Да ова го кажува некоја која била зрела и на 20. Ти се молам Џој, има 20 годишни со мозок на 13 а и обратно. Годините не се мерка за зрелост, псебно не на поновиве генерации. Сигурно и ти прашуваше што ке каже околината и прво бебе правеше, аха да.
Кога јатрвами можеше да роди на 15години и разлика од 11 години со маж и.. Си имат детенце 2години, среќни се не им фали ништо... Можиш и ти девојко веќе закасна Поооздравв
Ne prasuvav i ne pravev prvo bebe No i pravam komparacija za toa kakva energija se ima na 20 i podocna na 30 Ne deka ja ubeduvav da rodi de
Абе срцка држи и твоето вода не викам не. Сепак... ја не би прашувала ако сум сигурна. Секој различно размислува и секој си има приказна.
Моментот кога деца прават деца Абе оди дружи се, шетај, уживај, учи, истражувај... Има време за деца... Има време за се, само во свое време. Па овие најјаки коментари: Еве другарка на другарка роди на 14 години па што и фали? Ни живот видела, од 15 год се замара со кашички и пелени... Што и фали ај? Наместо на раат на си шетка, таа трча на секои 30 минути дома за да го цица бебето... Што и фали?
Драга @Tinaa98 факт е дека пола од тука ќе ти речат да, супер, а пола не, ужас. А факт е дека на никого реално не го засега. Тоа е твој живот, твој избор, твоја одлука. Сепак, 18 години имаш. Овој дечко ти е прв дечко? Сигурна си дека е тој оној вистинскиот?? Сепак, човекот ја достигнува емоционалната зрелост на 21 година. А дете е гооолема одговорност. Нема кафичи, дискотеки, ресторани, љубовни прошетки на ѕвездено небо, не, ни кога ќе е бебето 5 месеци ни кога ќе е 5 години. Имаш ли во близина некоја мајка да видиш на дело како и изгледа еден ден? Па ти сама си уште дете. На 18 некои немаат ни бакнеж искусено. Сепак, сама ќе си одлучиш дали и зошто, тие одговори ти се пресудни. Што и да биде ти посакувам среќа! И запомни, факт е дека децата се богатство, некои се молат за да ги имаат и даваат се од себе, точно е тоа, но децата значат крај на една ера и нов сосема поинаков животен стил.
15 години ! Барбиките уште ми стоеја во витрина , имав ограничен излез за во град, од алкохол ни А, со родителите уште си одев по одмори, со дечко самона бакнеж беше, друго се беше забрането, а камо ли ДЕТЕ! Е добро, тоа беа деведесетите, ама си истерав детство, рана младост, младост и се по ред. Младоста и слободата не се враќаат, а со 19 години уште е човек млад да носи конечни одлуки. Она што денес го сакаш или не го сакаш, за догледно време ќе го чувствуваш сосем поинаку.
Озбилни ли сте што верувате на глупостиве?Девојкава направи тема као не и викал дека ја сакал сеа мајка да биде,свашта. Значи дај фатете нешто во рака правите,читајте книга нз нешто зошто досадно им е на луѓево веќе очигледно.
Абе очигледно е дека девојката си игра мајтап. Еј да прашувам на форум дали е време да станам мајка. Па ваљда таа треба да си знае. А отворила друга тема дека дечкото се оладил од неа. Глупости.
Како прво вие ни за брак не сте уште спремни, а камоли за дете. Терајте уште малку во врска па може за неколку години ќе ти здосади и ќе си најдеш друг помлад.
Да бидам искрена, и јас не сум била во тек со ваквиве настани, ама, ќе и се плукнам на модата таква. Демоде, ама бар со памет.
Абе ви кажувам искрено Збор даваат веќе бремени. Абе да се осигураат дека можат да затруднат, инаку нема мажење и женење
И шо напрај сеа девојче, ке прајш бебе или сепак да ? @Tinaa98 Ако те интересира шо ке зборува народот, ете, виде разни мислења па сега седни, размисли и кажи....
Доколку сакаш роди тоа си е твое право ние неможеме да ти забраниме. Ама јас мислам дека сеуште ти е рано нема потреба од брзање. Животот е пред тебе има кога во брак да бидеш, деца да родиш.
Нешто што мене најмногу ме ужаснува кај луѓе(читај деца) е што глава ке дадат да те уверат у нивни чуства. “Абе сигурна сум, тој е тој!„ - Добро пиле, по што оцени дека тој е тој? Идете година и пол како може да си сигурна? Свесна си дека треба секое едно издание да го видиш и дури после пак да се замислиш дали тој бил тој? Дете? Не веруј многу у лаички приказни на другарка стринка и епа комшивка нејзина на 18г. роди и 2 фак. заврши, јер тие тоа што ти го зборат не им биле нити у кожа нити дома па да кажат како личноста стварно завршила и факс и одгледала дете. Јас што имам тетка со супер брак она сама знае мене да ми каже дека да и се врати времето не би останала трудна на 24! Мене многу не ме слушај за темава, јер ја хардкор сум за тема бракови и деца, ама мислењето го делам со тие што ке кажат дека ти е рано. АПЛА ти е рано.... каде бе на 18 се осеќаш спремна? Додуше и не си, кога више прашуваш.
Па уште некој спомна тука дека познат стоматолог се оженил и имал деца, а завршил стоматологија. Кој е тој познат стоматолог? Исто како сега да зборам за Угриновски, познат хирург, па како завршил медицина. Од кај да знам, нит го знам, само сум го слушала како доктор. За тие што не ги познавам лично, не можам да кажувам.
@Black girl Ама ете некој си се дрзнува и ги дава за примери а абер немаат каква им била ситуацијата од поблиску. Ама сите знаеме некој некого што знае што истото го направил и ти терај си така по тоа... свашта