Ама што е форава, не ми е јасно, од прееска ми реплицираш за нешто што ти мислиш дека го мислам а никаде не сум го напишала, каде прочита дека јас некого убедувам да стане мајка? И тоа ‘‘некому... па баш и не‘‘, секако се однесува за тие што уште не се мајки, и јас дури не бев мајка не го гледав тоа како нешто најубаво на светот, сега го гледам. Јас цело време зборам за приоритетите на една мајка и една која сеуште не е мајка, и мака ми е да се повторувам. Се почна од тврдењето дека нема ништо поубаво од мајчинството, и тоа може да го тврди само мајка, никој друг, затоа што никој не може да тврди нешто што не доживеал, тоа цело време го верглам. Еве и јас тврдам дека нема ништо поубаво од тоа да си мајка, пред да станам мајка не тврдев дека тоа е нешто најубаво на светот, не знаев како е едноставно, милион други работи за мене беа ‘‘нешто најубаво на светот‘‘. И дали ти реков ли дека си неисполнета, дали те убедувам дека за да се исполниш треба да станеш мајка? Не. Тогаш што сакаш да ми кажеш, никако да те разберам?
Искрено е премногу рано дете до 20 години,не дека над 20 е таман,ама што се бе луѓе 18 год,тек животот почнал,лудување,кафани,диска,дружби,искачања,авантури,забава,факултет,градење на некоја кариера.Живејти си го животот,ке си дојде све во свео време,сами ке осетите во позрелите години,дека сте иживеале све и сите лудувања,и дека сте спремни за дете,брак. Јас на 18 години,едвај чекав да дојде петок(викенд),па да искочиме со дружината на лудување по Скопските диска .И покрај тоа што си заработував за себе,и си бев свој човек,не зависев од никого,не сум размислувал на ништо сериозно,врски,бракови,деца,чуда,него да си го иживеам моето време.
Абе како прајте вие, сенкир ако станеш родител, мора да запре излегувањето засекогаш. Тој што сака да си шета, шета и кога е со деца и кога е без деца. Тој што не е по шетањето, ни со, ни без деца не шета. Сега.. Може првите неколку години ќе се изретчи излегувањето, ама родителството не значи дека ти запрел животот.
Секако дека зависи од човекот. Ама кога ќе имаш дете, не ми оди висење по кафичи и дискотеки од петок до недела без исклучок. Децата нема да бидат цел викенд кај баба и дедо, а факт е дека не си баш способен да се грижиш за деца ако си заглавил до ниедно време во диско и си мамурен и ненаспан.
Само малку ми е глупаво ова дека некој може да изживее се, секогаш потојат работи кои сакаш да ги правиш и кои можеби е полесно да ги направиш без дете, значи не подобро, туку полесно. Јас 34 имам, на 33 родив, уште искачам, уште ми се шета, ми се оди на патувања, ми се патува со мотор, и скоро па се е возможно и со дете, мајка ми 65 има и по кафиња со другарки и шетања и патувања и искачања и се и е сеуште интересно и се радува на тие работи. Но младоста е нормално поубава за сите тие работи, затоа важи ‘‘правилото‘‘ изнажиивеј се па после дете, во ред е тоа, но и на детето не треба да се гледа како на пречка, ко тука да завршува животот, напротив, продолжува на еден нов начин, затоа што со дете приоритетите се менуваат, но не и желбите и начинот на уживање, па со дете или без, сепак финансиите се проблем поради кој не можеме да си дозволиме многу работи во кои уживаме.
Не е исто уживањето со дете и без дете. Откако ќе се активира мајчинскиот инстинкт се е другачие. Е има исклучоци кај кои и на 18 и на 28 и на 38 да родат кај кои нит инстинкт нит ништо се активира. Тупни го кај бабите и ајдееее журки од понеделник до недела ко крај на светот да е ако не се излезе од дома било каде.
Јас родив на 19 не згрешено посакувано бебе беше Имав долга врска завршив средно он беше вработен на убава позиција и двајцата со убави плати Шо ми фале??? Треба да разберете дека период од 5-10години во кој се раѓат и подигат деца мора да поминете Дал на 19 ил на 30 вас ве чека не некој друг Сега децата се големи самостални и заедно шетаме они успааѓаат у град исто и ние си испаѓаме Не може сите на 30 да се мажиме некој порано некој покасно
Токму така, затоа реков, приоритетите се менуваат, верувај ми имаме пријатели кои и кога бевме без деца не излегуваа никаде, едвај чекаа дома да си пуштат филм и да си се гушкаат сами или да им одиш и да ти дојдат дома само и толку, и така цела младост, ние се утепувавме до сабајле од шетање, сега не е исто, има и тоа, но желбата да сме си со синот ја потиснува онаа поранешна желба за нон стоп скитање, и ништо не ни фали, исполнети сме бескрајно. А исто имаме пријатели кои сеуште ги мерат кафичите до сабајле на свои 40 и кусур затоа што се сингл, и што е разбирливо, што ќе прават дома сами.
