1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост кај малолетници

Дискусија во 'Бременост' започната од Хидроциклин, 29 март 2019.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Баш тоа ќе кажев, денес е модерно да се едуцираш од порнографски материјал, јел ако не си у чекор со модата си исмејуван.
    Сите нови модерни песнички се со цицлести девојки по вруќи гакици и му мешаат пред таквото... ама тоа е модерна музика.
    Филм не е филм ако не се исплескаат у менза или канцеларија, на сред работно време.
    Гледам по пријателиве децава, што гледаат и слушаат, не е ни чудо што вака на 15 години остануваат трудни.
    Ама се едуцираат бе, од интернет!!!!
    Од тоа не се плашат, не се плашат на 10 години, ама се плашат од момо!!!
    Срамота за образовниот систем, срамота за родителите...
    Еве може и ја сум почнала порано со секс, може не на 15-16 години, ама сепак сметам порано, ама веќе сум била едуцирана. Не ми бил достапен тогаш интернетот, ама тука била мајка ми.
    И фала и за тоа...
    А не тука ќе ме прашува некоја дали може да е трудна ако имала секс со перницата.
    Премногу им се дозволува на децата.
    Еве мене ме прават лоша мајка. Што не и пуштам било што на јутуб, што мобилен не знае да рчка, што гледам да не пцујам и викам свашта пред неа. Што не и давам да го рокне гласот на тв до крај. Дете е остај го... дете е нека ја само еднаш...
    И пак, ај бременост можда нај мал проблем, има решение ама, што е со болестите???
    И за крај, нема 100% безбеден сексуален однос(ова за забременување).
    100 % сигурен си само ако апстинираш.
    Не нема да ја бркам од дома ако избега од школо, и ја сум бегала
    Не нема да ја тепам зошто покасно се вратила... е ќе ја тепам ако не дај боже прави нешто опасно по живот, тепа некого, го повредува и слично...
    Ама ќе бидам тука за неа, ќе бидам тука да ми каже мајко не научив за денес не одам во школо... бар ќе пробам....ако упали јас ништо не губам.
    Ама ако ја бркам и карам и тепам само ќе ја одалечам, ќе има страв да ми каже.
    Се распишав јас, уште многу ји кажала, ама искрено ме мрзи, а и не верувам дека има поента, нема да допре до оние родители кај што треба, ниту до оние што на 15 години имаат секс.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Само абортусот е опција во ваквите случаи. Раѓање на ни криво ни дужно дете, би било чист апсурд.
    Да не се лажеме дека ако има поддршка, оправдано е да го роди. Ја нема таа поддршка на светов, што би направила едно 15 годишно девојче да роди дете, и притоа да биде добра мајка. Таткото не го спомнувам уоптште, пошто он ' навреме ' се оградил од целата ситуација.
    Значи целиот терет на рамењата на едно дете, поради настан кој е живото менувачки и ни малце лесен.
    Прилика за дете ќе има пак, во правиот момент и со правата особа, а втора прилика за својата младост- нема.
    Нејзиниот случај ќе биде лекција за неа и за тие околу неа, штета што лекцијата понекогаш се учи на потешкиот начин, ама јбг тоа е животот.
     
    На ivi1987, sj *O*, Harper и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Хидроциклин

    Хидроциклин Активен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Направи два теста за бременост, со простор од 2 дена измеѓу. Двата искочија позитивни.
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    А таа како е? Планира ли да каже дома? Зашто ако абортира, мора што поскоро.
    Како што кажаа некои членки, може да им каже во присуство на психолог или друго стручно лице.
     
