И ние имаме обиди за бебе. Се водам според календарот. Ги покажува плодните денови, а и баш тој ден кога имам овулација како што покажува календарот имам и болки во јајниците и секрет ко белка од јајце. Што значи кај мене точно покажува календарот. Да знаев дека толку тешко се прави бебе, во минатото немаше толку да се потресуваме и да се пазиме со партнерот
Мене календарот ми е до ден точен,еве денес ми се нјплодни денови исцедокот ми е зголемен,леплив.Јас се водам по него,имам редовна менструација.
Да споделам и јас мое искуство. Ниту знаев плодни денови ни ништо, бидејќи не ми доаѓа на 28 дена туку на 32-33 зависи кога како. Додуша во јануари и февруари 4 дена унапред ми доаѓаше така да се беше збркано. После веридбата пробавме и одма сум останала најверојатно. Така да јас се водам по тоа како сакал Господ така ќе биде. А имам и другарка која остана трудна во неплодни денови. Само здравје и сите ќе си дочекаме бебиња.
Не се прави толку тешко бебе, многу лесно се прави, кога не очекуваш ќе се фати. За првото имавме обиди 8 месеци и тоа многу активно. Со второто од еден незаштитен однос се фати. Од одма значи, го знам и денот. Не се води според календар, опуштисе и имајте често однос, посебно 2-3дена пред плодни денови(ако знаеш/осеќаш) кога ти се. И ќе биде
Па сега не сме посветени толку на тоа. Се спремаме за свадба. И повеќе со тоа се замараме. А ова со бебушот ако биде,биде. Јас мислев дека е често тоа од прв обид да се фати, после видов дека не е Обврските и работата не спречуваат толку често да работиме на случајот. Ама ќе биде Сега опуштени сме. Ми се допаѓа тоа што односите не ни се поради бебе. Туку онака опуштено. Не ми удира на психа сега за сега. Се надевам така и ќе остане.
Во мојот случај од еднаш, непланирано, исто го знам денот и сега синчето има скоро 2 години. Ама сега се чуваме максимално, не можам да се одлучам за второ
Неможев да не искоментирам кога ви ги гледам темиве. Па зарем само поради бебе имате секс? Температури овакви денови онакви. Епа поради стресот кој си го создавате не останувате бремени не за друго.
Па немаат само за тоа ама жените кои де спремаат за бебе сакаат максимално да го искористат и тој поволен период. Не можеш да коментираш вака арогантно на ваква тема, некои луѓе од мака го прават ова.
Не е арогантно туку гледам дека ептен си ствараат стресови. Студирам медицина па знам дека и те како стресот влијае на ова... Човек од мака и очите си ги извади ако треба поради неинформираност само затоа што комшивката Ратка рекла така или пак месечината во сооднос со Сатурн влијаела позитивно во сабота па полесо се останувало трудна...
И јас сум медицинско лице, и те разбирам од каде потекнува ваквата изјава, ама тоа не значи дека сосема треба да се исфрли следењето на циклусот. Јас пробував да останам бремена 4 месеца. Не дека во тој период немав секс во други денови освен плодните, беше исто често како и порано. Само обрнувавме внимание да го искористиме најплодниот ден за да ги зголемиме шансите. Се согласувам дека стресот е најголем непријател, ама кога сакаш да имаш дете, и сакаш да го имаш што поскоро, воопшто не е паметно да не се следат плодните денови. Стрес е, точно е, ама ако има жената редовен циклус, има однос еднаш неделно на пример без планирање, може со години да не остане бремена од чиста случајност што не го погодила правилниот ден за зачнување. Јас би рекла тие планирани односи треба да се трудиме да ја задржат интимноста, да не биде само механика за оплодување јајце клетка, туку емотивен момент што може да резултира во нов член на семејството. Јас останав бремена во месецот кога бев убедена дека нема да останам. И верувам дека негативно ми влијаеше тоа колку мислев на целиот процес претходните месеци. Ама тоа не можев да го сменам, а сигурно не им е полесно на жените кои се обидуваат за бебе со месеци и години.
Здраво женски цело време читам па решив и ја да побарам мислење.. Скоро 1 година се обидуваме за бебенце но секако е господова работа .. Имав не редовен циклус 1 месец имав 2 немав хаха Секако бев на гинеколог ми рече дека имам мали цисти на десниот јајник и ми даде да пијам јазз таблети и ми кажа дека можно е и да забременам во тек на 1 до 7 ден ја обично се чудам на тоа ?? Мислење женски ... ??
Ако ги почнеш на првиот ден од циклусот, заштитена си одма, а ако ги почнеш покасно во циклусот, тогаш исто како да си пропуштила да земеш таблета и потребно е да се земаат седум дена последователно за да станат ефикасни.
Јас почнав од првиот циклусен ден така ми кажа дека се пиеле ... значи ништо баш мислев дека ке забременам .. :/
Здраво ќе може некој совет и мислење од вас. Ноќеска започна да не боли лево доле најверојатно јајник. Последно добив на 3ти ми трае 7 дена и ми доаѓа некаде на 31 32 33 дена. Според пресметките денеска ми се плодни денови. Но исто така имам и непријатност доле кај вагината. А и имам исцедок и кога се избришав имав големо количество проѕирен исцедок и една линија кафеана. Плус ме боли мн јајникот кога одам кога ќе седнам. Сега се плашам да не е некоја инфекција или овалуација.
Здраво, Се обидуваме за бебе, денеска имавме незаштитен однос, според календарот од денеска ми почнуваат плодни денови, поминаа неколку часа и осеќам болка во левиот јајник, дали некој имал слично искуство?
Не е симптом на бременост болката во левиот јајник ако прашуваш тоа, не може после неколку часа да чувствуваш, пребрзо е. Можеби заради овулација чувствуваш болка, можеби е мускулна болка. Силна е многу да не можеш да стоиш, или средна, издржлива болка?
Се издржува, некоја тапа болка, знам дека не е бременост, но ми дојде чудно, прв пат се обидуваме за бебе и немам порано осетено ваква болка. Не знам дали е паметно да пијам нешто против болка акко врќе се обидуваме за бебе