1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 18-19 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Tinaa98, 5 јануари 2017.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Апсолутно не е така. Пак е сѐ индивидуално. Кој има потешкотии во забременување ќе ги има и на 20 и на 30. Не зборуваме за возраст 40+ кога веќе кај некои настапува менопауза па е потешко забременување.
     
    На TeddyGrey, Belgin1, drugarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Како јас да сум го пишувала. Бев во долга врска, и неколку години врска на далечина заради студии. Се вработивме, купивме стан, се земавме и решивме да шетаме заедно некој месец. Сите, ама буквално сите мислеа дека не сакам деца, дека сум себична ило дека не можеме да имаме деца затоа што помина доста време од свадба, а нема дете на пат :)

    пс. иде беба сега, на 31 година :)
     
    На tina2018, cresa-jagoda, DAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Честиткиии:inlove:. Имам пријателка што за малку помислив дека си ти истата додека не прочитав дека си бремена. Со мажот се откако памтам, сите другарки нејзини имаат бебе, а и таа сака да има деца ама моментално приорет и е да се средат финансиски и да изнашетаат.
     
    На KuklickaSk, Snowflake97 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не пишувам за да се одбранам. Јас со тешки маки останав бремена на 20 год. Со редовни прегледи пред тоа се испостави дека нема да можам лесно да забременам и година време се труев со хормонски апчиња бидејќи на таа возраст не сакав да имам бебе, мислев не сум спремна, немав желба за такво нешто. Откако го запознав сегашниот сопруг ми се смени тоа мислење, а и не сакав да продолжам да живеам во страв дали некогаш ќе можам да имам деца или не. Иста ситуација е и сопругот, поради лошиот начин на живот со тек на време увидел дека и тој не можел да направи дете толку лесно. Откако решивме дека сакаме одевме по доктори, ваму таму и секаде ни велеа дека тешко ќе биде. Десниот мој јајник нефункционален, едниот тестис на мојот маж нефункционален. Левиот мој јајник не произведуваше доволно фоликули, пробувавме некое време. Не одеше../ И така со упорност некако успеавме. Сега го гушкам син ми и знам дека не сум погрешила. Подобро сега отколку никогаш. Свесна бев дека факултетот нема сам да се доврши и еве до сега и тоа со волја и упорност го терам, не ми останал неположен испит. Свесна бев дека му дошол крајот на моите еразмус патувања и шетања кај ќе ми текне, и еве да се вратам назад пак исто би постапила. Ништо на светов не ми е поважно и повредно од моето бебе и мојот сопруг. Знам дека можевме да тераме уште некоја година заедно и да шетаме и којзнае уште што не. Можеби и подоцна ќе можевме да имаме дете, но можеби и не. Можеби ќе можевме и повеќе да се посветиме на детето ако јас почекав да завршам факултет и да се вработам.Ама не гледав зошто да чекаме кога сме финансиски обезбедени, си имам јас сопствена кола, имам некакви примања,тој има стабилно и добро платено работно место, за неполни 3 месеци целосно опремивме цел спрат, го средивме од бетон до се комплет и со луксузен мебел и со се.
    На малиот ништо не му фали од најкрупни до најситни работи се му имаме купено.
    Сум имала примери околу мене доста. Луѓе биле во сериозни врски со години, секаде шетале, се виделе и на крај ништо од целата работа. Не гледав причина да чекам и да губам време кога знаевме дека тоа е тоа. Врската ни почна необично и со тек на време сфативме дека тоа е тоа. И да теравме 5-10 години исто ќе беше, само ќе ни висеа прашалници, дали ќе можеме понатаму, дали ќе биде се добро? Вака сме помирни, ако понатаму не можеме, барем ќе си имаме едно детенце. Докторите кои ми ја знаат историјата ми рекоа дека ова бебе е чиста среќа, со тие мои проблеми е реткост да се остане бремена природно. Не би да навлегувам повеќе во тоа. Само си кажувам дека кај мене беше само од желба и љубов. Не беше по грешка, не беше ни поради стравот дали понатаму ќе можам да останам бремена. Првенствено беше од љубов, од желба да имам дете со човекот кој го сакам.
    Сега имаме се што може некој да посака. Имам радост дома секогаш кога ќе го погледнам тоа мало суштество, имам мотивација да бидам подобра личност за него. Полека ме смени. Уште во бременоста почна да ме прави подобра, се откажав од многу нешта за него. Целосно откажав цигари, алкохол, апчиња за смирување, престанав да си го оптеретувам мозокот со црни сценарија, се си сменив за него. Еве и уште се менувам. Имам многу нови нешта, некои подобри некои помалку добри.
    Имам и стрии и вишок килограми од бременоста. Имам проблем да се погледнам во огледало поради моите недостатоци, но никогаш не гледам на тоа како прав недостаток, туку сум ги прифатила уште многу пред тоа. Ги прифатив како потсетници на она што денес го држам во раце и му се радувам. Белези кои ќе ми останат спомен и ќе ме потсетуваат на се што сум жртвувала за нешто многу поважно и поголемо.
    Имам и фамилија која ме подрржала во се, можеби на почетокот не биле воодушевени од мојата одлука, и сега не се, но никогаш ме немаат оставено сама, никогаш ме немаат осудено. Имам среќа претпоставувам.
    Кога сме веќе кај тоа што се имам, имам и една свекрва која не си го знае местото, ама јебига не може рози да цветаат насекаде. Најважно ми е што има љубов меѓу нас и разбирање, се друго ќе се среди.
     
    На IAmPresident, mariz, LucyLu и 16 други им се допаѓа ова.
  5. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Ова само во ова тупо општество се смета дека кога некоја ќе роди дете, ќе и заврши животот. Детето не одзима време воопшто ако знаеш да си го средиш животот. Не треба да го запоставиш, ама па и не треба робинка да му станеш. И покрај дете има време и за шетање и за дружење и за кариера. Не гледам зошто би било поинаку.
    А за тоа која кога ќе раѓа е чисто индивидуална работа. Некоја сака порано да роди деца, некоја сака покасно. Тука и здравјето на жената игра улога и е тотално ирелевантно да се коментира на темава.
     
    На Brpbrp, Snowflake97, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Се убаво кажано од тебе. Се согласувам дека децата не се товар, туку еден вид одговорност и обврска. За да може некој да ги гледа треба да е одговорен, а не млад или стар. Одговорен треба да е и организирана личност па ќе си го усогласи животот. Возраста не е пресудна за нечиј карактер и способности.

    а за темава...

    Темава е отворена од личност која дошла на форумот само за да праша нешто и еве поттикната е дискусија. Потоа стандард темава отишла упм бидејќи сите тука сакале паметни да се направат, некои кои споделиле мислење морало едноставно да бидат нападнати или осудени, па така и се изнапишале толку глупости во темата.
     
    На Brpbrp, Tsukinory, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Стар е коментаров ама...што се потресуваш толку ако го оставиле бебето да седнат во кафана? Нај мајка ко тебе не може никој. Камо еднаш само еднаш да видам некој да направи нешто и да не се мешате кај што не ви е место. И на 30 год да родиш дете еднаш ќе го оставиш со баба и ќе одиш во кафана. И нема ништо лошо во тоа. Страшна работа
     
    На Mom_3, piksooki, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.