Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 18-19 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Tinaa98, 5 јануари 2017.

  1. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    A zosto prvo ne stapite vo brak, pa potoa da razmisluvate za dete?
     
    На ЕденЧлен, Oxymoron, girl-miri и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Ако не па да ти кажам и име и презиме, број и адреса, име на мажот, каде работи и децата каде учат. Уште нешто? Кажав личен пример, кажав што ми кажувале и што сум видела. Нормално како и сите други што имаат сличен пример во фамилија и пријатели. Боже ме сачувај медицинава ја направивте како за НАСА да се збори. Башка имате пример и на феминава, @joy1 е најтазе запишана на факс, со деца со маж со се. Башка што има и многу други а не ми текнуваат, напоредно си учат,си полагаат и си вршат семејни обврски. Не знам што глумите лудило само, го правите како бог знае што е. Фала богу не го може секој тоа пошто некој не го бива за толку многу одговорности наеднаш. Ама на кој колку му фаќа.
    П.с не зборам само за девојкава зборам општо!
     
    На 1209, Mariangel, Chanell* и 11 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.235
    Допаѓања:
    76.248
    Пол:
    Женски
    Абе ако знае човек како да живее, децата нема да му се препрека за ништо.. но се зависи од околностите, а и како ти оди во таа улога... јас еве се сметам за млада мајка и ми пререкле многу пати каде сум се брзала, а искрено уживам во оваа улога, учам и факултет, шетаме... искрено полесен, поубав ми е животот од кога сум со детенце и мажена. Не ми се пишуваше во темава, ама ете мое искуство да си кажам.. :) На 21год терав бременост, на 22год родив.. сега имам 24 и планирам второ :)
     
    На gjoker4e, Mariangel, apple12 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.546
    Пол:
    Женски
    Драга @Tinaa98, на вака атрактивна тема, не можам да си дозволам за не дадам одговор.

    Ако сакаш да го фокусираш твојот животот на 18, во формирање фамилија, направи го тоа. не ти треба наше одобрување.
    Сепак сакам да ти напоменам, исто како што за дете ти се потребни листа на работи од кои се откажуваш, листа од работи кои треба да ги научиш, сакам да ти кажам дека не е така едноставно да стане козметичарка без претходно добро искуство.
    Претпоставувам веке си започнала да одиш на пракса, и знаеш како изгледа депилација (напоменувам депилација на ва*ини, раце, нозе...) потребно ти е барем неколку години да научиш како одлично функционира еден салон за убавина.
    Не е проблем, твоите да ти купат опрема, за помалку од 500 евра ќе поминете, ама одиш во нов град, ќе ти биде потребна нова клиентела. Кој ќе оди во твојо салон? Во градот на твојот иден маж немаш голем круг познаници.

    Идеата е добра. Вие женете си се.
    Почни да одиш на пракса некаде, почнете да живеете заедно и правете деца. Еден куп. :inlove::l:
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ouuuu kolku sum vozbudena da znam sto rabotat 19 godisnjaci vo Mk.za da bidat do tolku finansiski stabilni treperam duri....
    Tuku da ne ja rasipvam zabavata na temata @Tinaa98 koga veke ste resile gledaj toj deckoto tvoj da ti stavi barem eden prsten na raka a bidi nesto pooficijalno I don't know moe mislenje,zosto pobogu e trudis da imas ocajno so nekoj dete sto ne pristapil kon tebe na poseriozen nacin ne mi e jasno...
     
    На sj *O*, ku4ence, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    Абе гледате дека девојката си измислуваше нешто. Пиша еден ден и оттогаш ја снема. А за тоа дека 19 годишни заработуваат толку многу, дознав од форумов и во право си. Јас живеам во Македонија, а таа не знам :?:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Стварно би сакала повеќе луѓе да разберат дека си млад додека се чувствуваш така. Како на 40 години да не можеш да шеташ или да не можеш да уживаш. Валјда ова само кај нас го има дека ти треба да постоиш како индивидуа додека не ти се роди дете, а после демек ни можеш да шеташ ни да уживаш.

    Познам жена академик која е супер успешна а има родено на 20 години. И детето нејзино, сега возрасна жена, и цела фамилија се успешни. Ако сакаш да уживаш и да успеваш во животот тоа ќе го правиш додека те држат нозете, па и после... Ама сега зависи и за некого што е уживање, можеби шетањето не е.

    А да. дека темава не е за форум не е, ниту би се нафаќала да одговорам и совети да делам. За мене си знам дека пред две години не сум била спремна за дете ниту пак сум сега. На другарка што ја знам нема да солам памет а не пак на некој на форум.
     
    На Mariangel, mariz и Oxymoron им се допаѓа ова.
  8. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Да си мајка е најголемата одговорност што можеш да ја имаш... според мене. Во никој случај не е играчка да се има бебе. Пред се треба да имаш финансии нели, а после следно е да си стабилна личност и личност што знае што сака и што прави. Ти треба тоа дете на прав пат да го изнесеш да го воспиташ.

    Јас лично мислам дека никогаш не би била спремна да одгледам дете.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  9. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Секој си има свое мислење, ама според мене тоа воопшто не е правилно. Немора да значи дека ако девојка наполни 18 години е веќе созреана личност. Не мора да значи дека ако сега сакаш, ќе сакаш и после една година и две. Мораш да бидеш сигурна и подготвена, пошто на некој начин со детето идат и одредени ограничувања, работи, кои ти не ќе можеш да ги правиш откако ќе имаш дете. Секаде се пишува, најидеална година за формирање семејство е на кај 28 (за женско) пошто лудостиите поминале а ти веќе си спремен целосно да се посветиш на децата и мажот.
     
