Фала ти мила,ние со сопругот се мачевме за прво,од 33 почнавме и забременив на 39,родив на 40,а здравје за второ ќе ме фати и 42,ама не се откажувам.Ти посакувам успех.
Првото го родив на 34, за второ моравме да почекаме додека наредиме некои работи. Бремена сум со близнаци на 39 години, за некој ден правам 40. Немав компликации првата бременост, сега за вторава освен тоа што стомакот многу побрзо расте и многу боли кичмата, засега немам никакви компликации, се надевам така и ќе остане Инаку, кога кажав овде каде што живеам и ја водам бременоста дека сакам да правам пренатални тестови или амниоцинтеза заради годините, рекоа дека немало апсолутно никаква потреба, годините немале врска со тоа, и не биле многу воопшто Јас сепак направив пренатален тест преку крв и ок излезе се’ Со среќа на сите врснички кои допрва сакаат (уште) деца, само храбро и ќе биде, годините не треба да ги доживувате како ограничување, зашто не се
Леле не сум те прочитала, браво, честитки и нека ти е со лесно. Јас лично не можам да замислам да сум бремена на 40, не се осеќам способно за тоа ни сега, не па тогаш. Ама, кој може и има желба не сметам дека не треба да си се обиде.
@RainBow , фала Не можам да кажам дека ми беше сеедно за годините, ме фаќаше така по малку страв и параноја додека пробувавме, па си увртев и филмови дека прошол последниот воз Ама желбата за второ посилна беше од стравот. Е сеа испадна и едно плус бебе од планираното, ама тоа е Ќе издржиме некако
Браво! ти го наградите оптимизмот со гратис бебе. Инаку син ми цело време зборува дека ќе му родам близнаци зашто тоа било многу кул ))) не разбира дека не оди баш така лесно нарачката
Фала ти мила од срце.Вистина се роди.Ти посакувам све најдобро и да знаеш која коинциденција баш денес те помислив заедно со@Софија88.Поздравче до вашите близначиња-шеќерчиња
Секоја чест со лесно до крај. Не знам во која земја си, но добро е што си направила пренатални тестови. Процентот над 35 години не ни оди во полза иако се смени границата на раѓање во последните десет години сепак ризикот од хромозомски нарушување остана висок. Имав и точно ставено проценти кога ги правев јас над 40 години беше една на 84 жени ако не се лажам. Јас се породив на 37 прво дете и прв пат се обидовме за дете во последните 6 месеци. Претходно не ми идеше ни на памет да зголемувам фамилија. Интересно е како не доживуваат помладиве како стари се додека не дојдат на наши години и увидат дека се е глупост. Мене лично најубави години ми се 30+, а 40+ веројатно ќе бидат уште поубави. Не се вреѓам на стара, смешни ми се такви коментари им го мерам мозокот. И десет пати да се вратам назад ако би можела никогаш не би родила дете до 35 години. Тие години се идеални за кариера, патувања, авантури, бесни забави и доживувања од сите левели. Потоа се тоа станува досадно и време е за промени и подобро отцртување на иднината. Мој поглед на нештата.
@FreeMind , фала ти, да се враќа ако и кога сакаш За се’ се сложувам Не жалам воопшто што толку “касно” го родив малиот, пак исто би играла Едно само ми е криво-што не дојдовме овде неколку години порано да можевме да ја прошетаме земјава и околината барем малку....... има многу што да се види. А ние кога се доселивме тогаш влегував во 6-ти месец и не беше баш изводливо Тоа е, ќе почекаме една година да пркнат жапчињата па со нив ќе одиме заедно Многу поинаку се доживуваат некои искуства на 20+ и 30+ години. Разликата е 10 години, ама е огромна Во Шведска сме инаку.
Ич да не се плашите. Редовни контроли + убави мисли = мирна бременост. Границата на раѓање е поместена, медицината отидена е напред. Повеќе овошје и зеленчук, помалку храна која гои, движење (ако дозволува доктор) и чување од настинки треба. Уживајте ја бременоста до максимум. Многу ми е драго што Ве читам дека сте се решиле на раѓање, Ви посакувам мирна бременост.
Баш убаво кажано. Додека не го запознав маж, убаво се изнауживав и ги прележав сите младешки бубачки, па потоа со маж животот продолжи на поинаков левел, исполнавме тоа што сакавме. До 35 не ни доаѓаше на памет да имаме дете, некако други работи сакавме да направиме, па подготвени за предизвикот, стабилни, зрели, исполнети почнавме да ја тераме работата. Е, сега, не одеше така лесно и малку се одложи бременоста, но ете ја, се случи. Се надевам дека до крај ќе е сè во ред како и досега. Подобро се осеќам отколку кога не бев бремена. Кога ќе родам, ќе имам 39. Има замрзнати ембриончиња што ќе чекаат за второ детенце над 40 години ако е сè во ред со мене
@FreeMind па ти стварно стара бе јас мислев 27 максимум си.Не ,не ме сваќај погрешно не си стара само мислев дека си помлада од мене , а јас испаднав помлада Никогаш не сум сметала никоја жена -трудна дека е стара колку години и да има.Па мајка ми мене пред 35 години ме родила на 37 па ништо не ми фали Секогаш велам најпрекрасни родители имам што никогаш ништо не ни забранувале и сме имале се.Сестра ми сега наполни 40 , а лани по години обиди остана природно со близнаци се породи во 38+1 со царски и големи бебиња.Никогаш не сум ја видела посмирена и посреќна Така да уживајте и немој да ја мислите дека сте стари.Животниот век е продолжен така да и внуци ќе си пречекате
@Ava.84 толку сум зелена па 27 ми даваш? Држеча сум уште не се давам до 60 каде природно медицински доаѓа староста.
Многу ми е мило што се активирала темата. И јас се изнашетав, градев кариера и не помислив на бременост до 35год. Кога одлучивме дека е време за дете, не одеше така лесно, па помина подолго време отколку што планиравме. Само што наполнив 39 год. останав бремена со ивф и родив на 39. Бременоста помина во најдобар ред, без никакви компликации. Сега почнавме повторно да размислуваме за бебе. Да се регилира циклусот и најверојатно повторно ќе има посета на ивф-докторот. Но, бебево сеуште го дојам (1,5 год е) и не знам дали одат стимулации со доење. Знае некоја од вас?