Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 18-19 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Tinaa98, 5 јануари 2017.

  1. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Искрено сум против. Знам дека има примери на жени кои се омажиле на 18 се оствариле на многу полиња меѓутоа тоа е многу ама многу ретко. Во главно се мажат поради непланирана бременост и затоа не сакам да читам за некаква љубов или брак на 18/19/20 години, тогаш се работи за сексуална неедуцираност и невнимание. Точно е дека човек може да погреши во изборот на партнер секогаш и годините не се мерило за зрелост меѓутоа искуството и те како е. Не размислуваме исто на 20 и на 30 години. За мене бракот не е само за денес и утре, туку нешто што треба да трае за цел живот барем така размислувам јас.
    И не сакам да читам за имање и немање нерви пошто тие што ме читаат знаат дека јас моите ги изгубив уште на 18 години, останав без еден родител и со друг алхоколичар и психички нестабилен. Меѓутоа и покрај тоа секогаш сум била со внимание и љубов насочена спрема секое мало дете, оние кои ме познаваат знаат колку голема дечарка сум. Не се исто туѓи деца и мои ама верувам дека еден ден ќе бидам добра мајка и ќе им го дадам сето време, внимание и љубов на овој свет.
    За мене 20 години се време кога треба да се учи, работи, шета и ужива без никакви обврки. Утре здравје ако имам ќерка многу повеќе би сакала и би ми било мило на 20 години да се образова, да работи, да патува, да се дружи отколку на 15 години да ми влага во сериозни врски а на 18 да се мажи.
    Факт е дека на 30 години сме далеку позрели, знаеме како да реагираме и да се поставиме во одредени ситуации со сопруг и други членови во фамилија, а не при прва кавга назад кај мама. И изборот на парнер е многу важен, тешко некој на 18 години да може да процени дали е тоа тоа. До 30 години поверојатно е да се најде стабилна работа, да се смени работно место, да се среди колку-толку станбено прашање, да се заштеди нешто. Исто така и изживеана младост, не викам дека ако сме се омажиле треба да седиме 24/7 ама реално е дека не е исто со деца и без деца не може никој да ме убеди во спротивното. Сега кога сум девојка можам да си дозволам да излезам кога сакам, каде сакам, да се задржам колку сакам. Исто да потрошам пари колку што сакам без да се оправдувам каде и зошто сум ги потрошила. Едноставно бракот, децата е многу голем чекор и обврски. Убаво е и кога се има помош од родители ама реално тоа не би било брак и не може да се функционира секојдневно така. Убаво е да има кој да ти го причува детето ако си на свадба, прослава, излезени како и секој брачен пар ама тоа не може да биде секој ден, барем јас не би сакала и можела да функционирам така.
    Затоа мислам дека за се во животот си има свое време, не гледам причина да се брза.
     
    На Lolipop23, Monella, Nausicaa и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.557
    Допаѓања:
    201.691
    Пол:
    Женски
    Никаде не реков дека не уживам во животот со децата. Ама веќе ја нема безгрижноста што човек ја има пред да ги добие. Обврските се други, поголеми, родител не престануваш да бидеш. Никогаш.
     
    На lovestoneddd, dayla, Ava.84 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Колку си само во право за ова... Пишував и во другите теми, порасната сум само со мајка ми, татко ми рано почина .. Од првиот час кога добив циклус на 11г. Мајка ми ме седна и ми кажа отворено без срам што е и како стојат работите.... Ми рече само доколку останеш бремена ти се молам прво да ми кажеш мене на никој друг за да го решиме тоа како што треба.... Рано е да имаш секс на 15-16 години, можеш да закачиш СПИ кои подоцна ќе ти го комплицираат животот.... Откако порасна и брат ми муабетов беше ист и со него... Мајка ми не е образована жена (без диплома е) но е многу начитана, иако потекнуваме од рурална средина, но цел живот ќе ѝ бидам благодарна за советите кои ги добивам....Кај нас е отворена комуникација цело време без срамење.... Не знам што е толку срамота да му објасниш на дете како стојат овие работи.... :wasntme:
     
    На Feminist20, Lolipop23, dunika и 13 други им се допаѓа ова.
  4. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Раѓање за пари од државата
    Раѓање за да има кој да чува родители на старост
    Раѓање за да има кој да работи по дома
    Раѓање млади за порано да се отарасат од деца
    Раѓање за да не избега возот
    И после зашто децата несреќни
    Ниедна не спомна раѓање од љубов. :drunk:
     
    На lovestoneddd, Nausicaa, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  5. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Една моја соученичка но само во прва средно, остана бремена на 14 а роди на 15 бидејќи немаше со кој да излегува и не се согласуваше со соучениците.Не доврши средно и покрај сите убедувања од нејзините дека ништо нема да постигне со седење дома.Се омажи за да не и се смеат дека е сингл и дека нема никој во животот.На иста возраст сме, а само едно полугодие бевме заедно од кое што цело време бегаше.
    Муабетот ми е дека наместо да се спротистави на сите таа избега од проблемите.
    Затоа мислам дека психички треба да сме спремни за деца па после да родиме.
     
