Бременост и плодни денови

Дискусија во 'Бременост' започната од macence23, 7 април 2010.

  1. macence23

    macence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    sakam da ostanam bremena.probavme nekolku pati no seute nema.dali samo vo plodnite denovi se ostanuva bremena ili moze i vo drugi denovi?treba da mi dojde menstruacijata sega na 10 ama jas deneska napraviv test i mi pokaza negativen
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    550
    немора да значи некои девојки, остануваат трудни и на добиено, пиши кога добиваш, колку ти трае,обично овулацијата е на 14-16 ден од првиот ден на добивање, но нема нели ништо лошо да си пробувате секој ден, не чекај плодни денови.
    Значи, наједноставно..еве пример добиваш на 1ви ти трае до 6 на тоа додај плус 7 дена.. значи 12.
    пред да добиеш одземи исто 7 дена значи 26ти.. е сега од 12 до 26 имаш плодни денови и обично се во средина а во средина ти испаѓа 16 ти. е сега врати се горе ти пишав плодни се деновите од 14-16 ден.
    Втор начин е мерење базална температура..секое утро кога ке се разбудиш, без да станеш од кревет ке си мериш температура, знаци пример пак.. денес мериш 37,0 утре 37,0 друг ден 37,1 па 37,3 е кога има поголема разлика тогаш е плоден ден....
    И единствено да си појдеш на гинеколог и да ти направи хормонален тест и со сигурност ке ти каже кои денови ти се плодни. Друго што сакав да ти кажам е дека кога е оволацијата исто така се осеќаат болки како за добивање, може не до толку јако но се осеќаат, кај мене секој месец се 2рата недела откако ке ми заврши и секогаш е исто. Иза крај не се опседнувај дека мора да останеш зошто тоа лошо влијае, води љувоб да да ти биде убаво не за да забремениш. :D
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.843
    Иако на тестовите пишува дека после 7 дена покажуваат резултати, сепак се препорачува да се почека барем 14 дена, т.е. ако веќе ти доцни да направиш тест. Значи ако треба да добиеш на 10-ти, рано е сега за тестови.
    Мене ми покажа прво негативен, па по неколку дена позитивен.

    И се согласувам со саншајн88 дека треба да се опуштиш, не се замарај, ќе биде.
     
  4. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    327
    Еве ископиран текст од еден сајт што најдов, а мислам дека е убаво објаснет цел процес на зачнување.

    МЕСЕЧНИОТ ЦИКЛУС И ЗАЧНУВАЊЕТО

    За време на менструацијата кај жената доаѓа до лупење и исфрлање на ендометриумот, односно внатрешниот слој на матката од претходниот циклус. Со тоа започнуваат подготовките за зачнувањето.

    Хипфизата почнува со лачење на фоликуло-стимулирачкиот хормон (FSH) и лутеинизирачкиот хормон (LH). Зголеменото количество на FSH предизвикува да почнат да созреваат повеќе јајце клетки. Јајце клетките се наоѓаат во кесички полни со течност наречени фоликули. Секој циклус почнуваат да растат по неколку фоликули, но само еден од нив ќе стане доминантен и ќе созрее, останатите ќе изумрат. Од доминантниот фоликул ќе се ослободи созреаната јајце клетка . Понекогаш може да се случи да созреат повеќе фоликули и да дојде до повеќекратна бременост. Фоликулите пак кога ќе почнат да се развиваат почнуваат да лачат поголеми количини на хормонот естроген. Естрогенот овозможува задебелување на ендометриумот. Ова задебелување е неопходно за да се подотви место на кое бебето ќе може удобно да се смести.

    Откако ќе созрее јајце клетката, хипофизата ослободува поголемо количество на лутеинизирачки хормон. Ова е знак дека фоликулот треба да прсне и да се ослободи јајце клетката. Тоа се случува околу 36 часа по скокот на лутеинизирачкиот хормон. Ослободувањето на јајце клетката се нарекува овулација. Откако ќе се ослободи, јајце клетката е способна за оплодување само во наредните 12-24 часа. Тоа е времето кога жената може да зачне.
    Овулацијата се случува обично околу 2 недели пред наредната менструација. За менструален циклус од 28 дена тоа е некаде околу 14-от ден, но ова не е правило. Кај жените кои имаат поркаток циклус од 28 дена овулацијата обично е порано од 14-от ден, а кај оние со подолг циклус обично е покасно.