Здраво на сите јас сум 19 години и сум бремена сакам да им кажам на оние кој не оправдуваат да се има бебе на овие години знам дека сите сакате да дадете свое мислење а пример за мене ова е најголемата среќа на цел свет едвај чекаме со маж ми тоа мало суштество да биде до нас неочекувано испадна но сепак не се каам некој ми викаат абортирај а тоа нема никогаш да се случи зарем да се уништи тоа срце нема шанси сакам да им дадам подрпка на сите млади мајки да ќе имате предрасуди и тоа многу ама кој го боли за тоа кога ќе слушнете како му чука тоа мало срце ке сватите се сепак треба и да бидете сигурни и да му веруватр на вашиот партнер дека секогаш ќе биде покрај вас позз
а што на 30+ нема да го "тупниш" кај родителите или свекорот свекрвата? На 30+ планираш од дома да не излагаш?
јас сосем се сложувам со тебе. Напоменав еден пример со мој братучед кој и покрај тоа што на 30+ добија дете не престанаа да излегуваат кога се имало потреба. По свадби веселби прослави состаноци... Излегувањето е составен дел од животот и ќе имаш потреба да излезеш без разлика дали на 20 или на 40 и никому ништо
Скоро секаде ги носиме двајцата со нас кога излегуваме, освен ако мора по молови да се одиме или подолго да сме излезени, поради обврски, не од забава. А забавата преку ден за викенд ни е со децата. Навечер ептен ретко излегуваме и јас и мм. Преку ден ги чуваат кога се дома, што па да им ги тупосуваме? Наши деца се, не нивни. Доволно е што ми ги чуваат кога и да ми потреба, читај кога сме на работа. И тие заслужуваат одмор.
епа ете пример дека луѓето од 30+ кои се изградени во секоја смисла сепак имаат потреба од поддршка од постарите.
Сигурно не толку колку тие на 18. На 18 не можеш да си осамостоен како на 30. Се разбира дека понекогаш ќе го причуваат и старите, но воопшто не е фер стално да им ја наметнуваш таа обврска додека си шеташ со саати. Ни излегувањето не е исто пред и по имање дете. Не барем додека детето има потреба од грижа и уште не е осамостоено.
Не секогаш, не секогаш Сестра ми не е чувана од баба ни 1 ден. Ни мене многу не ме чувале, ама татко ми имал 29 кога сум се родила, па финансиска поддршка од родители моите никогаш немале, само татко ми работел, на 2 места, додека мајка ми не се вработила. Иако мајка ми не била премлада на 23, сепак среќа нели што татко ми бил доволно стабилен веќе. А двајца од по 18-19... тешко.
Затоа реков, додека се мали, поретко ќе биде. Ама чим наполнат 5-6 и тргнат на школо, можеш и секој викенд ако сакаш. Плус, ако имаш пари, можеш и бебиситерка да плаќаш, не мора баби и дедовци да ги чуваат.
Ај за жени и вака и така, ама ти да имаш дете со маж што има 18-19 години... од таквиот ако очекуваш да е зрел(со оглед дека машките покасно созреваат во умот) па уште татко... нема шанси тоа во мојата глава... кај дете па и маж нестабилен= нервози. Не, не тоа не ви треба, бидете малце мудри бе девојки. Машките во тие години само на секс мислат и нормално дека не ни помислува на дете ама сексот нека си е без кондом пошто поубаво е... не прајте грешки. А ко се десило веќе ќе се справувате со ситуацијата и ќе научите да живеете со тоа. Сепак поздрав до вас, најискрено ви посакувам убава бременост и со лесно и во бременоста и во понатамошниот мајчински живот. Детето е љубов
Маж ми имаше 28 кога правевме свадба, јас 25. Знајш колку беше зрел? Та и тој, та и јас? За некои работи, не може ништо да те спреми. Како стапувањето во брак и имањето дете. Чим ти е прв пат, на било која возраст да е, ќе ти биде 'културен шок'.