Епа ќе промовираш барања за поголема одговорност за имбецилите, а не насилни убиства. Ама нив си ги браниш, немал мажот одговорност ако останала девојката бремена Јас би ги кастрирала, па веќе да не ни помислат на деца. Ми се повраќа, искрено ми се повраќа.
Не си ми јасна. Абортусот за кој толку се залагаш, одеднаш стана насилно убиство? Сполајти. Ти би ги кастрирала сите мажи. Превентивно само. За секој случај.
Ти промовираш убиства на жени. Еве, не убиства ама осакатување, и физичко и психичко. Па, еднакво на вадење бубрег без некој да сака, еднакво со трговија на органи. Треба да се позанимаваат институциите со тебе
Животот е непредвидлив, можеби девојката ќе има среќа да може да се потпре на нејзините додека да застане на свои нозе, можеби ќе биде уште една загубена девојка која скапо ја платила грешката од младоста ама поентата е дека никој не смее таа одлука да ја донесе освен бремената жена. Во случајов и јас сум за абортус, ама тоа не е моја одлука.
Не промовирам абортус, промовирам автономија на женското тело. Никој не смее да одлучува што ќе се случи со жената освен таа самата. Никакви насилни абортуси без согласност. Гадна и вознемирувачка ти е замислата. И сто пати прашав дали во тој твој замислен свет може вазектомија да им правиме на мажите без нивна согласност, за тоа ќутиш, а?
Нека одлучи бе, еве. На 15 год нека си донесе одлука сама но, после нејзината одлука, каква и да биде, машкото е криво. Таа и 30 год да има, што и да одлучи, машкото е кривец. Д фак...
Значи работата е "како да го исперете машкото, да нема одговорност". Ок, разбравме. За насилна вазектомија без знаење на машкото уште немаш коментар? Или кога се работи за твое тело боли, а жените мање битни.
На секое ''треба" постои "зошто". Така и за вазектомија. Машкото има одговорност во многу случаи, само кога имаат секс имаат заедничка одговорност. Нека не му дава без кондом и точка.
@ray-man, ај потсети не, како изреагира момакот од причава? Седи во моментот до девојчето, ја теши, гушка, смислуваат заедно начин како да им соопштат на нејзините? Или како тешка кукавица избега и ја остави сама да се соочува со сите страшни моменти кои следат?
Па за да нема несакани бремености, како зошто? За да не мора во таа твоја замислена фантазија да се вршат насилни абортуси без согласност. Е, затоа. И така е реверзибилна, кога сака деца ќе ја поврати. Така може? Или не може, со машко тело нема да се играме...
@ray-man, ова за кое филозофираш од вчера е криминал, нелегално и нехумано. Колку и да има години девојката, таа треба прво да одлучи што ќе постапи со своето тело и тоа да се почитува, а потоа полнолетно лице да стои зад тоа законски. А и не гледам кој го обвини само машкото пред ти да почнеш за ова да се жалиш, пролистај убаво, се збореше најмногу за воспитувањето и на двете страни, потребата од едукација за да се избегнуваат вакви случаи. Во општеството вообичаено е токму спротивното - на девојчињата секогаш паѓа стигмата и осудата.
Девојчево што ја започна темава бара совети за другарката која останала бремена на 15 години, а темава оди во некој друг правец. Прво не е точно дека младите немаат едукација и не знаат кои се последиците од незаштитен секс. Девојчево успеало да купи два теста за бременост и да ги направи, а не можело да купи презервативи и да се заштити. Мој совет е девојчето да си разговара со нејзината мајка што поскоро и со помош на гинеколог да донесат одлука. Каква и да е одлуката што ќе ја донесат девојчето секако ќе има последици, само се надевам дека нема да се физички последиците и дека со помош на стручни лица ќе ги надмине.
Да бе а ако ,,му даде" без кондом и ја забремени, тогаш нема вина тој, само таа е виновна што не се пазела. А тој нека се празни во неа, нели поубаво е внатре а после бегај и криј се. Срамота. За однос треба двајца. За бременост треба двајца. Одговорноста е на двајцата партнери. Двајвата сакале без кондом, потоа двајцата нека се соочат со последиците и нека одлучат кој чекор ќе е најдобар.
Таен абортус,насилно извршен автобус... Уште што ќе се ископа? Не може така.Едно е абортус кај доктор,друго е на своја рака или друг да се обиде.. Не може без знаење на девојката. Виновни се и двајцата кои не пазеле,ама повиновни се нивните родители кои не ги едуцирале на таа тема или не се потрудиле доволно. Џабе дробиме,што е правилно,а што не,девојката треба да разговара со нејзините и да донесе одлука.
Керка ми има 11год. и да уште пред една година го имавме првиот разговор за секс. Јас бев бремена и детето сакаше да знае како бебето се создало во мојот стомак, нормално на по едноставен начин и објаснив, ни во еден момент не помислив да ја лажам со штркови и други глупости, светот оди напред исто и ние со него. Треба да бидеме строги но блиски и искрени со децата. Замислете колку по едноставно ќе се решеше овој проблем ако девојчето немаше страв од родителите, а можеби и ако тие беа по отворени со детето немало да дојде до ова. Сексуална едукација под хитно треба да се воведе уште во основно, кај нас треба да воведат и задолжителни часови и за родители
Многу убаво ја едуцирале.. Ја избркале од дома, оти бегала од часови. Можам да замислам како ќе и' е да каже дека е бремена... @ray-man , тоа со абортус без да знае, е рамно на експериментите на Менгеле.. И не знам зошто модераторите сеуште не го избришале постот. @Mr. Right , сексист си и ти
И уште нешто би кажала, ретко кое машко не би се согласило на секс без кондом доколку девојката сака без кондом. Дури и најчесто машките се иницијатори на секс без кондом. Ако не е спремен да стане татко сам треба да е свесен дека МОРА да користи заштита. Но, најчесто женското секогаш инсистира на заштита, што е жално. Ама нели женското може да остане бремена, што им е гајле нив дали ќе се заштитат или не. Па после ќе го кријат газот и ќе измислуваат триста начини како девојката да абортира без да знае и што уште не, само за да спасат глава.
Јасно ми е, знам дека цел товар паѓа на женското и тоа треба да се запре. Ајде се надевам на добри вести, кое и да е девојчето се надевам дека сѐ ќе заврши во најдобар ред.
Не само за товарот.. Туку и да и го абортираат плодот без нејзино знаење.. Посебно тој дел. Размисли деновиве? Го смена ставот, или сеуште мислиш дека е ок да и' направат абортус без да знае?