    Периодот од првиот ден на менструацијата до овулацијата се нарекува фоликуларна фаза.

    Откако ќе прсне фоликулот јајцеводите ја всмукуваат јајце клетката и започнува нејзиниот пат кон матката.

    Сперматозоидите пак навлегуваат во матката низ нејзиното грло и продолжуваат да се движат кон јајцеводите. Јајцеводите се местото каде што се случува средбата помеѓу сперматозоидите и јајце клетката. При ејакулацијата кај мажот се исфрлаат десетици милиони сперматозоиди, но само неколку десетини од нив ќе стасаат до јајце клетката. Останатите ќе изумрат заради неповолната кисела средина во вагината, некои нема да го пробијат патот низ грлото на матката, некои ќе залутаат во погрешниот јајцевод ит.н. Кога првиот сперматозоид ќе се пробие во јајце клетката, таа во истиот миг се запечатува и веќе не е достапна за другите сперматозоиди.
    Оплодената јајце клетка започнува забрзано да се дели уште во јајцеводите и се нарекува зигот. Веднаш започнува нејзиниот пат до матката, каде бара погодно место на кое ќе може да се вгнезди. Обично патот до матката трае 3-4 дена. Кога ќе приситгне во матката зиготот се претвара во т.н бластоцицта и уште неколку дена кружи низ неа барајки погодно место за да се вгнезди.
    Вгнездувањето на оплодената јајце клетка (или бластоцистата) се нарекува имплантација.

    Сперматозоидите можат да преживеат во јајцеводите 48-72 часа (понекогаш и повеќе). Така да до оплодување најчесто доаѓа ако сексуалниот однос бил 2-3 дена пред овулацијата или во текот на следните 12-24 часа.

    Доколку не дојде до оплодување, јајце клетката ќе се ресорбира.

    Во меѓувреме откако ќе прсне фоликулот и ќе се ослободи јајце клетката, фоликулот се претвара во т.н. Corpus luteum или жолто тело и почнува да го лачи хормонот прогестерон. Прогестеронот е уште познат и како чувар на бременоста. Ако не дојде до бременост, по околу 14 дена од овулацијата фоликулот пропаѓа и престанува да се лачи прогетерон. Престанокот на лачењето на прогестеронот е знак за телото дека е време за следната менструација и исфрлање на стариот ендометриум. Втората фаза од месечниот циклус, односно фазата од денот на овулацијата до почетокот на следната менструација е наречена лутеална фаза.

    Доколку дојде до бременост, од гестационата кеса, во која се наоѓа бебето и од плацентата ќе почне да се лачи трудничкиот хормон: хуман хорион гонадотропин или скратено hCG. Овој хормон сигнализира дека има бебе во матката и се запира доаѓањето на наредната менструација. Врз основа на присуството на овој хормон се изработени и домашните тестови за бременост.

    Во следните 36 недели бебето ќе продолжи да расте и да се развива во матката на мајката.

    Горниов текст е поедноставен приказ на она што се случува при зачнувањето на новиот живот. Се работи за многу сложени процеси и многу фактори кои треба да бидат задоволени за процесот да биде успешен. Можно е да не дојде до зачнување од повеќе причини.

    Доколку се обидувате да забремените, а тоа не се случило веднаш, немојте да очајувате. Се смета дека постои проблем со плодноста на брачниот пар, ако веќе една година имаат редовни, незаштитени сексуални односи, а сепак не дошло до бременост. После период од една година е препорачливо да се почне со испитувања.
     
    На iva78, Gea и andrimiki им се допаѓа ова.
  5. NIKOLIJA

    NIKOLIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    zdravo na site :) nova sum na forumov i sakam da ve prasam dali na nekoja od vas i se slucilo da ostene bremena eden den pred dobivanje na menstruacija,zosto imavme odnosi so decko mi i ne se cuvavme,no naredniotden mi dojde dali e mozno da ostanam bremena? ve molam ako mozete da mi pomogmete
     
    На Play...Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    260
    не си бремена не се секирај :) тие денови не ти се плодни.
     
