Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 18-19 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Tinaa98, 5 јануари 2017.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Сите ќе речеме, кој како сака нели, не се мешаме за другите...

    Ама утре да имам ќерка, сигурно прво ќе и ја всадам идејата дека треба да учи факултет, да прошета... Јас можеби ќе бидам себична и лоша и би и понудила финансии и слобода да се дообразува и да излегува без обврски за куќа, деца... Исто и за син. Да одат на апсолвентска, да прошетаат со своја плата. Да си купуваат глупости што јас не би им ги купила.
    Да се зрели за одлуки, а зрелост се постигнува со искуство.

    Можеби вие на децата ќе им зборувате да раѓаат на 18-19, за, под изговор, "имаат нерви" ама јас не би. Затоа што мислам дека е премногу рано. И стојам зад тоа.

    И без ситуации, "шта би било кад би било", дошла трудна, бла, бла. Зборуваме за здрава средина, нормален тинејџер и адолесцент.
    Јас не би, и би сметала дека е премногу рано. Баба ми се омажила малолетна, од "што имала нерви" не знаела шо прави.

    а Вие како сакате правете, не ве познавам :)
     
    Последна измена: 26 декември 2018
    На calliope, oblace1, worrieddd и 22 други им се допаѓа ова.
  2. rolulika

    rolulika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2018
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Во моја околина има неколку девојчиња што откако завршија средно и почнаа факултет и открија дека не им оди учењето останаа трудни на 19-20год. за да се омажат со средношколската љубов( бар во нешто да се успешни)
    За восхит се тие кои успеаа да бидат успешни млади мајки, но најчесто не се самите успешни, повеќето родија за да се омажат а децата или мајка или свекрва им ги расте и всопитува.
    Тука се гледа нечија зрелост и не е до годините.
    Пак ќе пишам секоја чест на исклучоци кои озбилно посакале и направиле дете на 19 и се способни сами да го воспитуваат и финансираат тоа бебе.
     
    На hermosa, Kitten и candy.cane им се допаѓа ова.
  3. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    Јас ќе бидам млада мајка!!! Да млада дамо ти ќе бидеш млада мајка и ќе ја имаш младоста на твоја страна.Ти ќе ја поседуваш младоста, јас мудроста. А јас помеѓу младоста и мудроста, секогаш ја бирам мудроста кога станува збор за воспитувањето на децата. Разбирам дека морате да се бодрите една со друга. И треба да се бодрите зошто навистина е тешко да пораснеш најмалку 10год за 9месеци. До вчера беше убавата ќерка на мама а од денес ти си родителот и треба да размислуваш за иднината на твоето дете, за финансите исл.
    Но дајте бидете реални ниту една од вас не го посакувала ова, зборам за состојбата, не за детето.(Знам дека секоја од вас, секоја мајка го сака своето дете.) И да, луѓето ве гледаат чудно. Но тоа, не е поради некакви предрасуди. Тоа се погледи на сожалување. Всушност доколку можевме да ги смениме местата и вие самите себе си би се гледале така и би се советувале да си ја проживеете младоста.
    До младите девојки: Имате време ќе бидете мајки, но прво бидете луди тинејџерки, студенти полни со амбиција. Вработени кои незнаат каде да ја потрошат својата прва плата. Ноќни птици, светски патници. Па бидете мајки, тетки и баби кои со импресии ќе зборуваат за својата младост, прва љубов, патувања...
     
    На do-re-mi, cresa-jagoda, calliope и 23 други им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Кој сака планирано да роди дете на 18 год жити се не ме зезајте:Dтоа што се мажат а останале трудни по грешка е друга работа.
    На тие години ни можеш да заработуваш добро, ни па место за живеење да обезбедиш, да не зборам па кога гледаш како живеат врсниците твои, па после ќе се разведуваат и швалерисуваат на стари години ко ќе ги фатат бесни глисти.
    А да, скоро обавезно девојчето е 18 а мажот 27+ и му дошло време за женење.
     
    На cresa-jagoda, Doozy и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    На 18/19 години не знев ни која сум, ни каде сум, ни каде ќе одам следниот ден, а не пак дете и фамилија да гледам.

