Ах бре проклета сиромаштија, не доведе во една таква ситуација да ние како работници мораме да молчиме, додека работодавците ни се качуваат на глава! Во приватниот сектор нема врска што си на неопределено. Можеш секој момент да си летнеш како есенско ливче на ладен и гаден ноемвриски ветер. Државното е многу исполитизирано, па ако сака некој, ќе најде начин и таму да те шутне. И во сите тие моменти ти се сервира локал-патриотизам и национализам, дека ти мајка правиш чудо за твојата татковина, раѓаш нејзини деца, па и парични надоместоци фрчат... Реалност, ни породилно се исплаќа навремено, ништо. Роди ме мајко со ксмет, па фрли ме на буниште... Ксметот одамна се потроши, а буништата преполни. Нејсе, муабетот ми е - и да сакам врвна кариера и плус да се реализирам како родител, во оваа држава има толку препреки, што да сум најдобриот тркачки коњ, сигурно ќе скршам попатно нога до две. За работа се наоѓа. Ама градење на кариера е друго. Сите работодавци се со предрасуди за нас жените. Без срам и перде на интервју те прашуваат за ширење на фамилија! Тука ти навлегува во интима, и можеш да го пријавиш. Ама, и судството е корумпирано, па на крај, креваш раце и трпиш. До кога вака, кој знае... Едит: се изнервирав заради постот на @<3 pleza4e <3 , не знам баш сигурно како би постапила да сум на твое место, ама се ми се чини дека би тужела. Стварно нема смисла. Не си требала да потпишеш спогодбено (претпоставувам дека така си заминала). Ма сепак, би тужела. И би направила хаос по социјалните мрежи. Ова апропо на рекламите за многудетни семејства.
На почетоκот κога почнував со ρабота во таа фиρма и κога потпишав договоρ на неопρеделено вρеме, потпишав и отκазно ρешение, не само јас туκу сите, во спρотивно воопшто немаше да ρаботам таму, па моментот κога ме избρκа го имаше тој доκумент и ништо повеќе не потпишував, само си ги собρав ρаботите. Бев бесна на почетоκот исκρено незнаев ни јас што да пρавам зошто не отчеκував од сигуρна фиρма таκво нешто, ама се ρешив да не тужам од пρичина што пρво финансисκи не сум спρемна, со тие паρи ќе κупам се што тρеба за бебето, дρуго немаше шанси да го добијам случајот познавајќи го човеκот κој е и κолκу е моќен, и тρето несаκав да се неρвиρам и да се влечκам по судови затоа што во пρвата бρеменост изгубив близначиња, па овојпат ми беше најбитно бебето да е κаκо што тρеба, па маκаρ и без тρудничκо да останам. Фала му на господ што имам ваκов маж што ниκогаш нема да дозволи нешто да ни фали, а за газдите неκа им служи на чест, господ гледа и све се вρаќа во животот таκа да веρувам ќе им се удρи од глава еден ден.
Уште пострашно ова со потпишувањето отказ на ден на вработување. Ах бре нехумани и одвратни работодавци! Што ќе ги кошташе да останеш, па државата те презема после! Ах... Карма, карма, ако те има, време е да реагираш! Туку, во право си! Да си жива и здрава и да си се гушкаш со среќно и весело бебче! Ме разнежни со мажот твој! Ви посакувам од убавини да куртулите.
Имам интеρвју за ρабота. Читав во заκонот не смее да пρаша дали си бρемена, па не тρеба ни да спомнувам. Имате ли исκуства со вρаботување во бρеменост? Што аκо ме вρаботат, κои се потоа моите пρава и обвρсκи да соопштам бρеменост?`А станува збоρ за голема ρеномиρана κомпанија
Мене ни срам ни перде па ни закон ме прашуваа дали сум и дали планирам така да не стигнав до вработување а имам една познаничка што се вработи 2 3 месеци беше не се познаваше дека е бремена и потоа кога им кажа не им беше мило ама не ја отпуштија тогаш туку 5 месеци ја оставија да работи и ја отпуштија а нели е 6 месеци непрекинато за да ти следува породилно па 1 месец сама си ги плати придонесите преку друга фирма.Со среќа на интервјуто ако не те прашаат не кажувај.Акој месец си?
И јас сум така трет, ама кај мене 3та бременост и искрено кажано ми се познава, имам меше, мада може и така да си сум природно дебелка, што знаат, последве деца родени многу жени имаат баш ваков стомак. Само и да ме вработаат,па после да кажам, законски веќе вработена жена ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ И ПОРОДИЛНО Не Смеат да ја отпуштат, исто и како твојата познаничка, ако ја отпуштиле така кзошто не кажалана интервју нели, требало да тужи. Е сега има цаки што ги прават фирмите, те ангажиираат на договор месец за месец, е тука нема закон, трудна нетрудна ти завршил договорот ајт создравје.
