Здраво. Нова сум на форумов и имам едно прашање за вас Читав на форумов дека после 2 недели од завршувањето на менструацијата шансите за забременување се минимални, но на календарот за пресметка на плодни денови на сајтов покажува дека ако времетраењето на месечниот циклус е 25 дена, тогаш дури 3от ден има големи шанси да се забремени. Ме интересира, кое од овие е точно?
Здраво. Да прашам нешто ако може Значи вака, имав односи со девојка ми на плодни денови и имавме 2 односи едно по друго. Е сега првиот однос беше со заштита, 2риот однос беше 15 минути по првиот однос, го започнав без заштита па потоа ставив заштита. Не свршив во неа, но ме интересира дали може да остане бремена затоа што некои велаат после првиот однос требало машкото да оди по мочање... ја не отидов. Дали може да е бремена?! (Напомена : не свршив во неа додека беше односот без заштита, и не беше целосен однос без заштита, т.е 5 минути без заштита-20 минути со заштита) Поздрав.
Феминки имам едно прашање Сум приметила дека овулацијата ми е на 2-3 дена по менструација. Ја прашав докторката, ми рече не е страшно, ама јас сум загризена. И не ми е јасно сега, кои денови ми се плодни? Има ли некоја феминка со ситуација како мојава?
Девојки... Значи менструацијата не ми е редовна и не можам баш да се ориентирам за плодни неплодни денови... Со мојот сопруг веќе 5 години се обидуваме да останам бремена... После менструација, пред менструација.. скоро секогаш и не успеало... Сум имала полицистични јајници... Користев вагинални апчиња направив пап тест.. На пап тестот не покажа ништо лошо, али сепак гинекологот ме испрати да направам тест за хормони. Не сакам баш да примам хормонски апчиња.. Ми имаат кажано ќе се фати само не треба да се мисли на тоа а јас сум премногу опседната ! Имате ли некој совет или некое упатство како да успееме во зачнувањето ? Или можеби влијае тоа што сме иста крвна група !? Ве молам помогнете !
Јас ти препорачувам да си мериш базална температура. Се мери со топломер со тоа што топломерот се става во анусот. Се мери наутро пред извршување на било каква активност. Се будиш не стануваш не правиш никакво движења, при рака нека ти е топломерот и мери и забележувај за секој ден. Деновите кога ќе видиш дека се покачува температурата се плодни денови, денови кога се очекува овулација. Направи го тестот за хоромони. Доколку имаш хормонско пореметување ќе треба да ги пиеш. Истотака направи испитувања за проодност на јајцеводите и сл. твојот гинеколог нека те упати. Исто ти препорачувам да направи и сопругот спермограм. Можеби не е до тебе проблемот, туку го него. И да, опушти се, баш кога не очекуваш ќе се случи. Поради напнатоста и менструацијата некогаш доцни. Инаку уште совет плус. Кога ќе сврши сопругот во тебе стави перница под задникот и подигни ги нозете нагоре, како би се овозможило навлегување на спермата целосно. И поседи така некое време. Пошто немаш редовна менструација барем два последнователни месеци практикувајте редовен секс, а не само да чекаш плодни денови. Ако не секој ден, секој втор ден имајте секс, и практикувај го ова со перницата. Нормално подвижни сперматозоиди живеат по три дена, а јајце клетката едвај 24 часа. Со тоа што би имале секс на два дена (доколку немате секој ден) би овозможиле присуство на сперматозоиди секој ден, и доколку дојде до овулација би настанало и оплодување. Но претходно направи си ги и сите потребни испитувања и од твоја и од страна на сопругот. И биди опуштена. Ви посакувам во скоро време бебенце. Позз.
Sakam da prasam i se izvinuvam predvreme ako ne odgovara prasanjeto so ovaa tema no mislam deka nekoj ke moze da mi dade odgovor. Sakam da znam dali osven norlevoto apce za den potoa postoi nekoe drugo so poniska cena ? Sakam utre da otidam da kupam pa eve vaka nekoj ako ima nekoe iskustvo so ovie day after piluli, kolku se sigurni i dali navistina dejstvuvaat vo rok od 72 casa?