    Тоа е сеуште дете во занес дека љубовта победува се дури и два квадратни метри соба со свекрва. Е тек после ќе созрее :)
     
    На cresa-jagoda, Someday, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    На 18/19 не ни помислував дека можам/сакам да бидам мајка,можеби затоа и не се деси. Односи строго со заштита и нема мислење сум,не сум бремена.

    Има многу побитни работи од мајчинство на толку рани години,пред се да сфатиш што сакаш утре да бидеш. Да се изградиш како индивидуа.

    А и реални да бидеме си бара финансии и бебето,море и бременоста па затоа утре здравје кога ќе го родам несакам ништо да не му недостасува. Љубов моја ќе си има оно,ама болно е во маркет да бара нешто,а да не можеш да му дозволиш
    Тоа на 18год реално неможе да си го приушти човек.

    Цел живот ќе бидеме мајќи,а тие средношколски и факултетски денови,дружбите,излегувањата и парувањата се само одреден период во животов.

    И јас ќе бидам млада мајка на 28,ама видов добар тинејџерски живот,завршен факултет,остварени патувања и добра работа. А со сопругот сме од 17 год заедно,ништо не пропуштивме,сега за родители се спремаме:D
     
    На cresa-jagoda, worrieddd, Ygritte и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Bebulleee

    Bebulleee Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    22.258
    Пол:
    Женски
    Ти е галје, гали мешко и ич уво да не те боли. Јас родив на 20г. :) и од некоја страна добро шо сум се омажила многу мала бидејки се мачевме 5год.. Ако се мажев покасно на 30+ ќе имав дете. Се има предности и недостатоци, со лесно :* "ПС- ако имам ќерка некогаш би ја советувала дс се изнашета да проживее потоа мажачка :rofl:(lalala)
     
    На marchi-cool, Pcelka1315 и Orthophill им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.542
    Допаѓања:
    42.901
    Пол:
    Женски
    Како мислиш се мачевте 5 год а си родила на 20? Зар од 15 почнавте да се обидувате??
     
    На cresa-jagoda, calliope, oblace1 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Уште ова да додадам, не го приметив мислењево синоќа, а прилично боде очи.
    Кога тоа се престанува да „се кине живци“ околу детето и понатаму се ужива со раат глава? На колкава негова возраст, колку месеци/години мислиш дека потполно „си го изгледала“ детето, па сега си демек во предност пред тие што ќе родат 7-8, па и десетина години покасно? :?:
    Родителски обврски не се само во бебешка возраст, со менување пелени, непроспиени ноќи ради негово плачење, па сè до проодување и прозборување - и толку, после откако почне да разбира - уживаш |-) После сета таа првична фрка следи социјализација, па училиште, едукација, па тинејџерски проблематични години...
    Затоа е најважна психичката зрелост, запознаеноста и едукацијата за да се одлучиш да го почнеш тој пат :)
     
    На sparklie, cresa-jagoda, calliope и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А на ова може да гледаме и обратно нели?
    Додека таа кине живци со дете, јас си шетам со друштво и дечко и студирам.
    Така да, ти нема смисла тоа што си пишала.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.977
    Допаѓања:
    267.929
    Ако одлуката за раѓање дете ви се сведува на “кинење живци“ - преиспитајте се зошто воопшто раѓате.
    Сигурна сум дека со децата и нервози доаѓаат... ама да ти е тоа најголем проблем...

    Мене пак повеќе како проблем ми изгледа немање работа, немање образование, немање свој дом, немање искуство никакво во животот... а кешки нервозите да се само произлезени од грижата за детето, а не од се` ова што набројав плус грижата за детето.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, Anabelle.Amorette и 24 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    Abosolutely no.
    Бар планирано не.Имам пишувано, дур не застанам на свои нозе, не се осамостојам, не видиме двајцата што сакаме, дете НЕ.
    Не е само да се роди детето.
     
    На cresa-jagoda и crimson им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.997
    Пол:
    Женски
    Самото тоа гледање на имањето дете како кинење на нерви кажува доволно за спремноста. Јас сега не искинав нерви, ама да го имав на 18 веројатно така ќе беше.
    Сепак, секоја чест на храброста да се има дете толку млада ако веќе дошло до тоа.
     
