Дали има некојa од вас да сподели искуство за бременост во покасни години? Колку време ви требаше за да останете бремена? Дали беше потпомогнато забременувањето (кломифен, инсеминации, ИВФ)? Јас сум во фаза кога сакам да го фатам ”последниот воз” за второ дете, ама некако тешко оди, макар што се обидуваме само 4 месеци.
На мм тетка забремени кога имаше 42 год, и тоа се фати вториот месец откако почнаа да пробуваат и двајцата се тука некаде со годините, бременоста и беше во ред немаше никакви тешкотии, дури кога беше 8ми месец патуваше со автобуси по 8-9 саата до кај нејзините...но кога го помина терминот излезе дека бебето немало провод на крв од мајката во последните два месеца и во 40 + недела се роди 1800 па седеше во инкубатор па имаше безброј компликации, ги плашеа докториве дека можно е да има компликации во развојот подоцна итн...но еве детево е како ќерка ми 2,5 год и супер си напредува нема нкаков проблем..пред 1 год пак остана трудна во обид за второ дете но не се развиваше плодот и мораше да абортира...не сакам да те исплашам со постов но имам пример во семејството за бременост во подоцнешни години затоа и пишав, јас не сум/за бременост по 35 година, поради разни компликации, сега не викам дека нема успешни бремености и во бременост по 35тата но секако не е исто кога ке си бремена на 20-30 и на 40...
^За случаевите што ги напиша фактор не се годините. Во првиот случај е грешка или кај тетката на сопругот која не одела на преглед па да видат дека е во напредна фаза на зреење на постелката или докторите не и обрнале внимание, тоа се случува и на тие во 20-30-40, не е никаков фактор годините на родилката. За вториот случај па само колку има тука на форумот кој имале спонтан а се во 20-тите, повторно годините и во вакви случаеви не играт никаква улога. Нема потреба од хорор приказни, секоја со својата среќа. Прохима, пробајте природно уште месец, два и после консултирај се со гинеколог, пиј фолна киселина, работете почесто на случајот без обзир на плодни, неплодни денови, водете љубов релаксирано без мисла на бебе и ти пуштам среќа да ги видиш побрзо дветте цртички.
Да тоа е точно, не мора да значи дека и на 20 год неможе да се случи некоја компликаџија,не велам не, но колку си повозрасен толку се по чести компликациите, нели за се си има некоја граница не сакав да ја исплашам жената , ова беше само мое мислење
ОК е, нема проблем, ова со плашењево. Битерсвит, благодарам на поддршката. Имам јас доста читано на таа тема пред да се одлучам да работам на случајот. Јасно е дека идеален период за раѓање е меѓу 20 и 30 години, но во последно време границите некако се поместија. Првото дете го родив на 30 години, а богами ми требаше доста време да се одлучам за второ. Докоторите со кои сум се консултирала, ме охрабруваат. Еден ми вели: Ехеее, јас немам 20 годишни трудници, 40 годишни колку сакаш. Секако, спонатани абортуси, компликации се доста чести на оваа возраст, ама не сакам да ми биде криво некогаш дека не сум пробала и не сум дала се од себе за уште едно дете. Инаку, јас на доктор отрчав уште веднаш, после 2 неуспешни обиди. Првиот месец само ми следеше овулација, а вториов (сега) ме стави на кломифен. Демек, да убрзаме зашто нема време, во цајтнот сум. Ќе видиме што ќе биде...Чекам да не добијам...
И јас сум над 35 и работам на прво бебе. Кога ќе се мажиш на таа возраст (од било која причина), тогаш и ќе се обидуваш. Секако дека треба да се внимава повеќе, затоа и се прават испитувања повеќе, но фала Богу медицината денес е напредната, па ете повеќето мои другарки родија која прво, која второ дете, над 35 (па и 40). Само напред!
Ништо овој месец. Одиме понатаму, нема друго. Мора упорно да работиме на случајот. Експерти веќе станавме од читање по интернет. Ама, тешко било кога не оди се по план. Јас дури си планирав и во кој месец сакам да ми се роди бебе, демек март, април, мај, ама тешко таа работа. Darcy, ти посакувам среќа, а и на сите други сегашни и идни мајки на форумов кои сакаат бебе.
И јас сум во оваа група, имам 35 години, уште не сум родила. Од други причини неможевме да планираме за бебе, бевме одвоени 2 години и 3 месеци заради далечината, визи и такви глупости... да не замарам и да не се оддалечувам од темева. Лани имав еден спонтан за што не се дозна причината, и сега пред неполни два месеца вонматерична бременост. Баш прашував повеќе доктори дали годините ми се пречка, ми рекоа дека вонматерична може да и' се деси и на 18 годишна. Јас викам уште не дошло времето, Господ си знае кога треба, ние само треба да веруваме во него, и секако ако има потреба да се средуваат некои работи медицински. Ме чека хистероскопија, а можно и лапараскопија, ќе видиме што ќе речат. Со Господ напред ќе успееме, верувам во тоа
На моја другарка тетка и на 39 се омажи, на 40 веќе остана трудна и многу лесно се породи, без никакви проблеми, ама никакви, повитална беше и од многу помлади што го знам, до последен ден се движеше. Нејзе не и се веруваше дека може да остане трудна, но имале голема среќа, преголема, по природен пат си доби дете. Кај нејзе приказната беше таква, да малку подоцна го запозна сопругот, и навистина се многу среќни и прекрасен пар се(за разлика од претохдните партнери кои ги имаше, навистина мило ми е што чекаше додека го сретне оној правиот). Напредна медицината, според мене повеќе не е невозможно и на 40+ жената да забремени, не губете надеж.
