Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 18-19 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Tinaa98, 5 јануари 2017.

  1. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    da dodadam tuka i trosoci za ad mleko ako nema dovolno. edna kutija e okolu 850 denari zavisi koe mleko, taa kutija momentalno moeto bebe ja trosi za edna nedela.
     
    На Mari*, ЕденЧлен и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Butterfly01D

    Butterfly01D Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Останав бремена на 18 ќе наполнам 19 кога бебето ќе е веќе родено. Иако сум бремена со стомак нормално си го живеам животот речиси исто како пред да забременам. Нешто што понекогаш ме иритира е кога ќе одам во некое кафуле со другарките сите од околу се вртат и ми даваат погледи како да виделе црн ѓавол на сред бел ден. |(
     
    На WildMk, zalosna, Pcelka1315 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Искрено алал да ви е како сте способни на вие години да гледате дете (не зборам конкретно само за тебе) повеќето мои другарки исто родија на 17-18 и сега веќе имаат и по две некои, а јас уште сакам да си бидам слободна неможам толку млада да се замислам во улога на мајка сакам да си ги уживам најубавите години сепак мајчинството е голема одговорност, што сметам кога си во години во кои и ти си сеуште 'дете' да гледаш твое дете малце е чудно и мене ми е несфатливо иако тоа го имам и во мојот круг на пријатели.
    Како и да е ти посакувам среќа.
     
    На Ava.84, Butterfly01D, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Срцка ич да не се замараш кој што рекол или како те погледнал.Го имам поминато истото и сега си велам дека бев будала што толку се нервирав и плачев за вакви глупави работи.Ама затоа па да видиш кога се роди бебуш количката со мене и гордо со крената глава си се шетавме.
    И НЕ...немој воопшто да се плашиш дали ќе си способна и дали ќе успееш во одгледувањето,затоа што тој мајчински инстикт е веќе во тебе и точно ќе знаеш како да се справиш со секоја ситуација,секако ќе имаш и помош кога ќе ти биде потребна но гледај гордо и храбро се сама да си правиш.
    И НЕ...не си дете кое ќе гледа дете,напротив ќе си бидеш млада мајка на која верувај ќе и завидуваат после некое време затоа што ќе бидеш полна со енергија и исполнета со многу љубов.
    И ДА...со мајчинска обврска ти пак ќе си бидеш слободна со добра организираност:nod:;)
    Ти посакувам лесен пораѓај и незаборавни мигови со бебуш:hai::*
     
    Последна измена: 25 декември 2018
    На minne992, WildMk, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Вистина се малце години и јас не би родила толку рано но ајде вака да правиме муабет: тие што имаат над 30 години а немаат деца, не ни планираат, не се ни мажени, зошто немале посебен станбен простор, стабилна работа, на некои дури ги чека факултетот не завршен... да не додавам, тоа убаво е? А искрено таа бројка во Мк е многу поголема отколку да си мајка на 19. Е и тоа мене ми е несватливо. Значи се има а ние не сме компетентни да осудуваме кој кога одлучил да има деца, искрено помлада мајка има помали шанси за бебе со аномалии, за психа не збориме зошто на скоро сите не тепа пост депресија, затоа немојте да пишувате како вие да сте направиле нешто најправилно зошто и тоа е за некого несватливо. А и да напоменам дека скоро сите имаат помош, посебно ако се одлучиле да задржат бебе толку млади, што реално без помош сега тешко со овие примања.
    Мојот случај е прво бебе на 23 години што според мене е сосем, скроз, потполно таман.
    И незнам зошто мислите дека со бебе сте заробени и дека не сте слободни? Има време, организација за све и не е страшно, а ако чекате ништо не подобрувате, само очигледно не сте го нашле вистинскиот и не сте сигурни доволно во себе.
    И да, нема поубава работа од мајчинството, тврдам.
    Поздрав
     
    На zalosna, Stressed Out, Butterfly01D и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Што убаво :inlove:млада мајка ќе си, како мама со мене. Мене најмногу ми е мака што со дечињата мои нема да сум разлика како мама со мене:(не сум стара, ама не сум ни 20г. уживај си во мајчинството :*
     
    На Mari*, Stressed Out, Butterfly01D и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Не би родила толку рано. Пред 28-29-30 години во таква улога не можам да се замислам некако. Одговорна работа е, сакам да сум сигурна дека пред тоа сум си ги остварила сите цели во животот, задоволна сум од себе, па тек потоа да створам и друг живот.

    Немам против тие што родиле рано, се додека не осудуваат “е, ајде де, види моево 6-7 години напраи, ти што чекаш, млада мајка зашто не си бидеш“?
    Не сите такви желби и амбиции имаме сепак... Секој со своите избори. Ако некој смета дека е способен и може да одгледува дете на тие години, нека. Негово право.
     
    На sparklie, Doozy, Lella и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Јас никого не осудив само кажав мое мислење и дека тоа ми е несфатливо, сепак 19 години се премалку за да превземеш толку голема одговорност.
    Не реков дека се заробени со дете но сепак е обврска што постојано ти е во мисли, не е исто ја сега да излезам и да се журкам до сабајле и некоја со дете, у најмала рака и да има кој да го чува ќе се јавува и ќе прашува дали јадело, дали спие, дали плаче итн. А за дете има време најпрво ти самиот треба да се изградиш и оформиш како личност, да изградиш карактер и став што на 19 год и ретко кој го има бидејќи уште си дете и си кај ќе дувне ветрот таму.
    И мајка ми мене ме родила на 19 години, и како што кажав повеќето мои другарки на 17-18 родија ама јас самата неможам да се замислам во таа улога толку млада.
     