    На WildMk и Kate Rina 93 им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.627
    Допаѓања:
    152.201
    Да не се правиме дева марија сите ние
    Ајде и у наше време од 14-15-16 години имавме секс
    сега како шо се напредни во се и во тоа се напредни па верувам веке од 14-15 си имаат секс
    и не е сексот проблем проблем е што не знаат да се заштитат

    јас имам и машко и женско сега веке 12-16 год
    уште на 7-8 години им купив книга за секое момче и книга за секое девојче таму по детски и по лајт е објаснато се од хигиена пубертет циклус
    е на тема секс толку хард сеуште не се седнати ама време е ,ме свестивте сеа и вие плус дека може и каснам малце
    девојчето е 12 и сега веке очекуваме циклус и е скроз запозната сега се бориме со болки во стомак од време на време Кај и да е планирма да одиме заедно на гинеколог јас за пап а неа надворешно ехо да видиме до кај се јајниците

    Девојче собери храброст замижи стисни заби и кажи му дека сакаш да им кажеш нешто
    На почетокот ке викаат ке се дерат ама после ке им легне инфото и ке разговарате нормално
    На секој ова може да му се случе не се траскајте да викате мене или на мое дете не неможе
     
    На sj *O*, Harper, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    7.988
    Пол:
    Женски
    Ах бре луѓе, ние како родители можеме да збориме од утро до вечер без престан, но имајте во предвид дека во тие луди години кога ке ја затворат вратата зад себе, друштвото и поединци, девојки и дечковци имаат многу силно влијание надвор. Наше е да ги воспитуваме на начин најдобар за нив, останатото, Господ да ги чува и памет д им дава. Додека да се изградат како личности некој ке заглави некој ке успее, некој ке учи од свои некој од туѓи грешки. Искрено жалам за ситуацијата, ама пак ке кажам, колку и да изгледа застрашувачки во моментот, никој неможе да го реши проблемот освен семејството, како и за сите проблеми понатаму што ке следат во животот. И во моја генерација имаше трудни, не е нешто невозможно, и тие сега се мажени со деца со факултети, жално е што поминале низ трауми во години кога требало најмногу да уживаат, ниту пак нивните родители биле монструми.
     
    На sj *O*, Lolipop23 и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    па штом изреагирале кога бегала од училиште таа ги сватила како строги,а што требало да ја наградат? Родител секогаш реагира на грешките на децата но не значи дека е строг. Значи дека не допушта детето да направи повторно грешка. Ама денешниве деца баш за ќотек се. Своеглави.
    нема друго решение. Строги нестроги само тие можат да и помогнат. На кој и да е роднина утре муабет ќе ја прави,што од вистина што од своја приказна. Никој не заслужува печат на своето име.
    како што ни е чудно секс на 15год? Тебе на нормално ли ти личи тоа? Јас пред 17год не одобрувам. Ни за себе ни за своите деца. Имав дечко на 16 многу го сакав сакав и прв да ми е а и многу другари другарки ми велеа време ни било долго сме заедно бла бла... И што требаше да ги послушам? Сметав дека не ми се дојдени годините за таа работа. А бев едуцирана. Сме имале многу предавања околу тоа пишав и претходно ама за се си има време и место и граници.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ќе те прашаат твоите деца кога да имаат секс. Тоа може само да си мислите. Ќе и викаш "никако пред 17 години" и едвај ќе чека 17 да наполни без никакво знаење, па на 17ипол трудна ќе остане.
    Со забрани никаде нема да стигнете.
     
    На sj *O*, Harper, CameliaMiller и 18 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    не, јас забременив на 22 и на таа возраст се шокирав се уплашив паника ме фати.... Не знам како би го објаснила тоа чуство а не па на 15год. Пишав во првиот коментар. Секс пред 17та година не,секогаш сум се држела до тоа правило. за се си има време.
    не мислев лично на тебе мислев општо но твојот коментар го искористив за да се искажам.
    еве јас возев велосипед и ко си појдов дома кога видов крв се отепав плачејќи и сакав да одам на лекар. Мајка ми само ми купи влошки ми стави и ми рече така треба. А знаев дека се ставаат влошки само заради менструација зашто претгодно ја прашав мајка ми за што служат тие. И секако во тој период многу моди другарки добија и со консултација совет и сл разбравме дознавме па и дома прапрашував.
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Едно те исто вртиш. Арно ја казниле со бркање од дома, нели била непослишна, од часови бегала. На улица поарно ќе се воспита. (facepalm)

    Никој не рековме алал да и е. Само дека методот не е во ред. Со децата треба да се има здрав однос. Да знаат дека СЕКОГАШ родителот добро му мисли. Ќе се караат, казнуваат, викаат, ама секогаш е за добро на децата! Нит другар, нит друг роднина не мисли подобро од родителот. Е тоа да успееш да гао воспоставиш како врска (за мене) си успеал во родителството.

