1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост кај малолетници

Дискусија во 'Бременост' започната од Хидроциклин, 29 март 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    ние овде се изнаправивме муабет и што треба и што не треба,но да каже девојкава што се случи,има ли некој исход? Се презедоа ли некои мерки? Или си остана девојчето уште да чека
     
    На baba Rada, nextredstyle и ray-man им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.727
    Пол:
    Женски
    Не ти е тебе работа да го едуцираш него. Не е работа на возрасни копита да им објаснуваме што е право на избор, зошто се лоши некои работи кои тој ги сугерира. Да абортира без нејзино знаење, тоа ли да го едуцирам дека е громорозно?

    Не е работа на жена да се подложи на патња за некој маж да може да еволуира.

    Јас ако е за тоа сум од конзервативни родители па сум целосно контра од нив. Знаеш зошто? Пошто сум читала, сум се едуцирала, сум слушала приказни и сум сочувствувала. Можат и тие, треба да ја стресат само малку жицата ушите што им ги држи споени.
     
    На Tanjamm, JollyGirl, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Абе нели рековме дека на сите им треба едукација, и на млади и на стари..
    Вервам дека се' може да се смени.. со упорност, соодветна грижа и едукација...
    Се'
     
    На cavalli и ray-man им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не се менува патријахално воспитување. Магаре ќе научиш, на тие им нема спас.
    Само освестување за следни генерации како здрави единки да растат.
    Тоа едно, а друго е дека јас, ти, и било која друга не сме должни да едуцираме некого. Од желба за едукација се влегува во насилни врски и бракови. Оти "ќе го навикнам јас по мое, ќе го научам како треба, детето ќе го растеме по мое, а тој кога се оддели од дома ќе се навикне на моите ставови."
    Јок, така никаде. И никакви социјални задници со такви личности. Од таквите си страдаме.
     
    На violetblue, JollyGirl, Alisa22 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    На 21 година решив од девојче да преминам во девојка. Тогаш мислам се зачленив тука. До 21 година знаев само за СИДА И БРЕМЕНОСТ.

    Денес благодарение на форумов сум информирана доволно, повеќе од тоа што го знаев тогаш.

    Мајка ми ме спремаше психички за добивањето на циклус, ми објаснуваше дека е нормално и дека секое девојче го има.
    Но, за неа сексот и околу него беше табу тема. Не ја оправдувам што не ме научи таа туку научив од други места.
    Сакав да ме седне и да ми објасни.

    Јас еден ден кога ќе бидам мајка оваа тема ќе биде особено застапена во муабет. Сакам моето дете да гледа во мене и мајка и другарка.
    Не треба да се скратуваат некои теми според мене. Не е срамно и страшно да се разговара, да им се објасни на децата. Пострашно е еве вака нешто да се случи, на 15 години.

    Но, доколку се случи нешто такво на мое дете, би ја советувала, би ја ислушала, заедно би нашле решение. Сепак таа е мое дете. А мојата должност како мајка е да ја заштитам и да се грижам за неа.
     
    Последна измена: 1 април 2019
    На Iva9612, sj *O*, Ygritte и 11 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    За вакви проблеми не се разговара на форум.
    Може да се развие општа дискусија и секој да си каже мислење, ама не можеме да одлучуваме за состојабата на непозната малолетна девојка која има (какви такви) родители.

    Всушност, што треба ние да коментираме?
    Да абортира или не? Тоа да кажеме?
    И да сакаме не смееме да се мешаме, пошто без одобрение на родители толку млада личност не смее да абортира (освен кај бајачи и гатачи на црно).

    Темава е отворена во петок, а сега е понеделник и искрено се надевам дека веќе (и нејзини и негови) родители се известени за бременоста пошто времето си поминува.

    На крај како и секогаш пак женските се криви и некако се препуштени сами на себе.
    Таа е бремена, а тој си избегал...Ако сакаш абортирај го, ако сакаш роди го, него не го интресира, пошто тоа не е негов плод.
    Ако абортираш, ти одиш под нож, а ако го родиш пак ти сама чувај го. Така ми изгледа во случајов. Битно тој си се испразнил во неа и си заминал да игра жмурка.

    Затоа гледајте со кого се впуштате во било какви (а посебно сексуални) врски.
     
    Последна измена: 1 април 2019
    На Stark, sj *O*, Ygritte и 16 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Аман бре луѓе. Се си знаев, едуцирана, со мајка разџвакана таа тема..ама.. ама...кога ме удри страст, желба, лудило....на се заборавив, ако треба да горам нека изгорам беше ситуацијата.
     
