Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 18-19 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Tinaa98, 5 јануари 2017.

  1. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.670
    Е така може, зборете си за себе. Другите си знаат како и кога.
     
    На Sanjichka007, Annath, Lianna Anna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.980
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека има удел и домашното воспитување.
     
    На candy.cane и Ygritte им се допаѓа ова.
  3. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Спомнав и во претходниот мој пост дека секој си одлучува за себа ако прочитавте.никој на никого не му наметна мислење само си ги изложивме своите мислења кој како смета дека е подобро.
     
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Нема врска тоа, како што кажав и претходно мене мајка ми ме родила на 19год и кога правиме муабет на таа тема секогаш ми вика роди си сега додека си помлада, поубаво е незнам што и така ме има учено да родам помлада ама сепак јас имам мои желби у животот и не се чувствувам спремна на таков чекор, според мене највеќе е до карактерот на самата личност.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.218
    Ама тоа ти.
    Ако ја прашаш мајка ми, и бременост и дете чување со мене и' биле потешки на 23, со сестра ми на 36 песна и' било.
    Тоа е лично искуство, не е правило.
     
    На oblace1, candy.cane, Oxymoron и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    19.968
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се соочите со мајка која нема еднакво мислење со останатите мајки, не важи аргументот "мајка си и не знаеш", (иако е повторно протнат во заграда) ами важи аргументот "нетокму си, оти тебе те исполнува нешто друго повеќе, од тоа да си мајка.
    Извини, но ти скроз си ја промашила поентата во моето мислење.
    Дали ти тука, (болдот) зборуваш за мене? Оти јас не зборував за себе и во ниту еден момент не ги напишав ваквите зборови. Дали си ми доделила ваков примат, (благодарам) ти знаеш подобро од мене. Да ја погодеше, макар и минимално тематиката во цитатот на кој реплицираш, ќе знаеше дека не зборувам за жени кои родиле.

    Јас не познавам мајка, која смета дека има поубава работа од тоа да биде мајка на своето дете. Но тоа не значи дека нема такви. Знаеш ли колку случаи на чедоморство постојат и од кои причини истите се случуваат?

    Постојат и жени, кои не сакаат деца и чии приоритети се далеку од раѓање на истите. Таквите не се нетокму, ами се сосем нормални.

    Ако некој не сака нештото да го доживее, значи во моментот, не го смета нештото за најисполнително, ами има други приоритети. Ништо страшно тука, не паѓајте ве несвест.

    Мајчинството е најубава работа, за мене, за тебе, за останатите мајки, ќе биде за оние кои во иднина ќе бидат мајки. Но тогаш кога ќе станат мајки. Дотогаш, нема потреба да им се "сее" во глава што е најубаво, а што не. И убавината на мајчинството, апсолутно не подвлекува, дека треба да се роди на 20, скроз неподготвен за истото. Па уште и да се осудува зошто се приоритетите други.
    Дали ти кажав дека ја промаши тематиката во моето мислење? Не е темата тоа какви мајки има и која од нив е нај, а уште помалку пак е тоа дали постои мајка чии интереси се над нејзините деца.
    Многу ми е жал за тоа што си го минувала. И многу ми е мило што си успеала да се оствариш како родител. Но не можам да се согласам со тоа, дека (не ти) ако постои проблем, истиов нема да постои и на 20. Па дури и да не е од таква природа. Што правиме со оние кои немаат соодветен партнер? Дали тие треба да забременат од кој дошол, добродошол? Што е со оние кои немаат ничија помош и поддршка, не стојат добро финансиски и уште мал милион причини? Како ќе го гледаат детето, каков живот ќе му обезбедат на истото? Како?

    Јас на 18 години немав леб да јадам. Ако тогаш забременев, од што ќе живееше моето дете? Од воздух?

    Разберете дека постојат различни интереси, кај различни луѓе. Не сите имаат исти желби. Престанете да изнесувате "факти" со мајчински превез на очите и размислувајте трезвено.

    Јас сум родител и еден ден сакам да имам внуци. Но не тогаш кога јас ќе сакам, туку тогаш кога моите деца ќе го одлучат тоа. Тогаш кога тие ќе се чувствуваат подготвени за истото.
     