    Вака што постигнале?! Ем детето со проблем, ем мака и не знае како да го реши. Ни мене не би ми било сеедно на 15 години да ми каже ќерка ми дека е трудна, ама проблемите мора да се решаваат во семејството. И дај боже мене да ми каже, а не на другарки или стринки.
     
    На sj *O*, Harper, CameliaMiller и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.142
    Не знам што се чудиш за секс на 15 години. Стрина на маж ми се омажила на 15 години.
     
    На candy.cane и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    А знаеше што е менструација, дека од тој момент ти веќе можеш да останеш бремена итн итн?
    Нас во 6то одд. ни држеа предавање за работиве, па јасно ми беше сѐ.
     
    На WildMk и candy.cane им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Јас на 15 бев веќе 2ра средно, не верувам дека се малце годините за веќе да знаат сите на таа возраст што е како е. Поготово денеска, кога уште во 6то одделение се почнува со врски. Моите беа строги кон мене, во смисла строги да имаат контрола над мене и да знаат кај сум, што сум, со кој ама во врска со сексот се ми имаа објаснето и тоа уште на 11тина години мислам. Не ги прашував јас конкретно туку мајка ми ме седна во 6то кога имавме природни науки таква тема, се ми објасни. Тоа и е и струката, биолог, па стварно толку убаво ми објасни, што тоа не побуди радозналост кон мене да имам секс, напротив да сум свесна за сите негови последици што се можни и дека се си има свое време, а најбитно знаев дека мора заштита да се користи. Па еве скоро 18 имам, врска од 9месеци, а односи сум немала и ќе немам се додека јас не решам дека сум стварно спремна за тоа, бидејќи не е играчка и треба освен физички и психички да си спремен, а не зашто имале повеќето врсници или зашто е модерно сега. Туку кога ќе биде моја желба и кога ете стварно ќе сум спремна за истото. Значи нема врска тоа што уште од мала ми објасниле убаво за тоа, баш кај мене позитивен ефект до сега имало. А кога бевме 8мо, братучетка ми ми рече дека мислела дека со бакнеж се останува трудна, па јас и објаснував дека не е така и се чудеше како сум знаела, зашто она не знаела за тоа, па и не ми веруваше дека не ја лажам. Сега се смееме кога ни текнува на ова. Значи едукација, мора едукација!

    За девојчево многу ми е жал. Абортус е вистинското решение мислам тука. Мора да разговара со нејзините. Овие години сега ќе и бидат тек најубавите. Ќе има шанса да биде пак мајка и да има дете со човек што не бега како кукавица. А и тој дете, но сепак и тој е одговорен, треба да е до неа сега, убаво му било кога го правел детето, а сега ќе бега. Треба да се разговара и со неговите родители и со родителите на девојчето. А не е лошо и навистина да се побара помош од социјален работник. Јас дете не би родила во ваква ситуација, она е само дете, како би чувала дете... Се надевам кажала веќе на родителите. Не треба да чека...
     
    На sj *O*, Harper, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    За неинформираноста, еден другар, тогаш студент на медицина, ми се чудеше како сум знаела каде точно ни се наоѓа срцето, дури и некои негови колеги не знаеле. Па тргни од тоа дека не си го знаат ни телото, а не па нешто друго...
    Сите другарки доаѓаа дома и бараа совети од мајка ми, зошто нивните биле строги и муабет не се правело со нив.
    А мајка ми, и пиела со нас, и сме си гледале на кафе, и за дечковци и се доверувале... ама колку била другар, толку знаела и да ни каже и опомене кога ние грешиме.
    За кецови не ме карала, викала ако научиш ќе ги поправиш, за бегање одела о кажувала, моето дете избегало, не ја правдам, ама сакам да знаете дека знам...
    Ете таков однос треба да има родител со дете.
    На полагањр математика, сите казнети, само јас таа година отидов на одмор, нив не ги пуштија. Јас положив у јуни они едвај у август, а од дома не излегоа. Значи со строгоча ништо не се постигнува
     
