Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 18-19 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Tinaa98, 5 јануари 2017.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.866
    Допаѓања:
    267.231
    Зошто мислиш нема што друго?
    Треба да ти е ептен ограничен светот за да раѓаш дете за да не ти биде досадно.
    Не е така, ама ај :D

    И стварно... кој го чуваше детето на другарка ти додека студирала, шетала, што и да правела?
     
    На Annath, DAngel, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.942
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно што толку ти паднаа во око тие, ама добро, ти си знаеш. Секој си одговара за своите постапки.

    Некои факултети нема шанси да се завршат со дете, ако не си знаела. Има задолжителни предавања и вежби на кои мораш да присуствуваш и нема опција за вонредно студирање.
    Освен да го оставам детето да ми го гледаат бабите, за кои повторно не секој ја има таа "привилегија"...нема друга опција.
    И што заклучуваме, пак ќе ти треба поткрепа од некој повозрасен.

    И мене ништо не ми фали што мајка ми ме родила на 30 години, а и на моето дете нема да му фали, затоа што сметам дека имањето дете е многу повеќе од тоа "да си родиш за да излезе од ред".
    Не е детето плишана играчка, па да мислиш да го зачнеш тогаш кога ќе ти биде досадно во животот, тоа па ми е скроз нон-сенс.
    Или да го родиш што поскоро за да не ти ги кине нервите.
    Па ако гледаш на детето како уништувач на нерви или занимација...па тури пепел, пиши пропало.

    Секоја жена треба да роди тогаш кога таа ќе биде психички спремна за сите нешта кои доаѓаат со тоа мало бебе. Слободен избор.
    Немам против тие што родиле порано, не е мое да им судам, ама како за белја ете таквите најчесто ги имаат најголемите осуди за сите тие што не се согласуваат со нив и нивниот избор.
    Баш штета.

    До душа, ти беше онаа која се грозеше од помислата да се раѓа дете во позрели години, па искрено не ни сакам да ја продолжам дискусијата со тебе затоа што едноставно нема поента...
     
    На cresa-jagoda, *Ench@nted*, Annath и 18 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.430
    Пол:
    Женски
    Јас родив на 23 па многу од моиве школки ми рекле блазесити си роди си изгледа сега ќе си уживаш а ние уште додека се убедиме да родиме веќе баби ќе бидеме.
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.866
    Допаѓања:
    267.231
    ^ за да се најдат во муабет :D
    шознам, моиве другарки лани почнаа да раѓаат, на 27 најмладата :) некако не се кае оти порано не родила.
    И не кине нерви, и не роди оти да убие досада. ;)
    Инаку како уживаш не сфаќам?
    Демек тешкото помина?

    Родител не си 2 години. До умирачка си.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, Sanjichka007 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Роди ме мајко на 18 години и фрли ме на буниште за после да си уживаш.
     
    На cresa-jagoda, calliope, teddi и 18 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.430
    Пол:
    Женски
    еве имам братучед се жени на 31 година жена му на 30 роди. И со факултет и со кариера и нашетана и се како што велите па пак детето повеќе е кај бабите и дедовците. Оти? Нели нив не им треба поткрепа пошто нели изградени се во секоја смисла? Си одат по ресторани си шетаат.. што им фали? Во моментов имаат 37 години.
     
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.866
    Допаѓања:
    267.231
    Е арно де, и тие зацртале дека финтата е во уживањето.
     
    На Luciferovog zlo♧ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.430
    Пол:
    Женски
    епа во мојот круг малкумина се каат. Јас родив на 23 другата на 25 некои и на 18 родиле па никому ништо
     
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.255
    Допаѓања:
    112.350
    Пол:
    Женски
    Сега откако родив премногу се каам што ова богатство го немав порано. Не знам дали е клише муабет ама таа е смислата на мојот живот. Освен неа ништо друго не ми е важно.
     
    На Butterfly01D, mariz и marchi-cool им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи ако некоја си решила да си роди на тие години, океј. ама да тврдите дека можеш во исто време да чуваш дете (особено ако за бебе се работи), да студираш, да шеташ, малце не ми се верува.
    Јас сум на тежок факултет каде ни се задолжителни вежбите и не може да се студира вонредно. Некогаш едвај имам време да се видам со другарка или дечко ми, не па дете да гледам. А за понатаму, сакам прво да завршам факс, да најдам работа, да прошетам прво негде па тек после 27 години да мислам на оформување семејство.
    Повеќето викаат не било добро да се раѓа покасно дека имало ризик за бебето итн. Има, ама не е само возраста клучна за тоа. Мене мајка ми на 39 ме родила, па имам подобро здравје од многу што знам дека се родиле порано.
    И да, на тоа дете си мајка и кога ќе има 2, и 12 и 20 години. Језда во почетокот е мејби најтешкото, ама понатаму не треба да се намали мајчинството.
    И не им е целта на сите да родат.
     
