Во Труднички ова ни е честа тема на разговор, можеби е добро да има посебна тема. Не за да шириме паника, туку конструктивно и смирувачки да си делуваме едни на други ♥️
Искрено незнам колку може некој да ме смири, најавуваат да биде полошо... како без контроли, лабараториии...
И јас сум ептен во паника, еве од следна недела сум 35 недели кога треба да се земаат брисеви, нема каде да ги испитаат, жени враќаат за цтг... само Господ да не чува живи и здрави да си ги земеме бебињата во раце
Ајде мора да издржиме. Јас имам проблем со извештај од специјалист за клексани, не можам да дојдам до докторката а 35 недела, не смеам да прекинам сега, цела бременост примам, главно ради мутации. Утре би требало да одам на Гак, можеби само до влезот да се договорам за извештајот, па ќе информирам каква е ситуацијата.
И јас спаѓам во бремените и тоа прилично рана бременост. Работам во аптека со што ме прави да бидам директно изложена на вирусот.Во мојот град се уште нема сличај на корона меѓутоа се плашам.Периодов не одам на работа благодарение на мерката на владата ама тоа е до 24ти Март.После што ќе правам?Има ли некој закон трудници да не одат на работа??Може јас немам слишнато за закон за трудници,како сме ние заштитени од приватниот сектор? И сами знаете дека аптеките мора да работат по закон..
и јас сакам да знам,незнам кај да прашам ако знае некој нешто нека пише до 24ти март нели поминуваат 14те дена одкако сме ослободени,а после тоа што? со вонредната прогласена состојба се продолжува или ?
Мислам дека се продолжува додека трае вонредната состојба. Слушнав за друга работа што малку е себична ама трудниците сепак се ризична група. Се вадело боледување од матичен лекар со некоја дијагноза за хронична болест и автоматски си ослободена од работа додека трае состојбата со вирусот. Иначе, јас сум 33+5 почнува полека да ме фаќа паника, што од раѓање што од вирусот ама секако веќе ми се смачи од бременоста и досадата дома, па се тешам дека конечно ќе го запознаам ова прекрасно суштество и ќе бидам преокупирана и со тоа полесно ќе го поминам периодот. Чувајте се сите и гледајте да бидете опкружени со позитивни работи, ќе го поминеме ова.
Би требало да се продолжи тоа, сепак сме во вонредна состојба со строги ригорозни мерки, а ние како трудници сме сепак сензитивна категорија, би требало да трае најмалку додека трае и самата вонредна состојба. Мене нешто друго ме загрижи, слушнав на некоја тв (веќе пребомбардирани и преоптеретени сме со бројки и информации па не сум сигурна каде слушнав затоа не именувам) дека ќе се ограничи и движењето на трудниците и тоа во она време кога ќе се движат и луѓето над 65 години (од 07.00-09.00часот наутро), беше предлог, но зарем ќе сме заштитени повеќе на тој начин?? Баш таа ккатегорија граѓани се оние кои прават гужви и се движат и/или се движеле и собирале во групи и покрај сите препораки и мерки...
Да, и јас слушнав дека движењето за трудници ќе биде ограничено... Каде да почнам... Очекувам каде и да е да имам паничен напад... Ме плаши помислата што ќе биде и сега и после короната. Ситуацијава дефинитивно ќе има финанскиски последици. Се плашам дека породилното ќе го стават да биде исто и минимално. Се плашам некој мој близок да не се зарази. Се плашам дека бебето ќе дојде а ние сме тотално не спремни. Немам ништо купено и не знам како ќе купам. Се плашам дека нема да може да уживаме во најубавиот период од нашите животи. Моментално сум сама па се плашам нешто да не ми се случи додека сум сама... Кај и да е ќе се истурам од плачење....
Колку што памтам терминот ти е јуни, до тогаш се очекува ова да заврши. Не смееш да дозволиш психички да паднеш. Помисли дека во моментот раѓаат трудници и еве ги пресреќни си пишуваат на форумот. Отвори си онлајн продавници (Tiny baby shop и baby & family online boutique) имаат доста евтини боди и шпикозни и памукот го фалат и нарачај си нешто за старт. За козметика имаш време, тоа може и откако ќе се породиш. Постелнина и пешкири веќе имаш дома така да, со оглед на ситуацијата горе доле ќе бидеш спремна за бебето. За креветче и количка имаш исто време, а и некој друг може да ти го купи тоа. Има решение за тоа само ако не потпаднеш на лошите мисли. И напротив, баш ќе уживаме зашто нема да не интересира ништо надвор и ќе бидеме уште посилни зашто ќе имаме некој послаб покрај нас што ќе бара наша заштита. Па крај краева и ние тука ќе помагаме колку можеме и со што можеме. Кога доаѓа маж ти дома? Колку што памтам во изолација беше, извини ако сум те помешала.
Ти благодарам за утешните зборови... Се надевам до јуни дека ќе заврши.... Според протоколите што ги имаат епидемиолозите, мерките ќе завршат 14дена после последниот пријавен заболен. Филипче рече пикот го очекува за еден месец од сега. Маж ми конечно ќе го видам во сабота, уште 6 дена останувам сама...