    На candy.cane, rolulika, Shmizla94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Ако ти е умот во забави до рани зори и ако не си мајка извини ама не ти е местото во тема бременост, нема што да дискутираш.
     
    На fana, Orthophill и marchi-cool им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    9.100
    Пол:
    Женски
    Темата не е само бременост туку е за рана бременост и поради тоа кажав свое мислење бидејќи имам 22год и ќе пишувам мислење на која тема јас сакам, нема што ти да кажуваш каде е моето место ;)
     
    На Harper, naturally, JollyGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Колку сакаш години имај, додека не искусиш, незнаеш и не треба да коментираш.
     
    На fana и Orthophill им се допаѓа ова.
  12. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Во мојата генерација 80% од тие што учевме и повеќе родија на 18-19 и порано,јас тогаш бев уште невина на таа возраст а не дете да имам,абе отсекогаш отскокнував по нешто и не се вклопувв со другите,фрик низаеден:D
     
    На teddi, Ygritte, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.431
    Пол:
    Женски
    да ама ти кога ќе кинеш живци таа ќе си ужива во животот како и ти сега само со раат глава дека си го изгледала детето
     
    На WildMk, Butterfly01D, Pcelka1315 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.459
    Допаѓања:
    42.484
    Пол:
    Женски
    А ете тука се гледа дека не сте доволно зрели, макар и да не сте 19, во уста ви е секогаш таа реченица ако не си мајка немаш право да коментираш, зар ако не сме мајки неаме право и на мислење? Мајка ми ме родила на 19 и не дека се кае што ме имала ама се кае што не проживеала се што треба да проживее еден млад човек. Јас сметам дека 19 год е многу рана возраст за да се има дете, секој со своето секако, кој решил да превземе таква одговорност нека му е со среќа, верувам ќе се снајде. Ама животните искуства и умот не е ист на 19 и на 26-7-8.
     
    На Dadusicka, Mrs.Styels, sparklie и 33 други им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.943
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Е важи, фала за советот. Штом така, сите да сме си роделе по едно на 18 за да не кинеме живци потоа во животот.
    Не знам дали сте сериозни некогаш со муабетите, не знам дали воопшто да го сфатиме ова сериозно. :D

    Кога ќе сфатите дека се работи за личен избор и во двата случаи, тогаш можеме да правиме муабет на оваа тема. Вака со вакви небулози што треба да имаат улога на аргумент...ништо од бизнисот. :)

    Која сака, нека си раѓа и на 16, немам против, нејзина одлука. Имам против вакви недолични коментари само. Поготово кога доаѓаат од жена.
     
    На sparklie, calliope, Mr. Right и 30 други им се допаѓа ова.
  16. Adeline

    Adeline Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2015
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    4.715
    Пол:
    Женски
    Имаш погоре мое образложение поопширно
     
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.548
    Пол:
    Женски
    Ако може некој да се справи со предизвиците за чување дете од тогаш, go ahead, не осудувам. Мое мислење е дека е прерано, но сепак е личен избор. :)

    Лично јас пред 25 години не можам да се замислам како мајка (сега 21 имам). Мајка ми мене ме родила на 22. Барем додека си го средам животот и ја искористам максимално слободата што ја имам сега, не планирам дете следните неколку години, сите знаеме дека дете е голема обврска и одговорност. :)
     
    На Doozy, Nausicaa, Martka и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Темата не е за акушерски прегледи, бебешки болести, кашички, купки - па да мора да искусиш да коментираш.
    Туку е за лично мислење, чувство дали си (била) подготвена на 18-19 години за бременост.
    Прекинете веќе еднаш да се брукате со оваа реченица, аман.

    Инаку јас од моја гледна точка секогаш сум за образование и проживување живот пред мајчинство на млади години, иако сепак останува на личен избор, секако.
    Да не се лажеме, исклучително тешко е паралелно со студирање и да се работи, а не пак да се расте дете.
    Мислам дека ретки исклучоци се тие што навистина се пред сѐ психички, финансиски подготвени, желни да се откажат од многу работи за ваква најголема одговорност на таа возраст, и никогаш да не се покајат за ваков потег.
     
    На sparklie, Mari*, teddi и 19 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.870
    Допаѓања:
    267.240
    И јас на 18 мислев дека сум семоќна, ама... испадна дека не сум била.
    Скоро 30ка, немам ни едно и ич не ми е криво што немам.
    Секому посакувам младост како мојата, и не, не скитав по улици ако тоа на младост ве асоцира, патував, запознавав нови луѓе, студирав, бев девојка надвор и дете дома, имав и имам партнер кој го сакам до небото и назад.

    Да родев на 18 дете, тешко дека се' ова ќе си дозволев, дека ќе ја имав таа безгрижност, таа слобода.

    Кој решил нека раѓа кога сака, ваш избор, само не гледам причина за гордеење.
    Не е оти останување трудна е некаков си успех светов што не го видел претходно, како да ви кажам.
     
    На sparklie, eta, ванилала и 32 други им се допаѓа ова.
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    134.987
    Пол:
    Женски
    Ако е планирано секоја возраст е океј. Нели сите сме различни, со различни идеи, желби, потреби... Али мала е веројатноста на таа возраст да е планирано.
    Јас за 18-19 мислев која цимерка да ми биде, па кај да бараме стан, па у кој кафиќ има свирка таму да одам, на дете ич не ми идеше памет. Не бев спремна.
    И реално не е некое достигнување да родиш дете на 18, бар според мене. Ниту си доволно образован, ниту доволно искусен во животот, ни сам не знаеш кај тераш не пак уште еден живот да зависи од тебе.
     
    На sparklie, oblace1, Annath и 14 други им се допаѓа ова.