Е мила се додека ние се откажуваме така се они ќе си бидат во ќар. Баш ми е жал за тоа што ти се случило, но верувај кога станува збор за трудница и тие што се во врвот не им е сеедно ако решиш да ги тужиш. Јас така ја убедив другарка ми да не седи со скрстени раце и тоа знаеш каков човек тужеше, сите се крстеа кога кажа дека ќе го тужи, дури и на него му беше чудно ( во стил која е она, јас сум Бог во државата) и си доби, за адвокат и за тужби не даде ни денар, бидејќи тој морон се си плати, а зборувам за време од пред неколку месеци. Е сега по завршувањето на породилното, по истекот на тие три месеци одкако ќе се врати се разбира дека ќе ја отпушти, но она си земаше породилно. Знам дека во оваа смотана држава ништо не функционира како што треба, но ете она голема зверка тужеше и дури му рече и јавно ќе излезам по медиуми и да видиш како ја врати првата секунда на работа, и без прекин во стаж. Бито истерај си ја бременоста сега па после ќе биде и работата.
Јас мислам дека треба да соопштиш дека си бремена, бидејќи треба да си имаат предвид да најдат соодветна замена за тебе кога ќе отидеш на породилно, а и да скриеш сега за некој месец ќе ти се познава. Јас искрено би кажала веднаш,кога сакаме ние они да се фер спрема нас, така да и ние треба да бидеме фер спрема нив.Се надевам дека имаш 6 месеци до останување на породилно за да може да ти следува породилно.
Јас мислам да почека уште барем еден месец па да каже. И ако ја прашаат зошто криела нека се прави мутава како не знаела дека е бремена, туку мислела се тоа и е од стрес.
Јас и предлагам да си тера и да си ќути, да не забушава и да камуфлира до кога може. Кога ке се приметува , нормално да ,,објави,, па ако ја критикуваат нека се оправда дека нели тоа не се кажува додека не е сигурно, па демек и таа си молчела па еве сега е сигурно и кажува. Боже мили...човек да мора од се да пази...место да се радуваш и со мило да се ,,фалиш,, да си принуден да ќутиш и да криеш како да си украл нешто или криминал си направил. Ама тоа ти е...
Па мене дори сега ме препознаваат без да кажам ама ми велат кој месец си 4ти 5ти? а јас крајот на 6ти.да најдев работа до сега ќе можев да се камуфлирам и ќе речев не знаев мислев се здебелив малку и од стрес 6 месеци не ми идеше како оние од I didn't know I was pregnant да се насмееме. ♡BuBaLe♡ со среќа работата ако си 1 тромесечје имаш фора да не кажуваш како шо рече 3то ти е не планирав не знаев па макар и најпланирано и најочекувано да ти е на денешно мора така едноставно....е сега ако ти е физичка работата да има ризик за бебето мора уште одма да кажиш па шо сака нека е.
Мешенца како сте ми?јас завршив во 22ч со работа и после тоа на пешачењее,да ми се излувтира главата а и убаво временцето пријатно...сега седнав да одморам на една клупа и се укл да ве видаѓ Сакам да ве прашам дали има шанси порано од 45 дена да земам породилно? Навистина ми е напорно... Посебно накрајот тоа метењето и џогирањето душата ми ја зема,а и жешкоо плус помош немам,а кај се јули,август септември... Јас најрано може да земам околу 20 септември а сакам бар од 1 ,п.с.одморот неможам тогаш да го земам мора во август а за боледување не иде во предвид ,чаре???или тешко ми нема спас
Доколку немаш патолошка бременост порано од 28 дена незнам дали можеш да го земеш боледувањето, барем тоа што е редовното. Па ти немора многу да се замараш и да работиш турбо, сама олеснувај си ги работите, по некогаш забушавај ако ти е физички тешка работата А сега знам од други девојчиња дека тешко им давале боледувања и матичните, ама затоа треба со матичната да си збориш, а знам дека те чекаат најтоплите месеци. Еве во август ќе си користиш годишен одмор, па малку ќе здивнеш, обично август е најтолоп. Со вода до тебе многуууу, свежо овошје и со бога напред сите да не чува, друг спас јас незнам
Фала ти срцка ме охрабрија твоите зборови,како Господ никој не е ,нека не чува и пази па ќе издржиме поззз бацки
Да ја размрдаме малку темава. Сакам да слушнам мислење како се справувате со моментот кога после породилното одсуство треба пак да се вратите на работа? Има ли начин уште некој период да се продолжи? Мене од помислата да оставам 8-9 месечно бебе и да се вратам на работа многу се наежувам
Истото мислење го имам, стварно сметам дека барем до 1 година треба да можеш да останеш дома со бебчо, па после една година, еве и градинка е ок. Некои мајки имаат помош од родители им ги чуваат до една година, но еве тие како мене, тешко. ќе мора на градинка веднаш после завршување на породилно... Жално.