    На cresa-jagoda, Lolo5, rolulika и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Кога човекот планирал господ се смеел :) А ти многу планови кажа, детето го стави на крај на листа, не е убаво тоа што го збориш.
    Полни сте со предрасуди, тоа е страшно. Стварно барем да имаш работа со што да го гледаш(иако ни таа раб не е сигурна) па барем мажот да има работа, па може ќе го влечеш факултетот(како повеќето) до 35, па да обезбедиш станче, ок. Сето тоа е во ред но дали секој го може? Повеќето заглавуваат. Некој не сакаат да имаат дете на 20 а на 30 им е тешко да останат па плачат се дрецкаат, и пак ќе кажам-на 18,19 год е прерано, но и на 35 е прекасно. Секој со свој можности и мислења ама со ова мислење што го гледам кај повеќето тешко ви иде.
    Сега легнуваат на 14, само господ да ги чува да не испаднеме како Американцине:rofl:
    Тоа е, некој пие апче за ден потоа, некој прави по 5,6 тестови и се тресе молимте боже да не сум бремена, а некој прави исто по 5,6 тестови и се моли да добие бебе! Затоа достате со овие муабети што било сватливо а што не, не ги знаете математиките и фул животите на луѓето, нема смисла.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.363
    НА слична дискусија веќе имам дадено мислење.

    Децата не ги кинат живците. Околностите во кои ние сме ги создале, сеедно дали сме имале или немале влијание врз нив, придонесуваат за целокупниот впечаток.
    Со каков човек сме го создале тоа дете, оти реално никој не знае што носи иднината и дали некој ќе се штракне со паметот. А и ретко кога критериумите за компатибилен партнер не евоулирале па истиот што сме го фанале на 16 сеуште е идеалниот избор после 10 год. НЕ викам не, може, секако, но реално и ние се менуваме и нашите сфаќања, желби и потреби еволуираат.
    Важно е во кои услови сме го донеле тоа дете на свет и што можеме да понудиме освен љубов.

    Се `` кинат живци` ако имаш работа со битанга, посебно несозреано детиште, па додека он си шета и си тера ергенски живот ти дремеш дома дење ноќе и се грижиш за заедничките деца.
    Сe ``кинат`` живците ако немаш да му купиш памперс, млеко, храна, облека, лекови...
    Се ``кинат`` живците ако седиш на едно греалче, па и со икс персони во соба, и не можеш на раат зимоска да избањаш бебе.
    ...
    Да не редам до даље.

    Дали е изводливо на 18 да родиш, да студираш, да работиш па и да шеташ?

    Да.
    Нека им ги поживее господ свекрвите и мајките.
     
    На do-re-mi, dunika, cresa-jagoda и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Така е, а не дај боже да чекаш да ''созрееш '' па да ти се падне на 30,35 некоја битанга што ќе правиш тогаш, хм...? Те подржувам комплетно
     
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.363
    Затоа реков не се кинат од возраста, од околностите, а ова како една од нив.
    Тој што налетал на битанга од него живците ќе му бидат изедени, не од детенцето што го родил на 30.
     
    На dunika, cresa-jagoda, Sanjichka007 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако ми веруваш, не те сфатив ништо што сакаше да ми кажеш.
    Стварно не планирам да го влечам факсов до факинг 30 години. А дете ќе планирам тогаш како што си кажав и притоа ќе бидам психички спремна за истото. Не сфаќам што од пишаното не било убаво.
    За некои факултети не е можно да студираш и бебе да гледаш. Барем за мојот не е.
    И зошто на 35 е прекасно за дете?

    Едит - ете и јас не сакам дете пред 27. И после ако евентуално се соочам со неплодност, зарем некој без срам треба да ми каже зошто не сум си родила порано? И млади жени се соочуваат со неплодност.
     
    На cresa-jagoda, Sanjichka007, rolulika и 14 други им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.459
    Допаѓања:
    42.484
    Пол:
    Женски
    Абе кој кога сака нека роди, не дека ги осудуваме ние младите родители, секое дете е благослов, барем јас така мислам. Ама не можете да ме убедите дека на 18 години и на 25 психата ви е иста, исто сте созреани, способни и сте проживеале многу работи.

    Ете јас ако имам 26 уште не проживеав се што сакав, има уште време знам, ете сега сум и во брак имам и желба за дете ама знам дека не сум уште спремна, психички може сум ама не сум финансиски и тоа ми е пречка, иако и двајцата работиме, имаме дом и имаме убав однос и подршка јас пак сметам дека е рано, а пак на 18 кога немав ништо, ни средно завршено не можам да замислам како би била спремна.
     
