Оф леле, на 15 години се играле уште со барбики. Многу е нормално тинејџери во пубертет, со хормони, да сакаат да имаат секс. Не се доволно зрели за тоа. Родители не можат да спречат детето им да има секс, ама можат да спречат да имаат секс без заштита со разговор на време. Немојте глупости да пишувате и да правите тинејџери да се чувствуваат како вонземјани што имаат сексуален нагон.
Да. И од 10. Кога прв пат ме праша што е тоа секс, и' кажав. 10-11 имаше. Нели ти забремени на 19 и се омажи?
Јас не реков дека морам да сменам 10 партнери. Проблемот е што мајка ми смета дека е срамота да ме скине некој пред брак, зашто после никој нема да ме земе таква. Тој што ме скинал, со тој и да се мажам, инаку сите ќе ми се смееле и ќе сум била за сите само една курва. Со еден збор, јас вредам колку една кожичка.
На 18 имав прв пат секс и сменав, до сега, 17 партнери.. И не како што кажува Марчи, дека 'ќе ми се смеат дргарките' ако немам секс и не менувам партнери, туку оти ми се е*ело. @marchi-cool ти си имала секс оти другарките имале? не сме сите како тебе... Иначе, 1978ма сум родена, и во мојата генерација имаше деца кои на 14-15 почнуваа со сексуални односи. Нека не ве мотаат родителите за џабе
Во право си. Можат да ја истепаат до помодрување, нивно право, нели родители се. А и тогаш не се строги, не ич. Не знам кога ќе сфатите дека не секој родител му мисли добро на детето.
Абортус кај малолетничка, не смее да се случи без дозвола/потпишана изјава од родителите. Законски е невозможно. Освен тоа, ако се искомплицира нешто, а родителите не знаат, кој ќе биде виновен во случајов? Тетката што криела. Какви сака нека се родителите, мора да знаат. Една од опциите е да им се соопшти во присуство на социјален работник, школски психолог или професор од училиште во кој девојчето има доверба. Не. Ќе чекаме да забременат на 15, па после ќе им ја објаснуваме процедурата за абортус, наместо навремено да ги заштитиме.
,,Ако на 14-15 год им се зборува за секс на децата од радозналост ќе пробаат". Врска нема, едукација е повеќе од потребна. Јас кога ќе сум мајка и кога ќе забележам дека веќе се интересираат за таа тема, хормоните почнуваат да работат, сама ќе ги седнам и се ќе им објаснам. Имам близок однос со мајка ми но не толку близок за детално да зборуваме на темата секс, повеќе сама се едуцирав. А децата мои ако имаат некое прашање или нејасни им се некои работи сакам мене прво да ми се обратат. Безразлика дали ќе имаат 14 или 24 години. Најсигурен одговор можеш од мајка да добиеш, а блискоста и отвореноста со децата е најважна, за тие да можат слободно за секој проблем, прашање, совет, мислење да се обратат.
Ако не треба да им се збори на 15 години, како на 13 годишно девојче ќе ѝ објасниш зошто прокрварела од доле? Јас си знаев барем тоа што треба тогаш и едвај чекав да добијам Уште пред прва менструација мора да се зборува.
На голем дел од 15год. девојчиња мајките сигурно и тука се членови. Баш кога викаме како тоа таму некое дете почнало рано со сексуални односи, или пак не дај боже со сопствените деца да зборуваме на тие теми....да помислиме дека баш нашето дете, со кое воопшто не зборуваме на овие теми, бидејќи мислиме дека е малечко, може да е ова девојче.
А и сексот на 15 год. сигурно не е измишљотина на 21век. Имало и во наше време. До толку, сите со барбики, сигурно не играле.
Луѓе МОРА да се разговара искрено и отворено. Разговорот е клучен за психолошкиот развој на децата. Едукацијата МОРА да постои од многу порано. Знам дека живееме во ера на интернет, каде што се е сервирано на тацна и децата со само еден клик имаат пристап до најразлични содржини. Ама 15 години? Тоа е дете, уште не е свесно за ситуацијата со која се соочува, репродуктивните органи се сеуште недоразвиени, растењето уште трае. Дете кое е недоволно зрело за да донесе било каква одлука, а не па ли за деца, брак или семејство. Мора да се најде начин за да адекватно се зборува со децата уште пред да почнат да поставуваат такви прашања за да тоа дете не добие погрешна претстава и идеја за сексуалноста или да се соочува со последиците од неинформораноста како што е "бременост на 15 години". Се согласувам дека за секој понатамошен чекор е неопходно да се информираат родителите на девојчето. Дали еден на еден, или во присуство на социјален работник, психолог или професор, мора да им се каже. Никаква подобра идеја не ми паѓа на памет.
