Ни хартијата не е сигурност. Ќе платиш адвокат, ќе те разведе без проблем. @Tinaa98 навистина ли сте од различни градови? Колку време сте поминале квалитетно време заедно? Колку години има тој?
Не е сигурност, ама е процедура разводот. И не секој сака да помине низ тоа И друго е бремена во брак, а друго вонбрачно.. Па она се секира комшиите што ќе кажат .. Замисли што ќе кажат на вонбрачно дете
Toj ima 29 godini dovolno zrel situiran, raboti od razlichni gradlovi sme i rabotata mu e takva shto mozham da kazham da mav dechko od ist grad nemashe da pominuvame vreme zaedno kolku so nego
На една тема пишуваш дека се оладил према тебе, тука отвораш друга тема дека пробувате бебе. Остај тоа што ја отвораш другава тема, па дури и кога ти посочуваат на истово што и јас погоре го напишав и ти даваат мислење што не ти одговара, ти враќаш ударни коментари од типот „вечерва на форум само домаќинки“, и слични глупости. Епа штом си пишала, очекувај секакви мислења! Е вака мило дете јас нешто да ти кажам. Имаш само 18-19 години, тој е 10 години постар од тебе. Јас мислам оти ти си премногу заслепена со него. Наместо да си го гледаш животот, младоста, супер образование, одлични пријатели, па шетање, па дружби, ти си се залетала деца ќе правиш уште неиспилена. И не ми врти муабети оти порано на 16 години деца правеле, а сега само на фб седеле. Тоа е друго време, ова е друго време. Тогаш на 16 деца правеле, ама не се школувале, немале можност за патувања и напредок, туку само работеле по нивите и се размножувале. И мило, да беше навистина толку сигурна во себе, немаше по форуми да прашуваш за мислење дали да го правиш тоа дете или не, туку веќе ќе си беше ситуирана со сопругот (а не најобичен дечко - сега го има, утре не) и ќе работевте на случајот бебе. Мене ми е заклучок една од две опции: 1. Или си несигурна во себе па бараш тука утешителни мислења (и затоа ти се верувам и такви реплицирањата на темава); 2. Или од досада си отвораш рандом теми. Во секој случај, мој совет ти е, доколку си сериозна за темава - проживеј си ја младоста, не туку се заслепувај и залетувај, еден ден може да се каеш.
Dobro be devojki razmisluvate nekogash shto pishuvate.. pa doma ide odam spie kaj mene ja kaj nego nashite znaat.. stvarno me iznenadivte so odgovorive i mislenjava...
Јас не би ни во наредните три животи. Не ги прочитав сите мислења тука, ама чудно како темава доаѓа после таа вчера за тинејџерска бременост.
@Tinaa98 имаш 18 години рече, млада уште со недозавршен пубертет ни факултет... дечко ти е колку тебе кажа, машко како машко на 18 години паметот му лета по женски сукњи, сеуште не е созреан, факт е дека машките секогаш подоцна созреваат од девојчињата, многу мала/млада си за бебе, животот таман само што се отворил за тебе а ти сакаш да се затвориш. Не сакам да те повредам или навредам ниту да ти судам, твое си е, но мислам дека треба сериозно да размислиш за ова, да не испадне после во стилот "ме забремени и избега" што е типично за машко на таа рана возраст (16-22). Јас пак стојам на тоа дека те залажува со бебе само за да те придобие на емоции, но вистинската намера трдам му е секс. Со среќа како и да одлучиш.
Море, кај прочита оти се на иста возраст, тој 29 имал, што е уште потрагично Детски памет, залетан, тој па тој, ко ѓоа еден и единствен да е.
Јас само ќе речам: - Се надевам дека имаш родители кои не се матрејалисти па ќе те изведат на правиот пат. Зошто да ми беше мене ќерка од дома немаше да излезиш, а не па на17год. да имаш 10год. постар дечко со кого на 18 планираш да правиш фамилија. А магарето од дечко ќе ти го пријавев во полиција. Ама тоа сум јас. Ај со среќа.
Дали стварно 4 страници се испишале на ваква тема, а девојката дава отчет на секој член поединечно? Како може некој непознат од форум да ти решава за твојот живот? ДАли да имаш сега дете или за 10 години? Штом си застанала да прашуваш по форуми очигледно не си сигурна во себе и не си спремна, ама како сакаш. Успат, дали да си направам сендвич сега или да чекам за 7-8 саати?
Ние добронамерно да си напишеме. Можеби некое друго девојче ќе си прочита и ќе има влијание напишаното.
