Јас мислам дека сама си се пиши тука.. деновите што се означени ко со цвеќенце тие се плодни денови а тоа на 19 е овулацијата..кај мене се паѓа на 12 дена
девојки се извинувам имам прашање дали може да се остане бремена на 3-4 ден од завршувањето на менструацијата?
како ризични денови дај те молам објасни ми подобро зашто незнам ништо во врска за бременост нарочито ова со ризичниве денови... ми трае обично 5 дена а овој месец ми траеше 3 дена и тоа третиот и четвртиот ден кафено имав од третиот до петиот ден имав незаштитен однос можно е да останам трудна ...
На сајтов има табела за пресметка на ризични денови. Можно е. Сите денови се ризични забременување. Ако не планираш бременост, никако секс без кондом.
Да споделам мое искуство. Година дена пробувавме за бебе, гледав плодни денови, меревме фоликули и овулација на гинеколог и што ли не. Забременив оној месец кога немавме однос во плодни денови. Еднаш беше два дена после завршување на менструација, втор пат беше ден два пред да треба да добијам. И баш тој месец забременив. Не се потпирајте многу на плодните денови
Исто и јас и тоа на само 5-6 обиди месецот не се гледавме баш многу многу различни смени бевме на работа и оп бебе за второто ич не му се думам кога ќе биди тогаш мислам повеќе за првите деца се отоваруваме со плодни денови
Здраво девојки, Веќе 4 месеци се обидуваме да останам бремена, еве овој месец се водев по календаров, не знаев колку се точни деновите на овулација па имавме преку еден во мај и на 2ри јуни го кажува како овулација и тогаш имавме незаштитен однос. Сакам да знам дали е можно да се забремени и во неплодни денови? Веќе неколку дена имам болки во градите или тоа е поради тоа што сум била во овулација? Поздрав
Нормално дека е можно да се забремени во неплодни денови. Безброј бремености настанале така, без темпирање на датуми и денови. Водете си љубов кога ви се сака, ако е се во ред, ќе си дојде бебе.
Не баш, во неплодни денови мали се шансите да останеш бремена. И се да е во ред, добро е да се прати овулација.
Членката праша дали е можно да се забремени во неплодни денови. Да, можно е. Кај здрава жена, со редовни циклуси и никакви поголеми гинеколошки проблеми и те како е можно.
Кај здрава жена не се сите денови плодни. Толку "здрава" никоја не е. Може да се забремени, да, но си има денови кога шансите се поголеми, кога помали. И ако некоја сака да остане бремена, не штети ако си прати календар наместо да мисли дека дури и еднаш во месецот секс да има баш во неплоден ден, оти е здрава ќе се фати.
Ау Боже, како се забегува со коментари! Јас како што знам, КОГА НЕКОЈ ПРАВИ БЕБЕ, НЕМА ЕДНАШ МЕСЕЧНО СЕКС! Дека штети водење календар, НЕ ШТЕТИ! Дека е можно да се забремени во неплодни денови, МОЖНО Е! И има и здрави и млади девојки кои зачнуваат ОД ПРВА! Не е баш до толку НИКОЈА!
Деца ... У неплодни не се забременува ама не секогаш плодните се на средина на циклус, не оди се ко по учебник некогаш, овулацијата не е секогаш сред циклус. Некогаш е на крај, почеток .. обично при овулација има секрет ко белка од јајце, тапи менструални болки, мало прокрварување или ништо од сето ова. Или пратите ги симптомите или следете со ленти . Календарот не е баш меродавен.