    На cresa-jagoda, blueeparadise, Tan4ence и 13 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Тоа сакав и јас да кажам.
    Да имав дете на 18 години:
    - ќе немав факултет (да, факултетот кој го завршив бараше ангажман од 8:00-20:00 и не можеше да се запише вонредно)
    - ќе немав работа или ќе работев деноноќно за минималец

    Да имав дете на 24 години, кога хистеризираше бившиот дека време ми било:
    - сега ќе бев разведена или на раб на лудило
    - ќе живеев со свекрва и ќе имав само едно сопче кај што свекрвата ќе влегува кога сака или ќе живеев на улица
    - ќе не можев да правам ништо во што уживам
    - немаше да можам да му пружам ништо на тоа дете затоа што и да напредував во работата исто ко што напредувам сега, тоа дете немаше да може да расте нормално заради околината во која ќе беше растено
    - ќе се обвинував самата себе си за тоа што нема никогаш да бидам сигурна дека моето дете ќе има тоа што му е потребно.

    Да имав дете минатата година:
    - ќе имаше се што му е потребно,
    Освен: татко на по пола година, и ќе требаше 6 месеци од бременоста да ги поминам сама.

    Да имам дете сега: сега веќе работиме на спојување, разместуваме, планираме, се надоградуваме. Мислиме на наш стан, планираме како да бидеме постојано заедно и да не мора да се делиме. Супер, тоа се ситници кои многу значат. Ама тие ситници ќе обезбедат тоа дете да има и мајка и татко кои ќе можат да поминуваат време со него.

    Тоа што сум ставила приоритет на кариера, на сопствен развој и што секој месец сум на некој пат не ме прави лош родител.
    Потенцијално, ќе ме направи подобар кога ќе имам деца. Ако ништо друго барем и културолошки и со знаење и со искуство сум поткована да израснам здрави личности кои ќе знаат да се снајдат сами во животот еден ден.
     
    На cresa-jagoda, blueeparadise, calliope и 24 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Самото тоа што најголемиот дел од ваквите бремености се непланирани туку резултат на сексуално неискуство и неиформираност - кажува многу.
    Како мислиш во мрачниот среден век да сме, па мажите и жените кои немаат потомство се сметаат за изроди кои воопшто не ни требале да се раѓаат, јер џабе им и диплома и магистерски и докторски студии, ако немаат придонесено кон 'основната ' човечка цел - репродукција. (facepalm)
    Можете да мудрувате до сабајле, ама никој нема да ви поверува дека на 18 години сте биле спремни од било кој аспект за тоа дете, најпрвин од психолошкиот. Спремни биле за дете, my ass.
    Да не ви се старите да ве помагаат, тешко на тоа дете првин, вас не ве жалам. Па после зошто се мешале, зошто се однесувале бабите ко втори мајки.. Вие сте ги ставиле у таа позиција, исклучиво вие.
    Друг подеднакво битен фактор, е финансиската состојба. Пресебично е да родиш дете а да немаш услови за истото. Пак ќе кажам, да не се старите да ви прифрлаат по некој денар одстрана, за корка леб ќе бидете гладни. Себично е на тоа дете да му обезбедиш корка леб и неизмерна љубов. Од љубов нема да живее, ниту да се облече, ниту ќе се прошета, ниту ќе се образува.
    И трето, бајките за форевер афтер.. Најчесто ваквите бракови се распаѓаат за година, две, пред се заради емотивната незрелост и 'жртвувањето' кое го носи едно бебе.
     
    На dunika, Yowannty, cresa-jagoda и 22 други им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.207
    Допаѓања:
    125.442
    Пол:
    Женски
    Јас сум девојка во раните 20-ти.Се уште немам дечко.Уживам во слободата,студирам и се надевам дека ќе дојдат подобри и поубави денови.Поради се што доживувам,не се гледам себе како мајка.
    Но,кој знае што носи животот.Ако наидам на добар и вреден човек,можеби ќе се решам да формирам семејство со него.Пред моја 27-28 година,не би раѓала.
    Не треба да се има дете на 18-19 години,тогаш е рано.На тие години човек треба да студира и да ја проживува младоста.Не дека не е можно да се гледа дете и студира на 18-19 години,но не е секогаш можно.Требаат стабилна психа,пари,време и поддршка од постарите.
    За кинење живци...Детето додека е мало,не е тоа кое ти кине живци.До 5-6 години не разбира многу работи.Мажот може да ти кине живци ако не ти помага доволно со детето,ако не покажува љубов и грижа.Детето ќе ти кине живци кога ќе стане тинејџер,ќе се бунтува и ќе излегува во доцните часови,а ти ќе седиш буден/будна,ќе го чекаш и ќе молиш Бога живо и здраво да си дојде дома.
     