    На *Ench@nted*, rolulika, Anabelle.Amorette и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Голема дискусија отворивме женски искрено да ви кажам секој си има свое размуслување дали на 18 на 25 или на 30 ќе одлучите да имате деца секој си има свое право и свое мислење.а тоа да чекате да сте спремни психички физички па финансиски па ова па она времето поминува не е исто да родиш дете на 25 26 и на 30 или 35.затоа опуштете се и уживате зошто еден е овој живот за после да не се каете за работите што сте ги направиле или што не сте ги направиле
     
    На marchi-cool и mariz им се допаѓа ова.
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.432
    Допаѓања:
    5.393
    jas zsvrshiv faks se vrabotiv rodiv na 26 vtoro dete na 31 i so prvoto Bebe ucev Sega vtor fakultet trudna i Sega koga maloto mi e 4 meseci diplomirav na vtoriot faks. Ete sama si gi gledam so mm podrska od babi i dedovci ama ako see Saka se se moze
     
    На marchi-cool и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    19.968
    Пол:
    Женски
    А си се запрашала зошто е тоа така? Ти доаѓа на памет, дека таквите можеби немаат услови да го гледаат детето, па токму затоа исполнуваат прво други приоритети? Или ајде вака. Таквите ќе се омажат и оти немаат станбен простор ќе живеат на улица или ќе се бутнат под ист кров со родителите и ќе преживуваат пекол. Нема правило, но во повеќето случаи и е така. А оти и немаат стабилна работа, можат од воздух и од вода да живеат. И не. Не е убаво. Но не затоа што не родиле. Туку затоа што во ова труло општество, повеќето сметаат дека за жените е најголемо достигнување да се омажат и да бидат мајки. Како само се гледаат жените. Репродуктивна машина и ништо друго. Дај разберете дека ги немаат сите истите аспирации.
    Ако одиме по твојата логика, мојот круг на пријатели го покажува токму спротивното. На пост породилна депресија се подеднакво изложени сите, а факторите за истата се сосема други. За аномалии на плодот, гени и други фактори играат улога, а не годините.
    Скоро сите и сите, не е исто. И баш поради тоа што е тешко со овие примања, прво треба да се обезбеди животот на таа која одлучила да роди, за да може истата да му го обезбеди и животот на детето. Нејзино право. Исто како што има право жена која би била во спротивна улога, без обезбедени услови за истово.
    А јас тврдам дека има жени, кои ги исполнуваат сосема други работи, скроз неповрзани со мајчинство. И за нив, има и поубави работи од истото.

    Треба научиш да правиш разлика на желби и аспирации меѓу различни индивидуи.

    Сериозно? Јас пак мислев само модератор може да ограничи пристап до одредена тема. И тоа врз основа на нешто друго, а не мајчинство.
    Тоа што ти си искусила, не те прави да знаеш повеќе од другите или зрела. Со твоите писанија го докажуваш токму спротивното. Незрелост. Зборувам, конкретно за оваа тема.
    Аргументов ти е фантазија пар екселанс.

    Зошто? Затоа што има 30 години? (facepalm)

    Јас би се срамела од самата себе да го напишев ова. Дали ти тоа како причина кај жените кои се борат со неплодност, го наведе тоа дека не сакале да родат на 20? Па уште плачат и се дрецкаат?

    Дали ти знаеш колку парови под 30, а често, 25 до 28, не можат да зачнат? Дали ти знаеш што е неплодност и кои се причините за истата? И не. Не е причина заштитен однос на 20 за ова.

    Ако сте подготвени, раѓајте и на 15. Но разберете дека некој го сака истото на 35. И тоа е сосем нормално.
    Така е. Ако чекаш да созрееш и да се изградиш себе како единка, тогаш, шансите да налеташ на битанга се поголеми, него тоа да се случи тогаш кога не си созреан.
     
    На dunika, Yowannty, cresa-jagoda и 25 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Женски раѓајте кога ќе мислите дека сте спремни да чувате дете.
    Мене мајка ми пример на 44 ме родила belive it or not.
    Не дека неќела дете, не можеле едноставно.Спратот бил среден, работа имале двајцата со години веќе, ама некогаш кога не оди не оди.Арно што сум се родила :inlove:
    Не се брзајте, на 18 цел живот е пред вас(нас) има толку да се види во светот, да се прошета, да се искуси.Мислам секој си знае најдобро ама сепак, кога ќе се роди детето нема назад :nod:
     
    На dunika, cresa-jagoda, rolulika и 11 други им се допаѓа ова.