Ама 21 век сме, имаме интернет, ако се плашиш со родителите да зборуваш на тема секс можеш да прогуглаш и да се едуцираш. Исто така се срамат да посетат гинеколог, не е само бременоста, што е со сексуално преносливите болести?
Колку од нашите родители не посетиле гинеколог од пораѓај... Така да, на жалост, срамот околу одењето на гинеколог од дома е “даден”.
Да, најпрвин родителите треба да го седнат детето, но и самото треба да биде свесно во што се впушта. На 15 години јас со барбики се уште си играв а некои се впуштат во сексуални односи а се уште немаат оформено карактер, незрели и плус до вчера на млеко мирисале па... Не е срамота да се оди редовно на гинеколог, баш напротив, можеш да откриеш болест на време (не дај боже да ја имаш) да ја спречиш да се шири и ред други работи, ама ете, не размислуваме.
Не знам што да кажам, тешка ситуација е. Но мора дома да каже колку и да се плаши, не е играчка тоа. Не знам зошто толку рано се впуштаат во такви работи, си го кратат детството. Нема да им избега сексот. Јас на 15 години уште си играв.
Оф душичка, зошто на 15 години со сексуални односи. На 15 уште ластик игравме на улица. Каков секс на 15 години. Ама можам да сфатам донекаде, толку строги родители и отсуство на сексуална едукација најмногу доведуваат до ова. Како тоа ја бркале од дома заради бегање од школо? Тоа не е нормално. Мој совет како што кажаа некои погоре, со социјален работник да им се соопшти на родителите, бидејќи се можат да му сторат на девојчето ако се толку нестабилни. Времето тече, не смее да се чека. Најдобро е да ја прекине бременоста што е можно поскоро, да не си го уништува животот толку премлада. А за тој мајмунот што соучествувал во чинот па избегал, нема да коментирам бидејќи не вреди да се спомне и нема повеќе никакво право тука да одлучува.
Според мене можеби ке ме осудувате ама најарно е девојчето неможам ни девојка да ја наречам да каже на некој што е многу многу блиска пример тетка стрина што е многу попопустлива спрема неа да одат 2те да абортира и после некој извесен период да каже на нејните дека го изгубила детето вака може и трауми да има и психички последици ако каже наеднаш дома..
Па ке помине време веке знаат дека нема бебе во стомакот можеби ке бидат по меки на пример да и каже на 18 или 19 години ем ќе биде возрасна нема сигурно да земат да ја тепат..
Ах бе деца...Неколку битни работи. Никој нема право да кажува, кога е рано а кога таман за секс. Колку години имала таа Јулијата со Ромео? На колку години ги мажеле пред 100 години? Второ, срамота е да не се зборува за секс, не обратното. Кога сите би збореле отворено, би знаеле во што влегуваат, и како правилно. А не вака, ај од прв пат не се забременува, ај може свршил/несовршен, па бабини деветини како после тоа. Прво, основно и секогаш-кондом. Второ, апче за ден потоа. Трето, има секакви родители вистина. Со секакви воспитни методи и убедувања. Ама родителот секогаш, или би требало секогаш, ја има како приоритет добробитта на своето дете. Веројатно сметале дека бркањето или што и да било ќе вроди со некаков воспитен ефект . Ситуацијата на девојчето е свршен чин, нема воспитни елементи, просто мора да се реши, а се надевам дека родителите ќе изреагираат во најдобар интерес на детето. Се надевам ќе изненадат со рационалност, да не ги потценуваме предвреме.
бркање од дома не е решение барем не за бегање од часови,мада еве стојам зад кажаното претходно,децата ги праќаме на школо да учат не да бегаат. И во секој случај се преземаат мерки зашто тешко денешниве се разбираат од збор. а зошто да не значи да ја послушаш? Епа тоа и е проблемот на денешницата. Зар да се има еден сексуален партнер? Зошто? Кога може барем 10тина. Бидејќи е глупаво ти да имаш двајца а другарка ти 15 тебе ќе ти се смеат не нејзе. е ама штом веќе знаеш значи си прашала си се информирала си се посоветувала не се споредуваш со други свесна си. Ама не е кај сите така.
Барајќи помош меѓу познаници девојчето може да си ја влоши ситуацијата. Секако ќе се најде некој да ја осудува, без исклучок еден ќе пренесе на друг "во доверба", другиот на трет и за три дена цел град. Оговарања и фаќање сеир секако не се нешто што би ја подобрило состојбата. Родителите на двајцата и тие самите се единствено главно засегнати од овој проблем. Така да, колку помалку луѓе знаат, толку полесно и поефикасно справување со проблемот. Ако веќе одлучат да го задржат бебето, ќе се разбере секако.
донекаде си во право но зарем родител дете за сексуално едуцирање на 15 год треба да му збори? или од 10 год ако не да почнеме да ги едуцираме нели колку порано толку подобро. и јас се плашам од тоа што се можат да и направат. Ма без разлика колку се строги нема овде место за бркање од дома или ќотек или што и да е. Здрав разум за излез од ситуацијава.
