Секако дека мора разговор со родителите. Девојчето мора да им каже, и да одлучат. Ова се случува доколку се престроги родителите. Таа е млада, и дечкото, исплашени се. Мора да разговараат со родителите. И на доктор секако. Може и да е ризично за девојчето да абортира, нејзиното здравје не смее да се доведе во прашање.
Што и да се каже сега, веќе биднало. Освен домашните никој друг неможе да и помогне повеќе, колку и да изгледа страшно да им каже. Затоа нека собере храброст и нека седне дома со родителите, па заедно ке одлучат што понатаму. Решение секако ке се најде, само грижата на совеста е голема. Поздрав
Другарка ти, најпрво, мора да им каже на родителите. Ако одлучи да абортира, нема никакви шанси да го стори истото без нив. Ако е толку лоша ситуацијата, сигурно има некоја роднина, тетка, стрина, не знам. Некој во кој има доверба и со кој заедно ќе соопшти. И во најскоро време на гинеколог. Абортус не може да се случи во било која недела. Ако одлучи да роди, повторно и треба поддршка од родителите. Која и да биде одлуката, на цурата, потребна и е соодветна сексуална едукација. Дечкото исто така, треба да сноси одговорност и да се соочи со последиците. Девојчето не го направи сама бебето. Треба да се известат и неговите родители, оти и тие имаат вина. И за да утре дечково, спасен од секаква одговорност, пак истото не го направи. Жалосно е ова што се случува со младинава. Ама не се тие виновни, ами родителите. Не само што не ги научиле, ами и строги ќе бидеме па од дома ќе ги бркаме. Е затоа после децава ќе абортираат со стари железа во соседната соба, додека родителиве гледаат телевизија. Во касапници на црно или ќе ги фрлаат по контејнери, живи родени.
Ако за бегање од училиште ја избркале од дома за бременост ќе се откажат од нејзе. Шала на страна, требало да мисли кога имала односи и да користи презервативи, но и со тоа нема секогаш сигурност. За годините и тоа што премногу рано влегла во сексуални односи не би да коментирам. Најдобро е со некој повозрасен да им каже на родителите, сама не смее... За тоа како ќе реагираат, не сум баш сигурна.
Како бе си бркаш малолетно дете од дома??? Епа што очекуваат такви родители. И да е проблематично девојчето, родител си му, тоа се години кога им треба разговор и доверба. Не ја оправдувам неа ич што не размислила. 15 години бре, ние тогаш прв пат во кафич влагавме. Под итно на гинеколог, барем на мајка и нека и каже. Мора да се соочи, што и да одлучи и треба нивен потпис. А и тој дечкото. Нека оди со неа да види какви последици се прават од неодговорност. Биди со неа, оди со неа барем на преглед, ако треба и кога ќе се соочи со нив. Нејзи и треба помош и разговор сега. Има решение за се. И под итно да се воведе сексуална едукација во петто богами. А и некои едукации за вакви родители.
A kako da I pomogne? Ubavo pisala Lili, posle onaa rabota kaenje nema. Se vpustila na 15 godini vo seksualni odnosi, ne znaela za zastita? Ako znae za seks, ke znae da mu kaze na toj da stavi kondom.
Никој не е крив, освен родителите... И тие што имаат машки, и тие што имаат женски деца. Сега, на секој може да му се случи, и покрај заштита да забремени.. Ама до толку да не си ги упатил дека заштита е ОБАВЕЗНА, па уште да си го бркаш од дома детето... Ич нека не се чудат после оти вакви работи им се случуваат. Тажно е што во случајов е најголема жртва девојчево... Навистина ни треба сексуална едукација во школите.. а не оние Етика на Религии.. драпај се кај шо не се чеша.. Инстинкти се во прашање, нема да ги запреш.. Ако не на 15, на 16-17 поголемиот број од длуѓето стануваат сексуално активни.. Исто и на 17годишен/на, ако никој не му/и' обрнал внимание, го/ја казнувал, не разговарал со него/нејзе.. може да се најде во ваква ситуација. Во пубертетот, по дифолт се бунтовни, и ти на таа бунтовност, уште инает да му тераш.. И после: О леле мамо - е олеле @Хидроциклин , одете заедно на гинеколог, и нека праша кои се опциите, што треба да прави... и ако може, нека одат преку социјален работник.. Како што кажа некоја погоре. Во присуство негово нека им соопшти на нејзините ако се плаши од казна... И ова, мора да се реши.. Нема чекање. Ако не е појдена, уште утре нека оди.
Совет овде освен гинеколог, кажување дома, па ете и социјален работник, друг мислам дека нема. Ако ќути и ништо не прави само ја комплицира состојбата. Како ќе се крие, што ќе направи со бебето или недај боже ако отиде нелегално??? Јас стварно мислам дека е редно време да се бориме за сексуална едукација, уште од порана возраст, уште пред пубертет би рекла... читајки вакви теми, а и во темата дали сум бремена мислам дека е јасно дека едукацијата е на 0 ниво. Една лекција по биологија на крај од 8одд не е доволна(бар во мое време толкубеше убаво се сеќавам).