    На cavalli му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Дали другарка ти знае дека ја шириш нејзината животна приказна на Интернет?
    Дали има зошто да се заблагодаруваш, каков совет мислите дека ќе добиете на Фемина каде членовите се тука ако не за сеир, тогаш да бараат причина меѓусебно да се испокараат?
    Дали можат членовите да бидат сигурни дека само случајно се појавија неколку чудни (како од турска серија) бремености на форумот во краток период (во еден викенд кога беа забележани неколку тролови исто така)?
     
    На sj *O*, Tanjamm и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    И изгоре Ратке? :D
     
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Изгорев, пепел се сторив ама потоа....еехх...Феникс ли се викаше птицата????
     
    На Stark, Ygritte и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  11. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.612
    Пол:
    Женски
    Јас на 15г, си играв на барбики, на 16 ги "сексав'' меѓусебно :lol:
    Пред да започнам сексуално да сум активна, мајка ми ме имаше седнато на разговор кој детално ми објасни што треба да знам во врска со сексот. И таа направила грешка на 22г бидејки во нејзино време немала можност да разговара со баба ми.
    Не сме во нејзина кожа да знаеме како и е.
    Сепак, секој даде совет дека мора да разговара со родителите. Исто мислам и јас.
    Сепак се работи за нејзината иднина и здравје. Не верувам дека еден родител, поради просто размислување би реагирал негативно и без разум. Треба смиреност во оваа ситуација и што побрзо да се реши овој проблем.
     
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Јас на 15 год. го фатив првиот дечко. И немав секс со него, имав неколку години подоцна со друг. Со барбики играв само ако ми дојдеа на гости помали девојчиња и искрено, ми беше досадно. Може да се правиме дека е ок на 15 год. тинејџери да играат со барбики и камиончиња, ама всушност не е. Можеби затоа се случуваат проблеми од овој тип кај малолетници, затоа што родителите ги третираат како мали деца и навремено не ги информираат "од каде доаѓаат бебињата". На 15 год. е сосем природно и нормално младите да ја истражуваат својата сексуалност, па затоа и треба совреме да се разговара отворено околу сексот. Ова важи подеднакво и за машките, и за женските.
     
    На Feminka22, Mr. Right, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Како може на 15 години да избега дечкото кај ке избега? Зафркавате ли се не е 30 години да може да е самостален кај ке оди на 15, уште на школо оде?
     
    На Feminka22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нема универзален калап во кој треба да влезе секој човек. Да, лошо е од дома да му викаат дека не треба да мисли на секс и треба да си игра со барбики, ама па исто лошо е и да му кажат дека не треба да си игра со барбики и треба да мисли на секс.
    Јас на 15 не мислев на дечко и на секс, ич на ум не ми паѓаше. И си играв со барбики, малку и ретко, ама си играв. Да не ми фали нешто случајно? Нема универзален калап што одговара на секоја личност.
    Да, битно е родителите да ги информираат децата за секс, ама ако му речеш на дете "какво ти е тоа играње на 15 години, треба на секс да мислиш веќе" пак ризикувате неспремно да го втурнете во односи под влијание на околината, за да не се разликува од неговите врсници.
    Треба да се остави личноста со свое сопствено темпо да се развива, а не да се турка во ситуации затоа што ние како родители сметаме дека се соодветни за возраста.
     
    На Harper, cresa-jagoda, Dream-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Муабетот со барбиките е figure of speech.
    Нејќам да звучам како старите, еех во наше време, и ќе се потрудам да не биде така, али поентата е дека за мојата генерација, плус минус, на тие години, се нема чуено за вакво нешто.
    Го имавме некако сеуште тој детски дух,детска невиност во нас, живеевме во моментот без да брзаме во некои ствари, сме биле љубопитни да, ама таа љубопитност не нема отерано во вакви живото менувачки ситуации. Знаевме дека некои ствари припаѓаат на светот на возрасните и се држевме до тоа. Без искушенија.
    Денес знам за три девојчиња трудни на 14 и 15 години, баталени од дечкото, со товар на тие кревки детски рамења, кој го носат сами. Не можат родителите да го носат тој терет место нив ниту пак осудувачката околина.
    Постојано излегуваат, поготово во мојот град, порно снимки од деца, кои доброволно стапиле во еден таков однос, сеуште неполнолетни, групњаци меѓу ученици, ученици со професори.
    Ќе седнеш во кафиќ, од позади ќе слушаш деца кои зборат која како пушела, која со кого легнала, кој колку свртел за една вечер. Деца еј.
    Се чудам како успеа за релативно мал генерациски јаз, да се јави толкава промена. Превише брзаат за се и уште побрзо прегоруваат. Децата се срамат да бидат деца, а не сфаќаат дека возрасни можат и ќе бидат цел живот, а деца само еднаш. Веројатно интернет добата си го прави своето. Кој колку ќе извлече од истото и под какво влијание ќе потпадне, за некого дар, за друг, шипак.
     