@marchi-cool а на колку треба на 18? Треба уште во основно да има едукација, барем јас ко бев основно имавме 2-3 предавања и уште се сеќавам на еден флаер што добив за сексуално преносливи болести. Треба да се знае за ризиците од незаштитен секс уште во тинејџерските години, што не значи дека се охрабруваат да имаат тогаш. Колку покасно од 15 да се чека за таков разговор, кога веќе останала бремена во тие години?
ако на 14-15 год им се зборува за тоа тие од радозналост ќе пробаат. Кај нас на пр немало никогаш ни во учебник ни во ништо лекција за такви работи. Во 1ва год средно бидејќи учевме медицина често се држеа предавања околу системот за репродукција,кога е правилно време да се почне со сексуално искуство и начини на заштита. Потоа и последици од незаштита и процес на забременување бременост и абортус. Ама толку убаво објаснето што на сите ни беше јасно и ректо кој се осмели пред 17тата година да навлезе во "тие води" бевме отворени и на час разговаравме за тие теми. За останатите класови не знам дали имало некакво едуцирање
А колку сте имале во 1 ва средно, 16 години? И која е разликата?А зошто да не биде така фино стручно објаснето, како во вашето медицинско, на 14 годишни во основно? Ма треба во 5 одделение, не во 8 осмо. А колку е поместен пубертетот кај децата денес, нема случаи на започнат циклус кај 10 годишни девојчиња? Баш треба убаво да се објаснува од порано, за да не се осмелуваат, како што велиш ти, или барем да знаат што прават а не вака на филм виделе, на интернет, нешто разбрале, ама многу нешто не разбрале
Ете тука е најголемиот проблем. Ни треба сексуална едукација. Треба да се едуцираат младите уште од основно за сексот и заштитата од несакана бременост и спб, ама не, веронауки биле покорисни или она етика во религиите. Што не значи дека ќе ги охрабри младите толку рано да се впуштаат во односи, туку напротив. И од дома треба да им зборуваат пред да влезат во фазата на тинејџери, за тоа што ме имаше погоре цитирано. Гледаш сега што се случува, неедуцирани прерано се впуштаат во односи и на крај има вакви случаеви како со девојчево сега. Жално е и срамота еден човек да не е сексуално едуциран, иако најмногу удел во тоа има системот што не воведува такво образование.
А бе ајде строги и биле родителите. Па тоа е само од страна на детето кажано како ги гледа своите родители. Од каде да знаеме ние колку е тоа вистина и какви се тие всушност. Што мислите вие, вашите деца за вас викаат дека сте срцки??? Па тинејџери се, што друго ќе кажуваат за родителите. Секој кој се грижи за своето дете изиграва строг родител мислејќи дека на тој начин ќе го заштити. Колку пати ми рекле моите ако го направиш тоа и тоа не се враќај дома Дете седни си, разговарај си со родителите. Џабе пишуваш тука. Никој неможе подобро да ти помогне од родителот. Абортусот не е мала работа. И не се кажува на роднини тука на оние кои навистина се грижат за тебе. Утре, друг ден, роднината ќе ти го плесне тоа во лице а само родителот ќе те заштити.
Од моментот кога ќе почнат да поставуваат прашања, или кога ќе почнат да созреваат. Треба да се разговара. Мора. Мене никогаш не ме седнале да ми објаснуваат, ама на сестра ми да. Јас од мала знам , да не речам се, и сама ги имам прашувано. Не знам што ви е чудно што имала секс на 15 години. Јас на 14 почнав сексуално да созревам, е сега.. сум имала едукација за да знам дека не треба. Не сите знаат. Има организација, Хера, во средните училишта држат предавања на тема секс, СПБ, сексуална ориентација итн. Треба ова да е задолжително барем неколку предавања во секоја година на сите студенти.
Дали тие ќе влезат во сексуални води или не нема да виде од тоа што некој им спомнал. Мисли си ти дека пубертетлиите не мислат и разговараат на тема секс. Посебно со интернет. Но, доколку некој те едуцира што и како тогаш нема да правиш грешки па да забршиш со бебе или СПБ. Инаку во мојот град, тие што учат средно медицина се познати по тоа што се мажат на 16/17 години бидејќи се редовно трудни. Ова со генерации се случува. Ај без сите да се правиме Деви Мари, кобајаги многу рано почнувале во денешно време. Нашите баби на 18 имале по повеќе деца веќе. Исто прашете ги дали сите биле невини пред брак или дали не биле трудни. Лажни морали на страна, девојчето што направило белја направило, сега треба да и каже на мајка и, и двете на лекар и абортус, бидејќи таа ни физички, ни ментално, ни финансиски може да роди дете. После тоа, на разговор со гинекологот да и објасни дека штркот не ги носи децата.