Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бременост на 40 години

Дискусија во 'Бременост' започната од Proxima, 25 октомври 2013.

  1. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.204
    Допаѓања:
    3.972
    Пол:
    Женски
    Оди како треба, зашто ради реда. Така ти самата се залажуваш дека правиш трансфер. И јас исто бев за трансфер, имавме два ембриона, маж ми ги уништи, а знаеше што мислам. Затоа, направи го правилно па тогаш ќе видиш дали било за тебе или не.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Бети блажевска

    Бети блажевска Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Што мислите за бременост на 40 годишна возраст,4 та бременост ?
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.581
    Допаѓања:
    289.897
    Секако дека се е индивидуално, јас имам супер искуство. Лесна и уредна четврта бременост. Се породив некоја недела пред 40тиот роденден.
     
    На Ivanija, Mumoftwo30 и Бети блажевска им се допаѓа ова.
  4. portokal*

    portokal* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Бременост над 40-тата година.Ве молам за коментари и искуство,како се породивте природно или царски
     
    На Simon4e0507 и BileSk им се допаѓа ова.
  5. angieangie

    angieangie Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2015
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Какви се шанси на 49 години да останеш природно бремена?
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    46 год, втора бременост и прелесно ја поминувам. Многу полесно од првата, ептен сум опуштена, се движам, одам на работа, патувам надвор од МК. Породувањето ќе ми биде со царски, бидејќи и првото ми беше царски, ќе одиме и сега така.
     
    На *AnnA*✨, Филотеа, intj_girl и 13 други им се допаѓа ова.
  7. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Зависи. Ако имаш редовен циклус, овулации, може и да има шанси. Иако, реално, плодноста опаѓа значително после 42та година.
    Треба да направиш основни анализи на хормони, ехо на 2-3 ден од циклус да се види дали имаш антрални фоликули, во каква состојба се јајниците, матката.....
     
    На angieangie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. portokal*

    portokal* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Според статистикиве можно е,но многу ретко.Најдобро да се испитаат хормони и други параметри,па да се види.
     
    На angieangie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. portokal*

    portokal* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2019
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    За колку време поминува болката од раната од царски?
     
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Колку што се сеќавам, вториот и/или третиот ден се најтешки. Тогаш е најдобро да имаш близок до тебе да ти помага за станување. Но, за 7 до 10 дена си ко нова.
     
    На angieangie и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  11. Marelica

    Marelica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал,ти ја знам маката.Никој не може да не разбере.Во темава се,освен темата.Прво дете над 40.Сигурно не се мисли ако претходно имаш деца,се мисли дете над 40.Над 40 плодноста се намалува на месечно а не на годишно ниво.Оваа статистика е нашиот живот и е многу сериозна вистина и тема.Кој има јајце клетка на 45 за прво дете?Има ли таква надеж?Која е веројатноста да спаднам во нив?Докторите веднаш штом ќе осетат дека им ја намалуваме статистиката го вртат лицето до непрепознатливост.
    Во огромен дел,ако не и сите над 40 на ивф не верувам дека излегуваат со дете од своја јајце клетка.Ама комерцијалните надувани статистики и приказните за успех се друга работа.
    А ние сме протерани во ќош да не се гледаме,наивно од мене што мислев дека барем еден ме сметал за човек а јас сум била само бројка.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.