Ne docitav se ama imam komentar. Sum bila protiv mazenje mladi, ama koga bev na posdiplomski vo Mk zapoznav zena od Tetovo koja nacisto mi go izmeni svakanjeto. Se gledavme na casovi, a jas togas skoro 9 mesec bremena.Drugite bea nekako po slobodni/ bez obvrski i nie taka padnavme vo razgovor . Zenava mi kaza deka se mazela/ ostanala bremena vo prva na fakultet. Vozdrasnite koga razbrale bile za da se zemat iako ona toa mnogu skepticno go prifatila. Mm nejzin prodolzil fakultet, a ona zemala god off. Slednata godina se vratila na fakultet so bebe vo Goce, familjarno. Zavrsile fakultet so finansiska pomos na vozdranite, otvorile gradezna kompanija i bile uspesni. I bilo dosadno i resila da se zapise na posdiplomski. Ete nekoj luge mozat, se snaogaat, mudri se i rodeni za majki. Taka da ako stvarno mislis deka mozes, so Gospod napred. Dobro razmisli da ne e samo euforija zosto znam i takvi slucai koj mnogu brzo se zemaa (1,5 ne e brzo), pa i brzo se pokaa, a drugi pak brzo se odlucija za brak pa 20god potrosija mucejki se da se razvedat. Kako ke bide nikoj neznae. I jas sum blisku 20god vo brak pa koj znae sto sve ke ni servira zivotniot pat i kade ke zavrsime. Ako si stvarno sigurna togas spored mene ovde prasanje ne bi postavila. Razmisli uste ednas, zosto ova prasanje za mislenje doaga od bas nesigurnost. Ako ste resile, so sreka.
Па и ветил дека сака бебе со неа и за неа тој е еден и единствен готово. Што се нема машко да смисли само за секс...
Tajming za majcinstvo i te kako ima. Se gledam jas na moj 30, priatelka moja na 50 i nekoj drugi od sredno na 20. Kako ovie na 20, nemozam bas da objasnam, ama mozam da komentiram za mojot na 30 i na priatelkata na 50.
Јас индивидуално на мојава возраст (20 год.) не би можела да се замислам со дете, не сега туку и за 6-7 години, воопшто пред завршен факултет... Е сеа тоа е индивидуално, разбирам различен план, амбиции, начин на живот и ќе пишав само дека е твоја одлука за која не треба да ти е грижа за тоа што ќе кажат другите, ама со сите околности што излегоа низ новиве постови... Плус тоа што ако си доволно решена и подготвена за тоа, не би прашувала тука на форум за мислења. Размисли убаво, најмногу се слагам со @MagsDestiny што те посоветувала... и полека малку со рипањето одма на членки што ти даваат реални совети
Едно е кога јас барам мислење од другарка што да облечам за вечер, кој кафич или кое место за одмор ќе го избереме. Друго е кога ќе ја прашам дали треба сега да се омажам и да родам дете. Чим сум се довела во ситуација да ја прашувам тоа, значи најпрво се прашувам самата себе, а кога има двоумење во врска со такви сериозни работи - значи не сум подготвена за истото. Истото се однесува ако се прашува на форум. Девојче, јас мислам дека не си подготвена. Дали ти е рано или не, ако ти се чувствуваш психички спремна, возраста (твојата конкретно) и не е толку важна.
Акo имaлo тaјминг, сите ќе рaѓaле нa 20, нa 30 или нa 50. Секoј е спремен и пoсaкувa мaјчинствo вo рaзличнa вoзрaст.
Јас станав мајка на 18год, се омажив за тогашниот дечко сега сопруг. Завршив елетро во Скопје со мало бебе, ама помош од свекорот и свекрвата неверојатна имав. Малиот беше со мене и татко само за спиење. Јас точно за 4 години завршив електро. Муабетот ми е дека ако се сака се се може, само ако има кој да те подрже и да те поткрепе!
Не знаев дека ако отвориш тема на форумов инстантно ти следува и распит, со ударна доза на осуда. Не побара девојчето да и се реши проблемот, туку совет и мислење. Не сме сите во исто време спремни за да се сотвариме како родители. Јас не бев ни малку спремна на нејзина возраст, ама тоа сум јас. Се омажив на 28, раѓав на 29 и на 30. Врска 10 годишна, значи никој ништо не ми бранел или се чудел. Девојката може е од мало место каде знаеме кој менталитет сеуште владее за жал, но тоа не ја прави неспремна за да биде мајка. Пополека малку со осудите.