Верувај и јас вчера бев пред распаѓање. Денеска добив сила и јас не знам од каде. Знам и како е да си дома сама, мм исто често е надвор од државата. Издржи до сабота и одма ќе се осеќаш подобро
Јас само се молам за месец дена да заврши ова , се молам за мене за бебеето мое, за сите други трудници и родилки. За цела моја фамилија, Нека не чува господ сите , нека ни е на помош! Златна богородичка нека не штити сите!!!!
Сите сме во страв. За жал оваа недела ќе мора да се преселам кај свекрвата долу или дома кај татко ми. Кај маж ми на работа ќе се носат луѓе во карантин, ќе се прилагодел просторот и во текот на оваа недела ќе се започне.. Маж ми ќе се изолирал сам на спратот кај што живееме за да нема контакт со мене или неговите бидејќи сме ризични групи. Мислам дека е џабе, бидејќи јатрва ми работи во аптека и секојдневно е изложена на ризик. Џабе е се. Не треба да паничам окоу ова, не паничам, ама чувствувам некоја доза на страв бидејќи се работи за неопределен период од време. Не се знае колку време може да потрае сето ова и колку време треба да сум разделена од маж ми. Искрено не знам што ќе се прави. Не шетам никаде и не излегувам, ама свекрвата и свекорот одат по маркети, контактираат со луѓе, исто и јатрвата. Така што мислам дека е џабе изолацијата од маж ми.. Можеби подобро да одам кај татко ми. Тој ја затвори фирмата, човекот никаде не мрда.. Не знам што е паметно веќе. Не сакам ни да зборувам за другиве работи кои ме мачат, ама ќе си кажам.. Мојот матичен гинеколог е во карантин, по се изгледа и редовните прегледи ќе се прескокнат... За бебето скоро ништо немам купено, а како што се одвива ситуацијата не знам и како ќе успеам да купам нешто... Ништо не ми е спремно, не знам што ќе правам и со факултетот... Овој семестар мислам дека ми е предвреме заебан бидејќи не ми одобрија префрлање од Штип во Гевгелија и сега сум запишана повторно во Штип, а не можам да разберам како ќе функционира и тоа. Пробав да ги контактирам професорите и да ги известам за мојата состојба, да побарам дозвола да следам предавања и да полагам во Гевгелија, никој не ми одговори. Во тотален хаос сум. Дури мислам дека и финансиски многу ќе биде лошо. Јас не сум баш стабилна, на сопругот платата нема да биде како претходно.. Ќе претрпиме многу... А тек сум 29+4 и треба многу да се пазам, а воедно и да почнам да се подготвувам за породување и за бебето.. Ќе пукнам, легнав да спијам, а плачам како 3-годишна
Каква е ситуацијата на гак? Била некоја на преглед? Се си тече нормално или се откажуваат прегледи , цтг, брисеви и сл?
Јас сум 20+ недела. И имам како и сите вас милион прашања, без одговор. На 3 април имам закажано втор скрининг, како ли ќе ме биде. Лабораторија немам направено месец дена скоро, ме фаќа страв а уште повеќе од тоа да одам овој период. Ќе треба здравје средина на април да одам и на трансфузиологија исто и да испитувам скриен шеќер понатаму. Како ли ќе не биде? Плус хормоните си работат, плус детенце што сака внимание од 2 години и 5 месеци.. Мора да бидеме силни. Нема друго. Некогаш си викам кај баш сега останав трудна, знам дека не треба така да мислам ама... Плус од дома седење, ми е страв да не се направам 100кг (така е зборот, не јадам многу ама воопшто не се движам) Како и да е, држете се. Ќе се дружиме и мотивираме.
Сфаќам дека е за наша заштита и сигурност, но мислам дека нема потреба од вакво ограничување за трудниците, и вака и така многу сме претпазливи. Што правиме со последиците од немањето физичка активност, еве мене веќе почнаа отоци да ми се јавуваат, а да не зборуваме за килажата. Колку и да вежбаме, друго е ако можеме да напарвиме прошетка надвор.
И јас истово го мислам, не е исто движењето низ дома со секојдневните обврски и да излезеш надвор пола час-час да испешачиш... Искрено се надевам ќе не прескокне мерката, како што кажа, претпазливи сме и од повеќе, најмногу поради новиот живот кој го носиме во нас
За килажа те молам да не зборуваш.. Срце ме боли, Многу покачив, повеќе од 15кг се секако, не се ни мерам последниве 2 недели. А за прегледи и брисеви изгледа ќе се прескокнат. Барем јас ќе ги прескокнам бидејќи матичниот е во карантин и следната недела ќе се враќа на работа, но рече дека ќе ги прима само оние кои е неопходно да се прегледаат, оние со ризична бременост, со скриен шеќер и други компликации. Мене ќе ми се јавел телефонски и ќе ми кажел дали има потреба да одам..