1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост и токсоплазмоза

Дискусија во 'Бременост' започната од Butterfly1107, 17 мај 2019.

  1. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Пред две години ми пронајдоа токсоплазмоза во екот на инфекцијата игм беше 18. Денес после две години игм падна на 0.62, за негативно се смета 0.6. Игг е сеуште позитивно. Бев на гиниколог и она рече дека е ок, но дека може да се реактивира се додека игг е позитивно. И ме праша дали овие две години пагало игг ама јас не го тестирав тоа и не знам која му била вредноста. Прашањето ми е, дали е безведно да останам трудна? Дали има некои дополнителни тестови кои може да се направат? Ме интересираат искуства, благодарам.
     
  2. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Не сум имала искуство, но да те прашам, дали имаш контакт со мачиња?
     
  3. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Контакт со мачиња тој период немав. Докторите рекоа дека може од месо(јас сум вегетаријанец така да исклучено е тоа кај мене) и салати. И мојот гиниколог ми потврди дека со кучешка тенија, токсоплазмоза и др слични паразити најчесто заболуваат луѓе кои немаат контакт со животни. Следно го прашав ветеринарот и од него добив најдобар одговор. Тој ми кажа дека овие паразити тешко се добиваат директно од животно бидејќи ако кучето/мачето ги има ќе бидат болни. Најчесто вели тој се пренесува од марула, јагоди, магдонос(тоа што расте на земја). Болна мачка врши нужда врз нив и со недоволно миење си ги внесуваме. Особено ме предупреди за салати во ресторани, бидејќи не може да знаеме колку добро ги измиле. И за јагодите ми рече дека мора да се мијат и со сода бикарбона зошто со вода не се уништува ништо.
     
    На Alien_92, LollySky, Lepoticata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    543
    Пол:
    Женски
    Е ова да не знаеш од што попрво да се пазиш... Јас мислев ако имаш дома маче, да го однесеш некаде привремено додека се излечиш, ама ништо.. Немам повеќе совети... :|
     
  5. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    A јас се утепав јадејќи немиени јагоди од двор :doh:
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Мачките бараат песоклива земја, јагодите не растат во песок.
     
  7. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Море копаат кај ќе стигнат, сум ги видела :D
    Барем овие четири на комшиите чија територија е мојов двор се здрави, членката кажа дека по животното ќе се примети ако е болно. Сепак памет за понатаму, ќе мијам, иако најслатко ми е директно да берам и јадам затоа што ништо не прскаме, органско е се.
     
  8. Mary88

    Mary88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2015
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Јас додека бев бремена на моја иницијатива се тестирав за токсоплазма. Резултатите покажаа дека сум ја имала, но моментално е негативна. Значи овде веќе бев бремена. Никакви компликации. Биди без грижи, и со лесно ако се решиш на бременост :)
     
  9. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу за одговорот.