    На marchi-cool, Harper, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    Штета од играње со барбики нема, а од неедукација околу сексот има. Мене сѐ уште ми е чудно, јас бев прва средно, па мислите ми беа во друга насока. Сега испаѓа дека јас само на секс и дечковци сум мислела. Не. Но 15 год. е преодна возраст, па дури и порано би рекла, од тој детски свет во оној каде веќе нештата се сериозни и децата не се деца. Сметам дека е должност на родителите да си ги едуцираат децата, без разлика дали играат или не со барбики. Раната сексуална едукација нема никаква врска со втурнување во самиот чин. Барем кај мене беше така. Јас кога бев во основно, девојче остана трудна на 13 год. Имам пишувано за тоа во друга тема. Други девојчиња постари од мене, но основно исто така останаа трудни, на екскурзија. Тоа воопшто не е некоја новина во денешно време. Истото се случувало и во времето на нашите родители, и во мое време, а и сега. Сексот е нешто за кое секогаш ќе зборат младите, затоа што е природна и нормална појава. Сѐ додека е табу, и додека се чудиме на 15-годишна девојка како останала трудна, а ние на тие години сме си играле со барбики, ќе има несакани бремености кај малолетници. Затоа најдобро е осудите кон девојката да ги тргнеме настрана, и наместо да ѝ се чудиме, да поработиме на тоа младите да бидат свесни околу сексот и сите ризици кои ги носи истиот.
     
    На candy.cane, Tanjamm, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @NarCis@ јас многу убаво те разбрав, ама има некои што многу остро настапија на целото "си игравме со барбики" и во стил "нема шанси да не си мислел на секс". Едукацијата е многу битна, ама не можеш да учиш дете од 14, 15 години дека може со кого сака да има секс и ич да не и чуе. Така ја правиш мета на педофили, на искористување. Знам и јас девојки од средно што одеа со свои професори, имав и професорка што го изреди пола клас од машките.
    За својата сексуалност сум секогаш била отворена, и додека ми е сосема во ред и разбирливо личност на 15 години да мисли на секс, исто ми е нормално и да не мисли. Јас до свои 17/18 немав ни мастурбирано, па еве ме, со здрава сексуалност, со никаков срам од сексот, со никакво табу кон него. Ама не сум дозволила никогаш ни дечко да ме убеди дека мора секс да имам, ни околина (иако ме напнаа другарки како може година ипол во врска и секс да сме немале), ниту пак да ме спречи и поколеба некој ако сум одлучила да стапам во односи.
    За развивање на здрава сексуалност потребно е да бидеш сигурна во твојот избор. Погрешна перцепција на сексот води и до недостаток на оргазми (за женско збориме). Апсолутно е неточно, на пример, дека женските потешко свршуваат од машките. Има и истражувања кои кажуваат дека тоа не е точно. Ама освен тоа што машкото не го бидува за секс, друга причина за неможност да се доживее оргазам е и стигмата околу сексот и тоа што едноставно женското не може да се опушти во тој однос, т.е. не е сигурна во својот избор. Јас да се мислам помеѓу дали да имам секс или не, секогаш ќе изберам не и искрено верувам дека тоа е една од најдобрите работи кои можам да ги направам за себе. Да си дозволам сама да имам контрола над своето тело и своите нагони, а не да дозволам некој да ме предомислува. Затоа што, да не се лажеме, огромен дел од девојките стапуваат во односи пред да бидат спреми, или затоа што дечко им сакал, или затоа што сите околу нив веќе го направиле тоа.
     
    На sj *O*, Ygritte, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.631
    Допаѓања:
    170.844
    Пол:
    Женски
    @DAngel тоа ми е поентата. Баш со самата едукација би се потенцирало колку сериозна и одговорна работа е сексот, а не само уживање во моментот. И дека одлуката која ќе ја донесат и двајцата, без разлика дали е тоа дечкото или девојката, треба да биде многу промислена, а никако усилена. Небитно дали од партнерот или од околината. Бидејќи има секакви родители, одговорни, неодговорни, патријархални, конзервативни, крајно либерални итн., затоа треба да се воведе час по сексуална едукација.
     
    На sj *O*, Annath и DAngel им се допаѓа ова.
  20. babygirly

    babygirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2018
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Женски
    Сметам дека сексуалната едукација е многу важна, јас се што знам за сексот сум го дознала од сестра ми и другарките. Треба поотворено да се зборува за ова мислам дека доволно време беше табу тема. Знам дека е непријатно кога ќе те подучуваат родителите и за нив и за нас-децата. Затоа тие што се поотворени со нивните родители нека разговараат, кој не (треба да има предмет во училиште инаку just saying) може да истражува на интернет нема тука ништо срамно. Но и да не се верува премногу на работите кои се пишани на интернет затоа што има многу нереални работи. позз
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.