Девојко, на Санјичка мајка и не е тема на муабет, ок? Сега ќе се бистри што и како таа правела...Аман Боже од простотилук. Девојчето изнесе свое искуство и крај нека биде! А за членката со ''проблемов'', ако вие веќе сте решиле и ги имате сите услови како што велиш ти, ништо не ве спречува во намерата! Ако сте сигурни дека така треба, тогаш така треба! Не ви треба амин од никој!
Ne mi se obrakjaj taka. Jas navrediv nekoj ovde? Znam kako e da studiras tezok fakultet zasto sum pominala niz toa. Ako e nekoj prost so ova sto go iskaza sega, toa si ti.
Site na femina se vecherva domakjinkive i ovie shkoluvanive pa sudat koj kako stasa faala ti za mislenjeto i podrshkata.. imam i jas dovolno primeri i uchat i deca gledaat i semejstvo i kukja i se... da se organizirash dobro da go ispotish gazeto i da imash podrshka i volja dovolno ti e
?! Како демек жена со деца никад од дома не искача? Родендени, прослави, празници спаѓаат под искачанки и дружења, мислев на тоа. Дали тебе ти држи вода или не, не е тема на муабет. Кажав од искуство на мајка ми дека и да сака да заврши факултет, и со дете може да заврши факултет. Има милион опции, да почека бебето да потпорасне па да се запише, да и помагаат родителите, браќа, сестри што и да има.
Во тој случај, доколку си емоционално спремна и доколку сте спремни да се одвоите од родителите (емоционално, финансиски и физички), мислам дека супер идеја ви е бракот и секоја чест за зрелоста и храброста на твои години да се осамостоиш и да влезеш во брак со сите одговорности што следат. Навистина е за пофалба и ретки се тие како тебе. Би ти дал три совети: 1. Направете предбрачно советување. 2. Не брзајте за дете. Поуживајте си малку вие двајца, прошетајте слободни малку. 3. Набави си некоја книга на тема брак и одгледување/воспитување деца. Верувам дека супер функционирате со партнерот, ама сепак, секогаш може подобро. А воспитувањето на детето е голем предизвик. Нашите родители баби и дедовци праеле колку што знаеле и умееле Сепак има стручни на оваа тема, психолози кои имаат што да кажат и да дадат добри совети.
Како што ти оправаш криви дрини за нечија мајка која беше само наведена како пример соодветен на случајов... Попросто од тоа нема, верувај @Sanjichka007 ајде на исповед. Френди и Блек Грл мора се да знаат!
@Sanjichka007 Вашата мајка работи како лекар или не? Биди искрена. @Tinaa98 Па и ти си печена домаќинка. Да частиш мекици кога ќе родиш.
Во врска сте само година ипол и одма на бебе? Јас не мислам, убеден сум дека те залажува со бебе, само колку да те задржи се разбира за секс.
@EvAngelos како супер функционирање, кога не се постојано заедно. Од различни градови се, а таа најверојатно од Кичево. Во др тема пишала дека тој 3-4 месеци како да е оладен од неа, а овде пишува дека толку време пробуваат бебе. ТАА сака да го “врзе“ а ТОЈ се труди да побегне.
Само да не дојдеш за 8 месеџи на форумов и да кажеш дека си сама со стомак до заби А да се потпишете вие во матично па да правите бебиња? Не мора одма свадба, само осигурај си се на хартија...
Мајка ми е почината, драга @friendy . Имаше своја стоматолошка ординација и беше кариерно максимално успешна жена, воедно и прекрасна мајка. Ниту работата ја спречи да биде одлична мајка, ниту ние ја спречивме да има одлична работа.
Девојче ако ВИЕ сте спремни и се гледате во блиска иднина како родители тогаш правете бебе,незнам зошто е потребна толкава дискусија околу ова ако ти си сигурна за бебе и дека тој е тој човек..
So toa so bara mislenja za volku seriozna tema na nekojsi forum, ne e spremna. Ne znam zaso tolkava diskusija se stvara
Мајка ви била една од ретките. Извини, знам дека можеби ти предизвикав дополнителна болка со потсетување.