  10. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    На твои 19 години сигурно тек сега си запишала/почнуваш со факултет, пошто во Македонија на 19 години со завршен факултет јас не познавам да има некој/а.

    Бизнисот исто мислам дека оваа година си го стартувала(претпоставка моја), пошто до вчера си била у школо и си била малолетна.

    Имаш исто долг љубовен стаж со дечко ти.

    Па @Tinaa98 ти си superwoman :handshake: :party: :party:

    Што е едно бебче плус за тебе?! :ninja: :ninja: :ninja:

    :bow:
     
    На okcenzi и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    929
    Допаѓања:
    2.825
    Пол:
    Женски
    Na mene ova nikogas nema da mi bide jasno da se obiduvate da napravite dete pa posle da se zemete:?:zosto koga mozete da si napravite ko ke se zemete
     
    На Mari*, ЕденЧлен, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Se napolna forumot so degeneretici,a edno vreme super mesto za druzenje bese
     
    На mama31, ЕденЧлен, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јас само да си кажам.
    Девојката сака да работи со коса, нокти итн
    Едно шишање 200 ден, фенирање исто, едни нокти 500 ден, значи не се малку пари, но проблемот е што додека роди, да го изгледа итн да не се надева а тие пари, посебно ако нема помош од никој или ако нема сопствен салон.

    Рече дека дечково и е полицаец што значи зема од 400 - 450 евра плата, а ако е спец. и над 700, така да финансиски не се слаби.

    Е сеа таа што си мисли дека може и да студира, и дете да гледа и да работи, тоа на некоја друга планета, овде не, освен ако не запише некој дисперзиран лесен факултет па да си поминува со заокружување на две три прашања.
    Друго, ако свекрва и или било кој и го чува детето, па таа да има време на 4-5 часа во денот да работи со нокти и коса ок, пак може да се снајде, ама најголемиот проблем е физичката и психичката исцрпеност додека да заголеми детето.

    Јас би и препорачала ако веке не сака да студира не мора не е ни толку битен факултетот во земјава. Да почне да си заработува, да си заштеди, да си размисли со глава не со хормони, да си поразговара со поозрасни, да прошета и да поужива во младоста барем 2-3 год.
    Многу е убаво кога ке си има своја заработена пара, свој бизнис, своја заштеда.

    Да не го дочжам текстот ке ти ги напишам трошоците за моето бебе.
    Месечно до 3 пакети пелени џамбо пакување тоа се 2000 ден.
    20 кашички тоа се 1600 ден.
    5 пакетчиња марамици тоа се 400 ден.
    Тоа се приоритетните, што мораш да ги купиш значи 4000 ден.
    Потоа имаш шампончиња, креми, облека ( која е со цена како на возрасен. едно јакниче 1500-2000 ден. тренерчиња и по 600-1000 ден, а верувај секој месец ке купуваш по нешто.
    Се на се ова ти е тоа што мораш да го имаш и да го платиш.


    За тоа мило ти реков ако не си финансиси способна за бебе, да размислиш 10 пати.
    Премалку сте во врска за да знаеш што човек е. Може и тој сака дете, ама може да е и од оние кои откако ке им се роди дете, забораваат дека го имаат па це товар да падне на тебе.
    Дај Боже се да ти е најубаво.
     
    На cresa-jagoda, minne992, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  14. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    Секој си знае за себе и најважно за одлуката е всушност каков живот.водиш. Јас не би била мајка на 18/19 години(башка што на тие години уште немав секс :)
    ). Меѓутоа некои работи не би сакала да ги пропуштам (пијанки, дружби, фалултет, разочарувања и падови, први втори љубови, излегувања до доцна , концерти, летувања со друштво), за после тоа да се вдомам и да станам добра жена и родител. Меѓутоа пак ќе кажам, секој различно гледа на работите. Ама најважно од се е да не се помешаат времињата, односно во годините во кои не личи да лудуваме и да раѓаме деца, а не обратно, да родам на 18 и со оглед да ништо не сум проживеала на 30 да излегувам пијам и бркам мажи. Ама пак, се е до човекот, карактерот и како си го замислил животот.
     
    На LUCI 99, cresa-jagoda, kalinaka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Девојкава нигде ја нема или ја не ја гледам:?:
    Не да кажеше нешто.. шо напрај шо не напрај..
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.836
    Пол:
    Женски
    Сите мислат дека знаат се.

    И сами да заработуваат, и да учат, и да бидат здрави, одговорни, чисти, организирани. И нашетани, начитани, со изживеано се.

    Сите знаат се.
    Знаат и дете да израснат, да воспитаат и да го извадат на прав пат.

    Ова се, на 18 години.
    Алал да ви е дечки, ама или изгледа јас имам ниско мислење за себе, или некој тука претерува.
     
    На dayla, mama31, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Што да ја има,не тролна сите и се смее сега колку се замараат на темава.
     
    На mama31, sj *O* и kikin им се допаѓа ова.
  18. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.944
    Или можеби си напрајле бебе па веќе го носи во стомакот..кизнај :D
     
    На sj *O* и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  19. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Може веќе и во школо иде :D
     
    На sj *O* и Kukla994 им се допаѓа ова.
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.248
    Допаѓања:
    13.889
    Пол:
    Женски
    А ако сте толку сигурни и спремни да се школувате и раѓате и се да направите, што ќе ти се мислења од форум? Во постов изгледаш сосема сигурна во себе.
     
    На TamaraSJ, crimson, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.