Можеш да пиеш некој аналгетик против болка, трудна за 2 часа не може да си, притоа тие апчиња не може никому да наштетат, затоа што не може да има бебе за толку краток период, можеш било што против болка да се напиеш.
Болката во јајниците за време на плодни денови е индикација за овулација, пробајте пак после околу 4-6 часа. А и почесто овие 2-3 дена
devojki jas imam edno prasenje za vas, jas sekogas si gi sledam plodnite denovi i vo tie denovi obicno nemam seks no pred nekoj den napraviv greska vo najplodnite denovi imav nezastiten seksualen odnos 2 pati edno po drugo a imam slusnato ako ne se korsti kondom po 1 pat i ako nema barem 30 min pominato deka se golemi sansite da se ostane bremena vo mojov slucam bese po 5 min ve molam za odgovor i vase mislenje
Многу се мали шансите за бременост доколку партнерот не завршил во тебе дури и непостоечки . Таков однос со мм сум имала 6 години и во плодни и во неплодни денови и никогаш не дошло до несакана бременост.
Здраво . Сакам да прашам според вас што користите апликации за следење на плодни денови , како Мој календар , според вашето искуство која е добра апликација?
Јас ја користам Мој календар и не би ја сменила за никоја друга, многу сум задоволна. Имам другарки што ја користат Flo и Clue, исто така се добри. Сите работат по ист начин, која и да си ја симнеш нема да згрешиш
Мислам дека најреално е да си следиш со базална и тестови за овулација. Јас овој месец мерев базална и внесував на Fertility friend, на Glow ги ставав сликите од тестовите за овулација. Овулацијата ми беше на 16 ден, како што ми покажуваше на Мој календар. Денес ми е 8 дпо и со помош на сите светци издржав да не направам тест
Барем до 10ти да издржиме Гледав на Fertility, многу правеле на 9 и 10 ден и им покажувало позитивен.
ќе може ли која точно мој календар бидејќи има неколку Со Fertility Friend некако не можам да се снајдам. Симната ми е некое време ама некако многу комплицирана ми е
Одпочеток само така изгледа комплицирано, ама воопшто не е. И јас го делев истото мислење со тебе. Но, од овој циклус ја користам и сум задоволна многу. Во споредба со другите апликации ( а сум користела доста од нив), FertilityFriend е најдобра досега. Почни внесувај податоци секој ден, и на Chart ќе си ги гледаш. Оваа апликација зема во предвид и симптоми и CM (cervical mucus) и тестови и сл. , што не е случај со другите апликации. Јас сум презадоволна и топло, од срце ти ја препорачувам Па, ако имаш некои нејаснотии поодоцна, слобондо можеш да не прашаш овде
10 дена после овулација би можело да покаже и на тест, но не мора да значи. На Fertility и Glow споделуваат дека имаат позитивни тестови 8, 9, 10, 11 дпо ама споделуваат и на 11,12,13 дпо негативни па на 15 позитивни. Така да... за жал не можеме да знаеме.
Индивидуално е во право си кај мене на 10 дпо беше скорз негативен ни бледа цртка на 12 дпо позитивен .. ама мислам дека преку крв на 11 дпо ќе и покаже точен резултат на членката.