5години се прилично долг период . За ова време веќе матичниот требало да ти каже какви се испитување треба да се направат. Се смета за нормално секој обид до 1година, потоа веќе се прават испитувања, се примат стимулации, се проверуваат канали, спермограм, инсеминации.... Многу несериозно е ова што го кажуваш дека не сакаш хормонска терапија, после толку време безуспешни обиди. После направените испитувања на хормони, доколку некои параметри не одговараат, ако не примаш хормонска терапија никогаш нема да дојдат во нормала, а со тоа нема да има можност ни за бременост. Најискрено мислам дека е време(одамна) да си ја земете работава малку по сериозно. Се надевам во наскоро време ќе имате успех и дека на полесен начин ќе дојдете до бебуш.
Тоа што си го приметила, можеш да го провериш кај твојата докторка, со тоа што ќе ти следи овулација, така најсигурно ќе знаеш кои денови ти е. И да се тие денови плодни, не е ништо страшно, немаш потреба за загриженост, не се кај сите на средина од циклусот. Ете мене лично ми се 10дена пред нов циклус(задоцнета овулација), а дознав со следење на ехо кај гинекологот.
Па супер што си знаеш кога ти е овулацијата, што се секираш за тоа? Нема место за загриженост нека ти заврши и фрлај се на работа
Воопшто да не се секираш! Кај мене испадна дека овулација имам на 7 ден после менс.,значи по 2 дена откако официјално ке ми заврши и навистина останав бремена после дооолго време баш поради тоа што мислев дека овулацијата би требало да биде од 11 до 14 ден, па се држев највеќе до тие денови. Индивидуална работа е тоа со овулацијата,најбитно од се е ДА ЈА ИМА, а не кој ден ќе биде. Дали ќе биде рана овулација, нормална или задоцнета не е битно верувај, а воедно нема потреба да си загрижена не е тоа болест некаква во прашање уживај и фрли се на интензивна работа веднаш откако ке ти заврши - РЕЗУЛТАТОТ НЕМА ДА ТИ ПРОМАКНЕ <3 поздравче <3
Да и кај мене е баш така, а по лигавиот исцедок сум сигурна. Ние сега почнуваме со зачнување, се надевам дека брзо ќе бидне Ти благодарам на утехата
Девојки прочитав дека за време на плодните денови поголема е зелбата за секс кај девојката од вообичаено. Дали некоја од вас има нешто вакво приметено?Позззз
[/quote]Или можеби влијае тоа што сме иста крвна група !? Ве молам помогнете ![/quote] Мислам ова дека нема врска, бидејќи јас и мажот ми сме иста крвна група, па јас и за двете деца со првиот незаштитен однос останав бремена. Убаво ти кажаа другите форумџики дека по 5 год. брак и со таква историја на твоите плодни денови треба убаво и двајцата да се испитате и твојот гинеколог да ти каже што треба да се направи, бидејќи макс. до 3 год. брак без деца се смета за нормално, понатака веќе се смета за стерилен бракот. Да не те плашам мислам кај тебе со мала интервенција и контрола на плодните денови ќе има за што да ни се пофалиш. Ти стегам палци.
ДААА! Точно е и тоа е проста биологија. Тогаш се спрема телото за оплодување, а и ние женските тогаш по хормоните што ги испуштаме најмногу ги привлекуваме мажите. Јас и по тоа можам отприлика да претпоставам кога ми се плодни денови.
Znachi sovet za site onie koi se obiduvaat da zabremenat podolgo veme a ne mozat. Obavezno da posetat doktor ginekolog, na mazot i na zenata treba obv da im bidat napraveni detalni pregledi, prepisani soodvetni lekarstva koi treba da se pijat tochno na vreme, da bidat izvrsheni neophodnite hirurshki intervencii i zenskoto mora da odmara. Ne smee da se naprega ni najmalku, kachuvanja po skali i diganje teshko n doagaat vo predvid. Zboruvam od lichno iskustvo shto sme go imale vo bliskoto semejstvo. No sega ni se nasmevna srekjata bidejki naskoro ke imame bebence vo familijata, posle tolku maki So srekja
Добро, ова не значи дека јас само кога ми се плодни деновите имам желба за секс, но тогаш најмногу, научниците велат дека желбата од самото доаѓање на менструацијата се зголемува, кулминацијата е за време на плодните денови, па потоа опаѓа. Но кај секоја жена е различно, како што прочитав овде има жени кои имаат овулација на 7 ден од циклусот, што значи по желбата за секс не се одредуба овулација, и двете работи зависат од многу други фактори, но дека желбата за секс за време на овулација е поизразена , тоа е докажано и е као што реков чиста биологија.