    На Donn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    И после ова што да се очекува од тоа девојче, додека нејзината генерација оди на факултет, излегува, шета по светот, а и кое искуство животно го има она стекнато сама за себе па утре да го пренесе на нејзиното дете, што она ќе може да го научи тоа дете како да фукционира у животот, единствено истото што она го направила.
     
  7. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Не знам, она роди бидејќи беше исмевана дека е сингл, а навистина е убава на изглед само што сега многу се запусте во последно време и ми е криво барем ќе се дружевме.
     
  8. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Ниту е за величање ако некоја родила млада ниту е за смеење ако некоја родила по триесеттата година од животот, и обратно.

    Најголема улога игра психичката подготвеност и финасиските можности. Ако човек не се чувствува спремен на такво нешто и ако не прифати на време дека голем дел од работите ќе се сменат, нема потреба да се избрзува, ако зборуваме за планирање на бременост.

    Нема ништо ужасно и себично во тоа некој да роди покасно од она што е вообичаено во околината. Кариера и шетање по светот на прво место. Било себично бе... Што е себично е во стекнување на нови знаења и искуства кои подоцна ќе му се пренесат на детето, кои ќе помогнат една личност да израсне единка со отворен ум, без предрасуди кон другите и доволна свест за различностите во светот?

    Каде пишува дека има одредена возраст за раѓање и одгледување деца? Исти се сите луѓе на светов, па ова непишано правило на сите исто се применува?
    Се работи за индивидуи, со единствени карактерни особини и начин на размислување, нема двајца комплетно исти. Кој кому дава за право да коментира што е правилно и како треба, а што не е и како не треба?
     
    На Animali, dunika, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.279
    Допаѓања:
    9.105
    Пол:
    Женски
    Жалосно навистина, сама причина кажува доволно колку паметот му 'сече' на 14 годишно дете, само незнам како од дома ги воспитуваат таквите деца најпрво што толку рано почнуваат да се сексуално активни
     
  10. lasthope

    lasthope Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    366
    Пол:
    Женски
    Шокот беше што дома ја фатиле болки за да роди инаку не знам што девојка беше како успеа да сокрие дека е бремена но немаше баш стомак а кога и потпорасна вешто го криеше со огромна облека и се фалеше дека слуша рап и дека сменила стил.Како и текна да го направи се ова јас за 5мин ќе се издадам.Не знам и нејзините како не приметија не се деца..
     
  11. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Koга сме на темава ми текнува на @CameliaMiller, eве девојката има долга врска, не е во брак и со дечкото си инвестираат во сопствен дом. Ова го знам од мислењата што ја читам низ темите, да се омажела на 19 години до сега можеби ќе имала и детенце за во школо. Долга врска ама сепак завршила факултет, шетала и сега си градат дом што е за голем поздрав. И не ја познавам лично за да ја поддржувам или нешто слично туку ова ми останало во сеќавања што сум ја читала. Со деца многу потешко се прави куќа, ова го знам зошто моите почнаа да ја градат куќата кога јас бев многу мала и многу работи ни беа скратени зошто средувавме и ден денес средуваме. Секогаш не може се да биде решено ама барем некои основни работи да.
     
    На candy.cane, drugarka, S.J.Parker и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.534
    Пол:
    Женски
    Во принцип, на 18-19 години си студент.
    Почнуваш да го менуваш начинот на живот, за навиките и гледиштата за не зборувам.
    Се храниш нездраво, јадеш остатоци и храна од пред неколку дена, не секогаш домашна, во најлуди и невозможни комбинации.
    Спиеш кога можеш, шеташ колку можеш.
    Домот(-далеку-од-дома) станува мање битен, се додека можеш да легнеш кога сакаш т.е. креветот е секогаш "слободен" без никакв обстукции и барикади. Чистењето инаку е во втор план.
    Немаш проблем издржување на нога многу работи.
    Слободен си, во период кога може да правиш и глупости во рамките на одредени граници.
    Нови дружби и контакти се појавуваат, кои со себе носат нови работи и обврски.
    Развиваш хоби-ја кои бараат време и посветеност.

    Навистина започнуваш да го осознаваш светот.

    Не судам никој, а притоа пишувам од искуство.

    Факт е дека најголем дел од ваквите бремености се инциденти, но и тие што не се, не верувам дека идните родители реално ја разбираат тежината кое секое дете ја носи со себе. Не е доволна желбата, како и очекувањата и надежите дека времето ќе го носи своете, односно дека повеќето работи ќе ги откривате кога ќе се случувааат. Родител си секој ден, цел ден, од раѓањето, до крај. Нема паузи, нема тајм аути, нема одмор.
    18 години не се доволни за да научиш да бидеш родител.

    Од една страна, ем не си доволно добар за нешто, од друга страна многу работи испушташ со шанса никогаш да не ги проживееш на начин кој е во природата на секоја единка- слободно.