@Хидроциклин можете и доколку има класна раководителка и педагог во училиште да им кажете па да ја викнат само мајката во школо на разговор,па и родителите на дечкото.Не верувам дека ќе биде мајката толку ладнокрвна и да не се потресе и побара решение за своето дете.
Јас мислам дека ова ама ич не е добар предлог, шок да ја мавне таму мајката и кој срам е тоа за родителот молим ти се, најубаво сама нека и каже на мајка и уште одма.
Многу ми е жал за неа што се не претрпела, ама нема никаков излез од оваа освен да разговара со родителите. И да реши да роди сама не ќе може, после некое време ќе и се познава стомакот. Што побрзо нека разговара, нека стисне заби нема време за губење.
Не јас се прашувам многу често како воопшто можат на таа возраст, (а и помали од нејзе) да си дозволат да имаат секс.
Сексуална едукација? Па тоа е нели срамота, за тоа не се зборува дома, да кажеш "секс" пред твоите ќе те казнат да не излегуваш од соба цел месец. До толку сме за никаде. Прва сексуална едукација ми беше Сексот и градот. Јас со децата би зборувала на таа тема, но моите ете не зборувале. Во осмо одделение по биологија мислам имаше една тема на крај за размножување на човекот која ја прескокнавме. Се порано се впуштаат во сексуални односи така да на 15 не ми е ни чудно. Во мојот крај малолетно девојче 17 имаше ја избркаа од дома дека останала бремена. Што се случило потоа не знам. Наводно никој не дознал каде и како избегало девојчето.
епа пишав.претходно сега ќе цитирам ти му збориш тоа не прифаќа нели 21ви век бла бла... Не е работата со отворен разговор само последици да решаваме,треба со тој отворен разговор децата да прифатат што им се зборува. Не секому можеш да му туриш со инка. Не оправдувам бркањр од дома или ќотек ама кога не разбира со тој отворен разговор како поинаку?
Јас имав поконзервативни родители ама бев позапуштен ама на 15 години искрено... освен во списание гола женска да видиме, секс да имам... хмм. Општо на темава, треба да им каже на своите родители што и како ( нека си трпи и сноси последици) и потоа нека каже кое е машкото и да појдат кај него (мајсторот) и да разговараат со нивните родители, ама нема што да се разговара искрено на оваа возраст да роди дете.. ќе биди како помало братче или сестриче. Само доколку имаат потреба од пари за абортусот... да поделат барем.
Според мене не е битно веќе ние, вие како сме биле. Советите се тие, од овде само поука да заклучиме како ќе бидеме ние со нашите деца. Мора да разговараме. Времето е променливо. Не е исто ни времето на нашите баби, ни на нашите родители, ниту ние кога сме биле млади. Со деца разговор треба, колку и да си конзервативен. Тоа што не оправдувам не значи дека нема да зборувам. Морам да одам со чекор на времето и да пратам, како расте детето така ние со него. Во денешно време многу е тешко да си дете, млад, тинејџер. Сајбер булинг насекаде, не може фармерка да ти се скине, а да не остане снимено. Треба да ги разбереме и децата со кој притисок се соочуваат секојдневно, а тоа нема да не прави лоши родители или помалку строги. Ние сме тие кои ќе ги изнесеме на прав пат. И за сексот се разговара. Ако некогаш било на 18 сега на 15, тоа е, мора да го прифатиме. Тоа што одредени деца го прават, не значи дека сите го прават, но мора да се отворат видиците. Не е само бременоста туку и спб.
не се само родителите криви. Еве мене на пр ми кажале дека односи се има со маж во брак. И сега од мене зависи јас дали ќе го сватам тоа буквално и ќе ги послушам зашто можеби биле во право или ќе речам кој ве тркала јас одлучувам сама за себе. Како и да е решение и е само разговор со мајка барем. Татко може и коски да и искрши штом е толку строг. Мајка колку толку ќе разбере ќе проба да ја извади од ситуацијата. Сигурно нема да ја избрка или да се откаже од неа. Страв нестрав мора најбрзо да разговара и да дејствуваат.
Еве мене не ми збореле никогаш, со нив немам некој близок однос, ама не ме ни држеле строго. И да ти кажам право да, сама одлучувам за себе, сама знам што е добро за мене што не, барем околу секс, заштита и спб. И мене мајка ми ми зборела дека односи се има само во брак, дека морам да имам само еден сексуален партнер во животот. Значи ли ова дека морам да ја послушам? Ако веќе крајно решение е бркање на дете од дома, дали истото е во ред ако родител греши, детето него да го избрка од дома кога е веќе повозрасно?