Од кај си сигурна дека си бремена ако не си правела тест за бременост?Купи тест од аптека,провери со него дали си бремена,потоа можеш и преку крв на лекар да провериш и потоа ќе знаеш сигурно дали си бремена.Инаку,да,можно е и покрај дојдена менструација некогаш жената да е бремена.
Да, можно е. Муабетот и мене ми е за другарка. Си имаше менструација 3 месеци по ред, па затоа и дозна дури на крај на четврти месец на обична контрола кај гинеколог.
Тоа не е циклус, тоа е крварење во рана бременост. Најчесто, крвта е различна боја и не тече толку како менструација, туку пооскудно. Може да е розева или кафена, најмногу на бришење, обично не тече така како добиено. За да не дојде до спонтан, најчесто е потребна прогестеронска терапија.
И јас така знаев и баш затоа ја прашав у детали и ми рече баш менструација дека имала. Непосакувана бременост беше затоа и беа паниките дека касно дозна.
Како е ова возможно? И сега јас пример можно е да сум 3 месеци бремена, а да не знам? Сега да направам тест преку урина ќе покаже точен резултат (ако би била трет месец бремена) или тестовите покажуваат само рана бременост?
Покажуваат цело време бидејќи хормонот се лачи цела бременост. Но има случаи каде тестот покажува негативен односно неможе да го детектира тој хормон во урина и треба да се испита преку крв. Затоа (а и за други работи) се препорачува редовен гинеколошки преглед. Имаше една тема колку редовно одите на гинеколог. 90% од девојчињата до 20 години воопшто не стапнале во гинеколошка ординација а се почесто и жени над 30год не посетуваат гинеколог. (Со изговор немам време, немам потреба, страв ми е итн..) Без навреда ама што и да работиш(не само ти, туку општо) 2 пати годишно ќе одвоиш по 30-40мин. за преглед..
Mozhno e i te kako. Sestra mi imashe redoven ciklus dva meseci dobivashe redovno tretiot i zakasna otide na ginekolog misleshe menopauza ja fatilo i ispadna deka e 13 nedela bremena.
Од што се плашам од помислата дури и не сакам да одам на гинеколог, имам напраено два теста за бременост негативни беа и плус ми дојде некни, ама помислата пак некако...
Девојче ти свршил на стомакот како што прочитав. Пред да имаш секс прво прочитај како функционира забременувањето, преку папокот не бива. Те молам престани да пишуваш за ова бидејќи сите ти кажаа и предходно, си направила два теста, си добила, ај олади 101% не си бремна, ти свршил на стомакот побогу.
Не знаев дека е таква ситуацијата Реално, да се остануваше така лесно бремена, темата бременост немаше да постои тука и немаше толку многу членки секојдневно да делат совети и искуства. Многу ми е жал што постои толкава неедуцираност. Ај што имате на дофат секаква технологија сега, имате и Google. За греота. Ваквите членки под итно да си најдат матични гинеколози и да си идат на време и на контроли и на едукација.