Аиииии страшно и жално за девојчето. Мора да каже на родителите во секој случај (како би го направила тоа не знам) бидејќи и за да раѓа и за да абортира мора да има поддршка од родителите.
Како бе @Tan4ence не секој родител му мисли добро на детето?! Или овде имаш печатна грешка, или незнам... Родител што не му мисли добро на детето, мора да има некоја дијагноза.
Има, верувај. Такви кои физички ги малтретираат децата, такви кои детето го користат за да ги остварат своите неостварени амбиции од некогаш, такви кои комплексите поради лошиот брак ги лечат врз детето...и многу други. Не знам кој го имаше речено ова, ќе го кажам и јас - како што лош родител може психички да те уништи, не може никој.
И што дека порано раѓале на 15, треба да се враќаме на назад наместо да одиме напред и истото да го правиме? А и колку биле едуцирани тогаш, без интернет без ништо? Па ништо чудно што забременувале и се мажеле (за да се избегне она "што ќе речи народот") толку мали. Затоа треба задолжителна сексуална едукација. Нормално е на тинејџери да им вријат хормони, ама што е рано за односи, рано е. На 15 ни сериозна врска не можеш да имаш. Дете си.
Не треба и не мора да се враќаме во времето на нашите родители или баби. Тоа што сеуште се има незаштитен однос, или воопшто односи, на 15 години, значи сеуште сме си таму. Многу не се променило во однос на едикацијата. Интернетот не знам колку позитивно придонесува, споредбено со периодот кога не бил. Веруваш дека 15 годишник седнал во слободното време, дома, да гледа документарец за сида, хепатитис, сифилис... и останати полово преносливи болести? Јас не верувам. Попрво мислам би задоволиле радозналост со порнич кој само допридонесува да зовријат хормони. Да, за тоа се сложуваме, дека е неопходна сексуална едукација во училиштата но и на голем број родители. Неопходно е паралелно советување, и домашното и од школо.
Се надевам дека девојчето веќе кажало дома. И што и да реши, само да се води сметка за нејзиното здравје (физичко и емоционално), и нејзиниот живот. Ако абортира, може од една страна ќе и биде полесно. Нема ништо погрешно во тоа да го роди. Да млада е, ама со поддршка се се постигнува. Грешката е веќе направена и сега нема назад. Децата треба да застанат и да ја видат ситуацијата, и родителите треба да застанат и да помогнат, и да бидат поддршка за децата. Не е време ни за бркање, ни за тепање. Бремено девојче ќе тепаш? Немојте луѓе, тоа не оди. И посакувам многу среќа на девојчето,и се ќе биде во ред. Во однос на едукација за секс. На 15 години е повеќе од доцна, затоашто вакви работи се прават. Па дури и законот до 14 години ја смета волјата за секс како ирелевантна, понатаму не. Што значи дека сепак на 15 години треба да постои свест за секс. И се разбира, последиците од него. Во Данска децата од најмала возраст учат што е секс. Сметам дека треба да се едуцираат децата од дома, и секако на училиште. Некаде 10 години е идеална возраст дете да се запознае што е секс, да има некаков поим. Со оглед на тоа дека во пубертет се влегува 12-13 години, мора да се биде информиран. И сосема е нормално на 15 години, кога лудуваат хормоните, да се има секс. Ама треба да се знае за заштита, која е лесно достапна и ефективна. Еве јас знам што е секс од релативно мала возраст. И не сум почнала со секс ни прерано, ниту нешто страшно ми се случило. Напротив, повеќе се информирав за заштитата и болестите, и си ја запознав сексуалноста подобро. Не треба родителите да се однесуваат како сексот да е табу тема, нормално е, и не мора децата да се информираат за него од извори како порничи. Отворени разговори за да се избегнат вакви ситуации.