Редовно го читам форумов ама поретко пишувам на темите ама на овој коментар навистина не можам да се воздржам. Незнам како некој се осудува да пишува вакви негативни коментари и искуства во теми којшто најчесто ги читаат трудници или девојки/жени кои се обидуваат да останат бремени. И со кое право наведуваш дека не си за бременост после 35та година? Тоа што ти си родила пред 35тата година не мора да значи дека секој треба ИЛИ МОЖЕ да роди до тогаш.Има многу девојки коишто се омажиле подоцна или многу парови кои долго се лечат од стерилитет па кога ке наполнат повеке од 35 г што? не треба веке да се обидуваат да добијат детенце? Ако природата ти дозволува да останеш бремена на подоцнежни години кој тука има право да поставува граници? Јас сум трудница и имам 38г и по долго обидување да останам бремена, со едно неуспешно инвитро, успеав ФАЛА МУ НА ГОСПОД природно да останам бремена. Така да на сите Господ да ни даде да си имаме бебенца, лесна и убава бременост и само со позитивни мисли напред. ПОДРШКА на сите коишто сакаат да останат бремени без разлика на годините! А ти Корицаки мислам дека и должиш извинување на Проксима за твојот коментар.
Добро бе жено,не се возбуџавај до толку јас мое мислење си пишав, затоа сме на форумов нели. И да ,бев само искрена ништо друго. Со мојот коментар никој не навредив само кажав што се случи во моето семејство и има врска со темава. Јас на Проксима и на сите други им посакувам се најдобро
Koricaki po imeto pretpostavuvam deka zivees vo Grcija, jas od moe iskustvo so grkinkite e ista prikazna, ima mnogu prijatelki i poznajnicki na mazot mi koi se omazija posle 40 godini i ragaa zdravi i pravi deca, nedoamna imav moznost da se zapoznaam so edna grkinka imase 36 godini i aber od zenenje i sto treba da i preporacame, nemoj da se mazis i da imas deca, sekoj ima pravo da si ja proba srejkata i toa Gospod odredil koj koga ke ragja, ne daj boze komplikacii se javuvaat i kaj pomali generacii nezavisno od godinite....
Мајка ми ја родиал сестра ми на 40 години, а мене на 37. И двете бремености и поминале во најдобар ред. Моја пријателка ја роди ќерката на 30 години и имаше проблематична бременост. Значи, се е до организмот на жената.
Јас првото го родив на 26 години. Потоа поради низа причини не се одлучивме на второ. Кога се решивме пет години се обидувавме да останам бремена со второ. Сите испитувања беа во ред и кај мене и кај сопругот, ама немаше бебе. Се што ќе слушневме и прочитавме правевме и на крај ништо. Е кога се опуштивме и не ни помислувавме дека можам да останам бремена добив две линии на тестот за бременост. Сега сум бремена 11 недела и ќе полнам 40 години. Досега се е во ред, правам почести контроли. Многу читам и јас се и сешто, некогаш дури и паника ме фаќа, ама тогаш го исклучувам тоа што ме уплашило и гледам смешки, читам вицови, уживам со ќерка ми (за еден месец ќе полни 14 години и е најсреќна што ќе имаме бебе). На сите од срце ви посакувам што побрзо да видите две линии на тестот за бременост, здрава и лесна бременост и не се секирајте за возраста, секој има своја приказна. Како викаат Господ да забави ама да не заборави.
Мајка ми се породи пред точно 1 година, на точно 39. А на грешка било хихихиххих иако сме пресреќни сега радост ни донесе дадичката иначе се породи со царски рез мали проблеми имаше со зарастувањето но се помина без сериозни проблеми.
Мирослава, браво. Ти посакувам лесна и убава бременост. Јас мојот син го родив на 29 години, а потоа долго се мислев за второ дете. Еве сега, интензивно работам на случајот и се фаќам себеси дека многу ме оптоварува тоа. Не се обидувам долго, само 4 месеци, ама твојата приказна (5 години чекање на бременоста) малку ме обесхрабри. Добро е што сепак на време си почнала со планирање на бременоста, јас си признавам дека задоцнив мислејќи дека лесно одат работите. Во последно време мислам дека не правам ништо друго освен што бројам денови, чекам да добијам, т.е. да не добијам и се прашувам дали некогаш ќе видам две црти воопшто.
Затоа и напишав, не мисли на бременост и на две црти, само по себе ќе си дојде. Јас навистина останав бремена кога веќе не ни помислував на тоа, и тоа во неплодни денови. Ти посакувам многу среќа и уживање, па се што е твое ќе си дојде.