Прво, муабетот за живците. Од кај бе тоа дека на 18 имаш живци, а на 30 ќе ги кинеш? Јас на 18 бев хаос, штотуку излезена од пубертет, избувлива, инаетлива, бунтовна без причина. Како минат годините станувам сѐ посмирена, потрпелива, со поголемо разбирање за сите, и генерално постабилна и поодговорна личност. Не велам дека на 18 не можеш да бидеш смирен или стабилен, но факт е дека имаш помалку животно искуство отколку на 25+, а и врсниците најчесто не ти гледаат бебиња, па мислам дека овие работи баш повеќе би те нервирале, фрустрирале и би ти кинеле живци. Второ, пари. Од каде? Што можеш да работиш со средно и колку е тоа платено? По некое време ќе се породиш и нема да одиш на работа, па ќе треба да чекаш од мажот или од родителите, затоа што прилично сум сигурна дека на 18 години имаш 0 денари заштеда. Не дека е погрешно мажот или твоите целосно да те финансираат, но не е идеално и лично мене би ми сметало. За да се запишеш на факултет, повторно ти треба огромна поддршка и помош од твоите. Дали е изводливо да родиш на 18-19 години и да бидеш среќна? Секако дека е изводливо. Но зошто да биде така кога постои друг многу полесен и пологичен редослед? Ако било случајно секоја чест на сите оние кои решиле да ги задржат бебињата и треба да го извлечат најдоброто од ситуацијата. Но некој да ми кажува дека стварно посакувал бременост и да се оствари како родител на 18 години, нема да му поверувам. Можеби само 2% од популацијата.
18 години бремена? Барем јас имам такво мислење,во тие години незнаев кај да искочам во која дискотека или кафич а не па дете да имам.
Зар не те мрзеше да го цитраш сето ова, толку да се трудиш? Јас си стојам на моето а искрено и ти немаш многу поразлични работи кажано иако све си испревртела, нема потреба да се повторувам си стојам на мислењето, а ти не си компетентна да вреѓаш по форуми кој колку е зрел, а потоа да тврдиш дека секој со своето мислење.
Имам 19години и сеуште се осеќам како тинејџерка која допрва влегува во пубертет. Констатни промени на расположение, па плачки за безвеза, па дискотеки, кафани, пијанки и све тоа. Факултет, предавања, кафиња со колегите, нерви кинење за испити, за дечко оти не ми се јавил денес а бил слободен и слични " глупости ". Сеуште сум мамина и татина ќерка, уште се тресат над мене ко да имам 9години, а не 19. Уште сум малечка, барем јас се осеќам така. Ајде да не зборувам за финансии, релативно е тоа. Може да имамe пари ко киша ако не финансираат моите или неговите, ама зборувам од психолошки аспект. Гледајќи ја мојата состојба и моите желби, дете за 10тина години од сега. Имам премногу приоритети, а бременост и деца не ми е сеуште во план. Секој со своите желби и замисли за животот, ама освен ако не испадне непланирано па ајде да речиш ќе родам, чуму толку брзање за да станете родители? Таа обврска трае цел живот, а реално е една од најодговорните, ако не и најодговорна..
Здраво. Јас не го напишав мислењето, за да ти го сменам тебе мислењето. Ако така си разбрала, жалам, но очигледно дека погрешно ја разбираш целта на една дискусија, а уште повеќе, на еден форум. Која е разликата меѓу битанга и зрелост? Кога ќе се сетиш, ќе дојдеш до заклучок што е дефиниција за навреда. Зборовите кои сметаш дека сум ги превртела, (а не сум) дали тоа не знаеш да ги побиеш соодветно, па наместо тоа, пишуваш едно навистина содржинско мислење, каде во главна улога е мојот труд за преписка, (благодарам што се загрижи, но не се намачив) со неможноста за дистинкција меѓу факти и фантазија пар екселанс. Со ад игнорантум, можеби некако и ќе се извадеше. Ама штета, не ти текна. И навистина не сум компетентна. Но само за дебата со мислења без квалитет. Спојлер За твојата зрелост, не грижи се. Кога веќе дојде до состојба да си земеш за право дека оние кои не родиле не смеат да пишуваат во темава, види размисли, каде ти се изгубила истата? Можеби ќе ја пронајдеш во ова, последново твое мислење.