    На T.e.d.d.y, sj *O*, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  15. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Едукација на оваа тема е доста потребна во училиштата, и тоа пред на повеќето девојчиња им дојде менструацијата, и пред да сите почнат да се заинтересируваат. Тоа е некаде од кај 10/11 години (просечната возраст на прва менстуација е 12 години во МКД). Инаку еве јас израснав во прилично мало место, етнички мешано, индустриски неразвиено, од 40 девојчиња во основно, едно се омажи при крај на 7мо одделение, заврши основно, не одеше средно. До 20 години, 80% од девојчињата беа омажени, со по просек 1.5 деца родени. Нашата представа за што е детсво и колку треба да трае се менува и границите одат се погоре, но инстинките во нас се се уште со векови назад, еволуцијата касне. Поимот детство како засебен дел од животот со свои карактеристики потекнува од 50тите години од минатиот век, пред тоа детството ти завршувало кога ќе можеш да работиш дали по дома или на нива. Ако можеш да родиш, те мажат, и почнуваш да раѓаш деца. Ако сакаме ние тоа да го смениме, тогаш треба да започнеме од домашното воспитување и училишното образование. Не ми чуди луѓе како родителите на девојчето што за бегање од училиште ја бркаат од дома (најнелогичната воспитна мерка за некој што сакаш да почне да ствара одговорни навики е да му оневозможиш да има постојано место на живеење, храна и грижа), да не имаат обратено внимание на нејзиното домашно воспитување и едукација. Исто така претерано строги родители придонесуваат кон детскиот бунт и отпор. Исто така, доколку родителите се конзервативни со некои позастарени сфаќања за сексот, бракот, местото на жената во домот и општеството, тие ќе ги пренесат тие гладишта и на нив, па затоа треба во училиштата да се спомнуваат тие теми, за секој случај.
     
    На WildMk, karak и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.297
    Допаѓања:
    34.233
    Пол:
    Женски
    И родителите и децата да не гледаат серии како Малечката невеста.
     
    На marchi-cool и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сеедно. Да не свршел во неа немало да остане трудна.
    Друго што избегал и избегнува одговорност.
    Смешно е што се обидуваш да направиш дека машкото не било одговорно за бременоста. Изгледа не си учел биологија и не знаеш дека без сперма нема бременост. Машкото се испразни, избегава одговорност, а цело општество со прст кон девојката покажува, па згора сѐ си даваат за право да и кажат дека не смее да абортира, а никој не му рекол дека не смее да сврши :?:
     
    На sj *O*, Harper, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  18. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Ти не ми кажувај што сум учел што не сум учел, детиште што фрла камен на прозор или сперма во вагина е невоспитано и прозорот и вагината не се виновни што се нашле на мета.
    Но вагината и машкото имаат мозок, родители за разлика од предметите.

    Што не ги спомна бе родителите нивни некој? Децава имале по 15 год.

    Дополнување: зошто баш таа? Затоа што таа му дала. Освен ако нешто друго има во позадина.
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не е битна таа, ни родителите, смешно е што се фати да го браниш мочкото што бил доволно маж за да ебе, ама не бил доволно маж за да превземе одговорност.
    За родителство многу пати сум зборела, ама на крај, некогаш не е ни до родителите (иако тука, според тоа колку биле строги, дефинитивно личи дека е).
    Не можеш да кажеш дека машкото не е одговорно за бременоста. Секако дека е.
    Бескорисна врста, освен за проблеми стварање стварно за ништо не ве бива :puke:
     
    На sj *O*, Harper, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  20. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Дала што?
     
    На WildMk и Srckata28 им се допаѓа ова.