Абортус е кога знае девојчето дека ѝ е абортирано. Компликација е кога не знае девојчето дека ѝ е убиен плодот со лекови или инјекција а тоа го знае само докторот и родителите. Зашто ако сака да го роди, а има 14, и ѝ го абортираат против нејзина волја, може сфашта да си направи после.
Едвај чекаме да смислиш име на уште една машка измишљотина за контролирање на женското тело. Дали ќе може во таа твоја измислена реалност и на машко да се прави вазектомија без да знае?
Па многу нормално дека не смее некој на сила да изврши абортус без согласност од бремената, кривично би требало да одговара. Ама не знам каква врска има ова со темава.
Демек ќе и речат ти се искомплицира состојбата, го изгуби бебето а тие всушност и направиле абортус. Па да мисли дека судбина и било да не го роди и да не чувствува вина за извршеното ,,убиство".
Да имам еден ден власт, само еден.. Би донела закон за вазектомија на сите мажи кои бегаат од одговорност при бременост на другата страна. Па оградувајте се после ако смеете, како до сега.
Какви опции за каква ампутација имаат? Сигурен си? Кои доктори? Менгеле? Ампутација се користи за раце или нозе, прсти ,а немаат баш "опции" се знае што е вијабилно што не, крвоток мора да започне за да преживее дел од тело , нервен импулс и не баш, и ако се докаже дека "имале опција" т.е. сецнале што не е вишок обично наебуваат оти е чудовишно. Лекарска грешка е слаб збор.
Кога ми дојде првата менструација,се исплашив малку,но ја прашав мајка ми за тоа и таа ми објасни што е тоа. Потоа таа постепено ми објаснуваше за сексуални односи. Потоа таа и татко ми секоја година ми повторуваа да не се впуштам во сексуални односи пред 18,па и пред 20 години. Тоа што со 18 години стануваш полнолетна не значи дека стануваш и спремна за таков однос и родителство,најважно треба да ти е образованието,а за тоа другото има време.И телото и паметот треба да ти се подготвени. И послушна сум. Еве,за неколку дена ќе полнам 24 години.Се уште немам дечко,а кога ќе имам,нема да брзам и ќе му го кажам тоа. Ако некогаш имам деца,истото ќе ги советувам. Малолетниците не се ни психички,ни физички спремни да бидат родители. Не пазеле,ама и нивните родители се криви затоа што не ги советувале правилно. Девојчето не треба да крие од родителите,мора да им каже. Во ваква ситуација,абортусот е добро решение.
Постот на @LiliBoz е баш на место. Кога на 15 знае да крева нозе би требало и да знае да се заштити. И тоа крцкалчето исто што бега. Вакви случаеви се случуваат од неразговарање на родителите со децата за секс. Да им се зборело немало вака да испадне. Совет? Немам.
@Хидроциклин види , знам во каква состојба е другарка ти ( ни не е важно дали е за другарка , за сестра или за тебе ) бидејќи кога останав бремена , јас имав само 17 години . Знам дека е преплашена , шокирана и збунета . Капак на се , дечкото не зборува со неа ( кај мене беше сосем друга ситуација , дечкото прифати да биде татко на 18 ) . Таа мора да им каже на нејзините родители , секако не апансас да ги стегне срце , ќе ги седне и ќе им објасни со убаво - направив грешка , бремена сум , совет барам од вас што понатаму . Следен чекор , да дознае колку недели е бремена . Јас бев 8 недели , имаше и срцева акција , и имав само една недела да одлучам што понатаму . Но , имав поддршка од семејството на дечкото и од него , моите беа шокирани но подоцна добив поддршка и од нив . Родив со полни 18 . Ако се одлучи за абортус , мора да добие согласност од нејзините . Ако одлучи да роди , пак ќе и треба согласност од родителите ( мене не ми требаше бидејќи до породување наполнив 18 ) . За жал , моите родители менуваа бакнување кога имаше на Тв , да не зборувам за секс сцени . Јас се едуцирав нешто од интернет . Сепак , поубаво е да седнеш и да разговараш со детето , да слезеш на негова возраст , да се поставиш како постар/а брат/сестра и да го упатиш во тие " води " . Не е само викање по него . Сега што се случи се девојчето ?
Офф беее... Абе ојте на школо? на 15 години веќе знаете како се прават деца ама треба да знаете и како да се заштитите ..... Двете работи се учат по биологија... Мајка му стара, јас во 2002 добив циклус, немав ни интернет ни бутур, мајка ми ми објасни се што е и како е, на 10 години тоа, не станав некој фрик ако знаев како се прават деца и како треба да се избегне бременост ... Не е криво детето криви се родителите што се срамат да објаснат, шо немаат никаква комуникација со децата за оваа тема, 21 век, век на технолошки бум во светот, кај нас уште е срамота да се разговара за секс, контрацепција и забременување .... Јас на 27 омажена, очекував бременост, па кога потврдив се исплашив, не камоли на 15 ... Со лесно нека е, шо и да се случи.... А то шанкурето шо избегало треба татко му да го подфати малку за врат и да му објасни дека тоа не е во ред..... Ако девојката одлучи да го роди и му се погоди ќерка, убаво ќе му е еден ден да му дојде и да му каже : бремена сум, амаа дечкото, дим да ме њама, замина. ..
Кога ваков простотилук ќе прочитам од некој млад кој би требало прогресивно да размислува, јасно ми е дека уште долги години ќе тонеме во малогрѓанштинава
A ti znaes nesto drugo da kazes osven prostotiluk I malogragjanshtina? Ili tolku ti e recnikot? Ne si ti vinovna.
Де намали малку со гледање на филмови. Како може да абортира против нејзина воља? Како може да и го убијат плодот со лекови или инекции без да знае таа? Не знам во кој филм живееш друже
Ако ќерка ми затрудне на 15 сигурно нема да и речам чим нозе креваше така ти е сега. Таков разговор е потврда зошто воопшто дошло до таа ситуација.
Тогаш нека го роди и мангупот за некој месец како што открив ќе наполнел 18, ќе си плаќа алиментација. Абе што се замарам, што сакаат нека прават.
Во таков кај што тој би радо робинка да има, па кога затрудни тој да одлучи што со бебето што го носи. Во таков кај што мислењето на жената нема да биде битно, кај што ќе биде на ниво на домашно животно сметана, само за тоа што може да понуди, за друго не е битно. Ако девојката сака да го роди, треба да го абортира ако "мангупот" така решил?
@Black girl и @LiliBoz Од приложеново се гледа кој ја има мувата на капата и кој каков речник има. Ќе ја прекинам “дискусијава” тука бидејќи не сакам да се надмудрувам со вас, оти така би се спуштила многу ниско позз