Здраво Се потрудив да побарам но не најдов ништо слично... Голема мака имам и незнам што да правам ако некој имал слично или исто искуство би ми било од голема подршка и помош. Пред една недела го снимав рбетот на ренген мегутоа без да знам сум била бремена тогш некаде околу 4 недела.Денес бев на гиниколог да се посоветувам околу ова и тој ми каза дека неможе ништо да се знае со сигурност дали би имало или не последици на плодот и одлуката е моја (дали да ми прави киретажа).Ми рече имас време размисли. Јас стварно незнам и мн ми е тешко од една страна подобро да се спречи со време а од друга што ако нема никаква врска и се си биде ок. Сакам да одам и во некоја од приватниве болници може поинаку би ме советувале таму. Многу ќе ми значи ако некој има некаков одговор бар да ме утеши малку.