Со ничие тело не треба да се игра. Убав ден имај. ...е на тоа што се случило, немам коментар кукавичлук е мал збор. Размислив размислив, сега па мислам дека како ќе избере девојчето така да биде. Без оглед на сѐ и на сите околу.
Мене ме интересира како еве @ray-man го замислува тој абортус без да знае девојчето. Ела срце ќе те носам на едно место, се освестува таа пошто нели анестезија, не и е добро, кој се оперирал знае, што ќе и кажат, како ќе и објаснат? Мислат оти со скрстени раце ќе седи девојчето и ќе рече "леле месијо фала ти ме куртули"? Па има бре матер да ви ебе, без консензус вие на нечие човечко суштество да сакате да влијаете. Добро бе размислувате ли пред да тропнете глупости, аман вклучувајте ги тоа главите. Да му се згади на човек.
Додека одеше I.D. на кабелска, знаете колку случаи прикажуваа каде татица си ја убил партнерката кога дознал дека е бремена, за да се „спаси“ од обврски и плаќање алиментација. Епа мене ова „насилен абортус“ ми личи како да е чекор до тоа.
Абе теорестски можи.. Ко демек, ај ќе те носиме на преглед на гинеколог.. За ова - треба ова, за она-она.. и можат да го направат ако сакаат родителите, и ако се нафати докторот... Многу тешко да смоташ дете од 15 години.. Посебно родителот ако ја мота
Татица си ја убил партнерката да се спаси од алиментација, или, партнерката го родила во полски клозет да се спаси од доење, тоа се исклучителни ментално нестабилни фаци кои немаат врска ни од животот ни од вакви теми. Аут е муабетов.
Малце надвор од темата можеби ама сепак тука негде е па ќе прашам. А дали мислиш дека машкото треба да одлучува дали да абортира или не?
Лелее... Што и да речам погрешно е. Од јајцето и кокошката викам петелот е најсигурно. Кондомче и решено.
Јас никогаш немам зборувано на таа тема со мајка ми иако имам 29 години. Меѓутоа на училиште доаѓаа да ни држат предавање на тема добивање менструација и кои се последиците од незаштитени односи. Каков и да има однос со нејзината мајка сигурно не е лесно да кажи. Тоа дека ја избркале од дома е друга приказна за која не верувам дека е така како што ја раскажа другаркава нејзина. Ниту знаеме кое е девојчево ниту ги знаеме нејзините родители. Она што сега треба да се посоветува девојчето е што поскоро да зборува со некој повозрасен на пример ако има тетка, па потоа заедно да и кажат на нејзината мајка. Времето поминува и за некои одлуки можеби ќе биде доцна да се донесат.
Море да сум гинеколог и да ми дојдат родители и дечко да бараат да извршам абортус а девојчето да не сака има да ги испријавам во сите служби. Малце тој Господов комплекс да си го тргнете, о вие препаметни што сте и што сте се дрзнале да одлучувате за туѓи животи.
Па не видов родителите на малата да дојдоа да кажат дека ќе ја издрогираат, стават под анестезија и ќе и извршат абортус без таа да знае. Тоа само во твојата фантазија.
А девојчето да сака а нема закони за ДА или за НЕ, а таа има 15? Комплицирано од секој поглед. Не е во мојата фантазија, пак ми се мешаш. Пак нешто ме реметиш во потенцијални опции да, а ги има илјада. Но во мојата фантазија апсолутно не.
Нема да и' се сјебе животот ако абортира. И ти ќе користиш кондом! Никогаш нема да свршиш во нејзе! Освен ако не ти побара сама, односно, не сте се договориле да правите деца. И ако забремени, само таа и единствено таа ќе има право да носи одлука за тоа што ќе прави со плодот.. Ти само ќе и' бидеш поткрепа! Ова за сите мажи важи!
Што ако остане неплодна? Еј, крива е што прифатила без кондом, крив е што ја барал без кондом. А тоа нема назад сега.
Абе неполодна можи да остани и од полицистични јајници.. така ако гледаш.. Ист е процентот на ризик.. А секоја втора има полицистични јајници, барем еден период во животот. Да не прајме муабет за бактерии, како кламидија и триста други идиопатски причини за неплодност И што ако ти си неплоден? Имаш сперма, ама не значи дека ти се живи и подвижни сперматозоидите Како прајш: Ако падни скепаро, да го отепа Петко