Си го сјебале животот такавите на 18 години што родиле деца Живејте го животот , децата се голема обврска и има време и после 30 тате години за нив , бар така јас мислам , сега ако некоја си сака на 18 да рага , нека си рага никој не и брани
Секој има право на избор. Дали си спремен, тоа е индивидуална работа. Сите имаме различни перцепции и различни замисли за животот. Она што за мене можеби е погрешно и е нелогично, за некој друг е нормално. И тоа сосем е во ред. Мојот став е дека 18 години е премногу рано за таков голем чекор. Има уште многу работи кои останале неискусени, а сите тие допринесуваат за животното искуство кое се гради и кое и те како допринесува за зрелоста. Не е само да се роди детето, важно е на тоа дете да му се обезбеди иднина каква што заслужува, безгрижно детство, солидно образование, воспитание...а тоа се работи кои и те како се разликуваат на 18 и +24 години. И не жените кои што родиле на +30 години нема да бидат стари мајки. Годините не ја прават жената стара, напротив мудроста и искуството уште повеќе ја разубавуваат и подмладуваат.
Ок, прво ќе се фатам за спојлерчево, човек со искуство и човек без истото не размислуваат исто, научно докажано. Јас кажав дека НЕ би родила дете на 19,20 години, дека е прерано, не го прочита тоа? Навратисе прочитај. Ама и реков дека не сте во право што детето го сравате во последен план и ги осудувате упорно тие што решиле да родат дете на таа возраст, стамота и греота, а, и напишав дека не му ја знаете математиката на никој за да осудувате, повторно. Иначе за битангата да ти објаснам, нема врска со зрелост туку(навратисе прочитај пак) може се да ти е перфектно испланирано па да ти се погоди некој таков и да незнаеш што ти се дешава со животот едноставно. И не реков дека има врска со зрелост иако '' зрелост'' го ставаш во секој коментар без потребно. А и имаше пишано за неплодност, е да ти кажам дека и за тоа немав возраст напишано ако прочиташ убаво без осудување ќе видиш дека е општо опфатено, затоа што има жени на 20 сакаат дете ама неможат и на 30. Значи секој има мака, целта ми е зошто осудувате како вие да сте совршени? И да жено, искуството ме прави повеќе да знам зошто знам како е без дете, а знам и како е со дете. Не се секирај ќе осетиш. И тие жени што ги спомна дека ги исполнува нешто друго може не викам не но секоја мечтае да најде љубов и да има деца, едноставно некои за жал не се успешни на таа тема па се исполнуваат со нешто друго, психолошки ги убедуваат другите дека се задоволни а во душа пукаат. А за дрецкањето знам слулаеви кога останале бремени на 20 абортирале сега плачат за дете неможат да имаат, судбина. А ти ако не дозволиш нема да те гледаат како репродуктивна машина, ние не раѓаме деца првично за мажите, туку за себе, а има на пример порано било така. И не сите ги фаќа пост депресија, ете немаш искусено и незнаеш, затоа не тврди. Иначе за услови во Мк не зборам зошто тешко е и болно. И сепак е се до одлука, размислување, среќа, ќе се навратам на мажите дека не се пресудни годините ако тој е дебил и не дека жениве се поинакви, едноставно тука ќе до додадам и Ризикот. Ти возвратив на се или нешто пропуштив? Зошто едноставно на некои луѓе треба неколку пати да им повториш.
За предрасудите кои срце ти бодат. И за тоа дека ние осудуваме, нема ништо повеќе од ова да ти кажам, уствари, самата си кажуваш: Прочитај си го уште еднаш мислењето од каде е изваден цитатов и дојди, објасни ми што се предрасуди. Околу искуството и правото за тврдење, само доколку го имаш ова првото, јас сум мајка на две деца. Поздрав тука.
Супер штом си мајка, мило ми е, значи сепак нешто сваќаш но гордост те држи. Иначе моето не е предрасуда, тоа што си го цитирала туку тоа е мислење за вашите предрасуди, научи да разликуваш. И не дека срце ми бодат мене никогаш не ми било битно кој што ќе каже за мене, туку има девојки несигурни што им е важно мислењето на другите и се затвараат во себе и прават грешки. Аман штом си мајка немој вака. Поздрав и од мене, ја затварам дискусијава.
Не ми се верува дека некоја намерно останала трудна на 18. Барем во денешно време не. Но секоја чест и капа долу на тие што ненадејно останале бремени и си родиле. Не мислам дека нема да го живеат животот тие. Не си умрела ако станеш мајка иако е подобро подоцна од аспект -кариера. За факултет ако сакаш и 3 ќе завршиш без разлика дете или сама.
Како "да ти се погоди" битанга? На лотарија ли ги влечете мажите? Не, не е гаранција дека на 30 нема битанга да најдеш, ама од ИСКУСТВО ги препознаваш многу полесно него на 18. Со какви сум се мувала во тинејџерски години, денес ни познаници не би можеле да ми бидат, а не маж и татко на дете.
