала бремена, а бремена на друго место не те примаат да работиш, па остануваш без работа и без трудничко под кирија со една плата.
    Маж ми работи по 20 часа на ден на две места за да преживееме и не сум ни помислила да фрлам пари по судови, пошто е пријател со тие на врвот на РМ така да и на глава да застанам џабе ке ми биде.
    Така да не е секогаш наш изборот измеѓу кариерата и бременоста, јас радо би одела до крај мн нормално на работа, што ќе чмаам дома како утка некоја, не сум научена да седам дома.
     
    Последна измена: 28 мај 2015
    На Annath, kjukli, mama89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Но треба да се бориш и да го тужиш, затоа што се повеќе луѓе има кои се помируваат со судбината затоа работодавачите така прават. Сега има измени и во тој дел, и да те отпушти работодавецот имаш право на трудничко боледување и се што следи со тоа. Не велам дека сликата е идеалн, ама сепак треба и ние да се бориме. Сите се жалат дека ѓи тераат и недели да работат и празници а никој нема храброст да поднесе пријава. Епа неможе така, мора и ние работниците малку да бидеме поактивни а не само да си го чуваме сопствениот газ. Сите немо гледаме кога тоа што го наведе ти ќе и се случи на некоја колешка, а кога ќе ни се случи нас тогаш бочи. Е, боли затоа треба да преземеме нешто пред нам да ни се случи.
     
    На koritsaki и Cka им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    И кариера и дете.
    Кој вика дека неможеш додека си бремена да си ја бркаш кариерата ??..нормално освен ако имаш тешка бременост па мора да лежиш.
    А 9-те месеци дома со бебето не значат ништо повеке освен допуштање на мал одмор и собирање сила за продолжеток ка кариерата.
    Има градинки, има баби...


    Да се надополнам на свој пример...9 месеци си одев на работа и си уживав во бременоста...кога ке поминат уште неколку месеци ке се вратам со нови сили назад...се трудам да не излезам од тек со Закони и со некои работи кои морам секојдневно да ги следам.
     
    Последна измена: 28 мај 2015
    На Annath, Maceto123 и joy1 им се допаѓа ова.
  15. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Мила јас те разбирам, и запознаена сум со законите и тоа што ми следува, ама исто така сум запознаена мн добро и каков човек е газдата и каде и колку може со него.
    Јас не сум човек што се помирува со судбината, по природа сум бунтовник и борбен карактер, ама во случајов мислам со ладна глава и реално на ситуацијата, од каде да ги најдам сите тие пари за адвокати и рочишта да се влечкам по судови?? Спомнав погоре дека живееме под кирија и дека маж ми се утепува од работа за да имаме пари за нормален живот...од каде да ги најдам тие еве рецимо 1000 евра што ке се соберат тужејќи и влечејќи се по судови?
    Лесно е да се каже од страна...и јас така сум мислела, ама кога ке си го осетиш на своја кожа е тогаш е веќе малку подруго.
    Ни на крај памет не ми паѓало да седам дома во бременоста, фала богу па лесна бременост имам нит мачнини нит ништо, зошто да не одам на работа? Пак ке кажам не сум човек научен да седи дома.
    П.с. Во однос на колешките како што спомна сите си гледаат за себе, они да си се на сигурно, кога се деси ова сите превртуваа очи и креваа раменици, никој не се замара со тебе, твојот проблем не им тежи на нивен грб, тоа си е реалната слика во нашава држава.
     
    На irenna, Annath, mami blue и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Решение на неопределено ако имаш, и тоа во некоја државна институција илинекоја од поголем размер фирма тогаш се без страв трудните е тазе мајките,се си оди по закон, но со помала фирма со 5 вработени или со договор на месец за месец, тогаш е друга приказна. Јас бев 5и кусур години во фирмата која е голема, со претставништва во цела македонија, со илјадници вработени, но бев преку агенција за времени вработувања и договорот го обновував месечно.Законски дури бев трудна ина 9 месеци породилно ми продолжуваа договор, но по истекотнапородилното, исто законскипе отпуштија. Иштода се борам сега?
     
  17. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.331
    Пол:
    Женски
    Сега според законот не смее да те напушти,но како мене пак едноставно ми врши мобинг,вработена сум скоро година.кога и кажав дека сум трудна пребледе, ја смени фацата, се се смени на лошо...викање,незадоволство и сл а работам сее исто имам сега за сега фала Богу лесна бременост 5ти мес сум и добивам сега екстра задачи, и метам и џогирам и плус ме навредува дека мн сум била здебелена како бумбар,да не сум јадела,сум била со рацете на половина, и секоја реченица ја започнува со : - ,,Откако остана трудна...вака-така,, Преку глава ми е , но не си давам отказ, а не смее да ме избрка,законот ме штити , за инат ќе истрпам до породилно
     
    На Sunshine_1979 и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Сите сме способни и за едното и за другото итовремено ама за жал денес работодавците индирекно те тераат да бираш меѓу 2те... т.е. не ти ни оставаат избор.
    Еве јас до сега немав среќа а ни врски ама тоа е друго.Откако се омажив ни страм ни перде на интервју ме прашуваат дали сум мажена и колку време шо значи одма знаат дека или сум бремена или ке бидам во најскоро и автоматски не идам во предвид.Ај можи откако ќе се породам ќе имам повеќе шанси надежта последна умира.:headbang:
     
    На mama89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Eeeeh nekoi rabotodavci se tolku zanikade sto prasuvaat dali planiras vo skoro da ragjas, ako planiras nema da te vraboti... Drugarka moja edna godina probuvaa za bebence, a i tolku vreme vekje raboti, tek sega ostana bremena. Raboti kuvarka i gazdata i se napnal zasto e bremena i deka kje ja brka... A prijavena e na neopredeleno, pa kuznae sto kje bide... Sega za sega ja tretiraat tamu isto kako da ne e bremena i mnogu mi e krivo, samo i vikam abe opusti se malku teraj po svoe ne si vo ista sostojba kako drugite... No ete mora i ona da raboti, im trebaat i tie plus 15000 mesecno...
     
    На mama89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.331
    Пол:
    Женски
    Чупе убо :) И јас пред да се вработам ме прашаа колку време сум во брак ,јас кажав година , и одмс ме праша деца и кажав немам,и ја смени фацата и ме праша кога планираме и реков не планираме уште една година,ама ете по 6-7 мес останав бремена и мн бев среќна и јас и мм ,а кога и кажав пожолте и ми рече сум ја зафркнала и изиграла и од тогаш душата ми ја вади. Дури не ми чесрита и нон стоп ми дава екстра задачи и ми префрла ,и ме прашува дали ќе сум се вратела по породилното .а јас тек 5ти месец ,збори пред време .На нероден петко капа крои се нервирам секој ден...