    Секој одлучува сам за себе, и секој со своите приоритети.
    Само, тоа не менува ништо во поглед на перцепијата за нештата- а животи.
     
    На Kitten, candy.cane, blueeparadise и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    прв пат имав односи на 18 и секогаш многу сум се пазела. не сум сакала да забременам ни под разно.
    сите чекаме до 30 за разлика од блиско минато, кога и на 22,23 било ок да забремениш. сега не е толку ок, за 80% од луѓето тоа е рано.
    и сега на 30 се мачам да забременам. и многу голем дел од жените исто. да знаев дека е вака и на 22 ќе раѓав :) ама нееееее, рано било, сакаме да шетаме, така викав , ќе чекам до 30 хах...глуперда :)
     
    На marchi-cool, Ive13 и Ygritte им се допаѓа ова.
  14. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    9.165
    Пол:
    Женски
    Ни на 18 ни на 38 не сме научиле како е да бидеш родител. Тоа се учи од кога ке станеш родител. И секој случај си е сам за себе. За жал некој ни на 40 не заслужил д биде родител, тоа не е нешто што се учи со староста. Тоа е комплекс на многу чувствства заедно. Јас првпат станав родител на 30г. И сметам дека сум задоцнила, да можам да го вратам времето би раѓала на 25. Ова е мое размислување .Има време и за деца и за кариера, рачунајте дека после 3тата година.децата од ден на ден се посамостојни и независни од нас, ние сме тука само да го држиме правецот.
     
    На Lolipop23, marchi-cool и Ygritte им се допаѓа ова.
  15. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Се е во ред ама факт е дека проблем со неплодност можеш да имаш и на 18 и на 30. Никогаш не можеш да знаеш како би било, знам жени кои на 40 родија прави здрави дечиња, а знам и такви кои на 20 имаат проблем со забременување.
    Светот оди напред, јас не гледам причина зошто да се навраќаме назад. Нема потреба со споредби како било во минатото, зошто не е воопшто исто денес и пред 30 години. Денес имаме многу повеќе можности да се школуваме, работиме, шетаме а пред многу години не верувам дека го имале.
     
    На Quincy, Amellie13, calliope и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    A некои жени кои се соочиле во неплодност на 30, можеби и на 20 го имале истиот проблем ама не бил откриен зошто не пробувале да забременат.
    Не знам што е кај тебе причината и не те прашувам ама неплодноста скоро и да нема врска со годините.
     
    На christinnn и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    18 години не верувам дека некој сака да стане родител сигурно е поради грешка според мене. Во најлудите години каде што дење спиеш а вечерта си излезен, пијан, лудуваш по дискотеки.А и финанскиски не си обезбеден, ни си зрел ништо раѓање според мене после 30 година. Психички спремен за тоа дете со желба да го направишш и со љубов а не по грешка и да се каеш после..
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.332
    Допаѓања:
    28.240
    Пол:
    Женски
    Јас имам близок пример во фамилија.
    Своеволно и на свое инсистирање одма после матура се омажи и стана бремена,па додека роди направи 19 год.
    Секој со своите приоритети и одлуки.Според мене е рано.18 год време кога теба да се надоградуваш,да излегуваш,лудуваш,да се дружиш.
    За нова година го имаа бебето оставено со баба му,купија и АД за да можат на раат да седат в кафана.:x
    Не дека од кога ќе родиш треба да се затвориш дома,ама ќе си го смениш секојдневието,и приоритетите.
    Како и да е,според мене рано е.
     
  19. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    не зборам за неплодност. факт е дека потешко се забременува во 30ти од 20ти.
     
  20. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Во контекст на каењето...
    Да знаев дека ваква држава ќе станеме, немаше да учам, ќе одев одма во странство.
    -Да знаев дека ќе се топам гушната со мм, немаше да плачам со ноќи по бифшиот, па и тој пред него...
    -Да знаев дека ќе ми почине дел од фамилијата, ќе сменев многу работи.
    -Да знаев се' што ми се случи низ животот, сите лоши работи, ќе постапев поинаку.
    Ама не знаев, имав убави моменти, имав и претешки, се соочував и сеуште се сочувам со разни пречки. Ама никако не можам да се обвинувам себе за работи кои не сум ги знаела. За работи кои што зависат апсолутно од мои одлуки и работи кои не зависат никако од мене.
    Да се омажев на 19 немаше да бидам тоа што сум денес, ниту луѓето во мојот живот ќе бидат исти.
    Не можеме да го вратиме времето назад, ако сме донеле таква одлука сега, погрешна, и да ја сменевме во минатото, ќе донесевме можеби некоја друга уште попогрешна и ќе завршевме токму каде што сме пак.
    За мене постои само минимална возраст за бременост, максимална доколку е возможно не. И на 40+ ми е тотално оправдано. Само да не се јадеме за минатото...
     
    Последна измена: 11 јануари 2019
    На calliope и baba Rada им се допаѓа ова.