Мене најголема цел во животот ми е да имам дете (деца). Живеам и сонувам за денот кога ќе сум мајка уште од мала. Ама на мои 19 години, моментално мајчинството не ми е во никаков план. Ниту па брак. Многу имам да проживеам. Кои ви се примериве "Другарка ми на 15 роди,па супер живот има" ?
Можеш да тврдиш дека има жени кои ги исполнуваат и други работи (па и нас мајките не исполнуваат и други работи, и ти си мајка и знаеш), затоа што тоа е факт, но да те исполнува нешто повеќе или нешто да ти е поубава работа од тоа да бидеш мајка на своето дете, треба ама стварно да си нетокму. А никој не може да тврди дали е најубаво и дали најмногу ќе го исполнува нешто што не го доживеал, може само да сака или да не сака да го доживее. Затоа никоја жена не може да тврди дека мајчинството не е најубавата работа во животот кога самата не е мајка. До сега немам сретнато мајка која се кае што го родила своето дете затоа што тоа и попречува некакви активности во кои ужива повеќе отколку во самото тоа што е мајка. Таква мајка нема, а ако има, таа е мајка-немајка. И јас не сакав да родам млада, сакав да шетам, завршив фалултет, се омажив на 26 а родив на 33, и уште шетам, уживам исто како и претходно. Но кога на 28 се соочив со потешкотии да се остварам како родител, и кога почнав да се влечкам по клиникине, кога ппчнаа да поминуваат години, верувај посакав случајно да останев бремена на 20 години кога се запознав со сопругот, отколку да го доживувам сето она што го доживеав.
Има и жени кои не сакаат воопшто да родат, не го сметаат мајчинството како нешто нај и нешто што е најголемо достигнување. И тие се нетокму? Сите имаме различни цели во животот. Се обидуваме да не ги осудуваме младите мајки но тие повеќе осудуваат (општо ова). Да родиме уште тинејџерки додека сме, јер понатаму ќе се соочуваме со потешкотии? Жал ми е за тие што се соочуваат и им посакувам што побрзо да го добијат она по кое копнеат, но можеш да се соочиш со тешкотии и во рани 20ти, годините не се толку битни како други фактори. Јас на мои 18 невина бев уште, не ме имаше машко допрено, а не да размислувам на бремености и деца. И не, не е исто искуството на 18 и 30. Едноставно не е, ни ние не сме истите. Еве имам другарка која остана трудна во втора средно. За мерак и е, зависи од сопругот, свекорот и свекрвата пошто нема никаква лична заработка. Ни средното не и е уште дозавршено, со основно сигурно ќе најде работа. Ако не го живееме сега животот кога? Детето не е играчка, голема обврска е. Не е да му го тупниш на родителите и да шеташ по цели денови и ноќи. И тие сакаат да уживаат во постарите години, не одново да бидат родители. Тоа суштество зависи од твојата грижа. Ќе те бара 24/7 скоро. И куче или маче да е си бара посебна грижа, не пак бебе. Не е во ред според мене додека не се осамостоиш финансиски, додека созрееш, додека не се стабилизираш психички и емоционално, додека не ја искористиш слободата најубаво што можеш, да имаш бебе. Уствари не сум мајка, што разбирам јас.
Извини ама нетокму е ова кое ти го кажа и треба да те е срам тоа да го речеш посебно за некој од твој пол за кој треба да имаш секаква подршка. Иако жената е создадена да раѓа не значи дека крајната цел и е да се оствари како мајка и дека тоа и е највисока цел у животот. Некои жени не сакаат да имаат деца и не се чуствуваат дека сакаат да бидат родители, имаат други замисли за живот и тоа е сосема во ред, личен избор за кој никој нема право да те осудува и да ти кажува дека си нетокму.
Раѓање дете е лесно, мислам, не е воопшто лесно, ама е најлесниот дел од приказната... Огромен удел игра понатамошната помош и поддршката од семејството и најбитно партнерот. Тие што немаат им е неиздржливо потешко. Тие што безразлика на се, сепак успеваат - секоја чест, силни луѓе се.
Зошто не е убаво? Приоритети се тоа, планови. Секој со свои планови за животот. Кај пишува дека моите и твоите мора да се исти?
Според мене 26 27 години за дете се добри години еве јас сега сум бремена со второ дете имам 30 години и многу ми е мачно.а првото дете го родив на 26 и имав прелесна бременост дури и голема свадба правев во деветти месец.значи пак ќе спомнам се е тоа индивидуално кој како сака тогаш ќе си одлучи за оформување на семејство бидејќи да се разбериме бебе е преголема обврака грижа итн