    На cresa-jagoda, Anabelle.Amorette, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  14. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.445
    Пол:
    Женски
    а што таа на 18 што родила не може да живее да ужива да шета да прави се што вие на таа возраст без деца правите? стварно не можам да ве разберам. Не е работава да родиш дете на 30+ оти ете нема веќе што да правиш. Имам една пријарелка заврши средно се омажи роди дете на 18-19 потоа упиша факултет заврши се вработи како професор и роди уште едно. Нејзе што и фали? Кариера пари не е шетана? Се се може безразлика на која возраст и да родиш не значи дека не можеш да живееш.
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.977
    Допаѓања:
    267.929
    Јас имам две познанички поблиски кои во трета, односно четврта средно останаа бремени и родија.
    Едната заврши средно, другата ни толку.
    Па еве ги сега со по 2-3 деца се, не работат, оти и што би работеле? Еве кажи ми со основно која работа ќе ја работиш?

    И не, на 30 не раѓаш зошто "немаш што да правиш" :)
    Напротив.
    На 30 веќе себе се имаш изградено како личност, имаш свои финансии, имаш можност да создаваш свој дом и да не зависиш од други... кои се реална причина за кинење живци, а не детето.
     
    На sparklie, cresa-jagoda, Anabelle.Amorette и 16 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.445
    Пол:
    Женски
    па и јас студирав но со дете и ништо не ми фалеше,студиите ми беа при крај. И во 1ва година на факултет идеа бремени жени па никому ништо,си студираа што им фалеше. Не си спречен со дете да уживаш во младоста.
     
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.445
    Пол:
    Женски
    епа се имаш изградено и веќе нема што друго.
     
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Владика Петар approves (y)
     
    На calliope, oblace1, teddi и 14 други им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.109
    Допаѓања:
    66.997
    Пол:
    Женски
    Не си спречен со дете да уживаш во младоста освен ако имаш баба и дедо да им го оставиш да го исчуваат и око да не ти трепне.
    Поинаку нема како. Тоа дете не е само да го родиш и да си тераш ти со животот. Колку и да се вика дека може исто да се продолжи едноставно не е така. Прво што душата веќе не ти е мирна дури и да излезеш и да го оставиш, второ тоа дете си бара татко и мајка, а не роди го други да го чуваат, ти живеј младоста. Треба внимание и посветеност. Не можеш со бебе да излезеш и да си шеташ цела ноќ до сабајле. Не можеш со бебе ми текнало утре ранец на грб и одам кај сакам. Кога имаш и друго суштество на твоја одговорност нема веќе таква слобода.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, worrieddd и 23 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Да бе, буквално исто е со дете и без дете. Никаква обврска не е детето, а куче си зел, а дете си родил...Исто ти е.
    Исто ти е дали ќе менуваш пелени, ќе доиш, нема да спиеш со денови, ќе трчаш по болници, ќе плачеш од хормони, или едноставно си слободен па можеш да шеташ/студираш/запознаваш нови луѓе/ градиш криера без некој да те чека на саат, тотално исто е (fingers)

    Вие сте си родиле на 18 г. и ете сте ја постигнале целта во животот затоа сега уживајте и гледајте како кинат живци другите што уште немаат деца на 30 години. Пошто нели на сите тоа им е цел во животот, мора дете да се роди, никој не размислува поинаку туку сите целат кон исти работи.
    Никој не ги напаѓа тие што родиле рано, ама очигледно тие напаѓаат кон членови што уште не родиле, со взаемни утешителни коментари дека се е исто откако ќе родиш дете.

    И нормално дека ќерките ќе ги вопистувате да родат на 15 г.
    Бог да чува да учат или да шетаат, се знае жена за што служи...За во кујна и да раѓа одма откако ќе биде физички способна.

    Мене лично воопшто не ми е гајле кој на колку родил, ни пак ме интересира за туѓи животи, само не можам да ги поднесам толку ниски и прости коментари полни со осуди кон тие што имаат поинакви цели во животот..
     
    На cresa-jagoda, calliope, oblace1 и 19 други им се допаѓа ова.