  7. NIKOLIJA

    NIKOLIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    leleee sepak tajno se nadevav deka sepak e mozno da bidam bremena zosto sakame bebe :(
    sepak fala ti mnogu za odgovorot :)
     
  8. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    260
    :) ке биде и тоа,ете ти посакувам во најскоро време ;) поздравче
     
  9. kuklicka1

    kuklicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Sakav da prasam dali nekoj ima slusnato ili e bila vo takva situacija plodnite denovi da bidat vo tekot na menstruacijata bidejki probuvav 2god ne mi uspeva za baby a vcera dobiv i onaa ligava tecnost sto treba da ja imam vo plodni denovi ja imam sega vo menzis vo crvena boja dali znae nekoj nesto vo vrska so ova???
     
  10. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    327
    А зошто не се обратиш на гинеколог да ти ја прати овулацијата. Знам дека тоа може. Можеш и во домашнои услови, имам слушнато дека постои некој препарат кој се става во мокрачата и кога ти е овулацијата ја детектира на тој начин што ја менува бојата. Распрашај се за ова по аптеките или пак оди на гинеколог и тој нека ти го прати циклусот еден месец и точно ќе ти одреди кога е овулацијата. Не е многу скапо, баш видов случајно на ценовникот меѓу останатите услуги кај мојот гинеколог. Значи ќе си побараш следење на овулација. Така ќе знаеш со сигурност. А ги имаш пробано домашните техники со мерење базални температури....??
    Ако тоа си пробала најсигурно ти е да си го најдеш ова средство по аптеките или пак да одиш на гиниколог еден месец.
     
  11. Filipina

    Filipina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    Здраво. Еве читам тука и се мислам дали е можно и јас да сум бремена, предпоследната менструација ми бесе на 2 јуни, па имавме однос на 20 ти и он ми рече дека направил беља, направив одма тест за бременост кажа негативен, ми дојде на 26 јуни, арно ама сега разбрав дека можела да ти дојде и кога си бремена. Многу ми е страв да не сум бремена, оти не сакам, не сум спремна сега. Ве молам ако знаете да ми казете дали е тоа точно, бидејки ми дојде.
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.164
    Допаѓања:
    69.253
    Пол:
    Женски
    За тестот треба да почекаш барем 14 дена после односот. Колку дена ти трае менструацијата и на колку дена точно добиваш ако имаш редовен циклус (под редовен мислам на тоа да добиваш на 27-28 дена)?
     
  13. Filipina

    Filipina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    Па ми иде редовно и тоа од 25 до 29 ден секако, некогаш порано, а некогаш покасно 2 3 дена се во прашање. а иначе ми трае од 4 до 5, 6 дена зависи
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Абе аман со темиве!
     
  15. fiona.34

    fiona.34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    draga femina ..imam edno prasanje..mene menstruacija mi doaga na 21 juli obicno mi trae po 6 dena..dali mozi da mi kazite koga mi se plodni denovi...menstruacija dobivam redovno so poranuvanje od 2 dena ...pozdrav
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
  17. gjorgjievska

    gjorgjievska Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Минатиот месец имав менструација на 5ти јули и имав односи но сигурни сме дека сме се чувале а сега сеуште немам добиено. Дали е можно да ми се помести периодот поради промена на клима или е нешто што несакаме да е...
     
  18. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    29.982
    Пол:
    Женски
    pocekaj uste nekoj den ili kupisi test za sigurno da znaes mene mi kasnese eden den napraviv test i odma pokaza deka e pozitiven.i sega imam kerka 4god.pozdrav
     
  19. swarovski

    swarovski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    Мене ме интересира дали можеш да забремениш при крај на менструација, да речеме 5ти или 6ти ден?
    Имајќи предвид дека спермата може да опстои 24-72h и овулација може да биде порано, ако циклусот е пократок?
    Што мислите?
    И дали во оној календар на плодни денови ( линкот даден погоре), дали е пресметано времето на опстојување на спермата или сам треба да си додаваш + 2 дена ризик?
    Мислам на оние квадратчињата каде што пишува голем, мал и сл (ризик) ?!
     
  20. sweety.86

    sweety.86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    20
    Мене гинеколокот ми кажа дека можеш да останеш бремена во овој период иако имаш менструација кај секоја жена е индивидуално и ми кажа еден феномен тоа го имало кај мачките а се случувало понекогаш и кај некои жени а тоа е дека фоликулот може да се исфрли во тек на сексуален однос тоа било многу ретко ама можела да се случи.