    На cresa-jagoda, smooch, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Родив на 28, не ме изненадува ни на 19 да роди некоја, ни на 49. Само да е полнолетна :!:
    Секоја ќе си одбери како сака, и секоја возраст има предности и маани, кога е во прашање бременост и чување дете...
    Сенкир па оти родив на 28, повеќе знаев од тие што родија на 18. Врска немав! И кој и да ти кажува, што и да читаш, ништо не може да те 'спреми' за родителство.

    И се разбира, полесно е ако имаш покрај себе асолен партнер. Ќе викате, ќе цикате, ќе трчате, ќе правите, ќе плачите, ќе се смеете.. ехее :inlove:
     
    На minneymouse82, Lolo5, marchi-cool и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    За ова си во право, нас мајка ми нѝ рече, убаво ми е млада мајка дека бев, сега ми сте како другари, ноо Вие мора да се дообразувате, да завршите факс, да прошетате, имате време за да се вдомите.... Тоа не ви бега, ама годините ќе ви избегаат за учење, факултет не се запишува одпосле.... Вие можете пак да го завршите ама нема да го има истиот ефект... Еве јас сум 26г. дипломирав, се вработив па мислам дека е на ред бејби.... Ама секогаш ќе ми биде мака дела нема да сум со бебка исто разлика како мама и јас :wasntme::)
     
    На candy.cane, RedRevolution и zalosna им се допаѓа ова.
  12. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Родив на 20 год. и на 36 и мислам дека многу полесно ми беше да растам дете на 20 год одколку сега..едноставно повејке бев разиграна и јас (детенце) Сега се ме боли.. чат пат глава па нозе па кичма..ај да не се жалам супер е и вака мало освежувајне по дома :inlove:
     
    На marchi-cool, TeddyGrey, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.218
    Да знаеш колку мајка ми ја осудувале што толку долго второ дете не раѓала... а не раѓала ради - кариера. Баш.
    Мене ме родила оти мислела дека "само се' ќе се нареди" па сфатила дека работите баш и не се редат сами.
    Па стиснала заби и секоја и' чест на тоа што го правеше кога бев мала, иако веќе дипломирала, со тој факултет не можела да најде работа, па се надоградувала и учела итн. и дете чувала - и не, немало време ни место за уште едно дете. Оти децата од воздух не живеат, а и ако си родител, не значи дека животот за тебе завршил.
    Затоа и има толкава разлика меѓу мене и сестра ми.
    Ама пак, кога се роди сестра ми, мајка ми веќе имаше изградена кариера, финансиски стабилни беа, живеалиште таман, ни баба ни вујна не им требаше.

    Затоа за неа второто дете испаднало да е "песна". Оти можеше да плаќа бебиситерка, да обезбеди се' за децата, да не страдаме за ништо.

    И секогаш од неа најмногу сум слушала - прво среди живот, после деца.

    Оти нервозите не произлегуваат од имање дете, туку од сите околности кои отежнуваат чување на дете - немање финансии, свој дом, лична неисполнетост... итн.


    Инаку за образование, за да напредува во кариера, на 40+ запиша втор факултет "постручен" за она што веќе го работеше. Не е дека не се може.
     
    На Tan4ence, smooch, Kitten и 17 други им се допаѓа ова.
  14. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски


    Со се се слагам со тебе, не знам зошто ама имам впечаток дека мислиш дека нешто ти се спротивставував во мојот пост, повеќе може да се каже дека дообразложив како на мајчинство гледа една жена која не е мајка и една која е.

    Никој не може да знае колку би го исполнило едно дете кога сеуште го нема, може само да претпоставува.

    Тука само не ми е јасно, зошто излегува дека ем си ме разбрала кои се тие нетокмуто кога кажуваш ‘‘Јас не познавам мајка, која смета дека има поубава работа од тоа да биде мајка на своето дете. Но тоа не значи дека нема такви. Знаеш ли колку случаи на чедоморство постојат и од кои причини истите се случуваат?‘‘, е тие на пример се тие што се нетокму и тоа ова е најстрашната форма!

