многу интересно е да читаш и да коментираш,но да не му си во душата на тие што чекаат.јас чекав 9 месеци за трета среќа за разлика од првото и второто кои ги добив на прва.затоа само ослободено и без размислувајне.а моја постара пријателка си доби синче во својата 40-та пред еден месец додека има две ќерки од по 20 години .
^ Искрено да ти кажам мене бременоста ми беше многу лесна. На почетокот многу се плашев што и како ќе биде, бидејќи сепак повозрасна сум, ама џабе било. Никакви проблеми немав. Единствено што правев амниоцинтеза бидејќи се препорачува кај жени над 35 години. Не знам сега кога ќе се пораѓам како ќе поминам. Ме фаќа страв токму заради годините. Се си мислам нема да имам сила. Ќе видиме. Прашај ако нешто друго те интересира. Прво бебе ти е?
Немам лично искуство, но според кажувањата на една моја познаничка на која првата бременост и` беше во доцни 20ти, а втората во рани 40ти, вториот пат многу полесно си поминала (иако првата бременост и` била на млади години). Нема правила, медицината е напредната, а јас лично верувам и во Божја воља. Светов станува се` поматеријалистички настроен, љубовта на нашиот живот со којашто сакаме да оформиме дом е се` потешко да се најде, но и се` повредно да се чека. Така што, не плашете се. Добра подготовка, добар лекар кој ќе ја води бременоста, поддршката од драгите луѓе и малку среќа... чекај, кога ќе размислам, се` она што е потребно за спокојна бременост на жена на секоја возраст. Не плашете се и ви посакувам што поскоро да си уживате во убавините на мајчинството.
Нека ти е со лесно и со убаво и на тебе и на сите трудници. Јас се породив на 38 години со прво бебче.Имав ризична бременост но јака волја и позитивна мисла. Одев на работа, бев дури и на одмор и мислам дека тоа повеке ми помогна отколку да лежев дома по цел ден и да мислев што како ке биде. Со Господ напред и со убави мисли, сите да си родите живи и здрави бебенца
Да прашам нешто во врска со амнио-то. Дали на клиника секој ден прават амнио и дали се чека многу...треба ли пре да отидам да прашам или да закажам ??
Сега Ве читам па да ве прозвам како си поминавте кога веќе сте породени, како си поминавте на пораѓај? Читам дека ве фатило страв со оглед на годините и јас сум тука некаде со вас па дајте искуство од дистанца. @An-na @referentka
Ovoj primer sekogas go kazuvam.koleska moja rodi na 48 god.vtora bremenost.idese do posledno na rabota, mnogu lesno pomina.i se voodusevuvam na hrabrosta i na zelbata za dete Taka da bidete silni i neka godinite ne ve macat...tie se samo brojka
Јас се породив природно со провокација. Релативно лесно поминав, за 6-7 часа се отворив и се породив. Нормална бременост, нормално породување, без компликации. Само без паника и слушајте ги докторите и акушерките.
Здраво на сите. Имам син од 10 години и до пред една година некој да ми кажеше за друго дете очи ке му ископав не сакав да слушнам. Инаку има 34 години. Имав совршена бременост а катастрофален пораѓај за малку и јас и мојот син немаше да преживеевме. Но во последните неколку месеци се почесто размислувам на таа тема и колку повеќе размислувам толку повеќе ме фаќа паника. Страв ми е од пораѓај страв ми е што не сум веке 20 год.
Па не се раѓа само на 20. А и 34 години не се ништо, во денешно време кај повеќето прво дете е на тие години, па здрави, прави ништо не им фали. Ако сакаш второ дете годините воопшто не ти се пречка. Пораѓајот може и многу полесен да ти е од првиот, за тоа нема правила. Инаку мајка ми ме родила мене на 23, а брат ми на 33 години. Од мое искуство, одлично детство имавме иако голема разлика во годините. Едното веќе пораснато, колку толку самостојно, ретко има љубомора кон помалото, нема кавги како кај помала разлика и секако мала помош од поголемото. Се си има свои предности, ако размислуваш позитивно.
Стари мајки?? На 40 години? Јас имам 39 год, прва бременост со ивф, веќе влезена во 9ти месец, а се чувствувам како да имам 30 год! Ве молам, терминот “стара” заборавете го! Ова се други времиња, динамични, тоа важело за минатиот век. Јас би рекла бременост пред 30 год е прерано.
Браво и така и треба со лесно саом нека е.. Не постои време за раѓање се додека може човек не постои временска граница сепак не би рекла дека пред 30 години е прерана бременоста но секоја чест на храброста со лесно да се олесниш и здраво право бебенце... Со сестрами сум разлика 15години така да ич да не се думаш ако еднаш било така незначи дека ќе биди и втор пат и царски можиш да си закажиш со среќа
Нее прерано пред 30 години после 25 или 26 е таман,знаеш и самата дека забременувањето не оди како подмачкано. Стара мајка не постои чим имаш бебе не си стара млада си.
Да, да....се сложувам. Но, ако некој каже дека мајка на 40 год е стара, тогаш јас би можела да кажам дека мајка пред 30 год е многу млада. Се разбираме нели? Секој е со своја животна приказна и животен пат.