Не се замарај, каква стара. Супер си Па кога ќе слушнам демек оние на 18 години имале повеке живци за чување дете од оние над 30. Глупост невидена.
Мајка ми ја роди сестра ми на 40 години. Немала проблеми со бременоста, ниту на пораѓај. Ама после година дена почна лошото.
Се разболе. Имаше проблеми со доењето. А на прегледи се било во ред. Имам и неколку познати кои родија после 40 години. Браво за храброста. Јас не би се нафатила да раѓам на тие години.
Брижит Нилсен бремена со 5то дете во 54 година од својот живот, односно 6та деценија па сеа видете вие "старки" на 35/40/45
Ова не е можно! Ваква коинциденција ли е што ли е Коа ти го прочитав постот се скаменив. Сношти сонував сон како јас и ти сме објавиле во темата +-40 дека сме трудни . Ама јас сум имала повеќе честитки . Ти толку се налути што све живо отера упм. Дури и си пишала : Еј алоо јас сум со близнаци , а вие никој не ми честитате . Само санјаева ти се израдувала на постот Ај кажи нешто
Jas sum skoro 39.. Znachi imam fora uste 1 god hahhaha se zezam nekako zhelbava se pogolema i pogolema e zdravje ke si dadam vreme uste 2-3 meseci toa e Me naezhi zhenska neznam sto da kazham stvarno ..daj bozhe da e za ubavo pa i dvete da se raduvame Pred 2 dena bash prebaruvav da vidam sanjaeva koga posledno pishala ama ima ogranichuvajne pa nemozhev da vidam hhhhh sto se sluchuva stvarno neznam duri strav me vati
Ако се избацеш со пост оти носеш близнаци , ќе се самопрогласам за Баба Ванѓа. Пази , мене Не ретко ми се остваруваат соништа , поготово за други . Биче весело, осеќам
Што и да одлучиш, јас веќе ти симнувам капа, а тек со петто, немам веќе што да симнувам И годините се супер
глава горе!!! во иста ситуација сме ..јас за прво се спремам а имам 38 https://www.romper.com/p/39-celebrity-moms-who-gave-birth-after-40-14206 ..ако можат тие,зошто не и ние?
Мајка ми ја роди сестра ми на 40 години. Сега сестра ми има 14 години и мајка ми сеуште вели дека е млада Си мислам како јас ќе се чувствувам на тие години...
Јас прв пат забременив на 35 години бидејќи со мм имавме проблем со зачнување. Сега имам 39 години, сакам и бев спремна за уште едно дете , не само за мене туку и за синко. Но може и подобро што не почнав пак да одам на докттори да се спремам за уште едно ИВФ бидејќи се разделивем со мм и сега сме во процес на развод. Ако почнев , уште едно дете ќе осудев на маки. Во денешно време возрасната граница е поместена, подоцна се мажиме, подоцна се раѓа. Не мислам дека е ок, ама не е грешно да е остане бремена и во покасни години, напротив Со среќа Proxima
Не е касно за ништо, па и за втор брак и второ дете. Никогаш не вели никогаш!!! Ти посакувам се најубаво!
Моја братучетка касно си ја најде љубовта, се омажи на 39 и истата година после 6-7 месеци обиди остана трудна. Лесна бременост, без апсолутно никакви проблеми, само високи ддимери па цела бременост на клексани беше. Малава е кукла, ќе полни две години уште малку. Јас од друга страна, почнавме со обиди уште на 27-28 години, па после скоро четири години, еден спонтан, 4 инсеминации, две инвитра, конечно позитивен тест точно на 32 роденден. Башка цела бременост ми е во кревет, со клексани, витамини, прогестерони и сл. Така да, нема правила. На некого 39 години сега му е трагедија може, ни јас не мислев дека ќе раѓам прво на 32, се надевав дека до сега и второ веќе ќе имам, ама никој не не прашува нас - најважно е само на сите да ни се наполнат рацете кога тогаш...
Само да ве утешам. Се омажив и родив на 22. После 6 год добив желба за второ дете, по 1 год забременив но комплициран спонтан со дијагноза дека нема шанси повеќе да забременам. Се помиривме и животот си го замислив со едно дете. Се пуштивме во шетање и вложување во синко, и во еден момент не помислив на 2 дете. После 6 и пол год од спонтаниот абортус оп ми доцни... Бремена на 36 год, 14 подоцна од прв пораѓај. Во9 месец сум со многу полесна бременост од онаа на 22. Октомври полнам 37 год и навистина сум позрела, поопуштена, покул. Само стравот од прижевеаното си го прави кај мене. Затоа опуштени и тоа што сака Бог ќе биде.
И јас да се запишам во темава.Бременост во 39,пороѓај на 40,е сега за второ здравје Боже ќе бидам и над 40,ама не се предавам,одиме напред.