    Ем не си ме разбрала кога кажуваш ‘‘Постојат и жени, кои не сакаат деца и чии приоритети се далеку од раѓање на истите. Таквите не се нетокму, ами се сосем нормални‘‘ каде па јас реков дека тие жени се нетокму???

    Да не се повторуваме, пошто во скоро сите постови е напишано тоа дека со проблем може да се соочиш и на помлади и на постари години, и тоа е точно и нема никаква врска со чекањето, ама јас само кажав што почувствував во периодот кога се соочив со проблем.



    @Amellie13
    ‘‘Има и жени кои не сакаат воопшто да родат, не го сметаат мајчинството како нешто нај и нешто што е најголемо достигнување. И тие се нетокму? Сите имаме различни цели во животот.‘‘
    Кај реков дека тие се нетокму, многу е очигледно дека мислам за тие што се веќе мајки а имаат нешто поприоритетно од своите деца, а не мислев на нивните идни деца од нивната фантазија, погрешно си ме разбрала.

    Приметувам дека изразот ‘‘мајчинство‘‘ и тоа да станеш мајка ги поистоветувате.

    Да станеш мајка не е никакво достигнување, за достигнување се смета постигнат одреден успех во нешто за кое си се намачил и вложил во животот, достигнување е да изведеш дете на прав пат, мајчинство е да изгледаш дете а не да го износиш 9 месеци и да го родиш само, затоа мајчинството (успешното мајчинство) е и тоа какво достигнување.





    @1209 ‘‘Извини ама нетокму е ова кое ти го кажа и треба да те е срам тоа да го речеш посебно за некој од твој пол за кој треба да имаш секаква подршка‘‘, ајде да повториме, нетокму е жената која има поголеми приоритети од своето дете, веќе родено, не детето кое си замислува дека ќе го има во иднина.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.218
    Како да ти кажам, ама со раѓање на дете нема поправен.
    Не може да пробаш па да видиш дали ти иде, дали е тоа за тебе.
    Не можеш да го вратиш.

    Ни еден ден во мојов досегашен живот не сум посакала да имам дете. Ама ни еден. А со истиот човек сум од 18 години. Може ќе ми биде најубава работа на свет дете, ама кога ќе бидам сигурна дека го сакам и дека имам можност и желба за истото.

    А на 18, не можеш да ме убедиш дека било кој е "на чисто" со себе.
    Мајка и татко 18 годишни, искрено... не се издржаваат сами. Некој друг им ја мисли.
     
    На Someonespecial, Oxymoron, Lianna Anna и 9 други им се допаѓа ова.
  16. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски

    Да така е, потполно си во право за се што кажа, а што спротивно на ова реков јас? Каде јас убедувам дека е убаво да родиш на 18, на 18 јас не знаев како се викам од петок до недела :rofl:
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Знам и јас такви случаи. Еве и дечко ми и брат му се 13-14 години разлика. Неќам да раскажувам туѓи животи, ама причините се од прилика исти, и тоа е во ред.
     
    На Ygritte и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Според мене, рано е. Многу рано. Оти на 18 години и не знаеш што сакаш во животот. Не си зрел доволно да преземеш одговорност за себе и за своите постапки (со исклучоци секако, оти има луѓе кои животот ги натерал на предвремено созревање), не па да родиш дете и да го гледаш.

    Прво среди го животот, најди си човек со кој навистина сакаш да делиш се, во добро и во зло, човек кој добро го познаваш, ќе дојдат и децата на ред. За да можеш да им се посветиш. И имај ги, ако навистина сакаш да ги имаш, а не само ради реда, само затоа што си во брак и тоа е логичен редослед на нештата. Најважно е човек да биде спремен за обврските што доаѓаат со децата.
     
    На cresa-jagoda, Harper, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Ive13

    Ive13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    1.837
    Пол:
    Женски
    Па затоа реков да не се повторуваме секој си има свое размислување за темава.твое право е мое право е на другарката право е кога да одлучи да биде мајка
     
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.864
    Допаѓања:
    267.218
    Не треба никого на ни едни години да се убедува да роди - оти ако тебе ти е најубаво, некому... па баш и не.
    Тоа е муабетот.

    Не можам да знам што значи имање на дете, а може и не сакам да дознаам.
    Тоа не ме прави неисполнета, да се разбереме :)
     
    На Ygritte, Someonespecial, Oxymoron и 6 други им се допаѓа ова.