Но, како и да е ко си веќе во брак кога тогаш знаеш дека ќе имаш дете или планираш да имаш. А на 18,19 па и помали , ретки се тие кои планирано остануваат трудни. Сигурно 90% се случајно останати трудни. И тоа не е шок само за нив туку и за нивните родители.
Па и не се сложвам со тебе,еве на пример јас на 31 најубај години наместо да уживам сега,да шетам,да си појдам на вечера со мм,а децата да ми се порастени јас се распрам со бебиња и со пелени и не можам да седнам едно кафе да испијам на раат.. Тие шо не планирет факултети и не знам кариера да градат нека си родат на 18-19 и после нека уживет во животот!!
За тоа се согласувам.. Дека е шок и за родителите. Ама тие родители, ако не сакаат такви шокови да им се случуваат, треба со време да си зборуваат со децата, отворено.... за заштита од бременост и сексуално преносливи болести
Да, информираноста е многу битна работа... а не како одредени случаи тука на форумов да се чудам дали стварно постојат девојки кои појма немаат како се случува бременост.
Исто е бе.. ако си го напрајш да е исто. Озбилно. Дури не пркни, малку покомплицирано е... Ама тие што плаќаа жени (мои блиски), мислам дека ни тогаш не им беше проблем..
Што викаш. Ако не учи, па и без амбиции околу работното место, или можеби од друг калибар... па нека си роди на 18.
Може и да учи и да работи и да раѓа. Како прават во САД. Едвај 2 недели имаат породилно.. И тоа, ако им се смилува работодавачот.
Знам. И сеуште не гледам како недостатокот на желба за остварување ма другиве полиња треба да е стимул за да се оствари како родител. Во стил кога тоа тоа и тоа не оди, барем дете роди си. Тргни го од дневем ред.
Па не мора да значи дека е секогаш така. На некои им е навистина примарна цел тоа, а не секнд слопи.. или трета, петта... Некои навистина уживаат да бидат само тоа, и ништо друго.... Ја не.. али некои
На 17 да ти е единствена желба да затрудниш за на 18 да си го родиш... Има и такви што викаш, може, не викам не.
Многу страни се испишале но сакав да кажам за будалите... Да во животот секогаш може да налеташ на будала и тоа нема врска со годините и искуството. Добро со искуството може побрзо да откриеш дека е будала, ама за мене нема поголема будала од таа кој намерно ќе те остави трудна на 16-18 год.
Да, имаме поддршка и сме благодарни за тоа, не ја злоупотребуваме. Излегувањето за нас сега не е исто како пред да имаме деца. Приоритетите се поинакви. А кога веќе ќе решиш да имаш деца, треба да сфатиш и прифатиш дека ништо повеќе нема да биде исто. Искрено, не. Не ми е дојдено до излегување секој викенд, ниту пак сакам децата да им бидат обврска на баба и дедо за викенд. Како што спомнав погоре приоритетите се менуваат кога ќе добиеш деца, барем моите. моите. Во периодот од 18-30 години навистина уживав во животот на еден начин, максимално ја искористив слободата и безгрижноста. Штом добиеш деца, се е поинаку. Барем еве, за мене.
епа мајка на било која возраст нема потреба од излагање кога веќе знае која и е обврската. Помош од постари исто така секоја мајка на било која возраст има и ќе има. За уживање во животот се ужива и со дете.